заробени деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Oct 2018 14:48:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заробени деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што прават денес децата кои беа заробени во пештера? Ги очекува возбудливо изненадување! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-pravat-denes-decata-koi-bea-zarobeni-vo-peshtera-gi-ochekuva-vozbudlivo-iznenaduvanje-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-pravat-denes-decata-koi-bea-zarobeni-vo-peshtera-gi-ochekuva-vozbudlivo-iznenaduvanje-video/#respond Thu, 04 Oct 2018 14:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=110808

Дванаесетте деца кои биле заробени заедно со својот тренер по фудбал во поплавената пештера на северот на Тајланд речиси три недели, одат на 17-дневен пат во текот на кој се запознаат со млади фудбалери во Аргентина и ќе ги посетат Соединетите Американски Држави. Според зборовите на заменик портпаролот на тајландската влада, Варечон Сукондапатипак, целта на патувањето „не е децата да одат на одмор, туку да се покаже на светот какви се децата во Тајланд“. Тој рекол дека целта на патувањето е да им се даде шанса на децата да му се заблагодарат на остатокот од светот за меѓународните напори во нивното спасување. Во Буенос Аирес во Аргентина тие ќе учествуваат на церемонијата за отворањето на летните Олимписки игри за млади, ќе гледаат натпревари и ќе одиграат пријателски натпревар со локален тим. По четири или пет дена ќе заминат за Њујорк, каде ќе се појават на прес конференција во Мисијата на Тајланд при ОН и ќе гостуваат на телевизија. Следното одредиште им е Лос Анџелес, каде живеат голем број Тајланѓани и каде се планирани, исто така, конференции за новинари и појавувања на ТВ емисии, како и посета на тематскиот парк на студиото "Universal". Трошоците за патувањето ги покриваат луѓето кои ги поканиле, а истото ќе биде организирано за време на училишниот распуст. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-pravat-denes-decata-koi-bea-zarobeni-vo-peshtera-gi-ochekuva-vozbudlivo-iznenaduvanje-video/feed/ 0
Беа 17 дена заробени во пештера: Децата херои од Тајланд се вратија во училиште, еве што се случи со нивниот тренер (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bea-17-dena-zarobeni-vo-peshtera-decata-heroi-od-tajland-se-vratija-vo-uchilishte-eve-shto-se-sluchi-so-nivniot-trener-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bea-17-dena-zarobeni-vo-peshtera-decata-heroi-od-tajland-se-vratija-vo-uchilishte-eve-shto-se-sluchi-so-nivniot-trener-foto/#respond Tue, 07 Aug 2018 13:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=85441

Тајландските момчиња спасени од пештерата на северот од земјата се вратија денеска на училиште, објавија локалните власти. Во училиштето Мае Саи Праситсарт, во покраината Чианг Раи, приредено е топло добредојде за 12-те момчиња спасени од поплавената пештера, во акција која со страв ја следеше целиот свет. Беа облечени во училишни униформи, а од претставникот на германскиот фудбалски клуб Баерн добија и клупски дресови. По успешното спасување од подземниот лавиринт во кој беа заробени две недели, малечките фудбалери на возраст од 11 до 16 години, недела дена се опоравуваа во локалната болница и недела дена дома. Сите деца, со исклучок на 14-годишниот Адул Сама кој е христијанин, поминаа 9 дена во будистички манастир во знак на благодарност за спасувањето. Нивниот тренер, 25-годишниот Екапол Чатавонг, ќе остане во манастирот уште 3 месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bea-17-dena-zarobeni-vo-peshtera-decata-heroi-od-tajland-se-vratija-vo-uchilishte-eve-shto-se-sluchi-so-nivniot-trener-foto/feed/ 0
„Не го заборавајте, одржа 12 деца во живот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-go-zaboravajte-odrza-12-deca-vo-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-go-zaboravajte-odrza-12-deca-vo-zivot/#respond Mon, 09 Jul 2018 20:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=74983

Акапол Чантавонг, 25-годишниот фудбалски тренер од Тајланд кој ги поведе 12-те деца од својот клуб во пештерата, за некои е главен виновник за оваа несреќа. Меѓутоа, на социјалните мрежи многу корисници од Тајланд, но и од остатокот на светот застанаа во негова одбрана, давајќи му заслуги зашто децата се во добра состојба и по 15 дена поминати во поплавена пештера. -Со 25 години овој тренер и самиот е се уште дете. Но очигледно бил голема инспирација на децата, чиј морал, изгледа, никогаш не падна и покрај се она низ што поминаа. Голема почит за овој тренер, напиша една корисничка. Друг, инаку наградуван писател Асџад Назир, открива дека Акапол го загубил семејството уште како дете. По оваа трагегедија отишол во манастир, но се вратил и сега целиот живот го посветил на обука на децата. -Одржа 12 деца во живот без храна и светло десет дена. Тој утре последен ќе излезе, а има само 25. години. Запамтете го!, напиша тој.   Неговата тетка исто така застана во негова одбрана, тврдејќи дека тој е добра личност и оти не сакал да ги одведе децата во опасна ситуација. Во разговор со Си-Ен-Ен објаснува дека Акапол останал сирак на само десет години и оти искусил многу неволји. Децата, членови на локален фудбалски клуб, се на возраст од 11 до 16 години. Спасени се осум деца, уште четворица и тренерот се уште се во пештерата. Здравјето на заробените деца и тренерот во поплавената пештера се уште е добро, изјави водачот на акцијата за спасување, гувернерот Наронгсак Осотанакорн. Акапол во пештерата напиша писмо до својата тетка и баба, кои го чувале кога останал без родители. -Мои тетка и баба, добро сум, не грижете се премногу. Чувајте го своето здравје. Тето, те молам, кажи и на баба да ми направи сок од зеленчук и печено свинско кога ќе излезам. Ќе дојдам и ќе го изедам тоа. Ве сакам сите, напиша Акапол во писмото. Тој им напиша и писмо на родителите на децата кои со него останаа заробени во пештерата, молејќи да му простат за неговата несмасност. Писмото го објави Си-Ен-Ен. -Драги родители, сите деца се добро. Тука има луѓе кои навистина добро се грижат за нив. Ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Ви благодарам на вашата поддршка. Родители, навистина ми е жал, напиша тренерот. Тој потоа доби одговор од нив. -Драг тренеру Аке, ние родителите на членовите на фудбалскиот клуб веруваме во тебе и твојот дух, веруваме дека добро си се грижел за децата. Само сакаме да знаеш дека ова не е по твоја вина. Ние не те обвинуваме и само сакаме и ти да не се обвинуваш себеси. Ја разбираме ситуацијата која се случила и те поздравуваме. Ја цениме твојата поддршка и грижа за нашите деца. Чекаме вести дека сите сте излегле од пештерата на сигурно, што побрзо, тоа подобро, се вели во писмото од родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-go-zaboravajte-odrza-12-deca-vo-zivot/feed/ 0
Четири деца и тренерот ќе мораат уште да чекаат во пештерата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-deca-i-trenerot-kje-moraat-ushte-da-chekaat-vo-peshterata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-deca-i-trenerot-kje-moraat-ushte-da-chekaat-vo-peshterata/#respond Mon, 09 Jul 2018 16:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=74906

Здравјето на заробените деца и тренерот во поплавената пештера во Тајланд се уште е добро, изјави водачот на спасувачката акција, гувернерот Наронгсак Осотанакорн. Тој најави дека акцијата за спасување ќе биде продолжена утре. Во пештерата во моментот се наоќаат четири деца и нивниот тренер, а досега спасени се осум деца, пренесува Ројтерс. -Денеска им помогнавме на уште четири деца, рече Наронгсак. Очевидци тврдат дека осум деца се извлечени од поплавената пештера, каде децата се заробени скоро две недели, јавија светските медиуми. Денешната, втора фаза од акцијата за спасување на децата е завршена. Четирите спасени деца со хеликоптер се префрлени во болница во која вчера беше сместена првата група која излезе од пештерата. Нуркачите ги пронајдоа децата, на воздраст од 11 до 16 години, и нивниот тренер во понеделникот, на гребен кој е одалечен околу четири километри од влезот на пештерата. Тие тргнале да ја истражуваат пештерата, но останаа заробени кога водата навлегла поради дождот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-deca-i-trenerot-kje-moraat-ushte-da-chekaat-vo-peshterata/feed/ 0
Акцијата за извлекување на децата од пештерата во Тајланд прекината за денеска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcijata-za-izvlekuvanje-na-decata-od-peshterata-vo-tajland-prekinata-za-deneska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcijata-za-izvlekuvanje-na-decata-od-peshterata-vo-tajland-prekinata-za-deneska/#respond Mon, 09 Jul 2018 14:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=74843

Акцијата на спасувачките екипи за извлекување на децата и нивниот тренер, кои повеќе од две недели се заглавени во една поплавена пештера во Тајланд, е завршена за денеска и таа ќе продолжи утре, јавува Си-Ен-Ен. Во текот на вчерашниот и денешниот ден спасувачите успеаја да извлечат вкупно осум деца, па сега во пештерата во провинцијата Чианг Рај на северот на Тајланд останаа уште четири момчиња и тренерот. Спасувачите влегуваат во пештерата со боци со кислород и маски за децата, кои потоа ги извлекуваат со помош на јаже кое минува низ кривулестите и тесни канали во вупна должина од околу четири километри.

Спасувачката акција е комплицирана и затоа што дел од децата се непливачи и мораа да бидат обучувани од страна на нуркачите пред да се направи обидот за нивно спасување. Четирите деца кои беа извлечени вчера од пештерата се опоравуваат в болница, каде им се придружија и четворицата нивни другари спасени денеска. Еден од членовите на семејствата на момчињата за Си-Ен-Ен изјави дека родителите засега не знаат кои деца се спасени од пештерата, а кои се уште се наоѓаат во неа.

Кризниот центар кој раководи со спасувачката операција информира дека нема да ги соопшти имињата на извлечените деца, „од почит кон семејствата на момчињата кои се уште се наоѓаат во пештерата“. Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа. Во операцијата за извлекување на децата учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Тајланѓани и 40 странци. За подготовка на секоја следна етапа од спасувачката операција се потребни по околу 10 часа. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcijata-za-izvlekuvanje-na-decata-od-peshterata-vo-tajland-prekinata-za-deneska/feed/ 0
Почна акцијата за спасување на децата и нивниот тренер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-akcijata-za-spasuvanje-na-decata-i-nivniot-trener/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-akcijata-za-spasuvanje-na-decata-i-nivniot-trener/#respond Sun, 08 Jul 2018 07:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=74285

Акција за спасување на 12 деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време, јавуваат светските медиуми. Спасувачите влегле во пештерата, а претходно евакуирани се сите луѓе, освен спасувачите, докторите и обезбедувањето, јавува Би-Би-Си. Акцијата ја спроведуваат 13 нуркачи, осум странци и петмина припадници на тајландските морнарички фоки. Засега не е јасно на кој начин децата ќе бидат извлечени од пештерата Там Луанг. Би-Би-Си исто така јавува дека на децата ќе се чекаат најмалку 11 часа за да излезат од пештерата, односно околу 21 часот по локално време. Командирот на акцијата за спасување, Нарогсак Осатанакорн рече дека спасувањето би можело да трае од два до четири часа, јавува АП. Тој потенцира дека 12. деца и нивниот тренер се физички подготвени и ментално одлучни за извлекувањето од пештерата. Командирот вели дека 13 возила на итната медицинска помош се подготвени, како и два хекикоптери на различни локации. Наронгсак нагласи и дека акцијата е почната зашто нивото на водата во пештерата во моментот е оптимално.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-akcijata-za-spasuvanje-na-decata-i-nivniot-trener/feed/ 0
Надежта на заробените деца полека тоне, загина спасувач https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadezta-na-zarobenite-deca-poleka-tone-zagina-spasuvach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadezta-na-zarobenite-deca-poleka-tone-zagina-spasuvach/#respond Fri, 06 Jul 2018 07:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=73720

Еден спасувач загина за време на акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд. Станува збор за поранешниот тајландски морнарички нуркач Саман Гунану кој ја загубил свеста додека излегувал од пештерскиот комплекс, во кој доставувал боци со кислород. - Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немаше доволно кислород за себе додека се враќаше, рече еден тајладски официјален претставник и додаде дека се работи за човек кој некогаш работел во морнарицата, а сега се приклучил на акцијата за спасување. - Во пештерата е тешко. Тој се удави на патот кон надвор. Негов колега се обиде да му пружи прва помош, но не успеал. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, и тогаш го префрливме во болница, изјави командирот на тајландските морнарички фоки Арпакорн Јуконгку. Тој додаде операцијата за спасување ќе продолжи. Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1.000 лица, а меѓу нив има нуркачи, воен персонал и волонтери. Локалните власти соопштија дека загрижува и тоа што се намалува нивото на кислород во комората на пештерата во која се наоѓаат децата. За сега децата се во добра здравствена состојба и редовно им се доставуваат храна и лекови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadezta-na-zarobenite-deca-poleka-tone-zagina-spasuvach/feed/ 0
Заробените деца во пештерата во смртна опасност: Три плана за спас, но ова е најголемиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zarobenite-deca-vo-peshterata-vo-smrtna-opasnost-tri-plana-za-spas-no-ova-e-najgolemiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zarobenite-deca-vo-peshterata-vo-smrtna-opasnost-tri-plana-za-spas-no-ova-e-najgolemiot-problem/#respond Thu, 05 Jul 2018 08:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=73309

Поминаа три дена откако децата заедно со тренерот беа пронајдени во пештера во Тајланд. Тие и натаму се заробени под земја, но сега имаат ќебиња, храна, медицинска нега, а друштво им прават нуркачи и доктор. Напорите за спасување, во кое се вклучени повеќе меѓународни тимови и стотина луѓе, продолжува да се одвива на три фронта. Планот А е децата да се научат да нуркаат за да може да излезат од пештерата во придружба со нуркачи, а гувернерот изјавил дека момчињата веќе почнале да учат како да нуркаат во пештерата. Планот Б е испумпување, односно сушење на пештерата, за децата да можат да излезат нив пештерата повторно низ вода, но без да треба да нуркаат. Војската веќе започнала со овој процес за да може децата да се извлечат пред новите најавени монсунски дождови. Властите соопштиле дека нивото на водата во првиот дел од пештерата е намален за 40 проценти. Сега е возможно да се помине низ водата до комората 3. Планот Ц е да се направи отвор низ земјата за да се дојде до пештерата во која се заробени децата. Гувернерот претходно ја исклучи оваа опција како една од можните бидејќи децата се наоѓаат меѓу 800 метри и еден километар под површината и во затворен простори, па оваа опција не е безбедна. Еден од искусните нуркачи објасни дека најголем проблем во спасувањето е тоа што децата поминале 11 дена без храна и соодветна вода. -Веројатно и ментално и физички се слаби. Дури и кога сте искусен нуркач мора да бидете во добра форма за да можете да нуркате, вели тој. Монсунски дождови повторно се очекуваат за викендот. Ако тоа се случи пред децата да бидат спасени, порастот на нивото на водата може да значи дека децата во пештерата може да останата заробени уште четири месеци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zarobenite-deca-vo-peshterata-vo-smrtna-opasnost-tri-plana-za-spas-no-ova-e-najgolemiot-problem/feed/ 0