заштеда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 10:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заштеда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германците пресметаа: Еве колкава заштеда би донелo ограничувањето на брзината на автопат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/germantsite-presmetaa-eve-kolkava-zashteda-bi-donelo-ogranichuvaneto-na-brzinata-na-avtopat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/germantsite-presmetaa-eve-kolkava-zashteda-bi-donelo-ogranichuvaneto-na-brzinata-na-avtopat/#respond Mon, 24 Apr 2023 10:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=826901

Нема ограничување на брзината на поголемиот дел од автопатската мрежа во Германија, а многу еколошки активисти неодамна лобираат ограничувањето на брзината на сите делници да биде 130 km/h. Нов аргумент се паричните заштеди, кои воопшто не би биле толку мали. Во Германија, дискусиите за ограничувањето на брзината на делови од автопатот каде што не е ограничено не престануваат. Сега има нов аргумент за оние кои мислат дека брзината на германските автопати сепак треба да биде ограничена. Како што е пресметано од шведско-германска истражувачка група во студија објавена во стручното списание Ecological Economics, ограничувањето на брзината од 130 km/h во Германија може да донесе заштеда од најмалку 950 милиони евра годишно. Со помош на јавно достапни податоци, истражувачите спроведоа анализа на трошоци и придобивки, односно пресметаа колку ограничувањето на брзината ќе го чини германското општество. Ако штетата и користа се споредат една со друга, нивниот конечен заклучок е дека општеството како целина би имало значителна корист. Како што пренесува ХАК магазинот, пресметката го вклучила ефектот врз времето на патување, потрошувачката на гориво, проширувањето и одржувањето на инфраструктурата, како и бројот на сообраќајни несреќи. извор: faktor.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/germantsite-presmetaa-eve-kolkava-zashteda-bi-donelo-ogranichuvaneto-na-brzinata-na-avtopat/feed/ 0
Вкупната заштеда на струја на државните институции во октомври изнесува 24 % https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupnata-zashteda-na-struja-na-drzavnite-institucii-vo-oktomvri-iznesuva-24/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupnata-zashteda-na-struja-na-drzavnite-institucii-vo-oktomvri-iznesuva-24/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=764621

Трендот на намалување на потрошувачката на струја од страна на државните институции продолжува и во октомври. Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО  имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември, информира министерот за економија Крешник Бектеши. -Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата. Ако се земат во предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто. -Согласно податоците потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33 отсто. Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50 отсто, кај Министерство за локална самоуправа 58, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика 40, Министерството за економија заштедило 30 отсто електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи, прецизира Бектеши. Во анализата на потрошувачката на електрична енергија  за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година, како што кажа, се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто. -Согласно податоците содржани во табеларниот приказ произлегува дека 15 субјекти оствариле заштеди од минимум 15 отсто во октомври 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година, рече Бектеши. Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто. -Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто, посочи Бектеши. Овие податоци за заштеда на електрична енергија, порача, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Упати апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија. -Со рационално трошење на струјата ќе се овозможи намалување на сметките за струја и за граѓаните и за компаниите кои ќе станат поконкурентни. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки се со цел оваа енергетска криза која ја зафати цела Европа да има најмали негативни ефекти за граѓаните, а со заеднички напори и штедење да има и најмали негативни ефекти за целата држава, потенцира Бектеши. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupnata-zashteda-na-struja-na-drzavnite-institucii-vo-oktomvri-iznesuva-24/feed/ 0
МФ: Направена заштеда на електрична енергија од 32 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-napravena-zashteda-na-elektrichna-energija-od-32-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-napravena-zashteda-na-elektrichna-energija-od-32-otsto/#respond Wed, 26 Oct 2022 10:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=750597

Министерството за финансии (МФ) со рационално користење на енергијата, согласно задолженијата дадени од Владата за заштеда на електрична енергија, во септември 2022 година направи заштеди од 32 отсто на потрошувачката во споредба со потрошената електрична енергија во септември 2021 година. -Заштедата, не значи само финансиски бенефит, во период кога се соочуваме со недостаток на енергенси на глобално ниво, а особено на европското тло, тоа е придонес кон безбедно и сигурно снабдување со електрична енергија. Тоа ќе овозможи периодот што ни претстои и кога има зголемена потрошувачка на електрична енергија, заради затоплување, да го поминеме во топли простории и да не се соочиме со рестрикции, велат од МФ. Нагласуваат дека секој може да даде придонес кон стабилноста со снабдување со електрична енергија и дека тоа директно зависи и од нашите поединечни однесувања. -Затоа Министерството за финансии, како и останатите институции, спроведе мерки што не го нарушуваат процесот на работа и безбедните услови за работа, а при тоа се обезбеди заштеда од 32 отсто. За тоа имаат придонес и вработените со своето одговорно однесување. Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци, посочуваат од МФ. Малата промена на навиките, велат, значи многу во оваа криза, а да се задржи комфорната зона за сите. -Изгаснете ги сијалиците кога за тоа нема потреба, тоа ние го направивме во септември, искористете ја дневната светлина, тоа штеди и на осветлување и на загревање на просторијата, компјутерот исклучете го кога не ви треба, тоа исто го направија нашите вработени. Во ходниците светлата се вклучуваат на сензор и се осветлени само кога е тоа неопходно. Тоа се мерките што не донесоа до 32 отсто пониска потрошувачка. Да продолжиме и да се обидеме сите да дадеме придонес кон надминување на оваа криза со најмалку последици за сите нас. Електричната енергија е добро што на сите ни е потребно, порачуваат од Министерството за финансии. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-napravena-zashteda-na-elektrichna-energija-od-32-otsto/feed/ 0
Државните претпријатија заштедиле осум отсто струја, ЈП Водостопанство со поголема потрошувачка од претходната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-pretprijatija-zashtedile-osum-otsto-struja-jp-vodostopanstvo-so-pogolema-potroshuvachka-od-prethodnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-pretprijatija-zashtedile-osum-otsto-struja-jp-vodostopanstvo-so-pogolema-potroshuvachka-od-prethodnata-godina/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=747634

Претпријатијата во државна сопственост минатиот месец заштедиле осум отсто струја во споредба со септември лани, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со анализата што ја презентираше Бектеши, опфатени биле вкупно 17 државни компании. Притоа, само кај ЈП Водостопанство – Македонија се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија отколу во септември минатата година. -Од овие субјекти, девет оствариле заштеди од минимум 15 отсто, пет оствариле заштеди помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија – едниот за 10 отсто, додека другиот за над 50 проценти. Субјектот кај кој се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија е ЈП Водостопанство – Македонија, информира Бектеши. Министерот на прес-конференција во Владата претходно соопшти дека државните институции во септември реализирале вкупна заштеда на струја од 20 отсто. -Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-pretprijatija-zashtedile-osum-otsto-struja-jp-vodostopanstvo-so-pogolema-potroshuvachka-od-prethodnata-godina/feed/ 0
Дваесет начини како да заштедите електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/#respond Fri, 17 Jun 2022 16:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=692278

Со зголемувањето на сметките за електрична енергија, многу домаќинства бараат начини да се намали потрошувачката на енергија. Со промена на некои мали навики драстично може да се намали потрошувачката на енергија.
  1. Да се затворат вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Да се постават термостатски вентили и термостатски глави
  3. Да се испушти воздухот од радијаторите два пати во годината за одржување на ефикасноста.
  4. Да се вгради дигитален термостат за греење и ладење за прецизно контролирање на температурата.
  5. Апаратите денес се направени да трошат помалку енергија. Секогаш можете да ја проверите неговата етикета со класа на потрошувачка пред да го купите.
  6. Најдобрата практика е се уште кога потрошувачот не е во употреба да се исклучи. Тоа сигурно ќе покаже на значително намалување на сметката за електрична енергија.
  7. Користете соларна енергија. Сончевата енергија може да се користи за производство на енергија за многу работи, како на пример за топла вода, осветлување на различни делови од работното место и за полнење на мобилни и преносни уреди.
  8. Ќе се заштеди енергија, преку намалување на температурата на вашиот бојлер. Многу пати грејачот работи само за одржување на температурата на водата во бојлерот и ја затоплува многу повеќе отколку што некогаш ќе ја користите.
  9. Ќе заштедите енергија и кога ке го програмирате термостатот кога да се пали и кога да се гаси односно да се исклучи кога ќе си легнете или пак кога не сте дома.
  10. Ако сакате економично греење тогаш потребно е да инсталирате нов електронски, автоматски термостат за вашиот котел. Со овој термостат можете да ја контролирате температурата и кога не сте дома, за кога ќе се вратите вашиот дом ке ја има посакуваната температура.
  11. Елиминирајте ја непотребно потрошената енергија.
  12. 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра.
  13. Загревањето на вода во домот односно во бојлерот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Прв начин е да се намали притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, додека вториот начин е да се намали температурата на бојлерот. Со овие два начини се заштедува на електрична енергија.
  14. Соларните бојлери не се нова технологија, тие на пазарот се повеќе години и заштедуваат многу повеќе електрична енергија од обичните.
  15. Што се однесува до бојлерите, една од опциите е да се замени постоечкиот бојлер со нов бојлер во зависност од потребите од системот за греење што го имате инсталирано во вашиот дом. Бојлерот рабори 24 часа дневно за да ја загрее водата, а понекогаш и по неколку пати во денот во зависност од потребите (за туширање, миење на садови итн ). Системите кои се користат веќе со децении во Европа ја загреваат водата само кога е потребно. На почетокот овие системи се скапа инвестиција, но имаат брз повраток на истата бидејќи подоцна овие системи ги заштедуваат вашите пари односно вашата сметка за електрична енергија не е многу висока.
  16. Монтирајте тајмер на вашиот бојлер. Тајмерот служи кога водата во бојлерот ке се загрее да го исклучи греачот и со тоа ќе заштедите на електрична енергија.
  17. Користете повеќе ладна вода додека перете или користете топла вода со пониска температура . Така ќе заштедите од 2 до 4 % од енергијата.
  18. Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија.
  19. Ако сте тип на човек кој заборава да ја намали температурата во текот на ноќта, или пак кога излегувате за на работа тогаш треба да инсталирате неделен дигитален тајмер кој може да ја прилагоди промената на температурата на онаа вредност која ќе му ја зададете.  Со инсталирањето на неделниот дигитален тајмер ќе се задржи температурата во вашиот дом на посакуваното ниво и преку ден и преку ноќ. Неделниот дигитален тајмер ќе ги намали вашите сметки за електрична енергија до 10%.
  20. Инсталирајте изолации на таванот и на ѕидовите, променете ги прозорците и вратите за да ја зачувате посакуваната топлина во вашиот дом.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/feed/ 0
Рама: В понеделник без возила за заштеда на гориво, разгледуваме опција работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-v-ponedelnik-bez-vozila-za-zashteda-na-gorivo-razgleduvame-opcija-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-v-ponedelnik-bez-vozila-za-zashteda-na-gorivo-razgleduvame-opcija-rabota-od-doma/#respond Sat, 19 Mar 2022 12:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=649946

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“. Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“. – Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем, истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата. Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила понеделник (21 март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден. Рама препорача и утрешниот ден да биде без автомобили, а зошто не и вторник, „што значи три дена без автомобили и заштеда на гориво“. – Тоа е реалната состојба. Растот на цената е неминовен, како и во другите земји, додаде албанскиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-v-ponedelnik-bez-vozila-za-zashteda-na-gorivo-razgleduvame-opcija-rabota-od-doma/feed/ 0
„СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ БИДЕТЕ МИЛИОНЕРИ“: Топ 3 совети за заштеда на пари! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/slednata-godina-kje-bidete-milioneri-top-3-soveti-za-zashteda-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/slednata-godina-kje-bidete-milioneri-top-3-soveti-za-zashteda-na-pari/#respond Sat, 12 Feb 2022 21:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=630697

Не е лесно да заштедите пари, особено затоа што штедењето е попотребно за оние кои имаат помалку пари на располагање. Сепак, постојат неколку добри трикови за заштеда што можете да ги прилагодите на себе и на буџетот што го имате. Трик со плик Овој трик е многу популарен на социјалните мрежи, а подразбира земање пликови на кои ќе напишете броеви од 100 до 1.000 и секој ден ќе ставате пари. Потоа, секој ден (или еднаш неделно, на пример, како што ви одговара), ќе извлечете еден плик и ќе ставите пари во него во согласност со бројот напишан на пликот. На пример, ако нацртате 100, ставете 100 денари итн. Собирање ситно Ако платите во готово, можете да заштедите многу на овој начин. Купете касичка или шише, во кое ќе ја ставите ситно што го добивате во продавницата – тоа може да биде само парички, но и хартиени пари, останува на вас да одлучите. Но, важно е да не земате пари од таму додека не ја наполните кутијата за пари, и ќе бидете изненадени колку многу се собира на овој начин. Предизвик на последното издание Еден од триковите за заштеда што во моментов е многу популарен на ТикТок е предизвикот за најновиот проблем. Ова значи дека на крајот на секој ден, гледате колку пари имате на вашата сметка, а потоа ставате сè „над“ еднаква сума на заштеда. На пример, ако имате 56.435 денари на крајот од денот, ќе ставите 435 денари на заштедите тој ден. Ако е премногу за вашиот буџет, дефинитивно можете да го прилагодите овој трик на себе, правејќи го, да речеме, двапати неделно наместо дневно. И може да изгледа како мала количина, но за една година ќе соберете убава сума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/slednata-godina-kje-bidete-milioneri-top-3-soveti-za-zashteda-na-pari/feed/ 0
Барселона се надева дека ќе заштеди 172 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-se-nadeva-deka-kje-zashtedi-172-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-se-nadeva-deka-kje-zashtedi-172-milioni-evra/#respond Sat, 12 Dec 2020 09:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=442285

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се наоѓа во многу тешка финансиска состојба и веќе го направи приоритетниот чекор – намалување на платите. Според „Cadena COPE“, по долги преговори, управата конечно успеа да се договори со играчите за помали примања. Така, Барселона ќе заштеди 122 милиони евра за плати оваа година. Сепак, оваа сума ќе им биде префрлена на играчите по финансиското стабилизирање во текот на следните четири години. Исто така, каталонскиот клуб следната година ќе заштеди 50 милиони евра во бонуси. Тие ќе им бидат исплатени на играчите во текот на следните три години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-se-nadeva-deka-kje-zashtedi-172-milioni-evra/feed/ 0
ЗДРАВСТВО: На тендери за инсулин 2012-2016 година државата заштедила 4,3 милиони евра! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-na-tenderi-za-insulin-2012-2016-godina-drzavata-zashtedila-4-3-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-na-tenderi-za-insulin-2012-2016-godina-drzavata-zashtedila-4-3-milioni-evra/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=125693

Mинистерот за здравство, Венко Филипче деновиве говорејќи во врска со тендерот за инсулин за кој веќе се доставени понуди рече дека нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот.  Според проценките на познавачите на приликите тоа значи дека цената на инсулинот може да се движи до два пати поскапа, пренесува Здравство.

Што велат бројките за набавка на инсулин низ последните неколку тендери кои се распишуваат на две години?

Во 2012 година според податоците од системот Електронски набавки проценатата вредност била 30.913.672 евра со ДДВ, а склучени се договори во висина од 23.289.775 евра со ДДВ.  Во 2014 година проценета вредност на тендерот за набавка на инсулин била 24.373.984 евра исто со ДДВ, а склучени се договори во вредност од 22.057.907 евра. Во 2016 година проценета вредност на тендерот е 22.464.228 евра, а склучени договори во висина од 18.970.693 евра. Оттука заштедата по основ на склучените договори за период 2012 година-2016 година е околу 4,3 милиони евра.

Годинава тендерот се објави со  доцнење кон крајот на септември. Во меѓувреме се правеа пак набавки во четири очи, или на пациентите им се даваше инсулин од донации со рок кој беше при крај. На 6 ноември се доставија понудите за тендерот од септември. Сега тече рок на нивно разгледување и оценка. Останува да се види по завршување на постапката колку ќе се потрши годинава за инсулинот или колку точно ќе ги чини граѓаните. А како што вели  министерот по достава на понудите нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот. Значи нема конкуренција, тешко е во тој случај да има пониска цена, туку само доста повисока.  

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-na-tenderi-za-insulin-2012-2016-godina-drzavata-zashtedila-4-3-milioni-evra/feed/ 0
Весела математика на Твитер: Имаат ли дигитрони во Владата? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vesela-matematika-na-tviter-imaat-li-digitroni-vo-vladata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vesela-matematika-na-tviter-imaat-li-digitroni-vo-vladata-foto/#respond Fri, 02 Nov 2018 22:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=122960

По една година преговори помеѓу Владата на Република Македонија и кинеската компанија Синохидро, главниот изведувач на работите на автопатската делница Кичево-Охрид, денес на Владина седница е усвоeн анекс договорот бр. 3, преку кој се финализираат преговорите, информираа денес од Владата. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на прес-конференција на која беа претставени детали како понатаму ќе се одвива изградбата на автопатот, истакна дека ќе се заштедат 95 милиони евра од буџетот на Република Македонија. За оваа заштеда, Владата се пофали и на Твитер профилот, преку “весела математика“. Ако од 240 милиони се одземат 160 милиони, тогаш сигурно нема да се добие бројката од 95. Оваа основна математичка операција, ако некој не знае да ја реши сам, можел да ја реши со помош на обичен дигитрон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vesela-matematika-na-tviter-imaat-li-digitroni-vo-vladata-foto/feed/ 0