заштита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 14:32:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заштита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Големите одгледувачи на свињи во штипско преземаат дополнителни мерки за заштита од африканската чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemite-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemite-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/#respond Wed, 10 Aug 2022 14:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=716708

Случајот со африканска свинска чума во кочанско на „готовс“ ги стави и одгледувачите на свињи во штипско. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири. – Веќе слушаме дека има африканска чума во виничко, кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Сарафимов. Посочи дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки, со цел вирусот да не влезе во фармите. Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена, велат одгледувачите на свињи. Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemite-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/feed/ 0
Совети за заштита од оси https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-zashtita-od-osi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-zashtita-od-osi/#respond Tue, 28 Jun 2022 07:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=696684

Осите во зимските месеци се во хибернација… Во април се будат, а во јули, август и септември се најактивни. Тоа значи дека опасноста за убод од оса периодов е најголема. Зошто осите боцкаат? Тие го прават тоа кога се чувствуваат загрозени. Тоа е нивниот начин да се одбранат од можен напад. Слично како и пчелите, само женките-оси можат да убодат, но за разлика од пчелите – овие се способни да ја нападнат жртвата неколкупати. Стручњаците велат дека осите нема да убодат некого ако тој е во мирна состојба, а поголема е можноста да биде нападнат, ако осата почувствува дека е закана за нивното гнездо или се обиде да ја избркате. Убодите се полни со отрови, што може да го влоши здравјето кај човекот, а некои доживуваат и алергиски реакции опасни по живот. Што да се прави при убод од оса? Доколку се случи убод, важно е што поскоро да ја отстраните осилката со отровот. Тоа може да се изгребе од кожата со работ на кредитна картичка, на пр., но и со ноктите. Сепак, не се препорачува да ги користите прстите или пинцети бидејќи тоа може да предизвика ширење на отровот. Откако ќе ја отстраните осилката, прво треба тоа местото на убодот да се измие со сапун и вода. Потоа се става мраз или ладна облога и тоа се држи најмногу 10 минути, за да се намали отокот. Избегнувајте гребење на раната за да го намалите ризикот од инфекција. Не користете домашни лекови како што се оцет или сода бикарбона, бидејќи веројатно, нема да помогнат. Некои луѓе се алергични на убоди од оса, што може да доведе до анафилактичен шок, за којшто треба итен медицински преглед и третман. Симптомите на анафилакса се: Тежок оток, чешање, вртоглавица, гадење и повраќање, грчеви во стомакот, ненадеен пад на крвниот притисок. Како да избегнеме убод од оса? Иако не може целосно да се избегне опасноста од убод од оса, може значително да се намали, само ако сите се придржуваат до следниве правила: Избегнувајте парфем или колонска вода, коишто може да привлечат оси. Избегнувајте облека со светли бои. Останете смирени ако оса се приближи или слета на кожата. Не допирајте го осилото и не се приближувајте премногу до тоа гнездо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-zashtita-od-osi/feed/ 0
Како да се заштити кучето од топлотен удар? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-se-zashtiti-kucheto-od-toploten-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-se-zashtiti-kucheto-od-toploten-udar/#respond Mon, 20 Jun 2022 08:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=693014

Во текот на големите горештини лете, не смее да се заборави ниту на домашните миленици, кои исто како и луѓето, можат да доживеат топлотен удар, познат како хипертермија. Тоа може да има сериозни последици врз нивното здравје. Нормалната температура на кучето е од 38 до 39,2 степени Целзиусови, Сѐ над тоа е опасно. Кога внатрешната телесна температура на кучето надминува 42,8 Целзиусови степени, доаѓа до топлотен удар. Кучињата имаат два начини да се разладат: проширување на крвните садови и дишење. Кога дишат, ја испаруваат влагата од нивните јазици, носеви и слузницата на белите дробови, што ги лади додека воздухот минува низ влажното ткиво. – Топлинскиот удар обично се случува кога високите температури на околината ја надминуваат способноста на кучето да ја „поднесува“ топлината. Степенот на влошување се одредува од тоа колку е висока температурата на телото и колку долго животното било изложено на тоа, вели ветеринарот д-р Џери Клајн. Знаци на кои треба да се внимава Топлинскиот удар кај кучињата е опасен по живот и може да има сериозни компликации. Постојат рани знаци на топлотен удар на кои треба да се обрне внимание и да се дејствува пред работите да станат премногу сериозни. Тоа се: отежнато дишење и забрзано дишење, прекумерна саливација, светло-црвени непца и јазик, кожа топла на допир и зголемен пулс. Кучињата во топлотен удар стануваат хиперактивни и може да имаат потешкотии во рамнотежата. Кои групи се најмногу изложени на ризик? Најчувствителни се многу малите, како и постарите кучиња, кучињата со прекумерна тежина и оние кои не се во форма, бидејќи дополнително се напрегаат и трошат повеќе енергија во претерано топлата средина. Една од најчестите причини за топлотен удар кај кучињата е оставањето на миленичето затворено во автомобил или во кафез или простор без свежа вода подолго време. Како да се лекува топлотниот удар? Прво и основно, треба да му помогнете на кучето да се олади, на еден од следниве начини: Кучето се носи на ладно место, шрскање или миење на кучето со студена (но не претерано студена) или млака вода, носење пред вентилатор или друг ладилник за воздухот. Превенцијата е најдобриот лек! Итно и правилно дејствување и спречувањето се исклучително важни бидејќи тоа може да бидат разлика меѓу брзото и целосно закрепнување и долгорочните последици. Некои ветеринари, исто така, предупредуваат дека кај кучињата кои претрпеле топлотен удар има поголема веројатност тоа да им се повтори. За крај, советот гласи – одберете да го прошетате миленичето кога Сонцето ќе зајде. И никогаш не го оставајте во автомобил – можеби ќе си недостигате, но подобро е кучето да чека дома. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-se-zashtiti-kucheto-od-toploten-udar/feed/ 0
Кампања за заштита на шумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-zashtita-na-shumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-zashtita-na-shumite/#respond Wed, 15 Jun 2022 05:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=691021

Противпожарниот сојуз на Македонија, во соработка со Градскиот противпожарен сојуз на Скопје и Општинските противпожарни сојузи на општините од Град Скопје и годинава организираат јавна кампања за разбудување на свеста кај граѓаните за потребата од заштита на шумското богатство од пожари во текот на летниот период. Како дел од кампањата, денеска на плоштадот „Македонија“ активисти и доброволни пожарникари ќе делат флаери со информативна содржина на минувачите низ централното градско подрачје на кои се претставени начините на превенција и заштита од пожари на нашето национално богатство – шумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-zashtita-na-shumite/feed/ 0
Нова студија: Руската вакција „Спутник лајт“ обезбедува тримесечна заштита од омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-studija-ruskata-vakcija-sputnik-lajt-obezbeduva-trimesechna-zashtita-od-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-studija-ruskata-vakcija-sputnik-lajt-obezbeduva-trimesechna-zashtita-od-omikron/#respond Sun, 30 Jan 2022 19:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=624771

Студијата за руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека луѓето кои го примиле овој препарат како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во наредните три месеци, изјави директорката на центарот „Гамалеја“ Александра Гинцбург за телевизијата „Русија 1“. 75 отсто од вакцинираните (Спутник V) имаат антитела кои го неутрализираат сојот омикрон. Ако ја погледнете крвната плазма на луѓето кои примиле бустер Спутник Лајт, можете да видите дека тие имале 100 отсто антитела кои го неутрализираат вирусот во три месеци по примањето, рече тој. Што се однесува до крајот на пандемијата, Гинцбург не е премногу оптимист. Не се осмелувам да тврдам дека ова е последната фаза. Додека разговарам со вас, се појавуваат бесконечен број нови соеви на Ковид-19. Засега само се бориме со последиците, почнуваме да го гасиме пожарот, иако тој веќе гори“, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-studija-ruskata-vakcija-sputnik-lajt-obezbeduva-trimesechna-zashtita-od-omikron/feed/ 0
Градот Скопје иницира предлог- закон за заштита на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-inicira-predlog-zakon-za-zashtita-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-inicira-predlog-zakon-za-zashtita-na-vodno/#respond Thu, 27 Jan 2022 14:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=623580

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и на „Иницијативата O2“, на којашто разговараа за фазата на реализација на иницијативата за предлог- законот за заштита на Водно. Градоначалничката Арсовска посочи дека Водно и Скопје се неразделно поврзани, a со насилната и нелегална урбанизација се загрозува овој зелен штит на градот и не треба да се дозволи узурпација на овој значаен дел од Скопје. „Се обврзавме на заштита на Водно, со обезбедување дополнителен степен на законски регулирана заштита во интерес на Скопје и скопјани. Започнавме со креирање предлог решение за законски обезбедување заштита на Водно, со што инициравме Закон за заштита на Водно.“, посочи градоначалничката Арсовска на денешната средба. Заедно со граѓанските организации Град Скопје започна постапка и во својата програма за 2022 година издвои средства за изработка на Просторен план за Водно. Градот Скопје се заложува за системско решение за Водно и со иницирањето на овој предлог-закон, кој ќе биде поднесен до Собранието, конечно правно ќе се регулира заштитата на Водно, информираат од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-inicira-predlog-zakon-za-zashtita-na-vodno/feed/ 0
Кина: Вакцината штити против омикрон варијантата на коронавирусот, но послабо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vakcinata-shtiti-protiv-omikron-varijantata-na-koronavirusot-no-poslabo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vakcinata-shtiti-protiv-omikron-varijantata-na-koronavirusot-no-poslabo/#respond Mon, 13 Dec 2021 10:44:54 +0000 https://kurir.mk/?p=607720

Кинеската компанија „Анхуи Жифеи Лангком Биофармацеутикал“ соопшти дека малиот лабараториски тест покажува дека вакцината би можела да предизвика антитела против омикрон сојот на коронавирусот, иако заштитата е послаба отколку на претходниот сој на коронавирус. Случаевите на омикрон до сега се пријавени во 57 земји. Кинеската компанија навела дека неутрализирачките антитела против омикрон биле откриени во 78 проценти од 32 примероци кои завршиле со имунизација со три дози на вакцината месец дена порано, пренесува агенцијата Ројтерс. Помеѓу 32 испитаници, 16 ја примиле втората и третата доза со разлика од повеќе од четири месеци, и сите имале неутрализирачки антитела на сојот омикрон. Како што се наведува, нивото на антитела покажа приближно трострук пад во споредба со оние забележени против првокласираниот коронавирус. Ројтерс наведува дека компанијата не дала додатни детали поврзани за ова истражување, а степенот на заштита на вакцината од инфекција предизвикана со омикрон, развивањето на тежок облик на болест или смрт,останува се уште нејасен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vakcinata-shtiti-protiv-omikron-varijantata-na-koronavirusot-no-poslabo/feed/ 0
Американските истражувачи потврдуваат: Третата доза на Фајзер вакцината го смалува ризикот од коронавирусот за повеќе од 80 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-istrazuvachi-potvrduvaat-tretata-doza-na-fajzer-vakcinata-go-smaluva-rizikot-od-koronavirusot-za-povekje-od-80-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-istrazuvachi-potvrduvaat-tretata-doza-na-fajzer-vakcinata-go-smaluva-rizikot-od-koronavirusot-za-povekje-od-80-otsto/#respond Wed, 01 Dec 2021 08:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=602310

Третата доза од вакцината против коронавирус на Фајзер го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или повеќе преку заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат. - Проценивме дека ризикот од инфекција е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на засилената доза - потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил, според списанието ЈАМА Интернал Медицин. Си-Ен-Ен објави дека тимот на Јеил следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години кои примиле две или три дози од вакцината Фајзер/Бионтек преку здравствената служба Макаби во Израел. Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето кои примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние кои примиле три дози биле позитивни од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-istrazuvachi-potvrduvaat-tretata-doza-na-fajzer-vakcinata-go-smaluva-rizikot-od-koronavirusot-za-povekje-od-80-otsto/feed/ 0
Македонија во портокалова фаза поради високи температури, од денеска нови мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-portokalova-faza-poradi-visoki-temperaturi-od-deneska-novi-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-portokalova-faza-poradi-visoki-temperaturi-od-deneska-novi-merki/#respond Thu, 29 Jul 2021 05:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=543286

Шесте региони во државава Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот од денеска се зафатени од високи температури во портокалова фаза. Состојбата на топлотен бран, како што соопшти Министерството за здравство, важи на целата територија на државата. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен. Поради топлотниот бран, Владата објави препораки, меѓу кои и ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници. – Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, истакнаа од Владата. Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од четири дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи ќе ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во РС Македонија. – Сите правни субјекти, пак, кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, наведоа од Влада. Од МЗ потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. – Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, стои во препораките. Од Министерството истакнаа дека поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува и задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, посочија од МЗ, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат. Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги повика работодавачите, неговутелите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-portokalova-faza-poradi-visoki-temperaturi-od-deneska-novi-merki/feed/ 0
СОВЕТИ за природна заштита од комарците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-prirodna-zashtita-od-komarcite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-prirodna-zashtita-od-komarcite/#respond Mon, 21 Jun 2021 09:13:54 +0000 https://kurir.mk/?p=526008

За „одбрана“ против летните напади од комарци, има и природни начини. Порталот „Н1“ објави неколку од нив… Лукот има неколку својства на одбивање комарци. За да се испроба овој метод, се гмечат неколку чешниња и потоа се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ собата, гаражата итн. Комарците ќе исчезнат за неколку минути, а и мирисот на лук многу брзо ќе испари, така што нема потреба од никаква грижа. Маслото од лаванда има мирис што комарците не го поднесуваат. Значи, само испрскајте низ домот, а може и на телото, па комарците ќе избегаат. И талогот од кафе може да помогне – онаму каде што има застоена вода. Тоа е едно од вообичаено место за размножување на комарците, а сè што треба да се направи е да се истури малку талог од кафе во старата вода. Јајцата на комарците така ќе излезат на површината и ќе угинат. Нането, исто така, помага. Само поставете свежо масло од нане, или пак, свежо набрано како растенија, некаде во домот, па комарците ќе исчезнат. Комарците, исто, не толерираат мирис на пиво и друг вид алкохол. Се става чаша пиво или некој друг алкохол во собата и комарците ќе ги снема сами по себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-prirodna-zashtita-od-komarcite/feed/ 0