заштитено подрачје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 May 2022 14:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заштитено подрачје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-za-proglasuvanje-na-ohridsko-ezero-za-zashtiteno-podrachje-vo-kategorija-iii-spomenik-na-prirodata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-za-proglasuvanje-na-ohridsko-ezero-za-zashtiteno-podrachje-vo-kategorija-iii-spomenik-na-prirodata/#respond Tue, 03 May 2022 14:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=671220

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата и донесе одлука за прифатливост на предлогот. Покрај тоа, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата. Оваа иницијатива, информираат од  владината прес-служба, доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на план за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата. -Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата,  Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други, порачуваат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-za-proglasuvanje-na-ohridsko-ezero-za-zashtiteno-podrachje-vo-kategorija-iii-spomenik-na-prirodata/feed/ 0
Јавна расправа за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-rasprava-za-proglasuvanje-na-del-od-vodno-za-zashtiteno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-rasprava-za-proglasuvanje-na-del-od-vodno-za-zashtiteno-podrachje/#respond Wed, 03 Feb 2021 06:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=463420

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје денеска ќе организира јавна расправа по Нацрт-oдлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел. Нацрт- Одлуката е објавенана Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Јавна расправа ќе се одржи на ZOOM платформата (https://bit.ly/3cyRg0Q).]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-rasprava-za-proglasuvanje-na-del-od-vodno-za-zashtiteno-podrachje/feed/ 0
Шар Планина прогласена за Национален парк, Осоговски планини за заштитено подрачје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/#respond Wed, 06 May 2020 10:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=342346

Прогласувањето на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја, не само што ќе ги исполниме националните, стратешките и меѓународни цели за заштита на природата, бенефит ќе има и државата, а особено ќе имаат корист општините кои ќе опфаќаат делови од заштитеното подрачје и локално население. Ова денеска го посочи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција во Владата. Со финализација на овој процес, додаде тој, ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, особено од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа, а истовремено, посочи, заштитата на овие подрачја значи напредок и исполнување на обврските кон ЕУ директивите. – Соодветното управување со заштитените подрачја значи користење на огромниот потенцијал за развој на локалната економија. Тоа подразбира заштита и зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје со развој на еко туризмот, традиционалното земјоделие и овчарството, наведе министерот. Согласно законската процедура за прогласување на заштитените подрачја, Нуредини соопшти дека ќе има јавни дебати базирани од предлозите на локалното населени. По усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечните предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување. Тој увери дека ќе бидат земени предвид сите барања од засеганатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување на штети на локалното население и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди. На вчерашната седница на Владата беа усвоени иницијативите на МЖСПП за заштита на две подрачја во нашата држава – Шар Планина и Осоговските Планини, за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје од категоријата V. Статусот на заштита, како што информира Нуредини, бил утврден од страна на експертски тим кој спровел студија за валоризација на подрачјата и со кои било утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки. Прашан за тоа дека постојат студии кои зголемената смртност од Ковид-19 ја поврзуваат со големата загаденост на водухот, како во Ломбардија и Вухан, и што презема Владата за справување со загаденоста бидејќи на есен и зима се предвидува можен втор пик, Нуредини рече дека има меѓународни студии кои укажуваат дека тие што биле изложени на загаденост можно е да имаат поголема смртна стапка. -Ова го знаеме и ние, дека имаме проблем со тоа. Ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот, да бидеме поефикасни со транспортот. Исто така ќе го поддржиме транспортот и гасификацијата во нашата држава. Со тоа ќе се намали загадувањето на воздухот, нагласи Нуредини. На новинарско прашање дека е уништена инфраструктурата во НП „Шар Планина“, Нуредини рече дека за ова ќе се дебатира со јавноста и со властите. – Во оваа фаза ќе разговараме со локалните власти да ја развиеме инфраструктурата, да ги подигнеме стандардите што ги заслужува еден национален парк. Во исто време ова ќе овозможи и локални и странски инвестиции, доколку ги спремаме европските стандарди што ги заслужува еден национален парк каде што ќе имаме и летен туризам, но и зимски туризам, рече Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/feed/ 0
Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-i-osogovski-planini-dve-novi-zashtiteni-podrachja-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-i-osogovski-planini-dve-novi-zashtiteni-podrachja-vo-drzavata/#respond Tue, 05 May 2020 14:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=341996

Владата на денешната седница ги усвои иницијативите за заштита на Шар Планина и Осоговските Планини. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и со сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации. – Прогласувањето на овие две подрачја, што содржат високо ниво на биолошки и културни вредности, за заштитени зони, покрај тоа што значи исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, значи и искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги и екотуризам, порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Според МЖСПП, Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-i-osogovski-planini-dve-novi-zashtiteni-podrachja-vo-drzavata/feed/ 0