заштитна маска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 14:16:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заштитна маска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маската повеќе не е задолжителна во превозните средства во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maskata-poveke-ne-e-zadolzhitelna-vo-prevoznite-sredstva-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maskata-poveke-ne-e-zadolzhitelna-vo-prevoznite-sredstva-vo-grtsija/#respond Mon, 27 Mar 2023 14:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=816973

Од денеска Грција ги укинува задолжителната употреба на маска во превозните средства и задолжителниот тест за невакцинираните работници, што воедно беа и последните мерки што важеа за заштита од Ковид-19, објавија грчките медиуми. Одлуката за укинување на задолжителната маска во јавниот и такси превозот, беше соопштена пред десет дена, а сега со објавената министерска одлука и официјално стапи во сила. Маската, останува и понатаму задолжителна во болниците и центрите за грижа на стари лица. Поконкретно, во приватните и државните болници, во клиниките, дијагнистичките центри и центрите за реахбилитација, маската и понатаму е задолжителна, како за персоналот, така и за пациентите и посетителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maskata-poveke-ne-e-zadolzhitelna-vo-prevoznite-sredstva-vo-grtsija/feed/ 0
Неопходно носење маска поради густиот смог во многу делови на Тајланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neophodno-nosene-maska-poradi-gustiot-smog-vo-mnogu-delovi-na-tajland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neophodno-nosene-maska-poradi-gustiot-smog-vo-mnogu-delovi-na-tajland/#respond Wed, 08 Mar 2023 20:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=809689

Големи области на Тајланд се обвиени со густ смог поради палењето на стрништата, а најпогодени се северниот дел на земјата и главниот град Бангкок, јави ДПА. Лекарите ги повикаа луѓето да носат заштитни маски на отворено за да се заштитат од вдишување ситни честички од прашина. Небото над Бангкок денеска е млечно бело со ниту еден облак и сонцето едвај наѕира низ маглата. Загадувањето во Тајланд најмногу е предизвикано од палење на стрништа, не само во големи делови од земјата, туку и во соседните Мјанмар, Камбоџа и Лаос. Оваа активност обично резултира со високи нивоа на фини честички помеѓу јануари и март, особено во северниот дел на Тајланд. Вредностите денеска ги надминаа безбедните нивоа во 48 од 75 провинции на Тајланд, објавија локалните медиуми. Нитипатана Чиеракул, директор на одделот за респираторни болести во болницата Сиријај во Бангкок, рече дека загадувањето е најопасно за децата. Секое домаќинство треба да има вклучен прочистувач на воздух, советува тој и повика да се ограничат активностите на отворено во училиштата и градинките. Метеоролозите предупредија дека смогот, кој ги покри облакодерите на Бангкок, ќе се задржи барем до утре, кога квалитетот на воздухот ќе почне да се подобрува поради силните ветрови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neophodno-nosene-maska-poradi-gustiot-smog-vo-mnogu-delovi-na-tajland/feed/ 0
Германија ќе го укине носењето маски во меѓуградските возови и автобуси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ke-go-ukine-noseneto-maski-vo-megugradskite-vozovi-i-avtobusi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ke-go-ukine-noseneto-maski-vo-megugradskite-vozovi-i-avtobusi/#respond Fri, 13 Jan 2023 14:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=786966

Носењето маска од 2 февруари повеќе нема да биде задолжително во Германија во меѓуградскиот превоз – возови и автобуси, бидејќи ширењето на коронавирусот забавува, соопшти денеска Министерството за здравство. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика луѓето со чувствително здравје да продолжат да користат маска врз основа на лична одлука. Според сегашниот закон за заштита од инфекции, маските FFP2 се задолжителни во меѓуградските автобуси и возови до 7 април. Сепак, епидемијата е стабилизирана, рече Лаутербах и нагласи дека голем дел од населението е вакцинирано против коронавирусот, а исто така изјави дека состојбата во болниците е „затегната, но може да се управува“.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ke-go-ukine-noseneto-maski-vo-megugradskite-vozovi-i-avtobusi/feed/ 0
ЈСП Скопје апелира да се носи маска при користење јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-skopje-apelira-da-se-nosi-maska-pri-koristenje-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-skopje-apelira-da-se-nosi-maska-pri-koristenje-javen-prevoz/#respond Mon, 18 Jul 2022 10:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=706899

ЈСП Скопје апелира сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитна маска во автобус. Посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат. – Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, информираат од ЈСП Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-skopje-apelira-da-se-nosi-maska-pri-koristenje-javen-prevoz/feed/ 0
Кипар ја враќа задолжителната маска на затворено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-ja-vrakja-zadolzitelnata-maska-na-zatvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-ja-vrakja-zadolzitelnata-maska-na-zatvoreno/#respond Wed, 06 Jul 2022 12:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=700986

Од петок на Кипар се враќа задолжителната маска во затворените простори, откако кипарската Влада на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за враќање на конкретната мерка, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа поради зголемениот број случаи на Ковид-19 во изминатите денови, а според податоците од Министерството за здравство на Кипар од 25 јуни до вчера биле регистрирани 19.503 позитивни случаи од вкупно 147.623 тестови со 13 отсто стапка на позитивност. Од Министерството соопштуваат дека маската ќе биде задолжителна за сите над 12 годишна возраст, а за непочитување на мерката предвидена е казна од 300 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-ja-vrakja-zadolzitelnata-maska-na-zatvoreno/feed/ 0
Зголемена раздвиженост и мал процент вакцинирани, причина за пораст на ковид случаите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemena-razdvizenost-i-mal-procent-vakcinirani-prichina-za-porast-na-kovid-sluchaite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemena-razdvizenost-i-mal-procent-vakcinirani-prichina-za-porast-na-kovid-sluchaite/#respond Tue, 05 Jul 2022 05:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=700037

Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика. -Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ. Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemena-razdvizenost-i-mal-procent-vakcinirani-prichina-za-porast-na-kovid-sluchaite/feed/ 0
Словенија ги укина маските во повеќето затворени простории https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-gi-ukina-maskite-vo-povekjeto-zatvoreni-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-gi-ukina-maskite-vo-povekjeto-zatvoreni-prostorii/#respond Thu, 14 Apr 2022 09:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=662882

Носењето маски во повеќето затворени простори повеќе не е задолжително, но оваа мерка се’ уште се препорачува кога не е можно да се одржи дистанца, соопшти словенечката влада. Ваквата одлука е донесена поради подобрена епидемиолошка состојба во Словенија. Носењето маски останува е задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи. -Маските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ. Во последните 24 часа се потврдени 1.535 новозаразени со коронавирус, односно 577 заразени помалку од една недела претходно, а бројот на хоспитализирани продолжува да опаѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-gi-ukina-maskite-vo-povekjeto-zatvoreni-prostorii/feed/ 0
ПО ДВЕ ГОДИНИ: Од денеска без маски во затворено со одредени исклучоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-od-deneska-bez-maski-vo-zatvoreno-so-odredeni-iskluchoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-od-deneska-bez-maski-vo-zatvoreno-so-odredeni-iskluchoci/#respond Wed, 13 Apr 2022 05:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=662180

По две години, вчера на владина седница беше донесена одлука да се укине задолжителното носење на заштитна маска од КОВИД-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост. По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата недела во период од 4 до 10 април забележано е дека продолжува да се намалува бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИД-19. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 проценти, просечно 7,3 отсто. Во текот на минатиот ден, согласно податоците од ИЈЗ направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 246 пациенти и починато е едно лице од Демир Хисар на 68-годишна возраст во болнички услови. Од новозаболените, најголем број се од Скопје-83, а активни се 583 случаи во главниот град. Во Берово, Дебар, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов нема активни случаи на коронавирусот. Заклучно со 6-ти месецов се вакцинирани 873 332 лица со барем една доза вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза 155.817 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 307 967, бројот на оздравени пациенти е 297 600, на починати е 9 256, а активни се 1 111 случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-od-deneska-bez-maski-vo-zatvoreno-so-odredeni-iskluchoci/feed/ 0
Предложено укинување на маските во затворен простор, освен за неколку места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-vo-zatvoren-prostor-osven-za-nekolku-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-vo-zatvoren-prostor-osven-za-nekolku-mesta/#respond Thu, 07 Apr 2022 05:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=659436

Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои вчера на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗБ). Сепак новите препораки и очекуваните следни мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски информира дека Комисијата по разгледаната епидемиолошка состојба во државата, заклучила дека моменталните услови овозможуваат да се размислува за намалување на рестриктивните мерки и препорачува укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор. – Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие затворени објекти или како да ги класифицираме, останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простор маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна Петличковски на прес-конференција. Тој посочи дека се предлага укинување на задолжителното носење маски, но повторно препорачуваат маски да носат возрасните, тие што се имунокомпромитирани и тие кои се со хронични болести. За нема задолжение, но останува препораката за носење маски како најефикасна мерка за заштита од пренесување и за заштита на здравјето. Петличковски истакна дека очекуваат побрзо да бидат прифатени заклучоците од минатата и од оваа седница седница на Комисијата. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ одговарајќи на новинарско прашање рече дека постепено ќе ги релаксираат мерките, не сакаат да донесат крупни чекори кои можат брзо да ја дестабилизираат епидемиолошката состојба, која е стабилна. – Сега сме во пресрет на празници кои можат да бидат една од причините да имаме зголемување на бројот на новозаразени во текот на наредниот период и затоа внимателно чекор по чекор ќе одиме во насока на тоа да ги релаксираме мерките. Маските се една од големите рестриктивни мерки која се укинува. Да почекаме во наредните недели да ја следиме епидемиолошката состојба, доколку има можност и за тоа секако ќе се разговара и за сертификатите генерално не само за влез во државата, туку и за користење во затворени простории, истакна Мехмедовиќ. Комисијата посочува и дека партицијално се укинува изолацијата за контактите, додека тие кои се позитивни се уште ќе треба да одат во изолација со одлука од Центарот за јавно здравје. – Во наредниот период ќе видиме дали може да се укине и овој дел од системот на следење на позитивните случаи, а не само на контактите кои се на позитивните случаи, рече Мехмедовиќ. Според Мехмедовиќ, здравствените објекти се местата каде е најголема веројатноста да има трансмисија на вирусот, затоа што има заболени лица, има симптоматологија, што е слична и на вообичаените настинки и на грипот, омикронот е со таква слична симптоматологија и не може да се диференцира од останатите болести. – Важно е да се носи маска, за да немаме тука трансмисија на вирусот која би била зголемена, а имаме зголемен ризик од пренос на вирусот во овие простории. Возрасните лица, тие кои се над 65 години особено тие што се по старечките домови беа најмногу изложени на ризик во време на оваа варијанта на омикрон и затоа треба и кај нив да бидеме навистина внимателни за да не се доведеме до дополнителни ризик фактори кои би можеле да ни го загрозат здравјето. Јавниот превоз знаеме во каква состојба е. Сега имаме голема концентрација на луѓе во затворен простор, блиску се едни до други, таму дефинитивно треба да остане маската уште некој период за користење. Тоа се основните причини кои ги разгледувавме денеска на Комисијата за заразни болести како важни елементи кои не смееме да ги занемариме во однос на тоа кога се уште носиме одлука да продолжи да важи задолжителното носење на маски, потенцира Мехмедовиќ. Во врска со новата подваријанта на омикрон XE, Петличковски рече дека во моментов не треба да не загрижува воопшто, затоа што се работи за варијанта на повторно благи симптоми, доминантноста не е оди така како со омикронот и не е ништо различно од тоа што веќе е присутно. – Тоа е еден хибрид помеѓу омикрон варијантите БА1 и БА2, значи веќе видени симптоми, начин на пренос се знае дека е високопренослива, но не ги потиснува веќе постоечките варијанти со таква прогресија како што тоа го направи омикронот и затоа во моментов не е за загрижување, посочи Петличковски. Мехмедовиќ, пак, смета дека не е првпат да има хибридни варијанти кои ги имало секогаш кога ќе се појави нов сој. – Комбинацијата помеѓу двете варијанти создаваше такви хибридни варијанти. Многу е мала концентрацијата односно дисеминацијата на тие хибридни варијанти. Се сеќавате дека имавме делта хибридна варијанта кога беа присутни и делтата и омикронот. Во моментот кога ќе се изгуби присуството на едната варијанта и кога ќе остане само една единствена варијанта тогаш веќе хибридната варијанта се губи. Така што не е ова првпат да имаме случај на појава на хибридна варијанта во текот на пандемијата. Практично, преминувањето од една до друга варијанта кога ги имавме и алфата, и делтата и омикронот се случуваа такви хибридни варијанти и тоа не е нешто што е проблем, така што нема сега во моментов апсолутно никаква причина за загриженост, истакна д-р Мехмедовиќ. Сепак новите препораки и следните мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена. – Ние и во моментов планираме следни чекори во случаи, во услови кога ни се зголемувале бројките. Значи, сакам да повикам на едно внимание и на прифаќање. Очекувам да организираме малку поинтензивна вакцинацална кампања. Во ниеден момент не се откажуваме од вакцините, да знаете дека ќе следуваат некакви препораки, организирани образложувања на ефикасноста на вакцините во следниов период, изјави Петличковски. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.249 тестови регистрирани се нови 195 случаи со КОВИД-19, двајца починати и 207 оздравени пациенти. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а на активни случаи изнесува 1.535 од кои најголем број 824 се во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-vo-zatvoren-prostor-osven-za-nekolku-mesta/feed/ 0
Предложено укинување на маските за средношколците и враќање на ученичките екскурзии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-za-srednoshkolcite-i-vrakjanje-na-uchenichkite-ekskurzii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-za-srednoshkolcite-i-vrakjanje-na-uchenichkite-ekskurzii/#respond Thu, 31 Mar 2022 05:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=656016

Укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, препорача Комисијата за заразни болести на вчера одржаниот состанок. Останува да важи препораката наставниот и техничкиот кадар да носат маски. – За укинување на останатите мерки кои се се уште во сила ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува и бројот на новозаразени и хоспитализирани.Се празнат болничките капацитети, има мала стагнација на репродукцискиот број, меѓутоа тоа не значи дека капацитетот на здравствениот систем не е релаксиран во моментот. Трендот е позитивен. Одиме во насока на тоа да имаме позитивна добра епидемиолошка состојба. Се намалува трансмисијата на вирусот и како резултат на тоа наредната недела се уште ќе разгледуваме дел од актуелните мерки и ќе видиме кои од нив може да бидат укинати, изјави портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ. Учениците или родителите кои сметаат дека нивните деца се уште треба да носат маски, може да ги носат, без оглед на тоа што се укинува таа задолжителна мерка. Од епидемиолошката состојба ќе зависи дали следен чекор и препорака на Комисијата ќе биде укинување на носењето маски за студентите на факултетите. – Имаме позитивен тренд кој ни ветува многу дека можеме да размислуваме за тоа да се релаксираат мерките. Работиме согласно алатката за оценување на епидемиолошки кризи. Се покажа како квалитетна. Засега не гледаме влошување на состојбата, таа се уште е стабилна. Ако продолжи начинот на кој се одвиваат работите, може да очекуваме и таа мерка многу брзо ќе биде на дневен ред, можеби на следната седница, рече Мехмедовиќ. Комисијата за заразни болести ќе ја разгледа и можноста за олабавување на мерката за влез во државата, како и за укинување на други ковид-рестрикции. Ќе се оди постепено во тргањето на мерките, согласно епидемиолошката состојба. – Имавме примери кои ги видовме во земјите како Германија, Австрија, Велика Британија каде мерките беа подигнати практично одеднаш. Одеднаш престанаа сите мерки и дојде до нагло влошување на епидемиолошката состојба. Не би сакале да се доведеме во таква ситуација и ние да имаме влошување на епидемиолошката состојба. Сметаме дека ова укинување на мерките кое што е постепено ќе биде многу подобар начин да преминеме кон еден таков процес на прекинување на мерките отколку сите ги укинеме наеднаш, додаде д-р Мехмедовиќ. Во врска со процесот на вакцинација, тој посочи дека треба се уште да се работи на тоа, да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат, да се подигне процентот на вакцинација за да може да се направи транзиција од општество со многу рестриктивни мерки кон малку послободно општество и да се вратиме на нормалата од 2019 година. – Не е само мерката со кампањата за караванот што треба да ги посетува градовите и да се зголеми процентот на вакцинација. Се уште се испраќаат СМС пораки до граѓаните кои се ризични групи и тие кои имаат поголема старосна граница над 65 години каде има многу коморбидитети да може да се стимулираат, да им се објасни кои се опасностите и кои се бенефитите кои ќе бидат добри по нив во однос на тоа ако се вакцинираат. Секако дека се работи на нови идеи за тоа како да се стимулираат граѓаните да можат што поактивно да размислуваат за да се имунизираат не само со бустер доза, туку и со прва и со втора доза односно да имаме целосна вакцинација на населението, рече Мехмедовиќ. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени се 2.430 тестови регистрирани се 294 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати и 235 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени четири починати лица од кои по едно од Скопје, Кичево, Штип и Кочани. Пријавените починале во период од 22 до 25 март. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а на активни случаи изнесува 1.835 од кои најголем број 1007 се од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-za-srednoshkolcite-i-vrakjanje-na-uchenichkite-ekskurzii/feed/ 0