заштитна опрема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Sep 2020 12:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заштитна опрема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрија поради Ковид-19 складира големи резерви заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-poradi-kovid-19-skladira-golemi-rezervi-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-poradi-kovid-19-skladira-golemi-rezervi-zashtitna-oprema/#respond Tue, 15 Sep 2020 12:14:35 +0000 https://kurir.mk/?p=403496

Австрија прави големи стратешки резерви на заштитна опрема, што е распоредена на повеќе локации ширум земјата, всушност се подготвува за вториот бран со новиот коронавирус. Австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерката за одбрана Клаудија Танер изјавија дека проблемите со заштитната опрема, како што беше пролетва, е минато. – Изминатите месеци покажаа колку нашето снабдување со медицинска заштитна опрема за време на криза може да биде нестабилно. Армијата сега складира на стратешки важни места доволен број заштитна опрема, истакна Танер. Австрија сега има 2,6 милиони заштитни маски, 44,4 милиони медицински маски, 1,7 милиони ракавици за преглед, 430.000 заштитни одела, 37.000 заштитни наочари, 150.000 заштитни престилки и 9.000 маски за кислород. Најавено е дека следните денови треба да пристигнат уште 12,2 заштитни маски, 970.000 медицински маски, 300 респиратори и друга опрема. Опремата е набавена преку Црвениот крст, а складирањето и обезбедувањето го презеде австриската армија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-poradi-kovid-19-skladira-golemi-rezervi-zashtitna-oprema/feed/ 0
БиХ ќе добие 11 тони заштитна опрема од СЗО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-kje-dobie-11-toni-zashtitna-oprema-od-szo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-kje-dobie-11-toni-zashtitna-oprema-od-szo/#respond Sun, 19 Jul 2020 07:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=378246

Светската здравствена организација во следните две недели ќе достави вкупно 11 тони помош на Босна и Херцеговина, пренесуваат босанските медиуми. Помошта вклучува заштитна медицинска опрема – заштитни маски, визири, ракавици, заштитни одела и друга опрема што ја користат медицински работници и заразените лица. Во пратката треба да има и одреден контингент на ПЦР-тестови за коронавирус. Заштитната медицинска опрема ќе се дистрибуира низ целата држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-kje-dobie-11-toni-zashtitna-oprema-od-szo/feed/ 0
Санкционирани 412 лица за неносење заштитна маска, на 852 лица им се издадени решенија за изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcionirani-412-lica-za-nenosenje-zashtitna-maska-na-852-lica-im-se-izdadeni-reshenija-za-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcionirani-412-lica-za-nenosenje-zashtitna-maska-na-852-lica-im-se-izdadeni-reshenija-za-izolacija/#respond Wed, 01 Jul 2020 06:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=366345

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24567 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 412 прекршоци во изминатото деноноќие, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 72 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата. На територијата на целата држава на вкупно 852 лица им се издадени решенија за изолација, а 10 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки. Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcionirani-412-lica-za-nenosenje-zashtitna-maska-na-852-lica-im-se-izdadeni-reshenija-za-izolacija/feed/ 0
На 70 лица им се издадени решенија за изолација, регистриран 461 прекршок за неносење заштита на лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-70-lica-im-se-izdadeni-reshenija-za-izolacija-registriran-461-prekrshok-za-nenosenje-zashtita-na-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-70-lica-im-se-izdadeni-reshenija-za-izolacija-registriran-461-prekrshok-za-nenosenje-zashtita-na-lice/#respond Thu, 28 May 2020 08:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=350934

Во текот на изминатото деноноќие на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 потпишале изјави за самоизолација. Како што информира МВР, полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се евидентирани две кои не ја почитувале мерката. За неносење заштита на лице регистриран е 461 прекршок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-70-lica-im-se-izdadeni-reshenija-za-izolacija-registriran-461-prekrshok-za-nenosenje-zashtita-na-lice/feed/ 0
Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/#respond Tue, 28 Apr 2020 14:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338770

Владата денеска соопшти дека остануваат да важат мерките за лична заштита, односно задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри. За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност. Владата информира дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица. Овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час. – Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми, соопшти владината прес служба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/feed/ 0
Ќе се санкционира неносењето заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-sankcionira-nenosenjeto-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-sankcionira-nenosenjeto-zashtitna-oprema/#respond Mon, 27 Apr 2020 05:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=337779

Вкупно 500 пациенти во земјава досега се излекувани од Ковид-19. Потврдени се нови 19 случаи, а во ГОБ „8 Септември“ во Скопје починаа две лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на трети април со потешкотии во дишење и веднаш ставена на респиратор и 73-годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба. Во извештајот од вчера за претходните 24 часа се наведува дека се направени 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – три, Куманово – 8, по два случаи во Прилеп, Струга и Велес, а по еден случај во Гостивар и Виница. Со ова вкупниот број на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека најголемиот број од оздравените пациенти се на домашно лекување, а помал дел се пациенти кои се лечат во болнички услови. Им се заблагодари на матичните лекари кои, како што рече, многу успешно се вклучени во овој систем на пациентите и со тоа се покажа дека овој модел дава резултати. Врз основа на тој модел само десетина проценти од пациентите се хоспитализирани, не се оптоварува здравствениот систем, ниту здравствените работници. Филипче најави дека Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести денеска до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне веднаш истиот ден или најдоцна во вторник. Констатирано дека голем дел од граѓаните или не користат заштитна опрема или неправилно ја користат. Надлежните апелираат дека оваа мерка мора да се почитува и потсетуваат дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано – на затворено и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од два метри. Филипче појасни дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака. Има и граѓани кои, како што рече, ја почитуваат оваа мерка свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот. Министерот за здравство уверува дека ако доследно ја почитуваме оваа мерка, како и сите претходно за кои има оправданост, ќе се заштитиме и себе си и нашите семејства и сограѓаните, ќе превенираме раст на број на заболени. Надлежните се уште немаат донесено одлука дали претстојниот викенд на кој му претходи и празникот 1 Мај ќе има тридневно ограничување на движењето на граѓаните. Одлуката ќе биде донесена врз основа на анализа на однесувањето на граѓаните, дали се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за задолжителна заштитна опрема и одржување дистанца. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче соопшти дека од почетокот на епидемијата со коронавирусот не дискутирале за одржување на избори. Смета дека е премногу рано да се зборува за дополнително олабавување на мерките и за организација на настан, како што се на пример изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-sankcionira-nenosenjeto-zashtitna-oprema/feed/ 0
Од денес задолжително носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-nosenjeto-na-zashtitna-oprema-za-pokrivanje-na-nosot-i-ustata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-nosenjeto-na-zashtitna-oprema-za-pokrivanje-na-nosot-i-ustata/#respond Thu, 23 Apr 2020 07:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=335933

За заштита од коронавирусот на населението од денес за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Уредбата за задолжително носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата се донесува заедно со уредбата за намалување на ограничувањето на мерките и е клучна во превенцијата од ширењето на вирусот. За личната и колективна заштита може да се користи маска или прекривка на устата и на носот кои целосно ги покриваат устата и носот. Почитувањето на оваа мерка од страна на сите граѓани, на цела територија на Република Македонија е исклучително важно заради заштита на сопственото здравје, здравјето на своите најблиски и колективното здравје, зошто само со заштита може да се спречи значајното зголемување на бројот на ново дијагностицирани пациенти. Носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри. Носењето на на заштитна опрема за покривање на носот и устата мора да биде проследено со зголемена хигиена на раце и граѓаните мора да се многу внимателни како се става, а како се вади прекривката како се манипулира заради тоа што и нечисти раце во надворешна средина при манипулацијата може да предизвикаат инфекција. Важно е редовно да се одржува хигиена на прекривката на носот и устата, односно да се пере и пегла прекривката за повеќекратна употреба по секое носење, а маските за еднократна употреба да се отстрануваат правилно во затворени кеси во отпад. Министерството за здравство апелира до сите граѓани целосно и без искулчок да ја почитуваат мерката за носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата, задолжително често и темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштитата на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е на секој граѓанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-nosenjeto-na-zashtitna-oprema-za-pokrivanje-na-nosot-i-ustata/feed/ 0
„Гардијан“: На британските болници им се заканува недостиг од заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-na-britanskite-bolnici-im-se-zakanuva-nedostig-od-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-na-britanskite-bolnici-im-se-zakanuva-nedostig-od-zashtitna-oprema/#respond Sat, 18 Apr 2020 06:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=333820

Залихите на заштитни одела се при крај во болниците низ Велика Британија и тие би можеле да останат без нив до крајот на денот или викендот, објави „Гардијан“. Националната здравствена служба (НХС) им испраќа препорака да продолжат да работат со заразените во пластични престилки. Препораката на НХС, за која јави Гардијан, е во целосна спротивност со досегашните регулативи, во кои се вели дека медицинскиот персонал не треба да им пристапува на пациенти и заразени лица без да носи непропусна заштитна облека што го покрива целото тело, специјални заштитни маски и очила. Сепак, извори за весникот велат дека залихите на заштитна облека се при крај и ситуацијата е толку лоша што медицинските лица без опрема би можеле да останат најдоцна овој викенд. Затоа, им се советува да користат пластични престилки кои не можат да заштитат ни одблизу како комплетно заштитна облека. Ова може да доведе до нов бран зараза кај медицинскиот персонал кои лекуваат заразени од Ковид-19 и се стравува дека некои од нив може да одбијат да работат заради тој ризик. Околу 55.000 заштитни одела се очекува да пристигнат денеска во британските болници, што е мала утеха бидејќи дневните потреби се речиси трипати поголеми. Министерството за здравство се обидува да нарача дополнителни количини од сите страни, наведува Гардијан, додавајќи дека министерот за здравство Мет Хенкок на своето редовно јавно обраќање во претходните денови значително го намалил овој проблем. Во Велика Британија, околу 50 лекари, медицински сестри и персонал за поддршка досега починаа од Ковид-19. Д-р Роб Харвуд, претседател на советодавниот комитет на британското медицинско здружение, изјави за Гардијан дека со новите упатства од вработените, всушност, се бара свесно да го ризикуваат своето здравје, па дури и животот, лекувајќи ги другите. „Ова не е одлука што треба да ја донесе медицинско лице во болница“, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-na-britanskite-bolnici-im-se-zakanuva-nedostig-od-zashtitna-oprema/feed/ 0
СЗО и ФАО: Вработените во прехранбената индустрија да користат заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-i-fao-vrabotenite-vo-prehranbenata-industrija-da-koristat-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-i-fao-vrabotenite-vo-prehranbenata-industrija-da-koristat-zashtitna-oprema/#respond Wed, 15 Apr 2020 09:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=332509

Вработените во компаниите што работат со храна, а не се чувствуваат добро или имаат симптоми на коронавирус, не треба да одат на работа, препорачуваат од Светската здравствена организација и Организација за земјоделство и храна во Водичот за КОВИД 19 и безбедност на храната наменет за компаниите. Препораката на СЗО и ФАО е вработените во прехранбената индустрија без оглед на нивната здравствена состојба, да практикуваат лична хигиена и да користат заштитна опрема како маски и ракавици. – Ова е императив затоа што ако заразениот работник управува со храна, можно е тој да го пренесе вирусот во храната со која работи или да го пренесе на површините за преработка на храна со кашлање и кивање или преку контакт со рака. Утврдено е дека некои лица кои се уште не покажуваат симптоми, се заразени и способни за ширење на вирусот, е наведено во Водичот. Во него се посочени и останатите препораки како миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција, чистење на работните површини и избегнување на близок контакт. Од СЗО и ФАО нагласуваат дека иако е малку веројатно дека луѓето може да се заболат со коронавирусот од храна, сепак имајќи предвид дека тој може да се шири преку капките од кашлање или кивање кои на површините се задржуваат подолго време, потребни се мерки за заштита во прехранбената индустрија. – Досега нема докази за вируси кои предизвикуваат респираторни заболувања да се пренесуваат преку храна или нејзиното пакување. Коронавирусите не можат да се размножуваат во храната, им треба домаќин, животниски или човечки организам за да се размножуваат, пишува во Водичот од СЗО и ФАО што на македонски јазик го преведе Институтот за јавно здравје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-i-fao-vrabotenite-vo-prehranbenata-industrija-da-koristat-zashtitna-oprema/feed/ 0
Мисајловски: Неприфатливо е да се исплаќаат средства за СЈО и привремени вработувања, кога здраствените работници немаат содветна заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-neprifatlivo-e-da-se-isplakjaat-sredstva-za-sjo-i-privremeni-vrabotuvanja-koga-zdrastvenite-rabotnici-nemaat-sodvetna-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-neprifatlivo-e-da-se-isplakjaat-sredstva-za-sjo-i-privremeni-vrabotuvanja-koga-zdrastvenite-rabotnici-nemaat-sodvetna-zashtitna-oprema/#respond Sun, 05 Apr 2020 14:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=327677

Дали треба да прифатиме реалност каде што има 555 заболени лица, а се исплатуваат средства за рекетарското СЈО? Реалност во која нема средства за заштитна опрема за здравствените работници кои се во голем број заболени, а има за привремени вработувања и кетеринзи за мене е неприфатлива, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Вкупно 555 заболени лица, за еден ден 72 новозаболени, а само во Куманово 21 новозаболено лице. Дали вонреднава власт е свесна што направи во Куманово, каде изминативе неколку дена делеа компири, брашно и зејтин на граѓаните спротивно на сите препораки? Им станува ли сега појасно што направија во Куманово? Дали беше хуман пристапот во петокот кога одлуката за спроведување на полицискиот час преку целиот викенд беше соопштена неколку часа пред тој да започне, по што граѓаните беа приморани да ги наполнат маркетите, пазарите и другите набавни места со цел да се снабдат со храна ? Колкумина граѓани во овие две ситуации се новозаболени ? Доволно беше да постапувате по предлозите кои ви беа давани од опозицијата, граѓаните и од локалниот кризен штаб за да спречите ваква ескалација. Со овој ваш однос дали после Куманово, Скопје е следно за целосен карантин ? Освестете се пред да биде предоцна!, порачува потпретседателот Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-neprifatlivo-e-da-se-isplakjaat-sredstva-za-sjo-i-privremeni-vrabotuvanja-koga-zdrastvenite-rabotnici-nemaat-sodvetna-zashtitna-oprema/feed/ 0