заштитни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 08:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заштитни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се чека одлука од Кризниот штаб и Владата за укинување на сите ковид мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-cheka-odluka-od-krizniot-shtab-i-vladata-za-ukinuvanje-na-site-kovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-cheka-odluka-od-krizniot-shtab-i-vladata-za-ukinuvanje-na-site-kovid-merki/#respond Fri, 29 Apr 2022 05:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=669483

Се очекува деновиве најпрвин Главниот координативен кризен штаб, а потоа и Владата да се произнесат околу препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на сите рестриктивни мерки за справување со КОВИД-19. Во земјава има вкупно 503 активни случаи, а бројката на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата е 309.434. Поради намалување на бројот на новозаразени од КОВИД-19, во средата Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки, освен задолжителното носење маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица. Комисијата исто така испрати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Според надлежните, вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Од Комисијата за заразни болести потенцираат дека на дневна основа ја следат состојбата со КОВИД-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 124 случаи на КОВИД-19, од направени 1.798 тестови. Од новите случаи, во Скопје се 67, Битола 24, Прилеп 8, Охрид 5, Берово 4, Тетово и Кичево по 3, Куманово 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово по еден. Вчера беа регистрирани 114 оздравени пациенти, а немаше пријавено починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278. Бројот на активни случаи изнесува 503.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-cheka-odluka-od-krizniot-shtab-i-vladata-za-ukinuvanje-na-site-kovid-merki/feed/ 0
Комисијата препорачува укинување на сите мерки, задолжителното носење маски останува само на овие места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-preporachuva-ukinuvanje-na-site-merki-zadolzitelnoto-nosenje-maski-ostanuva-samo-na-ovie-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-preporachuva-ukinuvanje-na-site-merki-zadolzitelnoto-nosenje-maski-ostanuva-samo-na-ovie-mesta/#respond Wed, 27 Apr 2022 10:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=668567

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-preporachuva-ukinuvanje-na-site-merki-zadolzitelnoto-nosenje-maski-ostanuva-samo-na-ovie-mesta/feed/ 0
Рано е за целосно укинување на мерките, велат надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rano-e-za-celosno-ukinuvanje-na-merkite-velat-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rano-e-za-celosno-ukinuvanje-na-merkite-velat-nadleznite/#respond Fri, 01 Apr 2022 05:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=656673

Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата можност да се развие. Затоа се уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти. – Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто, изјави вчера министерот за здравство Беким Сали. Последната препорака од Комисијата за заразни болести е да се укине носењето маски и за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта, но овие препораки треба да поминат на Главниот кризен штаб и потоа да бидат усвоени на владина седница. Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава прифати укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти. Од друга страна, со караванот за вакцинација се очекува да се зголеми одѕивот за вакцинација. – Сè уште не е завршен караванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен, изјави министерот за здравство. Караванот започна на 21 март, а ќе заврши на 3 април. Се организира со цел да се промовира вакцината како безбеден начин на имунизација против КОВИД-19. Караванот денес ќе се спроведе во Домот на култура во Неготино од 12 до 16 часот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19 од кои 39 се реинфекции, еден починат и 326 оздравени пациенти. Досега, во земјата направени се вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979. Битката со вирусот ја изгубиле 9.221 лице, а бројот на оздравени пациенти е 294.988. Во земјава има 1.770 активни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rano-e-za-celosno-ukinuvanje-na-merkite-velat-nadleznite/feed/ 0
Основците од денеска без маски на училиште, во отворениот дел од угостителските објекти без сертификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnovcite-od-deneska-bez-maski-na-uchilishte-vo-otvoreniot-del-od-ugostitelskite-objekti-bez-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnovcite-od-deneska-bez-maski-na-uchilishte-vo-otvoreniot-del-od-ugostitelskite-objekti-bez-sertifikat/#respond Wed, 30 Mar 2022 05:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=655350

Основците од денеска ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска, откако Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски. Покрај, ова Владата реши и да започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус Ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата. Влада одобри и да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично. Се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, како задолжително поседување сертификат или потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан Ковид-19 во последните 180 дена, за посета на угостителски објекти на отворено. Во исто време, за затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност. Владината одлука доаѓа во услови кога, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март, продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализирани од Ковид-19. Во 94,7 отсто од испитуваните примероци е потврден Омикрон „стелт“ сојот, кој доминира во земјава, додека во 5,3 отсто од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Продолжуваат апелите на надлежните за вакцинација бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин за заштита од коронавирусот. Заклучно со 24 март, според вчерашните податоци од ИЈЗ, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се 852.855, а со трета доза 152.109 лица. Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица. Во посочениот период се тестирани вкупно 16.074 материјали, а регистрирани се 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5 отсто помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0 отсто до 14,3 отсто, просечно 10,1 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.032; 60,8 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 224,2/100.000 и Скопје – 162,7/100.000. Како заболени се регистрирани лица во сите возрасни групи – најзастапени се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7 отсто помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3 отсто. Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3 отсто повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години. Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8 отсто помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Во земјава, според вчерашните податоци, се активни 1.782 случаи со КОВИД-19, од кои најголем број 1006 се во Скопје, додека во Крива Паланка нема ниту еден активен случај. Од вкупно 2.776 направени тестови во текот претходното деноноќие, регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19. Од вкупниот број заболени, 48 се реинфекции. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се и 355 оздравени пациенти и шест починати починати. Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214. Во меѓувреме, американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри уште една засилувачка доза на вакцините против Ковид-19 од производителите „Фајзер“ или „Модерна“ за лица над 50-годишна возраст. Тоа значи дека лицата од оваа возрасна група ќе можат да примат вакцина најмалку четири месеци по нивното ревакцинирање со третата доза. Досега, ФДА дозволуваше четвртата доза само за лица над 12 години кои имаат сериозно ослабен имунолошки систем. Агенцијата соопшти и дека оваа „особено кревка група“ може да добие и дополнителен засилувач – петта доза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnovcite-od-deneska-bez-maski-na-uchilishte-vo-otvoreniot-del-od-ugostitelskite-objekti-bez-sertifikat/feed/ 0
Министрите за здравство на ЕУ размислуваат за заеднички мерки против пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-zdravstvo-na-eu-razmisluvaat-za-zaednichki-merki-protiv-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-zdravstvo-na-eu-razmisluvaat-za-zaednichki-merki-protiv-pandemijata/#respond Wed, 30 Mar 2022 05:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=655339

Министрите за здравство на ЕУ денеска изјавија дека сакаат подобро да ги координираат различните национални политики за четврта доза вакцина против коронавирусот и побараа од извршната власт во Брисел да претстави план следната недела. – Денес гледаме земји кои отворија процедура за четврта доза за лица над 75 години, други за над 80 години, како што е случајот со Франција, додека Холандија ги вакцинира луѓето над 60 години со втор бустер, рече Оливие Веран, министерот за здравство на Франција, која во моментов претседава со Унијата. – Други сè уште не започнале, така што ова покренува легитимни прашања, рече Веран. Тој информира дека министрите побарале од Европската комисија да се координира со 27-те земји-членки, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) и Европската агенција за лекови (ЕМА) за да се утврди заеднички став. – Пандемијата Ковид-19, се разбира, сè уште е со нас. Вакцинацијата е исто толку важна денес како и пред неколку месеци, рече еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. – За жал, гледаме пад на вакцинациите во исто време со укинување на ограничувањата, и тоа е разбирливо, рече таа. Киријакидес рече дека сè уште има повеќе од 100 милиони невакцинирани или само делумно вакцинирани луѓе во Европа. – Вакцинирањето останува наше најдобро средство во борбата против пандемијата и мора да бидеме подготвени за есенските и зимските месеци, додаде таа]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-zdravstvo-na-eu-razmisluvaat-za-zaednichki-merki-protiv-pandemijata/feed/ 0
Во земјава 2.041 активни ковид случаи, продолжува караванот за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zemjava-2-041-aktivni-kovid-sluchai-prodolzuva-karavanot-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zemjava-2-041-aktivni-kovid-sluchai-prodolzuva-karavanot-za-vakcinacija/#respond Mon, 28 Mar 2022 05:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=654305

Во земјава има вкупно 2 041 активни случаи на КОВИД-19, а најголем дел од нив се во главниот град -1152. Инаку, активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД-19 денеска продолжуваат во Липково, а утре во Арачиново. Со караванот, кој почна на 21 март, а ќе заврши на 3 април, надлежните испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека тоа е единствениот излез од пандемијата. Во однос на статистиката на новозаболени, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 188 случаи, од направени 2 245 тестови. Вчера починале тројца, а оздравеле 119 пациенти. Според податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1. Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066. Бројот на оздравени пациенти е 293.819, а на починати е 9.206. Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците. Дел пак од државите од регионот се одлучија за олабавување на ковид мерките. Во Софија од денеска ќе бидат отворени терминалите на аеродромот и за оние кои ги пречекуваат и испраќаат патниците. Претходно, терминалите беа затворени за луѓе кои не се патници или вработени. Ограничувањата беа дел од антиепидемиските мерки и бараа оние кои ги испраќаат патниците да се разделат со нив на влезот на поаѓање, а оние кои пречекуваат да чекаат на ограничено место или надвор од терминалите, што создаваше непријатности. Барањата за носење маска, растојание меѓу луѓето, како и почитување на сите антиепидемиски мерки опишани во наредбите на Министерството за здравство во Бугарија остануваат во сила до нивното укинување. И во Грција се најавува олабавување на мерките. Во оваа држава се очекува во летниот период да се укинат сите рестриктивни мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zemjava-2-041-aktivni-kovid-sluchai-prodolzuva-karavanot-za-vakcinacija/feed/ 0
Oд наредната недела се очекува олеснување на дел од мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-narednata-nedela-se-ochekuva-olesnuvanje-na-del-od-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-narednata-nedela-se-ochekuva-olesnuvanje-na-del-od-merkite/#respond Fri, 25 Mar 2022 06:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=652981

Продолжуваат активностите околу караванот за промоција на вакцината против коронавирусот. Вчера караванот беше организиран на Градскиот плоштад во Струмица, а денеска продолжува во Општина Ново Село. Овој караван се спроведува со цел да ја промовира вакцината против вирусот како начин на сигурна имунизација на сите граѓани, особено на оние места низ земјава, каде е ниско нивото на заинтересираност. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 281 нови случаи на КОВИД-19, од кои 48 се реинфекции. Оздравени се 285, а починати се три лица. Најголем број активни случаи има во Скопје – 1132, Битола – 148 и Прилеп – 103, додека останатите градови имаат двоцифрен број на позитивни случаи. Во Пехчево и Дојран во моментов нема лица позитивни на вирусот. Во однос на олеснување на мерките, во текот на наредните денови се очекува Централниот координативен штаб да ги разгледа предлозите од Комисијата за заразни болести, а потоа истите да бидат усвоени на следната владина седница. Комисијата минатата недела препорача за децата во основното образование да не биде задолжително носењето на маски, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан КОВИД-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти. Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-narednata-nedela-se-ochekuva-olesnuvanje-na-del-od-merkite/feed/ 0
Mожно постепено релаксирање на рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozno-postepeno-relaksiranje-na-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozno-postepeno-relaksiranje-na-restriktivnite-merki/#respond Thu, 24 Mar 2022 06:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=652355

Состојбата со Ковид-19 во земјава внимателно се следи, а доколку постои можност, ќе се предлага постепено релаксирање на мерките, сметаат надлежните. Тие остануваат посветени на интензивирање на кампањата за вакцинација, а во меѓувреме се очекува на следната владината седница да се одлучи за препораките предложени од Комисијата за заразни болести. Членовите на Комисијата за заразни болести вчера на средбата ја разгледуваа актуелната епидемиолошка состојба и дискутираа за интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините. Од Министерството за здравство пак, сметаат дека иако е мирна ситуацијата, луѓето треба да бидат свесни дека вирусот е присутен. Според нив, вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход. Во следниот период пак, се очекува Владата на седница да донесе одлука за препораките во однос на ковид мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести на последниот состанок. – Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува да заседава деновиве. Потоа записникот од Штабот треба да биде усвоен на наредната владина седница. Очекуваме на наредната владина седница да биде усвоен записникот од Централниот координативен штаб, односно дали ќе се прифатат или не сите препораки на Комисијата за заразни болести, најави вчера владиниот портпарол Муамет Хоџа. Комисијата минатата недела на седница препорача за децата во основното образование да не биде задолжително носењето на маски, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти. Инаку, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа регистрирани 319 нови случаи со КОВИД-19, од направени 2.720 тестови. Еден пациент почина, а оздравеле 258 пациенти. Од новозаболените 319 случаи, од Скопје се 184, Битола 25, Кавадарци 23, Куманово 14, Прилеп 11, Велес и Кичево по 9, Гевгелија 7, Охрид 6, Неготино и Делчево по 5, Кочани 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница по 1. Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 304.047. Бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188. Бројот на активни случаи изнесува 1.973. Во однос на ситуацијата со Ковид-19 на Балканот, во Грција се донесени нови одлуки во рамки на постепеното олабавување на мерките во земјата. Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници да прават само еден селф тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина. Во меѓувреме, кипарската Влада одлучи граѓаните над 70-годишна возраст и лицата, независно од возраста, кои престојуваат или работат во домови за стари лица, здравствените работници, како и лицата со сериозни здравствени проблеми да можат да примат четврта доза вакцина, а трета доза децата над 12 години. Како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, четврта доза од вакцината ќе се аплицира пет месеци по бустер дозата. Во однос на состојбата во светот, Пакистан вчера соопшти дека немало ниту еден смртен случај поврзан со коронавирус за 24 часа, по првпат во две години, што е еден знак дека петтиот бран на пандемијата се движи побавно. Властите ги тргнаа сите ограничувања минатата недела и сега животот е вратен на предпандемиското нормално. Најмалку 433 нови случаи на Ковид-19 се евидентирани последните 24 часа, информираше пакистанското Министерство за здравство. Првиот случај на коронавирус Пакистан го регистрираше на 26 февруари 2020 година. Досега, земјата има вкупно 1.522.862 случаи и 30.333 починати лица со Ковид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozno-postepeno-relaksiranje-na-restriktivnite-merki/feed/ 0
Засега не се размислува за целосно укинување на ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-ne-se-razmisluva-za-celosno-ukinuvanje-na-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-ne-se-razmisluva-za-celosno-ukinuvanje-na-kovid-merkite/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:39:33 +0000 https://kurir.mk/?p=647875

Надлежните остануваат на ставот дека се уште е рано за целосно укинување на ковид мерките. Сметаат дека се додека нема доволно имунизирано население, не може да се зборува за укинување на мерките. Засега останува и носењето маски во училиштата. Од Министерството за образование велат дека ќе чекаат на проценката од Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Беким Сали во интервјуто за МИА оцени дека четвртиот бран од пандемијата е во стивнување и дека има тренд на намалување на бројот на новозаболени и хоспитализирани, но дека се уште е рано да се зборува за укинување на мерките затоа што во одредени држави е забележано повторно зголемување на бројот на новозаболени откако се укинати мерките. – Како Министерство заедно со Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести ги следиме секојдневно податоците и епидемиолошката состојба во нашата земја, а исто така го следиме и она што се случува во регионот така што во последниот период забележуваме неколку држави коишто ги ослободија мерките и немаат никаква мерка за заштита од корона-кризата кај кои забележуваме бумеранг – враќање на претходната состојба на четвртиот бран. На пример, во Германија на дневна основа веќе има околу 200 илјади новоинфицирани лица, во Данска забележуваме бројки од 40-тина смртни случаи во хоспитални услови, а Хонг Конг во текот на минатата недела го имаше најголемиот број на смртни случаи во текот на денот во период од цела пандемија од две години. Така што, имајќи ги предвид сите овие податоци, сè уште не сме подготвени да преземеме некои мерки коишто ќе бидат олеснителни за нашиот народ, рече Сали. Според него, треба да продолжи вакцинацијата за побрзо да се дојде до ниво на т.н. безбедно живеење, односно ослободување од сите мерки. Очекува позитивен тренд особено кај граѓаните кои преку матичните лекари се повикуваат да се вакцинираат. – По секое непојавување, ние повторно ги потсетуваме дека не биле, а терминот им се презакажува за следен термин и засега забележуваме позитивен интерес од граѓаните. Очекуваме бројката на нововакцинирани да се зголемува. Во текот на минатата недела, таа бројка се зголеми за две илјади нови вакцинирани и се надеваме дека во период од еден месец ќе постигнеме некоја подобра состојба со вакцинираност, истакна Сали. Засега, останува на сила и мерката за носење маски на училиште. Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека проценка треба да направи Комисијата за заразни болести. – Знам дека сме во период кога очекуваме олеснување на мерките, но, исто така знаеме дека и кога ќе имаме полесни препораки, можеме да имаме зголемување на бројот на заразените, изјави вчера Шаќири. Инаку, според последните бројки со кои располага Министерството за здравство, во земјава се евидентирани нови 312 случаи од направени 2.605 тестови. Пријавени се вкупно пет починати лица од кои едно во изминатите 24 часа, а останатите во периодот од 19 февруари до 9 март преку Регистарот на умрени лица од Ковид-19. Бројот на активни случаи во моментот во земјава изнесува 1.833. Од почетокот на пандемијата, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава изнесува 301.895. Оздравени се 290.907 пациенти, а битката со вирусот ја изгубиле 9.155 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-ne-se-razmisluva-za-celosno-ukinuvanje-na-kovid-merkite/feed/ 0
Засега нема целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување, активни 2.178 случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-celosno-ukinuvanje-na-kovid-merkite-ili-nivno-namaluvanje-aktivni-2-178-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-celosno-ukinuvanje-na-kovid-merkite-ili-nivno-namaluvanje-aktivni-2-178-sluchai/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=646145

Целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување засега нема. Министерот за здравство Беким Сали вчера изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи, сметаат дека се уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување. – Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, истакна Сали. Еден од индикаторите, како што кажа, е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат и оти според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките. Министерот додаде дека дел од ковид – центрите во државата се затворени и нема потреба од дополнителни кревети. Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени се 2.635 тестови регистрирани се 277 нови случаи со КОВИД-19, од кои 44 реинфекции, осум починати и 132 оздравени пациенти. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а на активни случаи изнесува 2.178 од кои најголем број 1230 се во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-celosno-ukinuvanje-na-kovid-merkite-ili-nivno-namaluvanje-aktivni-2-178-sluchai/feed/ 0