засилени контроли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Dec 2020 08:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png засилени контроли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Засилени контроли во Битола и Прилеп: 56 нерегистрирани возила, 38 возеле без возачка дозвола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-kontroli-vo-bitola-i-prilep-56-neregistrirani-vozila-38-vozele-bez-vozachka-dozvola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-kontroli-vo-bitola-i-prilep-56-neregistrirani-vozila-38-vozele-bez-vozachka-dozvola/#respond Thu, 03 Dec 2020 08:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=437930

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (02.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 196 возачи. -Притоа, изречени се 99 санкции во Битола, меѓу кои 25 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 19 за возење без возачка дозвола... Во Прилеп се изречени 97 санкции, меѓу кои, 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 19 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-kontroli-vo-bitola-i-prilep-56-neregistrirani-vozila-38-vozele-bez-vozachka-dozvola/feed/ 0
МВР продолжува со засилени контроли: 376 санкции во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-prodolzuva-so-zasileni-kontroli-376-sankcii-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-prodolzuva-so-zasileni-kontroli-376-sankcii-vo-skopje/#respond Wed, 16 Sep 2020 10:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=403966

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 376 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 35 санкционирани мотоциклисти и пет одземени мотори, 57 мерки за непрописно паркирани возила и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, инфомираат од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-prodolzuva-so-zasileni-kontroli-376-sankcii-vo-skopje/feed/ 0
САД го укинуваат засилениот медицински преглед на аеродромите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-ukinuvaat-zasileniot-medicinski-pregled-na-aerodromite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-ukinuvaat-zasileniot-medicinski-pregled-na-aerodromite/#respond Fri, 11 Sep 2020 06:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=401826

САД планираат следната недела да го укинат засилениот медицински преглед на патници од одредени земји на 15 аеродроми. Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека Владата, почнувајќи од понеделник, ќе ги отстрани мерките воведени во февруари за да се спречи ширењето на Ковид-19, ЦДЦ наведува дека сегашниот преглед, кој вклучува проверка на температурата и гаранција од патниците дека се здрави, има „ограничена ефикасност“, бидејќи некои заразени немаат никакви симптоми. Здравствената агенција соопшти дека наместо тоа ќе се фокусира на други мерки, вклучително и електронско собирање контакти со патници за да се избегнат долги редици и „потенцијално тестирање за да се намали ризикот од пренесување на вирусот поврзан со патувањата“. Дополнителниот медицински преглед се однесува на луѓе кои биле во Кина, Иран, повеќето европски земји и Бразил. На повеќето луѓе кои доаѓаат од земји што не се од САД им е забранет влез во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-ukinuvaat-zasileniot-medicinski-pregled-na-aerodromite/feed/ 0
СВР Тетово започна со засилени контроли за почитувањето на заштитните мерки во патничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-zapochna-so-zasileni-kontroli-za-pochituvanjeto-na-zashtitnite-merki-vo-patnichkiot-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-zapochna-so-zasileni-kontroli-za-pochituvanjeto-na-zashtitnite-merki-vo-patnichkiot-soobrakjaj/#respond Fri, 10 Jul 2020 15:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=373542

Полицијата во полошко започна со засилени контроли кои се однесуваат на почитувањето на мерките за заштита во автобусите и комбињата кои превезуваат патници. Со контроли ќе бидат опфатени и местата на кои се собираат младите, кои според досегашните анализи, еден дел од нив не се придржуваат кон безбедносните протоколи. По објавувањето на зголемениот број на заразени со КОВИД-19 на тетовското и гостиварското подрачје, од СВР Тетово упатуваат апел до граѓаните за доследно почитување на уредбата за носење на заштитни маски во затворен простор, автомобил, автобус и избегнување на собирање во групи со повеќе лица. – Контролите кои се спроведуваат во овој период имаат превентивна улога во заштита од вирусот. Заради порастот на заразени со ковид 19 на подрачјето, ги потсетуваме граѓаните задолжително да се придржуваат кон препораките во соодветната владината уредба за носење на заштитни маски и други средства. На тој начин освен што ќе го заштитат сопственото здравје, ќе ги избегнат и санкциите кои се предвидени за непочитување на мерките, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. Од полицијата, особено апелираат до младите да водат поголема сметка и да не се групираат во угостителските објекти или на отворено, како во паркови и дворови. Јосифоски информира дека изминатиов период во полошко од стапувањето на сила на уредбата, со санкции се соочиле над пет илјади граѓани. Секојдневно се изготвуваат по околу сто платни налози согласно на член 6 од соодветната владина Уредба. Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на СВР Тетово за периодот (9 и 10 јули) за изготвени се прекршочни платни налози за неносење заштитни маски на вкупно 86 лица (ТЕ-50 и ГВ-36). Од полицијата информираат дека во овој период на 83 лица (ТЕ-66 и ГВ-17) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Контроли биле извршени над 703 лица во Тетовско и 142 во Гостиварско и како што наведува Јосифоски не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-zapochna-so-zasileni-kontroli-za-pochituvanjeto-na-zashtitnite-merki-vo-patnichkiot-soobrakjaj/feed/ 0
Полицијата со засилени контроли за спроведувањето на мерките против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-so-zasileni-kontroli-za-sproveduvanjeto-na-merkite-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-so-zasileni-kontroli-za-sproveduvanjeto-na-merkite-protiv-koronavirusot/#respond Sat, 14 Mar 2020 14:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=316556

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека формира Кординативно тело за спроведување на мерките поврзани со состојбата со Ковид 19. МВР ги презема сите мерки и активности со цел заштита на граѓаните, а за сите преземени мерки ќе ја информира јавноста преку Одделот за односи со јавност, во координација со другите институции. Како што се наведува во соопштението, полициските службеници вршат и ќе вршат засилени контроли во врска со спроведувањето на мерките што ги презема Владата со цел справување со проблемот со Ковид 19. -Апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението. МВР, како што се потенцира, презема соодветни мерки и активности и за заштита на своите вработени преку набавка на средства за дезинфекција, заштитни ракавици и други средства за сите полициски службеници. -Вработените во МВР да ги редуцираат контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно да се користи електронска комуникација, а при директна комуникација со странки да се користи соодветна заштита односно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство, се посочува во соопштението. Во постапка е отварање на телефонска линија на која граѓаните ќе добиваат информации за услугите на МВР, со цел да се одбегне доаѓањето во институцијата доколку тоа не е неопходно и за тоа соодветно ќе ја информираме јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-so-zasileni-kontroli-za-sproveduvanjeto-na-merkite-protiv-koronavirusot/feed/ 0