засилени мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Aug 2020 06:35:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png засилени мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција ги зајакнува мерките за борба против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-zajaknuva-merkite-za-borba-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-zajaknuva-merkite-za-borba-protiv-kovid-19/#respond Thu, 27 Aug 2020 06:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=395901

Француската Влада ќе донесе нови обврзувачки мерки за борба против Ковид-19, но е внимателна за да не ги паничи Французите, јави дописникот на МИА од Париз. – Има чувство на загриженост, ние не сме тука за да ги исплашиме луѓето, но мора да ја споделиме реалноста. Во цела Европа има продолжување на епидемијата. Нема што да се паничиме, ние не се враќаме на ситуацијата во април, но, и покрај сè, имавме илјада случаи на ден пред неколку недели, сега сме на 3.000 ( …) Се случува нешто, изјави премиерот Жан Кастекс во интервју за Франс Интер. За да можат да „живеат со вирусот“, тој ги повика Французите да „преземат одговорност“. – Најлошо од сè е што тонеме, затоа што не ја продолжуваме активноста, во економска и социјална криза која – Французите тоа го чувствуваат добро – што е многу поопасно од санитарната криза, предупреди Кастекс. Свесни за штетата предизвикана од генерализираното ограничување, Владата сака по секоја цена да избегне да ја стави земјата повторно под изолација. Затоа Кастекс порача Французите да се вратат на работа, на училиште, но и да го откријат социјалниот и културниот живот, „додека се штитат“. Министерот за образование, Жан-Мишел Бланаке, од своја страна го појасни здравствениот протокол за почеток на учебната година. Сите ќе треба да ја носат маската на училиште. Министерката за труд Елизабет Бор, ги финализира правилата – а особено исклучоците – во однос на претптијатијата. „Протоколот ќе биде готов во најдобар случај до викендот, најдоцна до понеделник, ден пред да стапи на сила задолжителното носење маска на работното место“, се нагласува од Владата. Во салата за состаноци во Елисејската палата, сите министри, распоредени на еден метар, носеа заштитни маски, исто како и Претседателот на Франција. Замениците министри и државните секретари учествуваа во дискусиите преку видео-конференција. Од вторникот вечер, носењето маска е задолжително во Марсеј, а баровите и рестораните работат до 23 часот. -Планираме да ги територијализираме мерките што е можно повеќе. Ако истите правила се применуваат насекаде, додека циркулацијата на вирусот варира според териториите, како можеме да очекуваме Французите да ги сметаат за легитимни, рече Габриел Атал, портпарол на Владата. Истиот вид мерки може да се донесат до крајот на неделава во Париз, каде што вирусот активно циркулира. Градското собрание и префектурата разговараат за тоа дали да се заострат правилата. Досега, обврската за носење маска е ограничена во одредени области на главниот град. До презентацијата на стимулативниот пакет, одложена до четврток, 3 септември, извршната власт ќе ги удвои напорите да се обиде да ги запознае Французите со новите препораки. Додека анализите на научниците понекогаш се контрадикторни, премиерот Жан Кастекс реши да се врати на едукативните прес-конференции иницирани од неговиот претходник Едуар Филип, за време на изолацијата. Во четврток претпладне, шефот на владата ќе биде покрај министрите Оливие Веран за здравство и Жан-Мишел Бланаке за детален преглед на ситуацијата. Министерот за здравство потоа ќе замине во Марсеј. -Меѓутоа, постои ризик од антагонизација меѓу оние кои веруваат дека правиме премногу и оние што веруваат дека не правиме доволно. Најлошо би било да ги вознемириме двете страни, се предупредува од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-zajaknuva-merkite-za-borba-protiv-kovid-19/feed/ 0
Засилени мерки за заштита од коронавирусот на аеродромите во Скопје и Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-merki-za-zashtita-od-koronavirusot-na-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-merki-za-zashtita-od-koronavirusot-na-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/#respond Thu, 05 Mar 2020 06:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=312279

Патниците од Милано и од Венеција кои пристигнуваат на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе пополнуваат прашалник за коронавирус, што е уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво бидејќи има сè повеќе заболени во Европа. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на заразени во европскиот регион е 3.365 пациенти и дека нови земји во кои е проширен вирусот се Андора, Летонија и Португалија. – Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече Филипче. Патниците во прашалниците ќе треба да остават податоци на која адреса престојуваат, за доколку после одреден  број денови се јави некој патник со симптоми да може лесно да се најдат сопатниците. Вчера попладне, од Министерството за здравство информираа дека уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано на корона вирус и дека резултатот е негативен. Единствената пациентка која што е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е добра и нејзината здравствена состојба се повеќе се подобрува. Министерот упати апел до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот и доколку не е неопходно да не се патува во ризичните региони, а сите кои се враќаат во земјава да бидат совесни и да се придружуваат до препораките за заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-merki-za-zashtita-od-koronavirusot-na-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/feed/ 0
РК Вардар со засилени мерки за безбедност пред реваншот со Кил https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-zasileni-merki-za-bezbednost-pred-revanshot-so-kil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-zasileni-merki-za-bezbednost-pred-revanshot-so-kil/#respond Thu, 26 Apr 2018 12:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=46401

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар в недела ќе биде домаќин на германски Кил во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ остварија победа (29:28) на првиот меч, па интересот за реваншот е огромен, а салата одамна е распродадена. Со цел за успешна организација РК Вардар соопшти дека ќе преземе засилени безбедносни мерки пред, за време и по натпреварот. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на македонскиот првак: - Се молат сите наши навивачи кои имаат билети за натпреварот да пристигнат навреме во салата, за да ги завземат своите места. Со еден билети ќе може да влезе само ЕДНО лица. Нема да биде дозволено внесување на деца без билет. Се препорачува да не се носат деца помали од седум години на натпреварот. Пред платото на салата во СЦ „Јане Сандански" ќе биде поставен видео бим на кој сите заинтересирани ќе може да го гледаат натпреварот. Почнувајќи од 15 часот во недела фановите пред платото ќе ги забавува ди-џеј, а за сите навивачи предвидени се и разни други забавни содржини. Поради безбедносни причини паркингот на салата во СЦ „Јане Сандански" на денот на натпреварот ќе биде затворен. Публиката се замолува со себе да не носи чанти, ранци, несесери, пластични шишиња, лименки и слично. Од навивачки реквизити ќе биде дозволено внесување во салата само на клупски знамиња на Вардар и на државното знаме на Република Македонија. Вратите од салата во СЦ „Јане Сандански" ќе бидат отворени во периодот од 15,30 часот, па се до 16,45 часот, се вели во соопштението на Вардар. Натпреварот Вардар - Кил е закажан за 17 часот в недела на 29 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-zasileni-merki-za-bezbednost-pred-revanshot-so-kil/feed/ 0