затоплување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 09:49:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затоплување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН со сателити ќе пронаоѓаат истекување на метан на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=759042

Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) во петокот објави дека ќе покрене јавна база на податоци за светските истекувања на метан, снимени од вселенските сателити, што ќе биде нова иницијатива за поттикнување на компаниите и владите да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Новиот систем наречен МАРС е резултат на ветувањето потпишано минатата година од 119 земји за намалување на емисиите на метан за 30 отсто оваа деценија. Научниците нагласуваат дека оваа цел е клучна за борбата против климатските промени. -МАРС е голем чекор во помагањето на владите и земјите да ја постигнат оваа важна, краткорочна цел за климата. Намалувањето на емисиите на метан може да донесе брза и голема промена бидејќи овој гас ја напушта атмосферата многу побрзо од јаглерод диоксидот, рече Ингер Андерсен, извршниот директор на УНЕП, во изјавата на самитот за климата COP27 во Египет. Метанот е безбоен, запалив гас без мирис, кој најмногу се појавува во депониите, во земјоделството, сточарството и при екстракција на нафта и гас. Во однос на количината, по јаглерод диоксидот, тој е втор најзастапен стакленички гас во атмосферата и е одговорен за околу една четвртина од затоплувањето на планетата. На глобално ниво, според Обединетите нации, метанот е одговорен за околу 30 проценти од затоплувањето. Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од јаглерод диоксидот, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглеродниот диоксид останува стотици години, па се верува дека неговото намалување брзо ќе влијае на глобалното затоплување. Системот МАРС ќе користи постоечка мрежа на сателити за откривање на гасот ширум светот, одредување на степенот на истекување и идентификување на компанијата и владата кои се одговорни, соопшти УНЕП. Програмската опсерваторија потоа ќе ги сподели овие информации со одговорните засегнати страни за да се поправи истекувањето. По период од 45 до 75 дена, опсерваторијата ќе објави информации за истекувањето и одговор од компанијата или владата во базата на податоци. Системот прво ќе се фокусира на светските капацитети за нафта и гас, еден од најголемите извори на метан, пред да се префрли на индустријата за јаглен, отпадот, сточарството и производството на ориз. Иницијативата делумно ќе биде финансирана од САД и Европската унија, заедно со филантропските организации на основачот на Амазон Џеф Безос и Глобалниот центар за метан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/feed/ 0
Влада: Решен е проблемот за затоплување и на граѓаните од Скопје Север https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-reshen-e-problemot-za-zatopluvanje-i-na-gragjanite-od-skopje-sever/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-reshen-e-problemot-za-zatopluvanje-i-na-gragjanite-od-skopje-sever/#respond Wed, 19 Oct 2022 15:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=747847

На денешната владина седница прифатена е информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка на АД Електрани на Македонија со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје. -Владата го задолжи Акционерското друштво  за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје. Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023  година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје, се вели во соопштението од Владата. На денешната владина седница усвоени се и одлуки за доделување средства за финансирање проекти за плански региони за годинава со индикативно планирани средства за 2023 година, предложени од Министерството за локална самоуправа.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-reshen-e-problemot-za-zatopluvanje-i-na-gragjanite-od-skopje-sever/feed/ 0
Прилепската болница го троши последниот мазут, просториите се затоплуваат со грејни тела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskata-bolnica-go-troshi-posledniot-mazut-prostoriite-se-zatopluvaat-so-grejni-tela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskata-bolnica-go-troshi-posledniot-mazut-prostoriite-se-zatopluvaat-so-grejni-tela/#respond Thu, 10 Feb 2022 13:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=629676

Прилепската болница работи со минимални количества мазут и ги троши последните количества. Просториите во болницата се затоплуваат со грејни тела. Според Кети Смилеска, директорка на прилепската општа болница со проширена надлежност, ваквата состојба е поради доцнењето на испораката на мазут од добавувачот. Во болницата се хоспитализирани 60- тина пациенти, од кои половината се со Ковид-19 во инфективното одделение, но Смилеска вели дека просториите се топли. Таа се надева дека сепак, денеска да се реши ситуацијата. – Не можам да кажам од кои причини доцни испораката на мазутот од добавувачот. Тендерот е навреме завршен, ние немаме никакви долгови, но доцни испораката од добавувачот. Просториите ги дозатоплуваме со грејни тела и исчекуваме и се надеваме денеска да стигне мазутот. Имаме хоспитализирани околу 60 пациенти, од кои 30 се со ковид во инфективното одделение. просториите се топли, вели Смилеска. Прилепската болница дневно троши до 1,2 тона мазут. Во болницата очекуваат, но сѐ уште е неизвесно, денеска да се реши ситуацијата и да добијат мазут за загревање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskata-bolnica-go-troshi-posledniot-mazut-prostoriite-se-zatopluvaat-so-grejni-tela/feed/ 0
Студија: Затоплувањето на морето на Арктикот носи снег и бран студ во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zatopluvanjeto-na-moreto-na-arktikot-nosi-sneg-i-bran-stud-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zatopluvanjeto-na-moreto-na-arktikot-nosi-sneg-i-bran-stud-vo-evropa/#respond Fri, 02 Apr 2021 07:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=491129

Северниот Леден Океан, кој го губи замрзнатиот покривач поради глобалното затоплување, директно придонесува за пообилни снежни врнежи во Европа, како на пример во 2018 година кога се случи леден бран наречен „Ѕверот од Исток“, се вели во студија. Тој бран, кој парализираше поголем дел од северна Европа во февруари и март 2018 година, предизика штети од повеќе од милијарда евра на ден само во Велика Британија. Според студија објавена во списанието Nature Geoscience, тие големи снежни бури биле директна последица на „ненормално топлите“ води во Баренцовото Море. Тоа море останало без ледена покривка на околу 60 проценти од неговата површина неколку недели пред тој феномен. Тој леден бран се нарекува „Ѕвер од Исток“ во Велика Британија, „Снежен топ“ во Шведска и феномен „Москва-Париз“ во Франција. Студијата заклучува дека Беренцовото Море без мраз ќе биде главниот извор на влага за континентална Европа и ќе биде причина за обилни дождови или снежни врнежи, што ќе влијае на инфраструктурата и сообраќајот. „Ова ќе значи нарушување на снабдувањрто со храна, горивото и уништување на посевите“, предупредува студијата, додавајќи дека може да изгледа чудно што затоплувањето во Северниот Леден Океан предизвикува поголем снег во Европа. „Сепак, природата е сложена и она што се случува на Арктикот не останува само на Арктикот“, пишува во студијата предводена од Хана Бејли од Универзитетот Улу во Финска. Според пресметката на истражувачите, од тоа море испариле 140 гигатони вода, што произвело 88 отсто од влагата што падна како снег во Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zatopluvanjeto-na-moreto-na-arktikot-nosi-sneg-i-bran-stud-vo-evropa/feed/ 0
Температури и до -15 степени: УХМР најавува снежна покривка насекаде, еве од кога следува затоплување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/temperaturi-i-do-15-stepeni-uhmr-najavuva-snezna-pokrivka-nasekade-eve-od-koga-sleduva-zatopluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/temperaturi-i-do-15-stepeni-uhmr-najavuva-snezna-pokrivka-nasekade-eve-od-koga-sleduva-zatopluvanje/#respond Sat, 13 Feb 2021 11:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=468224

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во текот на ноќта, особено во југозападните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -7 до -1 степен Целзиусов. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 сантиметри, а на запад во пониските подрачја меѓу 20 и 30 сантиметри. На планините на северозапад постојната снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 сантиметри снег. Времето во Скопје ќе биде облачно, студено и ветровито, од пладне со врнежи од снег, кои ќе продолжат и преку ноќта кога ќе се интензивираат. До крајот на денот ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до -2 степени. Од УХМР најавуваат дека следува период на многу студено време со значително потпросечни температури и со умерен до засилен северен ветер. Утре, посочуваат, ќе се задржи облачно со врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Од понеделник времето ќе биде стабилно. Утринските температурите до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Од четврток следува постепено затоплување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/temperaturi-i-do-15-stepeni-uhmr-najavuva-snezna-pokrivka-nasekade-eve-od-koga-sleduva-zatopluvanje/feed/ 0
Коронавирусот нема да исчезне со затоплување на времето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koronavirusot-nema-da-ischezne-so-zatopluvanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koronavirusot-nema-da-ischezne-so-zatopluvanje-na-vremeto/#respond Thu, 09 Apr 2020 06:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=329484

Американски научници испратија писмо до Белата куќа во кое се тврдат дека се чини дека коронавирусот нема да исчезне при пристигнувањето на потоплите временски услови. Во писмото до Белата куќа, членовите на Националната академија на науките велат дека податоците за тоа колку топлото и ладното време влијаат на коронавирусот не се конкретни. Тие забележуваат дека дури и ако потоплото време влијае на вирусот, нема да биде многу бидејќи многу малку луѓе во светот станаа имуни на вирусот досега. „Постојат некои докази кои сугерираат дека коронавирусот може побавно да се пренесува во средини со повисоки температури и влажност. Сепак, со оглед на глобалниот недостаток на имунитет, ова намалување на ефикасноста на преносот не може да доведе до значително намалување на ширењето на болеста без придржување кон строги мерки”, се нагласува во писмото. Во писмото се наведува дека студија во Кина покажала дека вирусот се шири експоненцијално дури и во услови на максимална температура. Секое заразено лице го распространува во просек на две други лица. Д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести од универзитетот „Вандербилт“, вели: „Иако можеме да се надеваме дека времето ќе придонесе за забавување на ширењето на вирусот, не можеме да се потпреме само на тоа. Мора да продолжиме да примениме социјално дистанцирање и други мерки за намалување на преносот“ , изјави тој за Си-Ен-Ен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koronavirusot-nema-da-ischezne-so-zatopluvanje-na-vremeto/feed/ 0
Нов изум на Швеѓаните – смислија како бесплатно да ја загреете цела куќа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/#respond Sun, 03 Nov 2019 16:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=259627

Некои се греат на дрва, некои на плин, а некои на компјутери. Различни се начините на кои се грееме за време на студените месеци, но сепак, Шведска е дефинитивно пред времето. Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и е сигурно голем новитет во еколошките технологии. Имено, во еден дел на Стокхолм, во населбата Скарпнак, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку тие се загреваат, но сигурно на никого не му паднало на памет дека таа енергија може да се искористи за греење на домаќинствата. Швеѓаните се сетиле на тоа и со топлотната енергија на компјутерите ќе се загреваат околу 30 илјади домаќинства. Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да греат повеќе од 10 проценти од куќите и зградите. Од таа причина и од градските власти одлучиле дека во Стокхолм се потребни повеќе компјутерски центри. Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“, со ова ќе стане уште повеќе еколошки напреден.Тие веќе некое време дел од топлината го добиваа и од отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/feed/ 0