затварање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jan 2021 10:53:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затварање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелевска: Дали е ова само неспособност на раководството на оваа актуелна власт или е смислено сценарио за целосно затварање на РЕК Битола? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-dali-e-ova-samo-nesposobnost-na-rakovodstvoto-na-ovaa-aktuelna-vlast-ili-e-smisleno-scenario-za-celosno-zatvaranje-na-rek-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-dali-e-ova-samo-nesposobnost-na-rakovodstvoto-na-ovaa-aktuelna-vlast-ili-e-smisleno-scenario-za-celosno-zatvaranje-na-rek-bitola/#respond Wed, 27 Jan 2021 10:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=460501

Во ек на грејна сезона, столбот на електроенергетскиот систем во Македонија РЕК Битола веќе подолго време работи на апсолутен минимум. Од трите блока, само третиот блок работи со минимална снага од 125 МW, пишува на својот Фејсбук профил пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска. Причина - немање на јаглен. Депонијата е празна, оштетени багери, искинати тракасти транспортери, поплавени уреди и багери, дробилица за јаглен која не е ремонтирана од доаѓањето на ова раководство. Се превдаат со природна непогода, а што очекуваа, дека во зима ќе пука сонце? Од раководството на РЕК Битола и Електрани на Македонија апсолутен молк дали и како може да се надмине оваа состојба? Кога го носевме буџетот во Собрание, предложивме неколку амандмани за РЕК Битола, но мнозинството НЕ ПРИФАТИ НИТУ ЕДЕН. Кога дојдоа на власт ветуваа многу: реконструкција на електростатските филтри, десулфуризација, набавка на сопствена механицација, отварање на нови рудни наоѓалишта... Реализација - НУЛА. Дали е ова само неспособност на раководството на оваа актуелна власт или е смислено сценарио за целосно затварање на РЕК Битола?, прашува Ангелевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-dali-e-ova-samo-nesposobnost-na-rakovodstvoto-na-ovaa-aktuelna-vlast-ili-e-smisleno-scenario-za-celosno-zatvaranje-na-rek-bitola/feed/ 0
Кипар: Се затвораат моловите, угостителските објекти, црквите, универзитетите и дел од средните училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/#respond Wed, 09 Dec 2020 13:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=440918

Поради влошената епидемиолошка слика, кипарската Влада, наместо олабавување на постоечки, одлучи да воведе построги мерки и да ги затвори моловите, угостителските објекти, црквите, дел од средните училишта и универзитетите, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Кипар Константинос Јоану, соопштувајќи ги новите рестрикции, рече во изминатите денови „влошени се епидемиолошките индикатори и се најлоши од почетокот на пандемијата“. – Новите случаи се зголемуваат, а на многу наши сограѓани им е потребно лекување. За жал, некои од нив ја загубија битката за живот. Постои стабилизација во однос на хоспитализираните пациенти, но не можеме да бидеме смирени. Загрижени сме за континуираното зголемување на „позитивноста“ што се регистрира со брзите антигени тестови низ Кипар. Резултатите покажуваат дека вирусот е насекаде, во сите градови, села, области, рече Јоану и додаде дека намерата е да се запре „дополнителното ширење на вирусот пред да биде доцна“ и затоа е донесена одлуката за прекин на работата на објектите на затворено, истакна Јоану. Од петок до 31 декември 2020 година, ќе бидат затворени сите молови, кафулиња, барови, таверни, ресторани, пабови итн. Литургиите во црквите ќе бидат зад затворени врати, без присуство на верници, додека пак на венчавките, крштенките и погребите дозволени се најмногу десет лица. Од понеделник, за дел од приватните и државните средни училишта (за ученици од 15 до 18 години) и за Универзитетите се воведува онлајн настава и предавања, а градинките, основните и остатокот од средните училишта ќе работата нормално со физичко присуство на учениците. Дополнително, продолжуваат да важат и мерките воведени пред 12 дена, меѓу кои и полицискиот час од 21 до пет часот наутро. Јоану на денешната прес-конференција објасни дека на 27 ноември 2020 година, при соопштувањето на мерките беше оставена отворена можност за олабавување на одредени рестрикции во пресрет на божиќните и новогодишните празници, но под услов да се подобри епидемиолошката слика. – Исто така предупредивме и за веројатноста да се вратат построги мерки, ако има влошување на податоците. Податоците што ги имаме пред нас, не ни оставаат многу опции, објасни министерот за здравство на Кипар. Тој рече дека земјата се подготвува за програмата за вакцинација на населението, а набргу ќе биде соопштен и процесот и повтори дека за сите граѓани кои ќе сакаат да се вакцинираат, вакцината ќе биде бесплатна. На Кипар вчера беа соопштени 419 нови случаи од 4.208 ПЦР тестови, што е рекорден број новозаразени на дневно ниво, а починаа пет лица. Од 6.702 брзи тестови, позитивни биле резултатите на 218, меѓутоа не се вклучени во дневната статистика, бидејќи праксата на Кипар е резултатот од рапид тестовите, да се провери со ПЦР тест. Во кипарските болници, хоспитализирани се 115 лица, од кои 21 се во сериозна состојба. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 68 смртни случаи и 13.286 заболени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/feed/ 0
Италија затвора дискотеки, задолжително носење маски навечер на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/#respond Sun, 16 Aug 2020 17:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=391409

Италијанските власти наредија затворање на сите дискотеки и носење маски ноќе на јавни места бидејќи државата се соочува со зголемен број случаи на заразени со новиот коронавирус. Министерот за здравство Роберто Сперанца потпиша декрет за влегување во сила од утре. Со декретот задолжително е носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има „формирање групи“. Новиот декрет, исто така, забранува работење на отворените дискотеки и ноќни клубови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/feed/ 0
САД побараа од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-kina-da-go-zatvori-konzulatot-vo-hjuston/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-kina-da-go-zatvori-konzulatot-vo-hjuston/#respond Wed, 22 Jul 2020 08:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=379508

Соединетите Американски Држави одеднаш наредија Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон, соопшти Министерството за надворешни работи на азиската држава. Одлуката на Вашингтон е опишана како „невидена политичка провокација“ што дополнително ќе ги наруши дипломатските односи. – Кина ги повика САД веднаш да ја повлечат погрешната одлука или Кина дефинитивно ќе преземе соодветен и неопходен одговор, изјави портпаролот на кинеското Министерство. Тој додаде дека вчера американските власти побарале од кинеската Влада да го затвори својот конзулат. Претставникот истакна дека одлуката на САД е едностран потег. Пекинг се закани дека ќе одговори со „цврсти контра мерки“ доколку Вашингтон не се откаже од одлуката. Кинеската Влада ги обвини американските власти за малтретирање кинески дипломати и заплашување кинески студенти со конфискација на лични електронски уреди и приведување без причина. Нагласено е дека кинеските дипломатски мисии и персонал често добиваат смртни закани. – Кина остро го осудува скандалозниот и неоправдан потег, што ќе ги саботира кинеско – американските односи, истакна кинескиот портпарол. САД и дадоа на Кина 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон. Полицијата и противпожарната служба во американскиот град пристигнале во конзулатот, по дојава дека се палеле документи во отворени контејнери, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата. На пожарникарите не им било дозволено да пристапат, но подоцна пожарот е изгаснат. Никој не е повреден. Тензиите меѓу двете земји ескалираа во последните месеци, кога САД и Кина се судрија во голем број области, вклучително и на економско и на политичко ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-kina-da-go-zatvori-konzulatot-vo-hjuston/feed/ 0
Словачка планира да ја затвори границата со Полска поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-planira-da-ja-zatvori-granicata-so-polska-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-planira-da-ja-zatvori-granicata-so-polska-poradi-koronavirusot/#respond Tue, 17 Mar 2020 10:59:45 +0000 https://kurir.mk/?p=317668

Словачка планира да ја затвори границата со Полска поради епидемијата на коронавирусот. Полска најави дека на одредено време за камионите и автомобилите ќе бидат отворени двата премина – Трстена и Висни Комарник. Според претставничката на словачката полиција, Дениса Бардиова, сите останати премини ќе бидат затворени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-planira-da-ja-zatvori-granicata-so-polska-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Венецуела ги затвора границите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-gi-zatvora-granicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-gi-zatvora-granicite/#respond Sat, 23 Feb 2019 10:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=167247

Владата лојална на венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди делумно затворање на границите на Венецуела, само неколку часа пред почетокот на реализацијата на американскиот план за влез во земјата на камиони со хуманитрана помош. Венецуелската потпретседателка Делси Родригез на Твитер објави дека привремено се затворени три премини на границата со Колумбија, поради „сериозни и нелегални закани по мирот и суврениетот на Венецуела“, што доаѓаат од клумбиската Влада. САД, кои за легитимен претседател на Венецуела го признаваат Хуан Гуаидо, најавија дека денеска преку сега затворените премини планираат во Венецуела да внесат повеќе тони хуманитарна помош и лекови. Властите на Венецуела ја одбиваат оваа пратка, најавувајќи дека за следните денови очекуваат да пристигне хуманитрана помош од Русија, која за легиитмен претседател на државата го признава Мадуро. Мадуро лани беше реизбран за претседател на Венецуела на избори бојкотирани од опозицијата, чии легитимитет го оспорија повеќе западни земји. По истекот на претходниот мандат на Мадуро, Гуаидо во својство на претседател на Националното собрание се прогласи за привремен шеф на државата, до одржување на нови слободни претседателски избори. САД и над 50 земји, меѓу кои и повеќето членки на ЕУ, го признаа Гуаидо за легитимен привремен претседател, додека зад Мадуро застанаа Русија, Кина, Иран, Турција, Куба и уште неколку други држави.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-gi-zatvora-granicite/feed/ 0