затвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:28:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈАНКУЛОВСКА Е ДОМА – поранешната министерка за внатрешни работи од денеска на слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovska-e-doma-poraneshnata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-od-deneska-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovska-e-doma-poraneshnata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-od-deneska-na-sloboda/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=895280

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација и нема да се врати ако до идниот октомври не направи ново кривично дело. При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovska-e-doma-poraneshnata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-od-deneska-na-sloboda/feed/ 0
Приведен бегалец од затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-begalets-od-zatvor-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-begalets-od-zatvor-2/#respond Sun, 29 Oct 2023 11:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=894173

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 16:30 часот во Кавадрци го лишиле од слобода Ш.Ј.(32) од Велес, кој бил баран со потерница по бегство од затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна и бил спроведен во установата за доиздржување на казната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-begalets-od-zatvor-2/feed/ 0
Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид, се соочува со 30 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/#respond Tue, 24 Oct 2023 06:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=892371

Јавното обвинителство на Боливија бара 30-годишна затворска казна за поранешната претседателка Жанин Ањес на која и се суди за геноцид за смртта на демонстрантите по изборите во 2019 година, соопштија денеска боливиските власти. Повеќе од 30 луѓе, главно поддржувачи на поранешниот претседател Ево Моралес, беа убиени за време на немирите кон крајот на 2019 година по гласањето на кое Моралес беше избран, но подоцна поднесе оставка и ја напушти земјата поради обвинувања за изборна измама. Ањес потоа ја презеде власта и помина помалку од една година на таа позиција. Генералниот обвинител Хуан Ланчипа на прес-конференција рече дека специјалните воени сили употребиле „оружје со боева муниција против цивили“, што доведе до смрт и повреди на демонстрантите. - Овие настани се случија по планирани армиски и полициски операции, кои беа наредени од владата и спроведени преку воени и полициски команданти, рече Ланчипа. Обвиненија официјално се поднесени против Ањес и некои од нејзините поранешни колеги од владата, како и полициски и воени началници, додаде Ланчипа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/feed/ 0
Приведен бегалец од затвор, ќе биде вратен во затворот во Тетово. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-begalets-od-zatvor-ke-bide-vraten-vo-zatvorot-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-begalets-od-zatvor-ke-bide-vraten-vo-zatvorot-vo-tetovo/#respond Mon, 23 Oct 2023 20:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=892305

Денеска (23.10.2023) околу 15.30 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар и ОКП Тетово, а во склоп на оперативната акција „жетва“ приведен е Д.Б. (24) од Гостивар, кој бил баран со потерница поради бегство од затвор Тетово. Д.Б. има за доиздржување 7 месеци и 7 денови и ќе биде вратен во затворот во Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-begalets-od-zatvor-ke-bide-vraten-vo-zatvorot-vo-tetovo/feed/ 0
Приведен скопјанец, баран со потерница за издржување на затворска казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-skopjanets-baran-so-poternitsa-za-izdrzhuvane-na-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-skopjanets-baran-so-poternitsa-za-izdrzhuvane-na-zatvorska-kazna/#respond Wed, 27 Sep 2023 13:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=882304

Денеска (27.09.2023) во 14:00 часот на бул.„Борис Трајковски“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје. Тој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор, а во врска со сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик. Д.Ј. ќе биде предаден на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-skopjanets-baran-so-poternitsa-za-izdrzhuvane-na-zatvorska-kazna/feed/ 0
Тепачка во скопскиот затвор, нападнат осуденик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-skopskiot-zatvor-napadnat-osudenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-skopskiot-zatvor-napadnat-osudenik/#respond Thu, 14 Sep 2023 15:56:07 +0000 https://kurir.mk/?p=878138

На 13.09.2023 во 18:30 часот во Полициската станица Чаир, Ш.И.(45) од с.Црн Врв, скопско, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје пријавил дека во 12:45 часот во просторија во установата, бил физички нападнат од друг осуденик С.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-skopskiot-zatvor-napadnat-osudenik/feed/ 0
Кај осуденик во затвор пронајдена дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kaj-osudenik-vo-zatvor-pronajdena-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kaj-osudenik-vo-zatvor-pronajdena-droga/#respond Wed, 13 Sep 2023 12:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=877728

На 12.09.2023 во 17:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Кшање, при преглед кај осуденикот М.С.(26) од Куманово била пронајдена прашкаста материја. Прашкастата материја била одземена и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kaj-osudenik-vo-zatvor-pronajdena-droga/feed/ 0
БАРАЛЕ ПОТКУП И СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ: Вкупно осум години затвор за двајца универзитетски професори од Економскиот факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/barale-potkup-i-seksualni-uslugi-vkupno-osum-godini-zatvor-za-dvajtsa-univerzitetski-profesori-od-ekonomskiot-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/barale-potkup-i-seksualni-uslugi-vkupno-osum-godini-zatvor-za-dvajtsa-univerzitetski-profesori-od-ekonomskiot-fakultet/#respond Thu, 07 Sep 2023 13:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=875760 Основниот Кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни за примање и давање поткуп тројцата професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во врска со предметот „Еразмус“. На Бобек Шуклев и Славе Ристевски судот им изрече вкупно осум години казна затвор, додека Драган Денковски доби условна казна затвор.

На професорот Бобек Шуклев за примање поткуп му беше изречена казна затвор од четири години и шест месеци, професорот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од по две години и шест месеци, односно единствена казна затвор во траење од четири години. Професорот Драган Денковски, за три кривични дела давање поткуп Судот го осуди со алтернативна мерка условна осуда, за секое кривично дело во траење од по 10 месеци, или единствена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело.

Нивната професија како професори судот ја земал предвид како отежителна околност, додека како олеснителни биле возраста, семејство и тоа што досега се неосудувани.

На професорот Бобек Шуклев како отежителна околност беше земено и тоа што навлегол во интимната сфера на една од оштетените.

Професорите добија и забрана за вршење професија во траење од пет години, а времето поминато во затвор се смета во времето во кое трае забраната.

При објавата на пресудата судијката Јанчулева Михаиловска посочи дека изнесените докази имаат доволен доказен капацитет за донесување на осудителна осуда.

Првичната пресуда за овој случај беше изречена во 2020 година, за во 2021 апелација да го врати предметот на повторно судење.

Во случајот беше товарен и професорот Стојан Дебарлиев, за кого, Кривичниот суд во 2020 година пресуди дека не е виновен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Предметот беше отворен во јуни 2016 година. Процесор го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/barale-potkup-i-seksualni-uslugi-vkupno-osum-godini-zatvor-za-dvajtsa-univerzitetski-profesori-od-ekonomskiot-fakultet/feed/ 0
Едно лице загина, а две се повредени во затвор во Џорџија, таму беше приведен Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-a-dve-se-povredeni-vo-zatvor-vo-dhordhija-tamu-beshe-priveden-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-a-dve-se-povredeni-vo-zatvor-vo-dhordhija-tamu-beshe-priveden-tramp/#respond Fri, 01 Sep 2023 07:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=873309

Еден затвореник е убиен, а двајца се ранети во напад со нож во затворот во округот Фултон во американската држава Џорџија, соопштија локалните власти, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за затворот во кој неодамна беше притворен поранешниот американски претседател Доналд Трамп под обвинение за наводни напори за поништување на резултатите од изборите во 2020 година. По апсењето, Трамп условите во затворот ги опиша како „лоши и срамни“. – Кога ја видов состојбата во тој затвор, станав уште порешителен да се кандидирам за претседател и да ја спасам нашата земја од перманентен пад – рече Трамп. Во јули оваа година, американското Министерство за правда покрена истрага за нехигиенските услови во затворот и насилството врз затворениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-a-dve-se-povredeni-vo-zatvor-vo-dhordhija-tamu-beshe-priveden-tramp/feed/ 0
БиХ: Седум Срби осудени на 91 година затвор поради киднапирање и ликвидација на 20 цивили во 1993 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-sedum-srbi-osudeni-na-91-godina-zatvor-poradi-kidnapirane-i-likvidatsija-na-20-tsivili-vo-1993-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-sedum-srbi-osudeni-na-91-godina-zatvor-poradi-kidnapirane-i-likvidatsija-na-20-tsivili-vo-1993-godina/#respond Tue, 29 Aug 2023 19:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=872195

Суд во Сараево осуди седуммина Срби од Босна и Херцеговина на 91 година затвор за убиство на 20 цивили кои беа киднапирани од воз во близина на Вишеград во источниот дел на БиХ во 1993 година. На 27 февруари 1993 година, вооружените припадници на војската на Република Српска запреа воз што сообраќал на релација Белград – Бар и киднапираа 20 цивили, од кои 19 беа Бошњаци, а 20-та жртва беше Томо Бузов од Сплит, пензиониран офицер на ЈНА, кој се спротивстави на киднапирањето и исто така беше одведен. Цивилите беа одведени во локалната српска команда каде биле претепани и врзани со жица, а потоа застрелани во близина на Вишеград, а нивните тела биле фрлени во Дрина. Судот утврди дека во ликвидацијата учествувал и шефот на српската паравоена единица, Милан Лукиќ, кој претходно беше осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за други злосторства врз бошњачките цивили во Вишеград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-sedum-srbi-osudeni-na-91-godina-zatvor-poradi-kidnapirane-i-likvidatsija-na-20-tsivili-vo-1993-godina/feed/ 0