затворање дуќани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Oct 2020 15:53:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворање дуќани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Економската состојба се влошува и во Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ekonomskata-sostojba-se-vloshuva-i-vo-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ekonomskata-sostojba-se-vloshuva-i-vo-kichevo/#respond Sun, 25 Oct 2020 15:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=420514

Се повеќе дуќани во Кичево со клуч на врата. Некои се издаваат под кирија, некои пак од сопствениците, откако затвориле, повеќе не се нудат на пазарот. Поголемиот дел тоа го направиле последниве месеци, откако пандемијата со ковид 19 почна сериозно да влијае врз нивното работење. Камерата на Алсат, ваква слика забележа на повеќе локации низ градот. -Падната е многу работата. 100% е падната работата. Сите дуќани се затвораат. Ако минатата година ова време сме правеле седум – осум илјади промет, сега правиме илјада до илјада и петстотини денари. Ако продолжи вака, не знам што ќе правиме, вели Абди Мерсими-сопственик на бурекџилница во Кичево. Дополнителен проблем е отсуството и на печалбарите ова лето. Целиот текст може да го прочитате на Алсам-М.тв]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ekonomskata-sostojba-se-vloshuva-i-vo-kichevo/feed/ 0
Дел од занаетчиите во Охрид ги затворија дуќаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-zanaetchiite-vo-ohrid-gi-zatvorija-dukjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-zanaetchiite-vo-ohrid-gi-zatvorija-dukjanite/#respond Sat, 24 Oct 2020 15:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=420208

Пандемијата со Ковид-19 ги затвори дуќаните на седум занаетчии во Охрид. Во текот на оваа година клуч на врата ставија дел од занаетчиските бизниси а според трендот и најавите во наредните два месеци бројката ќе се зголемува велат од занаетчиската комора .Во старата чаршија каде претежно работат занаетчиите само мал дел ги отвораат своите дуќани накратко и по неколку часа ги затвораат и си заминуваат велат дека побарувачката е драстично намалена, пренесуваа Сител. Покрај корона кризата и понатаму актуелен е и проблемот со нелојалната конкуренција. Во Комората е регистриран само еден водоводџија, еден паркетар и двајца молери кои го одржуват цел Охрид што нема никаква логика, вели Богоески. Од регионалната занаетчиската комора истакнуваат дека занаетчиите што се занимаваат со некои од ретките занаети и претходно биле во криза, а сега со коронавирусот уште повеќе. Инаку во Охрид има 250 занаетчии, а од година во година опаѓа бројот на ново регистрирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-zanaetchiite-vo-ohrid-gi-zatvorija-dukjanite/feed/ 0
Се затвораат дуќани, занаетчиите бараат поддршката да продолжи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-zatvoraat-dukjani-zanaetchiite-baraat-poddrshkata-da-prodolzi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-zatvoraat-dukjani-zanaetchiite-baraat-poddrshkata-da-prodolzi/#respond Fri, 31 Jul 2020 11:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=384314

Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата и субвенции за придонеси додека трае кризата. Според претседателот на Занаетчиската комора и Регионалната занаетчиска комора на Куманово, Агро Фазлии, за десет дена се затворени десет дуќани, претежно фризери. – Во моментов, би го споредил занаетчиството како пациент болен од КОВИД-19, ставен на респираторна машина. Ако престанат мерките на Владата, занаетчиите ќе ги снема, ќе престанат со работа. Затоа ние побаравме и од оваа и од идната влада што ќе дојде да ги земе предвид нашите барања и да не престане со помош на занаетчиите. Тоа значи дека бараме минимална плата и 100 проценти субвенции додека трае кризата, а наше мислење е дека кризата нема брзо да престане. Доаѓаат септември, октомври, ризични месеци така што бараме до март 2021 година да не престане поддршката, изјави Фазлии. Во овој период, оцени, криза трпат занаетчиите кои се поврзани со организација на свадби и други веселби, како што се фризери, козметичари, фотографи, кројачи кои речиси и не остваруваат приходи. На ниво на државата има шест илјади самостојни занаетчии, но со новиот закон се опфатени сите фирми што вршат занаетчиска дејност, приближно околу 20.000. Во Куманово има 600 занаетчии, невклучувајќи ги фирмите.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-zatvoraat-dukjani-zanaetchiite-baraat-poddrshkata-da-prodolzi/feed/ 0