затворање граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Dec 2020 18:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворање граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Азербејџан ја затвора границата со Русија до март 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-ja-zatvora-granicata-so-rusija-do-mart-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-ja-zatvora-granicata-so-rusija-do-mart-2021-godina/#respond Fri, 18 Dec 2020 18:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=445375

Азербајџан ќе ја затвори копнената граница со Русија до 1 март 2021 година поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19 во двете земји, соопшти денеска Амбасадата на Азербејџан во Москва. Азербејџанската Влада воведе посебни карантински мерки до 31 јануари, а од 14декември до 18 јануари сите ресторани, кафулиња и трговски објекти, освен супермаркетите и апотеки ќе бидат затворени, додека граѓаните за да ги напуштат нивните домови им треба посебна дозвола, што ја добиваат преку СМС порака. Влезот во 17 поголеми градови и окрузи, вклучително и Баку е ограничен. Од почетокот на пандемијата во Азербејџан регистрирани се 195.422 инифицирани лица со Ковид-19, а во Русија – 2.791.220 луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-ja-zatvora-granicata-so-rusija-do-mart-2021-godina/feed/ 0
Во најцрните денови Заев и Филипче ги чуваат границите отворени, секој слободно да влезе и да го шири корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-najcrnite-denovi-zaev-i-filipche-gi-chuvaat-granicite-otvoreni-sekoj-slobodno-da-vleze-i-da-go-shiri-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-najcrnite-denovi-zaev-i-filipche-gi-chuvaat-granicite-otvoreni-sekoj-slobodno-da-vleze-i-da-go-shiri-korona-virusot/#respond Thu, 19 Nov 2020 15:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=431877

Сите лидери на земји во време на пандемија гледаат како да ги заштитат здравјето и животите на сопствените граѓани, но не и нашите. Македониските власти предводени од премиерот Заев, но и министерот за здравство Филипче, среде пандемија гледаат можност за профит и личен пи ар. Сите држави преземаат соодветни мерки, уште од самиот почеток макотрпно работат, бараат решенија за што е можно помалку животи да се загубат, Заев и Филипче размислуваат на бизнис, политички пресметки и лажен хероизам на очиглед на колапсот во државата. Додека целиот свет контролира кој влегува и излегува од државата, за полесно да се следи и контролира преносот на корона вирусот, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, како и комисијата за заразни болести, сметаат дека во Македонија може кој било странски државјанин да влезе и слободно да шета без разлика дали е позитивен на корона вирусот. Уште од крајот на јуни укинати се сите услови за странски државјани, а од пред околу два месеци и за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Но, за да биде лудоста поголема границите со Србија и Косово се отворени за време на вториот бран, во ситуација кога двете земји како и Македонија ја губат контролата над пандемијата. Така на пример во Србија вчера имаше 5.613 заразени и 27 починати, додека Косово имаше 720 новозаразени и 11 починати. Во ваква ситуација двете земји преминуваат кон порестриктивни мерки, Србија реши од 21 до 5 часот наутро да ги затвори речиси сите економски субјекти, освен неопходните како бензиски, аптеки, достава на храна, додека Косово отиде и чекор понатаму и воведува карантини во Приштина и останатите места каде ситуацијата се загрижувачка. Таквите мерки на Косово се одразуваат на Македонија. Жителите на местата со висок ризик за да избегнат викенд карантин, пред тој да започне доаѓат во Македонија. Така сведоци бевме како два викенди со ред, жители на Косово ги наполнија моловите во земјава, но и слободно си одеа кај роднини, без да бидат проверени дали се позитивни на корона вирусот. Кој ќе одговара доколку тие го шират вирусот во Македонија? Дали се свесни премиерот Заев и министерот Филипче во каков ризик ги ставаат граѓаните? Контролата на границите е една од најважните работи за време на пандемијата. Познати се примерите на Тајван и Нов Зеланд кои од април имаат по еден или два случаи на ден или воопшто немаат. Се разбира нивната предност е тоа што се островски земји, но тоа ни ја укажува важноста на контролираниот влез во земјата. Токму затоа и ЕУ уште од март ги затвори границите за трети земји и се уште ги нема отворено. Дополнително земјите членки самите одредуваат за кои други земји ќе биде дозволен влезот или забранет. Сепак премиерот Заев и министерот Филипче сметаат дека се подобри од целиот свет, од лидерите на земјите од ЕУ, но од оние кои речиси ја спречија пандемијата како Нов Зеланд и Тајван. Па затоа Заев и Филипче сметаат дека кој сака може да влезе во Македонија и доколку е позитивен може слободно да го шири вирусот. За нив не е важно дали и колку странски државјани позитивни на корона вирус влегуваат во Македонија имаат контакт со македонските граѓани. Со ваков чекор жителите на Македонија се препуштени сами на себе, власта не се грижи за нив. Владата предводена од СДСМ и Заев свесно ги изложува на ризик и ги загрозува животите на граѓаните на Македонија. Вакво недозволиво неодговорно однесување не е забележано во друга земја, а кога ќе им текне да ги затворат границите можеби ќе биде предоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-najcrnite-denovi-zaev-i-filipche-gi-chuvaat-granicite-otvoreni-sekoj-slobodno-da-vleze-i-da-go-shiri-korona-virusot/feed/ 0
Кина привремено ги затвора границите за странци поради зголемениот број заразени во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-privremeno-gi-zatvora-granicite-za-stranci-poradi-zgolemeniot-broj-zarazeni-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-privremeno-gi-zatvora-granicite-za-stranci-poradi-zgolemeniot-broj-zarazeni-vo-svetot/#respond Fri, 06 Nov 2020 16:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=425954

Кина привремено забрани влез на странци од најмалку осум земји поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во светот. Државјани на Русија, Франција, Италија, Велика Британија, Белгија, Филипини, Индија и Бангладеш не можат повеќе да влезат во Кина, дури и ако имаат важечка виза или дозвола за престој. Во последниве денови, амбасадите во тие земји објавија онлајн известувања, со кои се најавува привремено прекинување на влезот во Кина. Кина донесе строги мерки за заштита од нови инфекции од странство. Здравствените власти пријавија 30 увезени случаи во последните 24 часа, од кои 15 во Шангај. Ова го зголеми вкупниот број на увезени случаи за време на пандемијата на 3.510. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-privremeno-gi-zatvora-granicite-za-stranci-poradi-zgolemeniot-broj-zarazeni-vo-svetot/feed/ 0
ЕК до 15 јуни ќе ја продолжи одлуката за затворање на границите со трети земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-do-15-juni-kje-ja-prodolzi-odlukata-za-zatvoranje-na-granicite-so-treti-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-do-15-juni-kje-ja-prodolzi-odlukata-za-zatvoranje-na-granicite-so-treti-zemji/#respond Thu, 07 May 2020 09:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=342855

Она што е сигурно е дека Европската комисија ќе излезе со нова одлука и од 15 мај кога завршува одлуката за затворањето на границите кон трети земји, ќе го продолжи затворањето за уште еден месец, односно до 15 јуни. Што значи дека 15 јуни нема да можеме да примиме посетиле од трети земји, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, во интервју за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија рече дека со оглед на тоа што Европската унија сѐ уште нема соопштено план за туризмот, Грција разгледува марки на национално ниво, а во понеделник, туристичките организации „ќе ги презентираат нивните ставови за тоа на кој начин, безбедно, ќе се отвори грчкиот туристички сектор“. -Дури и во прашањето за рестартирање на туризмот, Европската унија сѐ уште го нема најдено начинот на кој ќе одиме напред, затоа и разгледуваме мерки за рестартирање на туризмот на национално ниво, бидејќи на европско ниво, нема договор ниту што ќе правиме со обесштетувањето на патниците кои имаат резервирано авионски билети, дали ќе им дадеме ваучер или ќе им се вратат парите на клиентите, не се решени прашањата со здравствените протоколи со кои ќе влегуваш во авион и ќе одиш на некоја дестинација, истакна алтернативниот министер за надворешни работи на Грција. Во однос на економијата и предвидувањето на Европската комисија за рецесија од 9,7 отсто во Грција, Варвициотис вели дека предвидувањето јасно покажува две работи, „пред сѐ ја покажува големината на економската штетата од коронавирусот на европско ниво, но ја покажува и потребата да се реагира на убедлив, решителен и храбар начин за економските последици од кризата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-do-15-juni-kje-ja-prodolzi-odlukata-za-zatvoranje-na-granicite-so-treti-zemji/feed/ 0