затворање на граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jul 2020 13:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворање на граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француски државен секретар: Да се избегне целосно затворање на границите во рамките на Европа и Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-drzaven-sekretar-da-se-izbegne-celosno-zatvoranje-na-granicite-vo-ramkite-na-evropa-i-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-drzaven-sekretar-da-se-izbegne-celosno-zatvoranje-na-granicite-vo-ramkite-na-evropa-i-shengen-zonata/#respond Wed, 29 Jul 2020 13:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=383260

Францускиот државен секретар за европски прашања Клемен Боне смета дека треба да се избегне целосно затворање на границите колку што е можно повеќе во рамките на Европа и Шенген зоната. Боне смета дека Франција ќе избегне целосни забрани за патување во европски земји, но дека ќе обезбеди советодавни услуги за патувања во региони, каде има обновено зголемување на бројот на случаи на новиот коронавирус. -Ние се обидуваме да ги лоцираме жариштата, без воведување непропорционални мерки, изјави тој за Франс Интер. Како пример, Боне ги наведе „силните препораки“ дадени од француските власти против патувањето во Каталонија, каде повторно има пораст на бројот на заразени. -Но, тоа не е мерка што се применува во цела Шпанија, нагласи Боне. Ова е во спротивност со пристапот на британската Влада, која воведе задолжителен целосен карантин за сите патници кои се враќаат од Шпанија, објави Политико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-drzaven-sekretar-da-se-izbegne-celosno-zatvoranje-na-granicite-vo-ramkite-na-evropa-i-shengen-zonata/feed/ 0
Комисијата за заразни болести: Нема што да препорачаме за границите, нека одлучи Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-nema-shto-da-preporachame-za-granicite-neka-odluchi-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-nema-shto-da-preporachame-za-granicite-neka-odluchi-vladata/#respond Fri, 03 Jul 2020 11:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=368227

-Нема што да препорачаме за евентуално затворање на границите кон Србија и кон Косово, за тоа прашање нека одлучи владата, порачуваат извори од Комисијата за заразни болести чиј состанок претпладнево, според нив, минал со мноштво несогласувања меѓу членовите. -Не успеавме да изградиме заеднички став, така што нема што да препорачаме во однос на границите. Ако сега препорачаме затворање, зошто тогаш ги отворавме. Затоа нека одлучи Владата, потенцираат извори од Комисијата за заразни болести. Евентуалното затворање на северната граница кон Србија и кон Косово беше една од темите на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести што се наметна по влошената епидемиолошка слика во двете земји и регистрираниот пораст на новозаболени со Ковид-19. Извори од Комисијата за заразни болести е на став дека лицата со хронични здравствени проблеми, кои својата состојба ја држат под контрола, треба да се вратат на работа. Ова, како што дополнуваат од Комисијата, не се однесува за лица со малигноми, со рак или за лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-nema-shto-da-preporachame-za-granicite-neka-odluchi-vladata/feed/ 0
Затворени два премина на албанско-црногорската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zatvoreni-dva-premina-na-albansko-crnogorskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zatvoreni-dva-premina-na-albansko-crnogorskata-granica/#respond Sat, 14 Mar 2020 08:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=316367

Како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, граничните премини на албанско-црногорската граница „Муричан“ и „Вермош“ од синоќа во 21 часот се затворени. Според Управата на граничната полиција, забраната за влез и излез на овие два премина ќе важи до следната одлука. – Управата на граничната полиција ги известува сите граѓани кои сакаат да патуваат кон Црна Гора или сакаат од територијата на Црна Гора да влезат во Албанија, дека црногорската страна забранува движење на граѓани и возила на граничните премини кај Муричан и Вермош поради Ковид-19, се наведува во соопштението. Нормален проток на патници и возила ќе има на „Хан Хоти“, третиот премин на албанско-црногорската граница. Албанија од денеска ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција. – Почнувајќи од 14 март од 10 часот се забранува влез-излез со Грција. Значи се забранува како авионскиот така и патниот сообраќај. Страв најмалку, внимание да, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук. Во Албанија досега потврдени се 33 случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 73-годишна жена во Драч почина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zatvoreni-dva-premina-na-albansko-crnogorskata-granica/feed/ 0
Институтот за здравство на Косово бара затворање на границите поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/institutot-za-zdravstvo-na-kosovo-bara-zatvoranje-na-granicite-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/institutot-za-zdravstvo-na-kosovo-bara-zatvoranje-na-granicite-poradi-koronavirusot/#respond Fri, 13 Mar 2020 15:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=316202

Косовскиот министер за здравство Арбен Витиа на денешната седница на Посебната комисија за спречување на коронавирусот во Косово, инофрмира дека Националниот институт за јавно здравство (ИКШП) препорача затворање на границите со соседните држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Витиа, ИКШП цени дека се уште нема место за паника, но оти е потребно да се зголеми нивото на готовност за справување со епидемијата која го зафати светот. – Имајќи ја предвид епидемиолошата ситуација со Ковид-19 во последните денови и проценката на Светската здравствена организација, која цени дека епидемиолошката ситуација е со висок ризик во целиот свет, како и прогласувањето пандемија од страна на СЗО, се предлага затворање на границите со соседните држави. Институтот и Комитетот за следење на заразните болести при МЗ, поаѓајќи од мерките на Владата од 11 март, кои налагаат времено запирање на воздушниот и копнениот сообраќај кон и од земјите со висок и среден ризик до една наредна одлука, му препорачуваат на министерот за здравство да преземе конкретни дејствија во тој правец, изјави Витиа. Тој рече дека, иако во Косово засега нема потврдени случаи на заразени од смртоносниот вирус, тие во секој момент можат да се појават, а Министерството и Владата ги преземаат сите потребни мерки за справување со можниот развој на настаните. Витиа изјавата за новинарите ја даде на пауза од седницата на Комисијата за спречување на коронавирусот, со која претседава премиерот Албин Курти, кој предложи продолжението на седницата да се одвива без присуство на медиумите, а за одлуките јавноста ќе биде навремено информирана. Курти изјави дека Владата будно ја следи ситуацијата со смртоносниот вирус и ги презема сите потребни мерки за справување со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/institutot-za-zdravstvo-na-kosovo-bara-zatvoranje-na-granicite-poradi-koronavirusot/feed/ 0