затворање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 12:26:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот, пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto/#respond Mon, 27 Feb 2023 12:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=805625

Пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник. Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за престанок со работа. - По најавата на министерот за укинување на субвенционирањето на цената на електричната енергија, како и најавата за замрзнување на цените на лебот беше одржана средба на членките на комората. Заклучивме дека субвенционираната цена на електричната енеригја има позитивни ефекти и има намалување на цените на лебот, дури и повеќе од учеството на субвенционираната струја. На пазарот веќе имаме прооизводи со постоечки цени од 33 до 35 денари, зависно која категорија. Веќе има леб по тие цени. Пекарската индустрија денеска на состонокот на кој беа присутни 32 ииндустриски пекари од цела земја, плус од мали градови, сите се согласија дека не се сложуваат со мерката за замрзнување, која ќе ги однесе до работа со загуби. Од сите, едногласно, беше донесена одлука, дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, другиот ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб – посочи Малишиќ. Тој објаснуваше дека секоја компанија има свои пресметки, свои влезни трошоци во производството на леб, и посочи дека никој не ги тера граѓаните да купуваат лебови кои се поскапи и дека тие имаат избор да купуваат леб согласно можностите. - Цените на пазарот веќе се намалени, и тоа повеќе од субвенциите. Во формирањето на цените не влегува само струјата, туку и цените на брашното, работната рака, нафтата, опрема за пакување... Со оваа одлука се прави штета на бизнисот, не се гледа целата слика туку само одредени цени. Не сме против за мерката, ако владата ја донесе мерката, од наредниот ден нема да се носи леб на пазарот. Има модел како владата да направи социјална цена за лебот, за да се задоволат потребите на населението треба да се фатите за џеб – потенцира Малишиќ. Тој појасни дека две години биле општествено одговорни компании, и дека ако сега работат по замрзнати цени, ќе одат во загуба. Потесети дека изминатиов период имаше бројни одлуки кои резултирале со загуби во дејноста, но додаде дека се спремни за преговори. - Ако не затвориме одма, по ваква одлука секако ќе затвориме по некое време – додава Малишиќ. Пекарите појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенсиии... Посочуваат дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра, но има такви кои се платени и по илајда евра месечно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto/feed/ 0
Градскиот суд во Москва ја потврди пресудата за затворање на рускиот независен весник „Новаја Газета“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/#respond Tue, 07 Feb 2023 16:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=797412

Градскиот суд во Москва денеска ја потврди пресудата за одземање на лиценцата на независниот весник „Новаја Газета“, што со години наназад го критикуваше Кремљ. „Новаја газета“ беше најпознатиот независен весник во Русија се додека властите минатата година не го наредија неговото затворање како дел од акцијата против дисидентите. Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата на весникот против одлуката од септември, донесена од страна на Московскиот окружен суд, што му ја одзеде лиценцата. Окружниот суд во септември ја одобри петицијата поднесена од рускиот медиумски регулатор, што го обвини весникот дека навремено не ја доставил својата уредувачка повелба до властите. Главниот уредник на весникот, добитникот на Нобеловата награда за мир, Дмитриј Муратов, денеска ја осуди пресудата, велејќи дека таа „им служи на масите кои сакаат народот да гледа само пропаганда“. Неколку дена по почетокот на војната во Украина, рускиот Парламент одобри закон со кој се забранува наводно омаловажување на руската војска или ширење „лажни информации“ за воената кампања на земјата во Украина. Како резултат на ваквиот закон, десетици независни руски медиуми се забранети, додека некои најавија дека го прекинуваат секое известување за Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/feed/ 0
СЕ ЗАТВОРААТ СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ ШИРУМ ЕВРОПА-Еве кои се причините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zatvoraat-skijachkite-centri-shirum-evropa-eve-koi-se-prichinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zatvoraat-skijachkite-centri-shirum-evropa-eve-koi-se-prichinite/#respond Sun, 08 Jan 2023 08:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=784544

Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа. Многу од пониските станици се затвораат - поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми. Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините. Splügen-Tambo, беше едно од првите одморалишта што беше затворено во понеделникот, според соопштението: „За жал, поради недостаток на снег, обилни врнежи и високи температури, мораме да го затвориме нашиот ски-центар до понатамошно известување. Веќе не можеме да ги подготвуваме патеките бидејќи имаме премногу вода... а снегот не замрзнува на ноќ“, се вели во него. „Сè уште не можете да избегате од фактот дека насекаде на Алпите длабочината на снегот е под стандардот во оваа фаза од сезоната“, вели еден од директорите на компанијата за скијачки одмори наречена Snov-Vise.
Нема снег - причината се климатските промени „Потребно е повторно да падне поголемо количество снег за да се избегнат понатамошни проблеми“, вели тој. Ваквите можности се евидентни низ цела Европа, вели тој и додава дека ја доживуваат истата ситуација како и нивните соседи - Швајцарците, Италијанците и Австријците. Иса Кастелви работи како менаџер на училиште за скијање и сноуборд во одморалиште на Пиринеите. Температурите таму, вели таа за CNN Travel, повеќе личат на пролет отколку на почетокот на јануари. Иако има малку снег, тој не е „најдобар“ и одморалиштето го чувствува ударот, дури и ако не е затворен, а резервациите сè уште доаѓаат. Имавме многу откажувања“, додаде Кастелви. Само еден од трите скијачки центри и само четвртина од скијачките патеки на Пиринеите беа отворени во декември поради лошите снежни услови. Низ Алпите во Швајцарија, британскиот пензионер Марк Бенет живее во мало село во близина на Луцерн, на дното на скијачката област Клевеналп-Стокхут и вели дека не се сеќава на вакво нешто. „Тие го затворија одморалиштето за да се обидат да го спуштат снегот за Божиќ и Нова Година, но сè исчезна. многу необична ситуација“, вели тој.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zatvoraat-skijachkite-centri-shirum-evropa-eve-koi-se-prichinite/feed/ 0
ПО 212 ГОДИНИ СЕ ЗАТВОРА – илјадници туристи разочарани од тоа што веќе нема да можат да го јадат во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-212-godini-se-zatvora-iljadnici-turisti-razocharani-od-toa-shto-vekje-nema-da-mozat-da-go-jadat-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-212-godini-se-zatvora-iljadnici-turisti-razocharani-od-toa-shto-vekje-nema-da-mozat-da-go-jadat-vo-istanbul/#respond Mon, 31 Oct 2022 09:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=753007

Легендарната слаткарница „Лебон“, којашто се наоѓа во центарот на Истанбул, Турција, ги затвора вратите поради превисока кирија. Слаткарницата, според сопствениците, во Турската Држава работи веќе 212 години. Но, сега луѓето кои ја водат, се принудени да ја затворат, откако сопственикот на просториите на „Истиклал“ ја зголемил киријата. Претходната цена од 42.500 турски лири (околу 2.300 евра) е покачена на 185.000 лири (10.000 евра), според Абдурахман Џенгиз, еден од одговорните во слаткарницата. – Оваа слаткарница е прва во отоманската и републиканската историја на земјата. Би сакал брендот да опстои, но тоа не успеа. За да се преселам на друго место, пак, ми требаат 10 милиони турски лири. И тоа е невозможно, додаде Џенгиз. Според него, во слаткарницата се инвестирани 10 милиони евра, а по затворањето, 12-мина вработени ќе останат без работа. Слаткарницата „Лебон“ била отворена 1810 година, од Едуард Лебон во областа Бејоглу. Џенгиз и неговиот партнер Шаќир Екинчи го купиле брендот во 1985 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-212-godini-se-zatvora-iljadnici-turisti-razocharani-od-toa-shto-vekje-nema-da-mozat-da-go-jadat-vo-istanbul/feed/ 0
ВИДЕО: Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга, спречено производство на дрога вредна пет милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zatvorena-fabrika-za-proizvodstvo-na-kanabis-za-medicinski-celi-vo-struga-sprecheno-proizvodstvo-na-droga-vredna-pet-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zatvorena-fabrika-za-proizvodstvo-na-kanabis-za-medicinski-celi-vo-struga-sprecheno-proizvodstvo-na-droga-vredna-pet-milioni-evra/#respond Sat, 16 Jul 2022 14:44:06 +0000 https://kurir.mk/?p=706245

На 15.07.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга, врз основа на претходно обезбедена наредба за вршење на претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Струга, извршен е претрес и контрола над правно лице во село Дрслаица, општина Струга. При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги. Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги. Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени. Од страна на СВР Охрид до ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги и член 215 од КЗ. Според експертите од Министерството за здравство доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, ќе се добиеле околу 2,5 тони канабис кои доколку биле продадени на црниот пазар би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра. Два дена по ред, МВР во координација со МЗ презема заеднички мерки и активности за спречување на недозволената трговија со дрога, а ваквите засилени контроли продолжуваат и во наредниот период. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zatvorena-fabrika-za-proizvodstvo-na-kanabis-za-medicinski-celi-vo-struga-sprecheno-proizvodstvo-na-droga-vredna-pet-milioni-evra/feed/ 0
Шолц: Германија не се откажува од затворањето на нуклеарните централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-ne-se-otkazuva-od-zatvoranjeto-na-nuklearnite-centrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-ne-se-otkazuva-od-zatvoranjeto-na-nuklearnite-centrali/#respond Wed, 08 Jun 2022 19:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=688556 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата влада останува посветена на постепено укинување на нуклеарната енергија, и покрај загриженоста поради порастот на цените на енергијата и можниот недостиг поради војната во Украина.

Германија затвори половина од своите шест нуклеарни централи во декември, а останатите три се очекува да затворат подоцна оваа година, како дел од долгорочниот план на земјата за постепено укинување на таквите централи во корист на обновливите извори на енергија.

Сепак, војната во Украина ги зголеми стравувањата дека германската економија може да биде силно погодена доколку Русија реши нагло да го прекине снабдувањето со природен гас.

Опозициските партии повикаа на продолжување на работата на германските нуклеарни централи.

Шолц ја отфрли идејата, велејќи дека е донесена одлука да се стави крај на користењето на нуклеарната енергија.

„Ние исто така знаеме дека изградбата на нови нуклеарни централи нема смисла“, рече тој на прес-конференција во Берлин.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-ne-se-otkazuva-od-zatvoranjeto-na-nuklearnite-centrali/feed/ 0
ДПИ го затвори „Привилиџ“ каде претходно се случи инцидентот со Денис Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dpi-go-zatvori-privilidz-kade-prethodno-se-sluchi-incidentot-so-denis-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dpi-go-zatvori-privilidz-kade-prethodno-se-sluchi-incidentot-so-denis-tot/#respond Tue, 12 Apr 2022 18:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=662107

Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, потврди за МИА директорката на ДИП Анета Симеска. Симеска појасни дека за дискотеката „Централ парк“, по извршени инспекциски надзори, во февруари било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. Бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДИП присилно ја затворило дискотеката. Пред дискотеката „Централ парк“ минатата недела се случи инцидентот со хрватскиот ракометар Денис Тот. Симеска нагласи дека затворањето на дискотеката не е поврзано со настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dpi-go-zatvori-privilidz-kade-prethodno-se-sluchi-incidentot-so-denis-tot/feed/ 0
„Мекдоналдс“ ги затвара сите 850 ресторани во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/#respond Tue, 08 Mar 2022 20:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=643623

Глобалниот синџир за брза храна Мекдоналдс објави денеска дека привремено ги затвора сите 850 локации во Русија, и им се приклучува на бројните западни бизниси кои ја напуштија Русија по нејзината неиспровоцирана инвазија на соседна Украина. - Конфликтот во Украина и хуманитарната криза во Европа предизвикаа неискажливо страдање на невините луѓе, рече извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во изјавата до која дојде Радио Слободна Европа. Кемпчински додаде дека корпорацијата со седиште во САД продолжува да ги поддржува своите вработени во Украина, вклучувајќи исплата на „целосни плати“ и придонесување со 5 милиони долари во фондот за помош на вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/feed/ 0
Во Франција од петок се затвораат сите дискотеки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-petok-se-zatvoraat-site-diskoteki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-petok-se-zatvoraat-site-diskoteki/#respond Mon, 06 Dec 2021 21:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=605051

Францускиот премиер Жан Кастек денеска изјави дека дискотеките ќе бидат затворени во следните четири недели, почнувајќи од петок. Одлуката за затворање на дискотеките тој ја образложи со напредокот на петтиот бран на Ковид 19 и тешкотиите во примената на мерките за социјално дистанцирање во овие објекти, пишува францускиот весник „Фигаро“. – Вирусот циркулира меѓу младите и тешко е да се носат маски на овие места – истакна францускиот премиер во телевизиско обраќање. Франција не е единствената земја која донела ваква одлука, наведува весникот и додава дека неколку дена претходно и Белгија одлучила да ги затвори дискотеките за да го запре наглото зголемување на нови инфекции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-petok-se-zatvoraat-site-diskoteki/feed/ 0
Нема дополнителни мерки за затворање на граничните премини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-dopolnitelni-merki-za-zatvoranje-na-granichnite-premini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-dopolnitelni-merki-za-zatvoranje-na-granichnite-premini/#respond Tue, 06 Apr 2021 09:43:31 +0000 https://kurir.mk/?p=493029

Немаме дополнителни мерки за затворање на граничните премини заради тоа што е увидено дека заразата се шири дома, истакна вчера премиерот Зоран Заев. Буквално, посочи, сите земји се со одредени ограничувања. – Посебно со затворањето на угостителските објекти нема смисла за дополнително затворање на границите. Значи нема таква мерка за затворање на граничните премини, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. За мерката која ја разгледуваат односно солидарно возвраќање кон српскиот народ заради вакцините кои ни ги дадоа како донација, рече дека тоа е нешто кое се развива како идеја и дополнително ќе го разгледаат на одредени состаноци на владините институции, пред се мислам на Економскиот совет, а понатаму ќе дојде на Владата. Појасни дека се размислува за летниот период, а тоа е јуни, јули и август кога се очекуваат српските граѓани да бидат наши туристи во државата, но и еден значаен дел поминуваат покрај или преку нашата земја кога одат во Грција, Бугарија, Албанија на одмор. Така што, потенцира, 20 евра е трошкот за патарините по 35 000 граѓани се 700 000 евра. – Но, секако проценките за вкупно транзитирање граѓани треба да ги видиме во годините кога имало Ковид лани и во годините кога немало, колку биле вкупно за да ги донесеме одлуките. Механизми постојат, а тоа е дополнително давање винетка на возило со српска регистерка табличка со српски пасош на возачот. Со самата винетка му се ослободува на последната трака на патарината слободен влез кој го отчитува самиот систем. Механизмите постојат, но имаме дополнително време, април и мај се пред нас за носење таквите одлуки, а Владата ќе ги надокнади изгубените приходи на ЈП за државни патишта од самите патарини. Верувам дека ќе претставува нешто што најмалку можеме да направиме за да возвратиме заради тоа што да се даде помош и да се сподели со нешто кое недостига насекаде во светот со својот сосед е посебно за почит и не постои друг начин како да се возврати ни од блиску, но најмалку што можеме да направиме е да возвратиме кон српскиот народ заради тоа што тие вакцини не само што дојдоа во време кога ни требаа, туку и чинат пари, а ги добивме како донација, додаде Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-dopolnitelni-merki-za-zatvoranje-na-granichnite-premini/feed/ 0