затворен пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 May 2023 13:09:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворен пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна изградба на нов затворен пазар во Драчево https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-izgradba-na-nov-zatvoren-pazar-vo-drachevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-izgradba-na-nov-zatvoren-pazar-vo-drachevo/#respond Thu, 11 May 2023 13:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=833057

Почна изградбата на нов модерен затворен пазар во населбата Драчево. Објектот ќе биде на површина од 3000 квадратни метри, енергетски ефикасен со целосно уредена инфраструктура, 60-ина деловни објекти, супермаркет и паркинг за 130 возила на покривот. Се очекува да биде завршен во март идната година. Општина Кисела Вода соопшти дека камен-темелникот денеска го поставија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на АД „Скопски пазар” Младен Дамев и дека за помалку од една година модерен пазар ќе добијат жителите на населбата Драчево и продавачите кои имаа тезги на досегашниот пазар и кои, како што наведува, беа најгласни во барањата дека имаат потреба од нов објект со достојни услови за работа. Ѓорѓиевски рече дека објектот кој постоеше до неодамна воопшто не ги задоволуваше стандардите и потребите на закупците и на купувачите, а состојбата посебно се влошуваше при секој дожд. По согледувањето на фактичката состојба, потребите и можностите, како што рече, Општината постигна договор со „Скопски пазар“ и до март догодина жителите ќе добијат модерен затворен пазар. -Објектот што од денес почува да се гради ќе располага со 60-тина деловни објекти, еден голем супермаркет, магацински простории, санитарни јазли, ќе има три влеза, како и и пешачка улица. Своите земјоделски производи ќе можат да ги пласираат околу 150 пазарџии, што значи дека првпат по 50 години нашите жители добиват квалитетен простор за пазарење, дополнет со 130-ина паркинг места кои ќе бидат достапни на покривот на овој нов затворен пазар, изјави Ѓорѓиевски. Директорот на АД „Скопски пазар“ Младен Дамев истакна дека позицијата на пазарот е одлична и дека очекува тој да биде еден од најпрепознатливите објекти во населба Драчево. -Со инвестиција од околу 180 милиони денари, една од најголемите населби во Скопје ќе добие најсовремен пазар со модерен лик. На површина од 3000 квадратни метри, со 30 локали, 32 киосци и еден супермаркет, а она што посебно би сакал да го нагласам е паркинг просторот со 130 паркинг места. Позицијата на пазарот кој се наоѓа во самиот центар на населбата Драчево, ми дава за право да кажам дека ова е биде еден од најпрепознатливите објекти во оваа населба, рече Дамев и додаде дека со инвестицијата „Скопски пазар“ придонесува во подобрување на условите на жителите во услови на економска криза. Општина Кисела Вода посочува и дека тоа ќе биде втор модерен затворен пазар кој им го обезбедува на своите жители по првиот, лоциран во централниот дел на Кисела Вода, кој „го изгради од темел и успешно функционира од крајот од минатата година“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-izgradba-na-nov-zatvoren-pazar-vo-drachevo/feed/ 0
Кисела Вода доби затворен пазар, погледнете како изгледа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-dobi-zatvoren-pazar-poglednete-kako-izgleda-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-dobi-zatvoren-pazar-poglednete-kako-izgleda-foto/#respond Tue, 27 Dec 2022 14:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=781222

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Совет на Општина Кисела Вода, неколку советници и пазарџии денес ја пресекоа лентата и официјално го пуштија во употреба првиот затворен пазар во општина Кисела Вода. Се работи за простор на површина од 250 квадратни метри, во кој се поставени 16 тезги. Лоциран е на местото од поранешниот див пазар кој функционираше во субстандардни услови. Новиот современ објект е граден по сите стандарди и прописи и ја надополнува естетиката на центарот на Кисела Вода, каде егзистираат Домот на култура “Билјана Беличанец” и паркот “Македонија”. Градоначалникот во своето обраќање му се заблагодари на Министерството за локална самоуправа кое излезе во пресрет на потребите на граѓаните и за реализација на овој проект вреден 13 милиони денари влезе во финансиско партнерство со Општина Кисела Вода. Најави дека затворен пазар наскоро ќе добијат и жителите на населбата Драчево. - Денес, на помалку од 100 дена од отпочнувањето на градежните активности, го отвораме првиот пазар од затворен тип во општина Кисела Вода. Реализацијата на овој проект беше голема потреба за нашите жители кои триесет години чекаа на достоинствени и современи услови за купување, но и за пласман на земјоделски и градинарски производи. На ова место постоеше див пазар кој не исполнуваше никакви санитарни и хигиенски услови и воедно го нагрдуваше просторот кој е во срцето на Кисела Вода. Како што и самите гледате, новото решение е изведено по сите современи, модерни и безбедносни стандарди и воедно, одлично се вклопува во естетиката на просторот во кој се наоѓаат и паркот Македонија и Домот на култура Билјана Беличанец. Би сакал да се заблагодарам на Министерството за локална самоуправа кое ги препозна нашите заложби за унапредување на условите за жителите на Кисела Вода и за реализација на овој пазар, влезе во финасиско партнерство со Општина Кисела Вода. Проектот е вреден 13 милиони денари, а од нив 9,8 милиони денари се обезбедени токму од Министерството за локална самоуправа. Воедно, сакам да упатам и голема благодарност до советникот од Советот на Општина Кисела Вода, Јане Петковски од редовите на ЛДП за заложбите за реализација на проектот. Јас во мојата програма ветив дека ќе изградиме два вакви пазари и од тука сакам да најавам дека наскоро ќе започне изградба на уште еден современ затворен пазар во населбата Драчево-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-dobi-zatvoren-pazar-poglednete-kako-izgleda-foto/feed/ 0