затворена граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 11:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворена граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израел ја затвори границата кон Либан и ги блокира ГПС услугите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zatvori-granitsata-kon-liban-i-gi-blokira-gps-uslugite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zatvori-granitsata-kon-liban-i-gi-blokira-gps-uslugite/#respond Sun, 15 Oct 2023 11:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=889027

Војската на Израел денеска забрани пристап во зона на 4 километри од границата со Либан и соопшти дека намерно ги заглавува ГПС услугите таму и на јужниот фронт со Газа како дел од своите операции. Прекинот на ГПС може да влијае на функциите на апликациите, изјави главниот воен портпарол, контраадмирал Даниел Хагари, на платформата „Икс“. Израелскиот советник за национална безбедност ја предупреди либанската милитантна група да не почнува војна на друг фронт, заканувајќи се дека ќе го „уништи Либан“ доколку го стори тоа. Цачи Ханегби рече дека Израел „се обидува да не биде вовлечен во војна на два фронта“ и го предупреди Хезболах да остане настрана од борбите. Борците на либанскиот Хезболах денеска истрелаа наведувана ракета врз израелско село долж северната граница на Израел, при што загина едно лице, а се ранети уште три, соопштија милитантната група и израелските медицински служби. Штула е земјоделска заедница долж границата спроти либанската заедница Аита ал Шаб. Израелската војска соопшти дека извршила контра напад во Либан како одмазда со истрелување 12 проектили врз областа Аита ал Шаб, според либански безбедносни извори. Според овие извори, Израел ги гаѓал и јужните либански населби Рмеиш и Рамија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zatvori-granitsata-kon-liban-i-gi-blokira-gps-uslugite/feed/ 0