Затворена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jan 2021 10:23:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Затворена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција останува затворена за граѓани на трети земји до 21 јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ostanuva-zatvorena-za-gragjani-na-treti-zemji-do-21-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ostanuva-zatvorena-za-gragjani-na-treti-zemji-do-21-januari/#respond Fri, 08 Jan 2021 10:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=452808

Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнените поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина. Продолжената одлука на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ со цел да се ограничи ширењето на коровирусот, веќе е објавена во Службен весник на Грција и од денеска стапи во сила. Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас/Кулата и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција. Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони/Богородица кон Северна Македонија, Какавија кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти. Овие гранични премини се отворени од 7 до 23 часот, а забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и ЕУЛЕКС на Косово. Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Турција, Северна Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест. Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“. Исклучок се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. Станува збор за одлуките кои континуирано се продолжуваат во изминатиот период, а беа донесени кон средината на март, кусо пред почетокот на првиот карантин во Грција. ср/сп/ 2021-01-08 10:27:28, од Сања Ристовска, Грција]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ostanuva-zatvorena-za-gragjani-na-treti-zemji-do-21-januari/feed/ 0
Турска опозициска телевизија затворена по 26 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turska-opoziciska-televizija-zatvorena-po-26-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turska-opoziciska-televizija-zatvorena-po-26-dena/#respond Sat, 26 Dec 2020 19:05:36 +0000 https://kurir.mk/?p=448847

Турската приватна Телевизија Олај, што застапуваше прокурдски опозициски ставови соопшти дека е принудена да затвори, за помалку од еден месец од почетокот на емитувањето на програма. ТВ Олај, чиј мнозински сопственик беше бизнисменот и поранешен министер Џавит Џаглар, почна да емитува програма на 30 ноември. Затворањето на телевизијата беше објавено вчера во директен пренос. Џаглар изјави дека одлучи да го повлече својот капитал поради несогласување со уредувачката политика, додека дел од новинарите тврдат дека Џаглар се повлекол под притисок на власта. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turska-opoziciska-televizija-zatvorena-po-26-dena/feed/ 0
Франција се затвора поради Ковид-19, нема влез во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-se-zatvora-poradi-kovid-19-nema-vlez-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-se-zatvora-poradi-kovid-19-nema-vlez-vo-zemjata/#respond Fri, 30 Oct 2020 07:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=422453

Според новите мерки за карантин, кои од денеска стапуваат во сила и ќе траат до 1 декември, границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ. Францускиот премиер Жан Кастекс, објаснувајќи ги новите мерки, истакна дека граѓаните ќе можат да излезат од своите домови само за пазарење храна, заминување на работа или од здравствени и итни семејни причини. Кастекс изјави дека во текот на траењето на новите мерки, вежбање на отворено ќе биде дозволено само еден час дневно. Тој додаде дека дури и децата над шест годишна возраст ќе мораат да носат заштитни маски за време на наставата. Министерката за труд Елизабет Борн истакна дека ќе биде задолжително работењето од дома цела недела, освен кога тоа е технички невозможно. Секој граѓанин кој ќе излезе од дома ќе мора да има документ со кој го оправдува својот излез, а проверките ќе ги врши полицијата. Училиштата, за разлика од пролетниот карантин, ќе останат отворени, но универзитетите ќе се затворат. Кафулињата и рестораните, исто така, ќе бидат затворени, како и продавниците, освен сервисите за поправка на автомобили, супермаркетите, пералните, оптичарските и фармацевтските работилници. Јавните служби и понатаму ќе функционираат, а ќе бидат отворени и верските објекти, но прославите, како што се свадбите, се ограничени на мали групи. Хотелите, исто така, ќе бидат отворени, но нивниот капацитет е ограничен на патувања од професионални причини. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека во земјата повторно ќе биде воведен карантин на национално ниво во обид да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19, која се заканува да излезе од контрола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-se-zatvora-poradi-kovid-19-nema-vlez-vo-zemjata/feed/ 0
Затворена австриската „Комерсиалбанк“ поради лажирање на билансот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorena-avstriskata-komersialbank-poradi-laziranje-na-bilansot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorena-avstriskata-komersialbank-poradi-laziranje-na-bilansot/#respond Thu, 16 Jul 2020 07:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=376854

Австриската банка „Комерсиалбанк Матерсбург“ доби налог веднаш да запре со работа поради лажирање на билансот и проневера. – Банката мора да се ликвидира, изјави претседателот на австриската покраина Бургенланд, Петер Доскоцил. Тој додаде дека поради лажирање на билансот голем број фирми и физички лица на крај ќе изгубат многу пари. Електростопанство на Бургенланд на сметката во „Комерсиалбанк“ имаше околу пет милиони евра. Директорот на регионланата банка во покраината Бургеланд, Мартин Пухер по првото сослушување поднесе оставка и поднесе пријава против самиот себе. Засега не може да се процени висината на штетата, а Институцијата за надзор на финансискиот пазар (ФМА) соопшти дека ситуацијата е „драматична“. ФМА наведе дека влоговите до 100.000 евра по лице се осигурани и оти до таа сума граѓаните не треба да стравуваат за своите пари. ФМА за да спречи навала од граѓаните нареди затворање на девет филијали и централата на „Комерсиалбанк“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorena-avstriskata-komersialbank-poradi-laziranje-na-bilansot/feed/ 0