затворени центри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Aug 2020 12:50:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворени центри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ одобри 130 милиони евра за изградба на затворени центри за бегалци и мигранти на три грчки острови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odobri-130-milioni-evra-za-izgradba-na-zatvoreni-centri-za-begalci-i-migranti-na-tri-grchki-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odobri-130-milioni-evra-za-izgradba-na-zatvoreni-centri-za-begalci-i-migranti-na-tri-grchki-ostrovi/#respond Mon, 03 Aug 2020 12:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=385513

Европската Комисија позитивно одговорила и одобрила финансиска помош за Грција во висина од 130 милиони евра за изградба на три затворени и контролирани центри за бегалци и мигранти на грчките острови Самос, Лерос и Кос, јави дописничката на МИА од Атина. -Европската Комисија во дописот до Министерството „ги поздравува напорите што ги прави Министерството за миграција и азил за справување со ситуацијата со мигрантите во Грција и целосно ја препознава итната потреба за оваа финансиска поддршка“, соопштуваат од Министерството за миграција и азил и Грција. Говорејќи за мигрантското прашање на денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, рече дека во изминатите четири месеци за 93,12 отсто биле намалени брановите бегалци и мигранти на островите. Во периодот април-јули 2020 година пристигнале 850 лица, наспроти 12.363 истиот период лани. На островите Хиос, Кос и Лерос, во изминатите четири месеци не било регистрирано ниту едно ново пристигнување, на Самос пристигнале само осум лица, а на Лезбос имало намалување за 85 отсто. Паралелно, како што рече Пецас, продолжува и префрлањето на бегалци од островите во континенталниот дел на земјата и за чеири месеци биле префрлени 11.295, лица, наспроти 3.186. -Владата, како следна цел го поставува зајакнувањето на безбедноста во центрите, во корист како на оние кои престојуваат таму, така и на локалното население, истакна Пецас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odobri-130-milioni-evra-za-izgradba-na-zatvoreni-centri-za-begalci-i-migranti-na-tri-grchki-ostrovi/feed/ 0
Пецас: Ќе се затворат денешните анархични центри и ќе се изградат нови контролирани затворени центри за мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-kje-se-zatvorat-deneshnite-anarhichni-centri-i-kje-se-izgradat-novi-kontrolirani-zatvoreni-centri-za-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-kje-se-zatvorat-deneshnite-anarhichni-centri-i-kje-se-izgradat-novi-kontrolirani-zatvoreni-centri-za-migranti/#respond Mon, 10 Feb 2020 16:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=301966

Грчката Влада ја забрзува постапката за изградба на затворени контролирани центри на островите погодени од бегалските и мигрантските бранови, одредува конкретни локации за изградба и открива детали за начинот на кој што ќе функционираат, јави дописничката на МИА од Атина. -Одлука на владата е да се затворат денешните анархични центри и да се изградат нови контролирани затворени центри, соопштува заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас и објаснува дека Министерството за миграција и азил, со одлука на владата, „поради јавниот интерес, е овластено да издаде наредби за искористување на неопходните недвижнини и земјишта за управување со кризи, за справување со исклучиво итната потреба за да се избегне загрозување на јавниот ред и здравје“ Одлуката на владата доаѓа по неодамнешните инциденти на Лезбос и барањето на префектот на островите од северниот дел на Егејското Море да се прогласи вонредна состојба. Како што пишува во соопштението од Пецас, одредени се конкретни локации за изградба на затворените контролирани центри на островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос. Новите објекти, ќе бидат за конкретна намена и со конкретна функција, односно како што вели портпаролот на грчката влада, „контролирани затворени центри, значи дефинирани и строги правила на внатрешен поредок што се однесуваат и на функционирањето и на движењето на оние кои ќе бидат сместени“. -Во овие центри, ќе престојуваат, прво новопристигнатите, за олеснување на идентификацијата и процесот на азил, второ, оние кои имаат деликвентно однесување и трето, оние кои немаат право на азил и влегуваат во процедурата за враќање назад. Оние кои ќе престојуваат во контролираните затворени центри, врз основа на внатрешниот правилник, ќе имаат право на излез со картичка на ограничен временски период, додека пак ноќе центрите ќе бидат затворени. Секое прекршување на внатрешниот ред, негативно влијае на барањето за азил и го забрзува процесот на враќање на сторителот, соопштува портпаролот на грчката влада. Пецас уште еднаш ги повторува четирите точки на владиниот план, односно чување на границите, забрзување на процедурите за азил, зголемен број враќања и затворени центри, а паралелно и празнење на островите, како и интернационализирање на проблемот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-kje-se-zatvorat-deneshnite-anarhichni-centri-i-kje-se-izgradat-novi-kontrolirani-zatvoreni-centri-za-migranti/feed/ 0