затворени граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Mar 2021 13:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворени граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Ѓукановиќ бара Црна Гора да ги затвори границите и да ја забрза имунизацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-gjukanovikj-bara-crna-gora-da-gi-zatvori-granicite-i-da-ja-zabrza-imunizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-gjukanovikj-bara-crna-gora-da-gi-zatvori-granicite-i-da-ja-zabrza-imunizacijata/#respond Tue, 02 Mar 2021 13:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=476071

Претседателот Мило Ѓукановиќ побара затворање на границите на Црна Гора и забрзана имунизација затоа што, како што рече, здравјето на граѓаните е во сериозна опасност. Ѓукановиќ рече дека бројот на починати е „страшен“, како и бројот на заразени од коронавирус, поради што е потребно навремено воведување и ефикасно спроведување на епидемиолошките мерки – затворање на границата за влез во државата без ПЦР-тест, како и забрзување на процесот на имунизација на населението. Според него, за да успее тоа, како што рече, „мора да се издигнеме над сите поделби, да заборавиме на меѓусебните обвинувања и сите разлики и несогласувања од политичка и друга природа, да покажеме дека како општество сме дораснати на овој предизвик и времето во кое живееме “.  – Тоа што во април или мај минатата година беше тажна вест во пријателски земји ширум светот со многу поголемо население, поради што испраќав изрази на сочувство и солидарност до шефовите на државите во име на граѓаните на Црна Гора и во мое лично име, сега е нашата трагична реалност, изјави црногорскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-gjukanovikj-bara-crna-gora-da-gi-zatvori-granicite-i-da-ja-zabrza-imunizacijata/feed/ 0
Грција се уште останува затворена за Македонија- еве до кога ќе важи новата зебрана за влез во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-ushte-ostanuva-zatvorena-za-makedonija-eve-do-koga-kje-vazi-novata-zebrana-za-vlez-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-ushte-ostanuva-zatvorena-za-makedonija-eve-do-koga-kje-vazi-novata-zebrana-za-vlez-vo-zemjata/#respond Fri, 22 Jan 2021 09:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=458409

Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Македонија и Албанија одлука што ќе биде во сила до 8 февруари во 6 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за одлуката за да се ограничи ширењето на коровирусот со „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“, која се продолжува од средината на март минатата година, а последното продолжување беше од 8 јануари заклучно со вчера. Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас/Кулата и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција. Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони/Богородица кон Македонија, Какавија кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти. Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот, а забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и Мисијата на Косово ЕУЛЕКС. Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Турција, Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест. Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“, објави МИА. Исклучок, како и досега се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, а овој пат, на листата се вклучени и државјаните на Русија и Израел. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. За сите оние за кои е дозволен влез во Грција, освен негативен ПЦР тест, задолжително е да го имаат пополнето и специјалниот формулар PLF (Passenger Locator Form), а задолжителен е и седумдневен домашен карантин. Новата одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција и потпишана од надлежните министри за развој и инвестиции, за цивилна заштита, за труд и социјални прашања, за поморство, за внатрешни работи, за здравство, од министерот и заменик-министерот за транспорт и инфраструктура, како и од алтернативниот министер за финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-ushte-ostanuva-zatvorena-za-makedonija-eve-do-koga-kje-vazi-novata-zebrana-za-vlez-vo-zemjata/feed/ 0
ОВАА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ: Речиси ниту еден патник од целиот свет и Македонија нема да може да влезе! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-evropska-zemja-gi-zatvora-granicite-rechisi-nitu-eden-patnik-od-celiot-svet-i-makedonija-nema-da-moze-da-vleze/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-evropska-zemja-gi-zatvora-granicite-rechisi-nitu-eden-patnik-od-celiot-svet-i-makedonija-nema-da-moze-da-vleze/#respond Fri, 08 Jan 2021 20:22:53 +0000 https://kurir.mk/?p=453006

Данска ќе воведе забрана за влез на патниците од сите земји во светот, со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот, освен во оправдани случаи и со негативен тест не постар од 24 часа, изјави министерот за надворешни работи Јепе Кофод. Оправдани случаи се оние во кои некое лице работи или има семејство во Данска, пренесува Си-Ен-Ен. Почнувајќи од утре, властите во Данска исто така ги советуваат граѓаните да избегнуваат патувања во странство. Според новите регулативи, данските граѓани кои се заразиле во странство нема да можат да се вратат во својата земја со авион. Новите ограничувања ќе останат на сила до 17 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-evropska-zemja-gi-zatvora-granicite-rechisi-nitu-eden-patnik-od-celiot-svet-i-makedonija-nema-da-moze-da-vleze/feed/ 0
Повеќе од 40 земји ги затворија границите со Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-40-zemji-gi-zatvorija-granicite-so-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-40-zemji-gi-zatvorija-granicite-so-britanija/#respond Tue, 22 Dec 2020 09:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=446575

Повеќе од 40 земји привремено ги затворија границите за стоки и патници од Велика Британија, откажувајќи ги летовите од таа земја поради брзото ширење на новиот вид коронавирус. Франција ја затвори границата со Велика Британија на 48 часа. Камионите и траектите од Довер не смеат да сообраќаат. Би-Би-Си, повикувајќи се на францускиот министер за европски прашања Климент Бин, јави дека Велика Британија и Франција ќе објават договор за повторно воспоставување на товарниот сообраќај до среда. – Во последните 24 часа постојано разговаравме со нашите француски колеги за низа прашања, а ќе продолжиме и денеска, изјави британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател. На прашањето дали може да се очекува решение денеска, Пател рече дека се работи на тоа затоа што „во интерес на двете земји е да се обезбеди непречен проток“. – Ќе видиме што ќе се случи денеска, рече Пател. Објавата на Лондон за појава на нов, позаразен вид коронавирус предизвика паника во светот погоден од пандемијата на Ковид-19 од кој починаа околу 1,7 милиони луѓе, вклучувајќи над 67.000 во Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-40-zemji-gi-zatvorija-granicite-so-britanija/feed/ 0
„Рампата“ кон Грција останува спуштена – границите затворени до 25-ти октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rampata-kon-grcija-ostanuva-spushtena-granicite-zatvoreni-do-25-ti-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rampata-kon-grcija-ostanuva-spushtena-granicite-zatvoreni-do-25-ti-oktomvri/#respond Tue, 13 Oct 2020 18:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=415982

Границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври. Одлукатата се однесува на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата, пренесува  телевизија ТВ21. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето. Од останатите гранични премини што се отворени, Богородица кон Македонија, потоа двата премини со Албанија, кон Бугарија и Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест. Последното продолжување беше за периодот од 1 до 12 октомври 2020 година, а од денеска стапуваат во сила новите одлуки кои синоќа беа објавени во Службен весник на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rampata-kon-grcija-ostanuva-spushtena-granicite-zatvoreni-do-25-ti-oktomvri/feed/ 0
ГРЦИЈА НИКАКО ДА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ- нашиот сосед денеска со нова одлука која важи и за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-nikako-da-gi-otvori-granicite-nashiot-sosed-deneska-so-nova-odluka-koja-vazi-i-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-nikako-da-gi-otvori-granicite-nashiot-sosed-deneska-so-nova-odluka-koja-vazi-i-za-makedonija/#respond Wed, 16 Sep 2020 11:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=404012

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици. Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 16 до 30 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и на Турција. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето. Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест. Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово. Втората министерска одлука се однесува на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, со исклучок на државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. И оваа одлука стапува во сила денеска, а важи до 30 септември 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-nikako-da-gi-otvori-granicite-nashiot-sosed-deneska-so-nova-odluka-koja-vazi-i-za-makedonija/feed/ 0
Хрватска ја продолжи забраната за премин на границата до 30 септември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-prodolzi-zabranata-za-premin-na-granicata-do-30-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-prodolzi-zabranata-za-premin-na-granicata-do-30-septemvri/#respond Tue, 15 Sep 2020 10:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=403437

Националниот штаб за цивилна заштита ја продолжи одлуката за привремена забрана за преминување на границите на Хрватска, што значи дека постојниот режим, воведен по „заклучувањето“ кон средината на јуни, е продолжен до 30 септември. Ограничениот режим на преминување на хрватските граници главно се однесува на државјани на трети земји, додека граѓаните на Европската унија и земјите од Шенген зоната имаат слободен премин. Неколку категории странски државјани, односно лица кои немаат државјанство на Европската унија, можат да ја преминат границата, а статусот и условите можат да ги проверат на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, пренесуваат хрватските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-prodolzi-zabranata-za-premin-na-granicata-do-30-septemvri/feed/ 0
Канада ја продолжи забраната за влез на странски патници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-stranski-patnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-stranski-patnici/#respond Sat, 29 Aug 2020 07:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=396460

Канада ја продолжи забраната за влез во земјата на повеќето странски патници, во обид да се ограничи внесувањето и ширењето на коронавирусот, напиша на Твитер министерот за јавна безбедност Бил Блер. Мерката, која е продолжена до 30 септември, се однесува на странските патници кои се обидуваат да влезат во Канада од странство, освен од САД. Канада има посебен договор за граничен премин со Соединетите Американски Држави, кој е на сила до 21 септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-stranski-patnici/feed/ 0
Австралија ги затвора границите поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-zatvora-granicite-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-zatvora-granicite-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 06 Aug 2020 10:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=387118

Австралија ќе ги затвори државните граници за да го спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Поради зголемување на бројот на новозаразени лица, државата Квинсленд веќе забрани влез на речиси сите жители на Викторија, најтешко погодена од епидемијата, јави Би-Би-Си. На ист начин ќе постапи и со луѓето во главниот град Канбера и со државата Нов Јужен Велс, кои станаа жаришта на вирусот. Владата во Нов Јужен Велс наметнува свои строги ограничувања. На патниците од Викторија ќе им биде дозволено да влезат во земјата само доколку летаат за Сиднеј и одат во задолжителна изолација во хотел 14 дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-zatvora-granicite-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Редици на бугарско-грчката граница, српските туристи се враќаат назад https://arhiva.kurir.mk/svet/region/redici-na-bugarsko-grchkata-granica-srpskite-turisti-se-vrakjaat-nazad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/redici-na-bugarsko-grchkata-granica-srpskite-turisti-se-vrakjaat-nazad/#respond Mon, 15 Jun 2020 11:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=358133

Колона возила од околу 15 километри имаше кусо по отворањето на бугарско-грчката граница на преминот Промахонас, јави грчката државна телевизија ЕРТ. Конкретниот граничен премин од денеска е отворен, а најголемиот број возила, според ЕРТ, се од Бугарија и Романија, но и на Грци кои живеат во Германија, а не е мал бројот и на српски автомобили, на кои што не им е дозволен влез и се враќаат назад. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, за туристите од Србија, земја која спаѓа во групата трети земји, до 30 јуни е забранет влез во Грција од Бугарија, а истото важи и за Северна Македонија и Албанија. Паралелно, на граничниот премин, од грчка страна има претставници на Националната организација за јавно здравје кои вршат тестови по случаен избор. Иако граничниот премин требаше да се отвори точно напладне, според медиумите во Грција, поради гужвата и колоните возила, бил отворен порано, кусо по 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/redici-na-bugarsko-grchkata-granica-srpskite-turisti-se-vrakjaat-nazad/feed/ 0