затворени објекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 10:25:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворени објекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема влез во затворени објекти за невакцинирани и непрележани лица, предложени законски измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vlez-vo-zatvoreni-objekti-za-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-predlozeni-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vlez-vo-zatvoreni-objekti-za-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-predlozeni-zakonski-izmeni/#respond Mon, 12 Dec 2022 10:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=774326

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието. Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест. Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест. Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот. – Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а. Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vlez-vo-zatvoreni-objekti-za-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-predlozeni-zakonski-izmeni/feed/ 0
ИМАЈТЕ ГО ОВА НА УМ АКО ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА: Се менуваат правилата за внатрешноста во земјата, за влез остануваат исти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imajte-go-ova-na-um-ako-patuvate-vo-grcija-se-menuvaat-pravilata-za-vnatreshnosta-vo-zemjata-za-vlez-ostanuvaat-isti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imajte-go-ova-na-um-ako-patuvate-vo-grcija-se-menuvaat-pravilata-za-vnatreshnosta-vo-zemjata-za-vlez-ostanuvaat-isti/#respond Sun, 03 Apr 2022 10:39:12 +0000 https://kurir.mk/?p=657685

Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно задолжителниот европски сертификати за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, се продолжени за уште една седмица, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 11 април 2022 година. Промени има во однос на времетраењето на одлука и овој пат е една, а не две седмици, како што беше случај досега, како и во одредбите за изолација во случај на позитивен резултат при тестирањето на влезните точки во земјата, одредби кои не се вклучени во новата одлука. Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување во Грција. Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија. Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања. Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање. Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот. Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам. Во овој дел, изоставени се одредбите што веќе неколку месеци беа вклучени во министерските одлуки и се однесуваа на изолацијата и карантинот за во случај на позитивен резултат при тестирањето на граница За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Промени во времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција Во друга министерска одлука, поврзана со мерките во внатрешноста на Грција, од утре се менува и продолжува времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 и се усогласуваат со европските правила. Па така наместо седум, како што беше случај досега европскиот сертификат за вакцинација ќе биде валиден девет месеци, а времетраењето на сертификатот за прележан Ковид-19 се зголемува на шест од три месеци како што беше досега. Овие промени, се однесуваат и на туристите, со оглед на тоа дека правилата во Грција, освен за Грците важат и за странците кои ја посетуваат земјата, а досега сертификатите имаа различно времетраење кога се однесуваше на внатрешноста за влез во затворените објекти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imajte-go-ova-na-um-ako-patuvate-vo-grcija-se-menuvaat-pravilata-za-vnatreshnosta-vo-zemjata-za-vlez-ostanuvaat-isti/feed/ 0
Полициска акција во угостителски објекти во Тетово: Затекнати шест лица без сертификати, затворени два објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovo-zateknati-shest-lica-bez-sertifikati-zatvoreni-dva-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovo-zateknati-shest-lica-bez-sertifikati-zatvoreni-dva-objekti/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=610760

На 18 и 19 декември 2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово. Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати шест лица без сертификат за вакцинација и две лица без документи за идентификација. – Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени два угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени пет глоби на пет угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки, соопшти МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovo-zateknati-shest-lica-bez-sertifikati-zatvoreni-dva-objekti/feed/ 0