затворени простории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Apr 2022 08:18:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворени простории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/#respond Tue, 12 Apr 2022 08:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=661733

Филаделфија е првиот поголем град во САД каде повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории, по наглиот скок на бројот инфекции со коронавирус. Шерил Бетигол, градската комесарка за здравство, предупредува на можен нов бран инфекции на подваријантата на омикрон-сојот на коронавирусот. Таа појасни дека потврдениот број заразени во градот е зголемен за повеќе од 50 проценти за последните десет дена, што е граница од која се воведува задолжителното носење маски во затворени простории. Здравствените власти веруваат дека неодамнешниот пораст на инфекцијата е поттикнат од високо преносливата омикронска подваријанта BA.2, што брзо се прошири во Европа и Азија, која последните седмици стана доминантна во САД. -Ако не дејствуваме сега, знаејќи дека секој претходен бран на инфекции беше проследен со бран хоспитализации, а потоа и бран смртни случаи, тогаш за многу наши граѓани ќе биде доцна, предупредува Бетигол. Таа смета дека сега е шанса да се оди пред пандемијата, да се носат маски превентивно, додека не се добијат повеќе информации за сериозноста на новата варијанта. Според официјалните податоци, околу 750 граѓани на Филаделфија починале во зимскиот бран на омикрон коронавирусот. Мерката за повторно задолжително носење заштитни маски во затворен простор, што градските власти претходно ја укинаа на 2 март, од 18 април повторно стапува на сила. По минатомесечното укинување на обврската за носење маски бројот потврдени случаи се зголеми на повеќе од 140 дневно. Повеќето американски држави и градови го укинаа задолжителното носење маски во февруари и на почетокот на март, следејќи ги новите упатства од Центрите за контрола и превенција на болести на САД кои посветија повеќе внимание на капацитетот на болниците отколку на бројот заразени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/feed/ 0
Задолжително носење маски на затворени места во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-na-zatvoreni-mesta-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-na-zatvoreni-mesta-vo-francija/#respond Mon, 13 Jul 2020 11:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=375119

Министерот за здравство на Франција најавува дека на идниот Совет за одбрана ќе се разгледа прашањето за задолжително носење маски на затворени места. -Гледаме дека има опуштање,  изјави министерот за здравство Оливие Веран, пренесе „Франс Инфо“. Ситуацијата може да ја натера владата „посилно да охрабрува во одредени ситуации да се почитува растојанието и доколку е потребно да се носи маска“. -Целооо проблем се затворените места, каде се собираат луѓе (и) не можат да го почитуваат растојанието од најмалку еден метар. Денеска им препорачуваме на Французите кои не можат да го почитуваат растојанието и со тоа се изложуваат на ризик да го пренесат вирусот, да носат маска, изјави Оливие Веран. Одлуката за задолжително носење маска, во случај на непочитување, може да доведе до санкции, но според министерот, тоа треба да биди предмет на одлука на Национален совет за одбрана. Ова прашање може да се разгледа на следниот Совет за одбрана, закажан за среда. Во колумната објавена во „Ле Паризиен“ во саботата, десетина лекари повикуваат маската да се носи на сите затворени места, да се почитува физичкото растојание колку што е можно повеќе и да се мијат рацете што е можно почесто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-na-zatvoreni-mesta-vo-francija/feed/ 0