затворени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 16:17:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Затворени избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoreni-izbirachkite-mesta-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoreni-izbirachkite-mesta-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-turtsija/#respond Sun, 28 May 2023 16:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=839784

Гласачките места во Турција се затворени денеска во 17 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори во оваа земја, јавува Анадолија. Како што најави Врховната изборна комисија на Турција, гласачите кои се на гласачките места кога ќе се затворат ќе можат да ги остварат своите граѓански права. Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу. Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во Турција. Народната алијанса на Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, односно повеќе од 50 отсто од гласовите. Ердоган водеше во првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите. Гласањето за турската дијаспора заврши и во Анкара веќе пристигнаа околу 1,89 милиони гласови од странство, кои ќе бидат преброени по завршувањето на изборниот ден. Врховната изборна комисија на Турција денеска соопшти дека резултатите од вториот круг веројатно ќе бидат познати порано отколку во првиот круг. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoreni-izbirachkite-mesta-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-turtsija/feed/ 0
Акција на МВР, УЈП и ДПИ: Затворени угостителски објекти, пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални сметки… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/akcija-na-mvr-ujp-i-dpi-zatvoreni-ugostitelski-objekti-propushtanje-lica-bez-sertifikat-neizdavanje-fiskalni-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/akcija-na-mvr-ujp-i-dpi-zatvoreni-ugostitelski-objekti-propushtanje-lica-bez-sertifikat-neizdavanje-fiskalni-smetki/#respond Sat, 11 Dec 2021 18:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=607132

На 11.12.2021 околу 01.00 часот во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти (дискотеки и ноќни клубови) за кои имаше сознанија дека во нивното работење има нерегуларности, како неиздавање на фискални сметки, пропуштање на лица без сертификат за вакцинација, непочитување на протоколите за справувaње со ковид 19, присуство на малолетни лица во објектите, непоседување лиценци за лица од обезбедувањето… Од извршената контрола е констатирано следното: Во угостителски објект на ул.Јордан Мијалков при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки. Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација , при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен. Во угостителски објект кај нова железничка станица при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице. Од страна на УЈП е констатирано дека има нерегуларности во готовинскиот промет за што ќе им биде изречена парична глоба. Од страна на ДПИ беше констатирано дека во објектот не се почитува законот за пушење, непостапување по здравствени протоколи, затекнати лица без сертификат, при што од страна на ДПИ ќе бидат изречени прекршочни глоби за констатираните прекршоци со издавање на прекршочни платни налози .а објектот привремено е затворен. Во угостителски објект лоциран на ул.Анастас Митрев при извршената контрола од страна на УЈП беа констатирани повеќе нерегуларности односно евидентирана е разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки. Од страна на припадници на МВР е констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација, како и три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен. Во угостителски објект на ул.8 септември при извршена контрола од страна на УЈП е констатирано неевидентиран промет односно неиздавање на фискални сметки, а од страна на припадници на полицијата е утврдено дека две лица не поседуваат сертификат за вакцинација, од страна на ДПИ за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација составен е записник при што согласно Законот ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен. Во угостителски објект на ул.Св.Климент Охридски при извршената контрола од страна на УЈП констатирана е разлика во готовинскиот промет односно неиздавање на фискални сметки . Од страна на полицијата утврдено е дека 10 лица не поседуваат сертификат за вакцинација како и малолетници, при што од страна на ДПИ составен е записник за непочитување на мерките согласно Законот за заштита на население од заразни болести за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/akcija-na-mvr-ujp-i-dpi-zatvoreni-ugostitelski-objekti-propushtanje-lica-bez-sertifikat-neizdavanje-fiskalni-smetki/feed/ 0
Владата одлучи фитнес центрите и вежбалните да останат затворени и понатаму https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-fitnes-centrite-i-vezbalnite-da-ostanat-zatvoreni-i-ponatamu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-fitnes-centrite-i-vezbalnite-da-ostanat-zatvoreni-i-ponatamu/#respond Tue, 27 Apr 2021 12:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=502787

Владата на денешната седница ги прифати одлуките за скратување на полицискиот час и истиот од утре ќе почнува во 21 часот до 05 часот, додека за празниците Велигден и Рамазан Бајрам, нема ограничувања на движењето. Исто така од утре се отвораат летните тераси на угостителските објекти. Покрај другите мерки, Владата одлучи фитнес центрите и вежбалните да останат и натаму затворени. Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол, се вели во соопштението од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-fitnes-centrite-i-vezbalnite-da-ostanat-zatvoreni-i-ponatamu/feed/ 0
Твитер затвори 373 профили за пропаганда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-zatvori-373-profili-za-propaganda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-zatvori-373-profili-za-propaganda/#respond Tue, 23 Feb 2021 18:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=472925

Компанијата Твитер денеска соопшти дека затворила 373 профили поврзани со Русија, Ерменија и Иран, бидејќи ги прекршиле правилата на оваа социјална мрежа за манипулација со податоци. Компанијата укина 238 профили кои биле активни во Иран и прекршиле уште некои други правила на Твитер. Претставници на властите на Сан Франциско, каде што се наоѓа седиштето на оваа социјална мрежа, соопштија дека 100 профили поврзани со Русија биле отстранети поради пишување текстови што ја поткопуваат вербата во НАТО и чија цел биле САД и Европската унија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-zatvori-373-profili-za-propaganda/feed/ 0
Словенија: Продолжуваат протестите поради затворањето на училиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-prodolzuvaat-protestite-poradi-zatvoranjeto-na-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-prodolzuvaat-protestite-poradi-zatvoranjeto-na-uchilishtata/#respond Mon, 01 Feb 2021 13:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=462672

Во Словенија и денеска продолжија протестите на родителите и учениците, кои реагираат на долготрајното затворање на образовниот систем, додека премиерот Јанез Јанша рече дека протестите се политички мотивирани и претставуваат злоупотреба на деца. Според новата одлука на Владата, денеска, втора недела по ред, работата на градинките и првите три одделенија во основните училишта во седум области може да продолжи, додека во пет од нив повторно е воведена онлајн настава, а градинките работат само за основни потреби. Ова значи дека околу 16.000 ученици од основните училишта ќе имаат настава од дома, а околу 48. 000 во училиштата, додека во целата држава за повисоките одделенија во основните училишта и за средните училишта ќе продолжи онлајн наставата. Освен протестите во два региона каде што беше воведено учење од далечина, денеска се одржаа протести и акции со симболично оставање ташни пред училиштата во повеќе градови, покрај Копер и Трбовље, и во Љубљана, Марибор и некои други места. Протестот во саботата низ улиците на Копер и Трбовље, на кој се собраа околу илјада ученици и родители, премиерот Јанша го оцени како „неразумно и опасно искористување на децата во политички цели“. Во порака на Твитер, словенечкиот премиер наведе дека епидемиолошката состојба во земјата и во двата региона кои повторно се „затворени“ ќе биде подобра доколку нема спротивставување на владините мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-prodolzuvaat-protestite-poradi-zatvoranjeto-na-uchilishtata/feed/ 0
Сите продавници на Епл во Британија се времено затворени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-prodavnici-na-epl-vo-britanija-se-vremeno-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-prodavnici-na-epl-vo-britanija-se-vremeno-zatvoreni/#respond Tue, 05 Jan 2021 15:31:38 +0000 https://kurir.mk/?p=452221

Американскиот технолошки гигант Епл времено ги затвора сите свои продавници во Велика Британија, вклучувајќи ги и оние во Шкотска, бидејќи земјата воведува дополнителни рестриктивни мерки во борбата против Ковид-19. Епл има 38 продавници во Британија, од кои 20 биле затворени од 22 декември минатата година до почетокот на овој месец, пишува весникот „Индепендент“. Компанијата денеска „стави клуч“ на уште 18 малопродажни објекти во земјата, меѓу кои и во Кембриџ, Плимут, Глазгов и други места. Пред воведувањето на новите ограничувања, продавниците работеа по принципот онлајн нарачки. Во јуни минатата година Епл повторно ги отвори своите 32 продавници во Англија и една во Северна Ирска, почитувајќи ги епидемиолошките мерки за продавниците и купувачите, со задолжително носење маски и држење дистанца од два метра. Велика Британија не е единствената земја, каде Епл мораше да ги затвори продавниците. Компанијата во САД има 271 продавница, од кои моментно се затворени една третина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-prodavnici-na-epl-vo-britanija-se-vremeno-zatvoreni/feed/ 0
Пет затворени угостителски објекти во изминатата недела, два од нив во новогодишната ноќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pet-zatvoreni-ugostitelski-objekti-vo-izminatata-nedela-dva-od-niv-vo-novogodishnata-nokj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pet-zatvoreni-ugostitelski-objekti-vo-izminatata-nedela-dva-od-niv-vo-novogodishnata-nokj/#respond Tue, 05 Jan 2021 13:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=452197

Споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, за повеќе од 60 проценти е намален бројот на угостителски објекти кои биле затворени во минатата недела, од 28 декември до 3 јануари. Затворени се пет, а два од нив за време на новогодишната ноќ – еден во Струмица и еден во Битола. Државниот пазарен инспекторат ги спровел контролите во соработка со МВР. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период (28 декември – 3 јануари), ДПИ извршил 4652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и со законите по кои постапува овој инспекторат. -Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози, рече Грашковска. Директорот на ДПИ Стојко Пауновски во одговор на новинарско прашање соопшти дека двата угосителски објекта во Битола се затворени – едниот, на 3 јануари, поради пречекорување на работното време по 18 часот, и ќе биде затворен десет дена. Другиот објект е казнет 30 работни дена зашто во него на новогодишната ноќ имало забава со многу повеќе луѓе отколку што би собирал во нормални услови. Согласно Закон за прекршоци, ќе биде изречена и глоба. Пауновски во одговор на новинарско прашање рече дека очекува оваа година Инспекторатот да има нови вработувања зашто според договорот со Владата и во рамки на дозволениот буџет за плати, ќе вработат инспектори на местото на тие што се пензионираат. -Нашето барање беше околу 20 луѓе да примиме во 2020 и 2021. За оваа година имаме најавени 32-33 пензионирања, што значи бројката од 20 нови примања ќе ја спроведеме. Дел од кусокот на вработени инспектори во ДПИ во овој период го пополнивме со преземање други административни службеници, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pet-zatvoreni-ugostitelski-objekti-vo-izminatata-nedela-dva-od-niv-vo-novogodishnata-nokj/feed/ 0
Во Италија од денеска затворени регионалните граници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-od-deneska-zatvoreni-regionalnite-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-od-deneska-zatvoreni-regionalnite-granici/#respond Mon, 21 Dec 2020 12:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=446206

Во Италија од денеска, на целата национална територија, ќе стапи на сила забраната за движење меѓу регионите. Според италијанските медиуми, со антиковид мерките што ќе бидат на сила за празниците, цела Италија, без оглед на епидемиолошката состојба, ќе се смета за „црвена“ зона. Ова значи дека тие нема да можат да ги напуштат своите домови освен во исклучителни случаи, но дури и тогаш со таканаречена авто-потврда дека напуштањето е оправдано. Овие објаснувања се многу важни затоа што, доколку некој ја прекрши забраната, предвидените казни изнесуваат од 400 до 3.000 евра, а оправдувањето „не знаев или не разбрав“ не е валидно. Во меѓувреме, на 28, 29, 30 и 4 декември, граѓаните ќе можат да се движат во границите на сопствената општина, а за да преминат во друга општина, ќе мора да имаат и валидно оправдување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-od-deneska-zatvoreni-regionalnite-granici/feed/ 0
Затворени два угостителски објекта во Гостивар, поради непочитување на мерките за спречување на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvoreni-dva-ugostitelski-objekta-vo-gostivar-poradi-nepochituvanje-na-merkite-za-sprechuvanje-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvoreni-dva-ugostitelski-objekta-vo-gostivar-poradi-nepochituvanje-na-merkite-za-sprechuvanje-na-kovid-19/#respond Mon, 21 Dec 2020 10:03:19 +0000 https://kurir.mk/?p=446126

Вчера (20.12.2020) околу 19.15 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ.Н.(50) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18.00 часот и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.В.(62) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица. По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvoreni-dva-ugostitelski-objekta-vo-gostivar-poradi-nepochituvanje-na-merkite-za-sprechuvanje-na-kovid-19/feed/ 0
Училиштата и угостителските објекти во Грција остануваат затворени до 7 јануари 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishtata-i-ugostitelskite-objekti-vo-grcija-ostanuvaat-zatvoreni-do-7-januari-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishtata-i-ugostitelskite-objekti-vo-grcija-ostanuvaat-zatvoreni-do-7-januari-2021-godina/#respond Mon, 07 Dec 2020 12:45:28 +0000 https://kurir.mk/?p=439981

Новогодишните и божиќните празници, Грците ќе ги поминат со затворени кафулиња и угостителски објекти, со оглед на тоа дека заедно со училиштата, објектите за забава, судовите, спортските активности и ски центрите во цела Грција ќе останата затворени до 7 јануари 2021 година, како што денеска соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, до 7 јануари продолжена е и забраната за јавни собири, но и полицискиот час што е веќе во сила, а забрането е и патување меѓу региони. За сите оние кои се вратат од странство во Грција, ќе треба да имаат негативен ПЦР тест, ќе бидат подложени на рапид тест при пристигнувањето, а за периодот од 18 декември до 7 јануари ќе треба да бидат во десетдневен превентивен карантин. За работата на црквите, фризерските салони и продавниците за малопродажба што се затворени поради карантинот, Пецас рече на крајот од седмицава Владата ќе излезе со соопштенија, а за работата на црквите за време на божиќните и новогодишните празници, грчкиот премиер во следните денови ќе стапи во контакт со поглаварот на Грчката православна црква. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishtata-i-ugostitelskite-objekti-vo-grcija-ostanuvaat-zatvoreni-do-7-januari-2021-godina/feed/ 0