затвори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 07:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затвори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Притворените Хрвати за убиството на навивачот се распоредуваат низ грчките затвори каде нема многу Срби за да се спречат судири меѓу затворениците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/#respond Tue, 15 Aug 2023 07:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866833 фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис. Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток. Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор. Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица. „Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема. Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници. Реакција на хрватскиот претседател Милановиќ Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници. Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права. „Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?“, прашува Милановиќ. „Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија“, додаде хрватскиот претседател. „Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема“, остро реагираше Милановиќ.]]>
фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/feed/ 0
Лошо менаџирање, лоша здравствена грижа, насилство, бедни материјални услови, ендемска корупција, нотираше ЕК за затворскиот систем во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/losho-menadziranje-losha-zdravstvena-griza-nasilstvo-bedni-materijalni-uslovi-endemska-korupcija-notirashe-ek-za-zatvorskiot-sistem-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/losho-menadziranje-losha-zdravstvena-griza-nasilstvo-bedni-materijalni-uslovi-endemska-korupcija-notirashe-ek-za-zatvorskiot-sistem-vo-zemjava/#respond Sun, 23 Oct 2022 07:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=749496

Остануваат главните недостатоци на затворскиот систем – лош систем на управување и учинокот на вработените, недостиг на кадар, лош квалитет на здравствена грижа за осудените лица, насилство меѓу осудените лица, бедни материјални услови, недостиг на наменски активности и ендемска корупција, нотира Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Северна Македонија. ЕК нагласува дека има Стратегијата за развој на казнено-поправниот систем 2021-2025, но потенцира дека за нејзина целосна имплементација потребни се средства, дополнителен кадар и политичка посветеност. ЕК забележува дека била формирана меѓуресорска група за следење и оценување на спроведувањето на Стратегијата. Дополнителна загриженост, која ја нотира ЕК е пренатрупаноста на затворите. Според податоците од март 2022 година станува збор за 2.462 осудени и приведени лица. Приоритет треба да биде реновирањето на најзапуштената зграда во Идризово, согласно пепораките на европскиот Комитетот за превенција на тортура, а за професионалноста на менаџирањето на затворите потребно е назначувањето на директорите, вклучувајќи ги оние кои се в.д. да биде исклучиво врз основа на Законот за извршување санкции од 2019 година. Потребно е продолжување на редовните контроли на затворите. Како проблем, кој постојано се повторува е нотирана корупцијата во затворите, која во извештајот го доби епитетот ендемска. Во документот на ЕК се споменува дека во февруари оваа година е усвоен годишен план за борба против корупцијата и тоа треба да се спроведе. Забележано е дека по усвојувањето на програмата за почетна и континуирана обука и специјализација на службеници, конечно профунционирал затворскиот тренинг центар во Идризово и се организираат обуки за нововработените. И натаму проблем е недостигот од здравствена заштита и соодветни мерки за лекување на зависноста од дрога во затворите, што останува прашање на сериозна загриженост и нешто што треба да го реши Министерството за здравство. Северна Македонија треба итно да работи на прашањето што постојано се провлекува околу неадекватните притворски услови во затворите, полициските станици, како и установи за социјална грижа и психијатриски установи, согласно препораките од последниот извештај на КПТ. Во 2021 година, Националниот превентивен механизам изврши 33 посети во полициски станици, затвори и воспитно-поправни установи, како и во места каде се сместени или притворени странци и баратели на азил. Прашањата наведени во текот на минатите години остануваат отворени, особено оние поврзани со недостиг на информации и пристап до адвокат во полициските станици, како и недостиг на соодветна здравствена грижа во затворите. Иако инфраструктурата е реновирана и доставена е медицинска опрема до голем број затворски установи, сепак притворските услови во делови од казнено-поправната установа Идризово и други установи во рамките на затворскиот систем се нечовечки. ЕК потенцира дека Северна Македонија треба да ги спроведе препораките од европскиот Комитет за превенција на тортура (КПТ) објавени во 2021 година. Во 2021 година затворите поднеле 112 извештаи околу употреба на средства на принуда против осудени лица до Управата за извршување на санкции, од кои 27 случаи се однесуваа на употреба на физичка сила, што доведе до инспекции. Во еден случај беше утврдена употреба на физичка сила во затворот Идризово, но затворот не поднесе извештај до Управата за извршување на санкции. Соработката со граѓанските организации во искоренувањето на несоодветното постапување продолжило во текот на периодот на извештајот. Надворешниот механизам за надзор врз полицијата, вклучително и за затворската полиција, се уште не е целосно функционален, забележува ЕК, додавајќи дека Собранието се уште ги нема избрано претставниците од трите граѓански организации. Мора да се решат прашања од минатото што влијаеле врз ефективното учество на претставници од граѓанското општество, вклучително и продолжување на нивниот едногодишен мандат, нагласува ЕК. Во 2021 година, механизмот за граѓанска контрола на Народниот правобранител постапил по осум претставки, две против полициски службеници и шест против припадници на затворската полиција, што претставува намалување од претходната година, кога постапувала по 21 претставки. Поднесе едно барање до Јавното обвинителство за покренување на постапка за утврдување кривична одговорност, наспроти десет слични барања во 2020 година. Ова доведе до постапување по предмет пред Основниот кривичен суд Скопје за малтретирање при вршење на должност од страна на полициски службеник. Во 2021 година, соодветното одделение во Јавното обвинителство отвори 91 нови случаи (кривични пријави) против 213 лица со полициски овластувања или припадници на затворската полиција кои се осомничени за извршување на кривични дела. Како резултат на истрагите, 33 лица беа обвинети, беа поднесени 20 предлог-обвинителни акти и беа изречени првостепени пресуди против 50 лица (шест затворски казни, 36 условни казни, четири глоби и четири ослободителни пресуди) во 2021 година. -Има потреба од засилено подигнување на свеста околу надворешниот механизам за надзор врз полицијата за да се постигне добро разбирање на системот. Сите пријавени случаи мора да се истражат без одлагање, а заштитните механизми против несоодветно постапување од страна на полицијата мора систематски да се спроведат. Во 2021 година, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во рамките на Министерството за внатрешни работи постапуваше по 63 претставки околу употребата на прекумерна физичка сила од страна на полициски службеници (65 претставки во 2020 година), од кои 19 беа утврдени дека се неосновани, а кај 40 недостасуваа докази. Беа поднесени три кривични пријави за несоодветно постапување при вршење на должност и беше поднесено едно известување до Јавното обвинителство, се наведува во извештајот на ЕК. Процесот на враќање во општеството на лицата, кои ја отслужиле затворската казна треба да се реализира преку меѓуинституционална соработка меѓу затворите и пробациската служба. Пробацискиот систем продолжува да се развива, а бројот на случаи се зголемува, нотира ЕК. Во 2021 година евидентирани се 451 пробациски случај (276 во 2020 година), од кои повеќето се општокорисна работа, условни казни со заштитен надзор и надзор за условен отпуст. Потребно е продолжување на соработката и меѓу јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество, како и меѓуагенциската соработка. Подобрена е и координацијата меѓу пробациските службенци, судиите, јавните обвинители, затворскиот персонал и други институции пред ослободувањето на осуденикот и тоа треба да продолжи, како и подигнувањето на свеста за придобивките од условната казна. ЕК нагласува дека не е постигнат напредок во однос на усвојувањето на измените на законската рамка за зголемување на употребата на алтернативните казни и алтернативни процедури. Овие мерки, нагласува ЕК, се неопходни за да се подобри ресоцијализацијата и рехабилитацијата на осудените лица, со што ќе се намали ризикот од повторување на кривичното дело, вклучувајќи ги тука и малолетниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/losho-menadziranje-losha-zdravstvena-griza-nasilstvo-bedni-materijalni-uslovi-endemska-korupcija-notirashe-ek-za-zatvorskiot-sistem-vo-zemjava/feed/ 0
„Затворениците спијат на под со бубашваби и се бањаат во студена вода“ – народниот правобранител открива каква е состојбата во македонските затвори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorenicite-spijat-na-pod-so-bubashvabi-i-se-banjaat-vo-studena-voda-narodniot-pravobranitel-otkriva-kakva-e-sostojbata-vo-makedonskite-zatvori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorenicite-spijat-na-pod-so-bubashvabi-i-se-banjaat-vo-studena-voda-narodniot-pravobranitel-otkriva-kakva-e-sostojbata-vo-makedonskite-zatvori/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=695106

Пренатрупани простории полни со бубачки, мувла, влага... на сунѓери, на железни кревети, па и на под, расипани чешми, туширање со ладна вода или пак, воопшто немање на услови за користење на вода... Ова се дел од условите во затворите во државава кои со години не се менуваат, а кои во годишниот Извештај ги презентираше народниот правобранител Насер Зибери. „Продолжува проблемот со пренатрупаноста во затворите низ државава, а состојбата во затворот во Идризово е загрижувачка. Уште позагрижувачко е што во оваа установа е половина од популацијата упатена на издржување на затвор. Во „Идризово" констатирано е дека по 16 лица се во една просторија, а има 8 кревети и 16 метри квадратни, во 19 квадрати се 12 лица, а има и повеќе од 9 лица. Постојат несоодветните материјални услови и не се врши сместување во така нареченото второ, петто и осмо крило. Условите во кои се сместени осудениците во затворениот дел, како и во Амбуланта може да се опишат како нехумани и деградирачки. Спијат на под и на сунѓери, на под, во импровизирани метални кревети. Хигиената е лоша, има лебарки, бубашваби, тафтаби, немаат пристап до топла вода и нема можност за одржување на лична хигиена. Ова влијае и за тензичната атмосфера и затоа често има тепачки. Во однос на материјалните услови загрижувачка е и состојбата во затворот во Шутка, простории во исклучително лоша состојба, а за кои веќе е укажано дека треба да се затворени. Полни се со влага, мувла со несоодветни кревети и душеци, расипани чешми...", истакна омбудсманот Зибери. За затворот во Куманово кој е пуштен во употреба во 2013 година, Зибери истакна дека нема вода и овој проблем подолго се провлекува. „Во затворот во Куманово немаат вода, иако овој затвор е пуштен во употреба во 2013 година, проблемот со вода не е решен. Се вели дека се преземаат мерки за решавање на проблемот, но се складира вода во импровизирани садови. Во останатите затвори секаде се преземени зафати, но за жал заради невнимателно користење на истите, реновираните простории се амортизарани. Само во Затворот во Тетово е подобрена инфраструктурата. Посебен проблем е несоодветното однесување од вработените. Поплаки во овој дел има од повеќе казнено-поправни установи. Голем број од осудените лица се плашат да ги изнесат забелешките јавно. Безбедноста и сигурноста на затворените лица исто така е на ниско ниво, нема доволно број на затворски чувари и недостигот на персонал е секаде ист. Нехуман начин на постапување со осудените лица е и користењето на кожни ремени, лисици", додаде Зибери. Тој истакна дека проблем е и здравствената заштита постои и не е доволно организиран во тој дел, за да може да им овозможи консултации и лекарска помош на оние на кои им е потребна. Народниот правобранител вели дека и покрај ветувањата на властите, состојбата не е променета и упати апел до Министерството за здравство и Министерството за правда дека ова мора да им биде приоритет во клучните реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorenicite-spijat-na-pod-so-bubashvabi-i-se-banjaat-vo-studena-voda-narodniot-pravobranitel-otkriva-kakva-e-sostojbata-vo-makedonskite-zatvori/feed/ 0
Немири во три затвори во Еквадор, загинаа повеќе од 70 затвореници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-tri-zatvori-vo-ekvador-zaginaa-povekje-od-70-zatvorenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-tri-zatvori-vo-ekvador-zaginaa-povekje-od-70-zatvorenici/#respond Wed, 24 Feb 2021 07:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=473037

Над 70 лица се убиени во бунтовите во три затвора во Еквадор, извршени од локални криминални организации, соопшти синоќа Управата за затвори во земјата, јави ДПА. Националниот сервис за грижа за лицата лишени од слобода (СНАИ) соопшти дека регистрирал дополнителни 13 жртви, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 75, бидејќи и натаму се собираат информациите за насилството во трите објекти. -Неколку членови на персоналот се повредени при нарушувањето на јавниот ред и мир во затворите, но меѓу нив нема загинати, изјави директорот на СНАИ, Едмундо Монкајо, на прес-конференција, пренесе ДПА. Еквадорската полиција на Твитер потври дека во немирите во трите затвори загинале повеќе од 50 лица. Владата овие немири ги опиша како „координирана акција на организираниот криминал“, пренесуваат британските медиуми. Немири избувнаа во четири затвори, а според премиерката Патриша Пазмин, тие се резултат на судири меѓу криминални банди во нив. Според извештаите на локалните медиуми, членовите на семејствата на уапсените ја потврдиле оваа информација, велејќи дека членови на една банда нападнале членови на друга банда. Претседателот Ленин Морено рече дека полицијата прави се за повторно да се воспостави редот во затворите, пренесоа светските медиуми. „Полицијата и Министерството за внатрешни работи работат на враќање на контролата врз затворите во Гвајакил, Куенка и Латакунга“, соопшти Морено на Твитер. Морено подоцна додаде дека на Министерството за одбрана му наредил да „спроведе строга контрола на оружјето, муницијата и експлозивите во надворешниот периметар на затворите“ по насилните немири во трите затвори. Еквадорската армија соопшти дека ја поддржува полицијата во безбедносните операции околу трите соединенија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-tri-zatvori-vo-ekvador-zaginaa-povekje-od-70-zatvorenici/feed/ 0
Британските затвори предлагаат бесплатна марихуана за осудениците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-zatvori-predlagaat-besplatna-marihuana-za-osudenicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-zatvori-predlagaat-besplatna-marihuana-za-osudenicite/#respond Tue, 12 Jan 2021 10:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=454205

Управата на британските затвори предлага да се воведе бесплатна марихуана за затворениците, со цел да се намали смртноста од предозирање со тешки дроги, да се надмине зависноста и да се намали насилството помеѓу осудениците. Затворите треба да воведат експериментална програма за обезбедување бесплатна марихуана на затворениците зависници за да утврдат дали тоа ќе помогне да се намали смртноста од предозирање и да се намали насилството во затворите, изјави британскиот полициски комесар Еброн Џоунс од казнено-поправниот дом Северен Велс. Тој истакна дека голем број на затвореници се на метадонска терапија како замена за хероин, а на повеќемина им се препишуваат силни аналгетици, што се потенцијално опасни лекови. Во исто време, во затворите циркулираат сите дроги. – Ако веќе се на опијати, зошто да не добијат канабис? Сите тие опијати се далеку поопасни од канабисот. Покрај тоа, ние би спречиле нелегално внесување на дрога во затворите и ќе ја намалиме корупцијата помеѓу затворскиот персонал, истакна Џоунс. Во Велика Британија, марихуаната сè уште е нелегална, но нејзината медицинска употреба е легализирана, иако можноста за добивање екстракт од масло од канабис преку здравствената услуга е скоро невозможна поради несогласувањето на здравствените работници за нејзините придобивки. Џоунс предлага посебен режим за да се обезбеди легална дистрибуција на канабис за затвореници. – Да испорачаме марихуана под контролирани услови и да видиме дали криминалот ќе се намали, додаде Џоунс, додавајќи дека идејата најпрво ја иницирал фармакологот д-р Стефани Шарп. Според последните податоци на британското Национално биро за статистика, во периодот од 2008 до 2016 година, во затворите имало 88 смртни случаи поврзани со дрога, претежно од метадон, хероин и бензодиазепини. Додека, смртноста од синтетички лекови нагло се зголеми во последните неколку години. Студија на Универзитетот Џон Хопкинс, спроведена во периодот од 1999 дои 2014 година, открива дека смртноста од предозирање со опијат опаднала за 25 проценти во американските сојузни држави, кои го легализирале медицински канабис. Друго американско истражување, од друга страна, наведува дека пациентите кои користат канабис во борба против хронична болка, значително ја намалиле употребата на опијат. – Имаме нула толеранција кон дрогата и тесно соработуваме со здравствените служби за да обезбедиме поддршка на осудените лица, кои се зависни од разни терапии и рехабилитација, истакна портпаролот на британската Служба за спроведување на затворот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-zatvori-predlagaat-besplatna-marihuana-za-osudenicite/feed/ 0
Се претера со популизмот: Маричиќ ќе се борел против криминалот, а не знае колку затвори има во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pretera-so-populizmot-marichikj-kje-se-borel-protiv-kriminalot-a-ne-znae-kolku-zatvori-ima-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pretera-so-populizmot-marichikj-kje-se-borel-protiv-kriminalot-a-ne-znae-kolku-zatvori-ima-vo-makedonija/#respond Fri, 25 Sep 2020 12:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=408433

Популизмот на „чесните кадри” на СДСМ го проби дното. Новиот министер за правда Бојан Маричиќ иако во неколку наврати пробува да се претстави како професионалец од областа, сепак падна на прашање кое би требало да го знае многу добро. Во дебатна емисија заедно членот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски, Маричиќ покажа основни непознавања за секторот кој го води. Менкиноски го праша Маричиќ дали воопшто знае колку затвори има во Македонија, на што Маричиќ немаше одговор. Тоа доволно говори за фактот дека кадрите на СДСМ не само што не се професионалци во институциите со кои раководат, туку и дрско манипулираат со јавноста. Маричиќ во изминатите години беше еден од гласноговорниците на „Шарената револуција” од која наместо да произлезе нов модел на функционирање и елиминирање на досегашните грешки, произлегоа партиски профитери и моментални функционери, кои искрените демонстранти од тоа време ги искористија за само да седнат во функционерска фотеља. Според Менкиноски, човек кој не ги знае основните работи кои треба да ги знае од својот сектор, тој не треба воопшто ниту да ја води таа институција. Неквалитетните и несериозните кадри на СДСМ освен што не ја работат работата која што треба да ја работат бидејќи се поставени на таа функција, тие и прават штета поради незнаење и експериментирање.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pretera-so-populizmot-marichikj-kje-se-borel-protiv-kriminalot-a-ne-znae-kolku-zatvori-ima-vo-makedonija/feed/ 0
Коронавирусот ја затвори „ОДВ Електрик“ во охридско-струшкиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-ja-zatvori-odv-elektrik-vo-ohridsko-strushkiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-ja-zatvori-odv-elektrik-vo-ohridsko-strushkiot-region/#respond Fri, 15 May 2020 19:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=346419

Коронавирусот ја затвори првата странска инвестиција во охридско-струшкиот регион, „ОДВ Електрик“ со повеќе од 450 вработени. Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека коронавирусот е дијагностициран кај едно лице вработено во оваа германска компанија од областа на автомобилската индустрија, објави телевизија Алфа. Заразената која одела на работа до 8-ми мај, е со лесна клиничка слика и нејзиното лекување се спроведува во домашни услови. Компанијата во која денес се врши целосна дезинфекција, ќе биде затворена најмалку до 23-ти мај, велат од Центарот за јавно здравје. Од таму додаваат дека ќе се тестираат само оние лица кај кои евентуално ќе се појават симптоми, но 90 лица кои биле во непосреден контакт со заразената и со уште двајца други вработени, кои иако се негативни, имале контакт со заразен од опасниот вирус. Проект менаџерот на компанијата, Огнен Цубалески тврди дека строго се почитувале сите пропишани мерки на претпазливост. – Според моите сознанија, не постои 100%-на заштита од вируси, но компанијата и сите вработени го даваат својот максимум за да обезбедат безбедна работна средина. Јас лично, како и останатите колеги, не очекуваме да се развијат повеќе случаи на заболени од корона. Појавувањето на првиот случај на заразен од корона грип, не принуди да ја затвориме фабриката,но поради падот на побарувачката на светскиот пазар, „ОДВ Електрик“ планираше да го прекине производството следната недели, вели за Алфа проект меџњерот на компанијата, Огнен Цубалески. „ОДВ Електрик“ произведува за познати купувачи и нивни нарачки. Дали и колку ќе работиме не зависи од нас, туку од светскиот пазар на автомобили, вели Цубалески кој отворено зборува и за финансиските загуби на компанијата од појавата на Ковид-19. Производството во април и мај е паднато на 1/3 од очекуваното, додека трошоците се непроменети. Во моментов целосниот ефект од запирањето на економскиот живот воопшто не може да се процени, само е јасно дека оваа економска криза ќе биде многу по-силна од сите досегашни економски кризи што ги имаме доживеано после втората светска војна. До сега успеавме да ги задржиме сите вработени и ќе сториме се’ да нема отпуштања, вели Цубалески но за жал, овде последниот збор ќе биде кажан од светскиот пазар, којшто не само „ОДВ Електрик“, туку и целата Македонска економија ќе мора да го следи. Во моментов никој во светот не може да процени колку ќе биде голем падот на економијата и кога ќе почнеме со опоравување, додава Цубалески. Извор: Алфа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-ja-zatvori-odv-elektrik-vo-ohridsko-strushkiot-region/feed/ 0
Рауфи: Има затвореници со коронавирус и државата го крие тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raufi-ima-zatvorenici-so-koronavirus-i-drzavata-go-krie-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raufi-ima-zatvorenici-so-koronavirus-i-drzavata-go-krie-toa/#respond Tue, 24 Mar 2020 10:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=321309

Владините мерки за заштита од вирусот корона треба да се спроведуваат и во судството, бара адвокатот Насер Рауфи. Според него, набиената агенда во судовите претставува потенцијален ризик за зараза, но и ширење на Covid-19 како за адвокатите така и за судиите и обвинителите. Во изјава за ЖУРНАЛ, Рауфи истакна дека има затвореници кои што се многу болни и ниту еден доктор не оди да ги прегледа, и дека ова државата го крие. Тој, дури е и убеден дека има затвореници кои се заразени од новиот коронавирус, но дека истите немаат никаков медицински третман. Рауфи апелира, надлежните да направат ревизија во затворите и да им дадат соодветен медицински третман на затворениците. -Секако дека треба да се одложат судските рочишта. Само кај оние предмети на кои што инсистираат адвокатите, мислам на предмети за притвор на кои што инсистира адвокатот или обвинетиот за да се одржат, другите сите треба да се одложат. И во затворите треба да се направи ревизија, има многу болни. Има болни и од новиот коронавирус и ова надлежните органи го кријат затоа што немаат услови да ги лекуваат, рече адвокатот Рауфи во изјавата за Журнал. Тој истакна дека има и со други многу потешки заболувања како хепатити, и порача дека тие треба да се пуштат или во домашен притвор или затвор. Со Законот за кривична постапка, вели Рауфи, предвиден е и домашен затвор, не само домашен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raufi-ima-zatvorenici-so-koronavirus-i-drzavata-go-krie-toa/feed/ 0
САД ќе ја затвори границата со Мексико за сите непотребни патувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-ja-zatvori-granicata-so-meksiko-za-site-nepotrebni-patuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-ja-zatvori-granicata-so-meksiko-za-site-nepotrebni-patuvanja/#respond Fri, 20 Mar 2020 18:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=319706

Границата меѓу САД и Мексико ќе се затвори за сите несуштински патувања, како што беше случајот меѓу САД и Канада, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот, објави Вашингтон. – САД и Мексико решија да го забранат патувањето што не е потребно преку нашата заедничка граница, рече американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео на денешната прес-конференција. Тој додаде дека двете држави знаат колку е важно да се соработува за да се ограничи ширењето на вирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-ja-zatvori-granicata-so-meksiko-za-site-nepotrebni-patuvanja/feed/ 0
Белгија ги затвора границите, казни од 4000 евра и 3 месеца затвор за непочитување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-gi-zatvora-granicite-kazni-od-4000-evra-i-3-meseca-zatvor-za-nepochituvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-gi-zatvora-granicite-kazni-od-4000-evra-i-3-meseca-zatvor-za-nepochituvanje/#respond Fri, 20 Mar 2020 18:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=319668

Министерот за внатрешни работи на Белгија, Питер Де Крем, најави дека земјата ќе ги затвори своите граници освен за неопходни патувања и превоз, јави дописничката на МИА од Брисел. Бројот на заразени расте секојдневно во Белгија и властите очекуваат оптоварување на здравствениот систем во текот на овој викенд. Министерот за внатрешни работи вечерва се обрати на јавноста и најави дека границите се затвораат освен за неопходни случаи, како на пример превоз на суштински производи и опреми или враќање на белгиските граѓани заглавени надвор од земјата. Одлуката е донесена по интензивни консултации со сите соседни држави, рече министерот. Конкретно тоа значи дека од денеска има контроли на граничните премини за да се оцени дали преминувањето на границата е неопходно, а забрането е и да се патува внатре во земјата доколку не е неопходно. Туристичките патувања во Белгија се посебно забранети и контролите на границите од сега се применуваат, изјавија од кабинетот на министерот. Полицијата е подготвена да ги контролира патиштата, пристаништата, железничките и аеродромите. Непочитувањето на овие мерки се казнува до четири илјади евра и/или три месеци затвор. Што се однесува до прекуграничните работници кои мораат да одат на работа, работодавецот мора да им издаде оправдание. Информирани се властите на соседните земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-gi-zatvora-granicite-kazni-od-4000-evra-i-3-meseca-zatvor-za-nepochituvanje/feed/ 0