затворски казни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 13:46:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png затворски казни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведени две лица за издржување на затворски казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-litsa-za-izdrzhuvane-na-zatvorski-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-litsa-za-izdrzhuvane-na-zatvorski-kazni/#respond Wed, 05 Jul 2023 13:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=853111

На 04.07.2023 од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи Гази Баба во 20:00 часот на ул.„Бутелска“ бил лишен од слобода А.А.(41) од Скопје, а во 21:35 часот на ул.„Индира Ганди“ бил лишен од слобода С.А.(44) од Скопје. За нив биле распишани централни потерници по наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, според кои А.А. се барал за издржување на казна затвор од една година и 8 месеци за сторени кривични дела по чл.236 и чл.206 од Кривичниот законик, а С.А. за казна затвор од 2 години за сторено кривично дело по чл.235 од Кривичниот законик. Двете лица биле предаден на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-litsa-za-izdrzhuvane-na-zatvorski-kazni/feed/ 0
Сицилија: Затворски казни за 91 лице што ја измамиле ЕУ за пет милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sicilija-zatvorski-kazni-za-91-lice-shto-ja-izmamile-eu-za-pet-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sicilija-zatvorski-kazni-za-91-lice-shto-ja-izmamile-eu-za-pet-milioni-evra/#respond Tue, 01 Nov 2022 17:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=754032

Суд во Сицилија осуди на затворски казни 91 член на организирана криминална група која ги оштетила земјоделските фондови на Европската Унија за пет милиони евра. Судот во Пати пресуди во тужбата поднесена минатиот март против членовите на организацијата обвинети за измама и уцена со цел да добијат помош од ЕУ за пасиштата. Со пресудата, 91 член на групата се осудени на затворски казни од две до 30 години, додека десет обвинети се ослободени. Извештаите на локалните медиуми за случајот посочија дека меѓу 2010 и 2017 година, 150 компании ја измамиле ЕУ за околу пет милиони евра за пасишта, вклучително и земјишта кое постојат само на хартија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sicilija-zatvorski-kazni-za-91-lice-shto-ja-izmamile-eu-za-pet-milioni-evra/feed/ 0
Приведени две лица од тетовско за издржување затворски казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-tetovsko-za-izdrzuvanje-zatvorski-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-tetovsko-za-izdrzuvanje-zatvorski-kazni/#respond Wed, 11 May 2022 09:46:58 +0000 https://kurir.mk/?p=675007

На 10.05.2022 во 08.20 часот во тетовско Шемшово, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце, врз основа на судска наредба, го привеле И.Е.(67) од Шемшово за издржување на затворска казна. Истиот ден, во 16.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Н.С.(52) од тетовско Камењане за издржување затворска казна. Тие биле предадени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-tetovsko-za-izdrzuvanje-zatvorski-kazni/feed/ 0
Приведени двајца тетовци за издржување на затворски казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-tetovci-za-izdrzuvanje-na-zatvorski-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-tetovci-za-izdrzuvanje-na-zatvorski-kazni/#respond Fri, 11 Feb 2022 10:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=630110

На 10.02.2022 полициски службеници на СВР Tетово околу 11.45 часот на улица „146“ во Тетово го лишиле од слобода Н.А.(27), а околу 17:15 часот на улица „180“ во Тетово го лишиле од слобода В.С.(33), двајцата од Тетово. За двете лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворска казна. И двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-tetovci-za-izdrzuvanje-na-zatvorski-kazni/feed/ 0
Во Белорусија изречени долги затворски казни за истакнати опозиционери, Западот бара крај на „тешката репресија“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-izrecheni-dolgi-zatvorski-kazni-za-istaknati-opozicioneri-zapadot-bara-kraj-na-teshkata-represija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-izrecheni-dolgi-zatvorski-kazni-za-istaknati-opozicioneri-zapadot-bara-kraj-na-teshkata-represija/#respond Wed, 15 Dec 2021 07:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=608644

Белоруски суд вчера изрече долги затворски казни за неколку критичари на режимот на претседателот Александар Лукашенко, меѓу кои и сопругот на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја. Сергеј Тихановски, кој е во притвор околу 1,5 година, осуден е на 18 години затвор поради организирање на антивладини протести, поттикнување социјално непријателство, попречување на работата на Централната изборна комисија и организирање акции со што бил нарушен јавниот ред. Сергеј Тихановски е познат видео блогер, кој се кандидираше за претседател, но беше уапсен под сомнителни обвиненија и ставен во затвор. На негово место беше номинирана неговата сопруга Светлана Тихановскаја, која го освои второто место на претседателските избори. Опозицијата одби да ги признае резултатите и организираше протести, кои во некои случаи прераснаа во немири. Вчера беа изречени драконски пресуди и за други опозиционери. Меѓу нив е уште еден видео блогер, Ихар Лосик, кој е осуден на 15 години затвор. Четворица други обвинети се осудени на затворски казни од 14 до 16 години. Тие беа уапсени пред контроверзните претседателски избори одржани во август 2020 година. Авторитарниот владетел Александар Лукашенко тврди дека на тие избори го добил шестиот мандат на власт и покрај широко распространетото верување дека гласовите биле наместени, што доведе до масовни протести. „Самото постоење на овие луѓе е криминал за режимот. Тие се казнети затоа што сакаа да живеат во слободна Белорусија“, напиша Светлана Тихановскаја на Твитер веднаш по објавувањето на веста за пресудата. „Диктаторот јавно им се одмаздува на своите најсилни противници. Криејќи ги политичките затвореници на затворени судења, тој се надева дека репресијата ќе продолжи во тишина. Но, целиот свет гледа. Ние нема да застанеме“, додаде таа. Тихановскаја живее во егзил во Литванија откако избега од Белорусија по изборите поради загриженост за нејзината безбедност и безбедноста на нејзините две деца. Обвинетите, кои се во притвор од нивното апсење, се товарат за разни наводни кривични дела, меѓу кои организирање масовни немири, поттикнување нетрпеливост, попречување на работата на Централната изборна комисија и организирање активности кои го нарушуваат општествениот поредок. Нејасно е зошто на некои од обвинетите им се судеше заедно или зошто судењето се одвиваше зад затворени врати. Судењето, кое траеше 173 дена, беше едно од најдолгите во историјата на Белорусија. Групите за човекови права ги сметаат сите шестмина осудени во југоисточниот град Хомел како политички затвореници. По изборите, десетици илјади луѓе беа приведени, а активистите за човекови права велат дека повеќе од 800 луѓе се сметаат за политички затвореници. По изречените драконски казни, веднаш се огласија и западните земји. Германската министерка за надворешни работи остро ја осуди казната против лидерот на белоруската опозиција Сергеј Тихановски. – Ги земав предвид скандалозните казни против Сергеј Тихановски и другите, изјави Аналена Бербок на прес-конференција за време на посетата на Стокхолм. „Тие се срам за владеењето на правото и меѓународните обврски на Белорусија, додаде таа. Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен, по изрекувањето на казните, повика да се стави крај на „тешката репресија“ во Белорусија. „Ниту едно од овие лица, ниту белорускиот народ, не заслужуваат да трпат таква тешка репресија“, се наведува во изјавата на државниот секретар Блинкен. Европската унија, исто така ги осуди вчерашните пресуди. Портпаролот на европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, изјави дека станува збор за „неосновани“ и „строги“ казни изречени за шестмината опозиционери и дека ЕУ подготвува нови санкции против Белорусија. -Овие пресуди се нови примери на неосновани обвинувања против белоруските граѓани, кои го искористија своето право да се изразат и побараа слободни и рамноправни избори, рече портпаролот Петер Стано . За него, пресудите се „брутална и систематска репресија на сите независни гласови во Белорусија“ и дека ЕУ силно ги осудува овие флагрантни и постојани прекршувања на човековите права и основните слободи од режимот во Минск. -Поради постојаното влошување на кршењето на човековите права и репресијата, ЕУ планира да воведе нови санкции, додаде Стано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-izrecheni-dolgi-zatvorski-kazni-za-istaknati-opozicioneri-zapadot-bara-kraj-na-teshkata-represija/feed/ 0
За упадот во Капитол Хил изречени уште две затворски казни од по 6 месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-upadot-vo-kapitol-hil-izrecheni-ushte-dve-zatvorski-kazni-od-po-6-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-upadot-vo-kapitol-hil-izrecheni-ushte-dve-zatvorski-kazni-od-po-6-meseci/#respond Sat, 24 Jul 2021 18:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=541358

Двајца мажи од американската држава Охајо ќе добијат казна затвор до шест месеци и парична казна од по 5.000 американски долари за учество во упадот во Капитол Хил на 6 јануари годинава. Тие се изјасниле за виновни за хулиганство, објави Ројтерс. Пресудите официјално ќе бидат соопштени во септември Откако упаднале, тие се фотографирале во канцелариите на спикерот на Претставничкиот дом (долниот дом на Конгресот) Ненси Пелоси. Дерек Јанкарт (39) и Ерик Рау (28) се меѓу најмалку 20 лица кои ја признаа вината за насилниот упад во Конгресот. Претходно 38-годишниот Пол Хоџкинс веќе е осуден на осум месеци затвор за попречување на работата на Конгресот. Ана Морган-Лојд беше осудена на три години условна казна и општокорисна работа, а Мајкл Курцио беше осуден на шест месеци затвор, онолку колку што поминал затворен додека чекаше судовите да го решат неговиот случај. Дури 535 Американци, приврзаници на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се обвинети за учество во незаконски активности во Капитол Хил на 6-ти јануари. Некои од овие лица се обвинети за извршување на неколку незаконски дела одеднаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-upadot-vo-kapitol-hil-izrecheni-ushte-dve-zatvorski-kazni-od-po-6-meseci/feed/ 0
Дескоска: Засега нема да се носи одлука за времен прекин на затворските казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-zasega-nema-da-se-nosi-odluka-za-vremen-prekin-na-zatvorskite-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-zasega-nema-da-se-nosi-odluka-za-vremen-prekin-na-zatvorskite-kazni/#respond Fri, 17 Apr 2020 13:21:04 +0000 https://kurir.mk/?p=333595

Иако се размислувало за евентуален времен прекин на затворските казните на ограничен дел од затворениците до 1 септември, министерската за правда, Рената Дескоска, за Алсат М вели дека „сега за сега нема да се носи таква одлука“. Оваа потенцијална опција во контекст на корона-кризата и состојбата во затворите се разгледувала во соработка со здравствените власти, но засега нема информација дали и кога би се донела таква одлука. Од Управата за извршување санкции велат дека се на располагање со свое мислење и експертиза, но досега не се информирани за ваков процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-zasega-nema-da-se-nosi-odluka-za-vremen-prekin-na-zatvorskite-kazni/feed/ 0
Четири затворски казни за случајот со малиот Алмир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-zatvorski-kazni-za-sluchajot-so-maliot-almir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-zatvorski-kazni-za-sluchajot-so-maliot-almir/#respond Thu, 05 Apr 2018 12:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=36899

Судот во Куманово само што ја објави пресудата преку која на обвинетиот Бобан Илиќ му изрече шестгодишна затворска казна. Во меѓувреме, таткото на Алмир, Седат Алиу, беше осуден на шест месеци затвор, Абдула Алиу, 9 месеци затвор, и Сами Демири 9 месеци затвор. -Срамно е што за таков сериозен прекршок ќе му се изрече пресуда од 6 години. Судот не ги зема предвид многуте факти, вклучувајќи го и животот на младиот Алмир Алиу, а пак за да биде пресудата е уште поскандалозна, судот му изрече казна на таткото и на семејството на Алмир, рече адвокатот Асмир Алиспахиќ, сметајќи дека постои сериозен проблем кога станува збор за изразување на правдата пред претставниците на етничките Албанци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-zatvorski-kazni-za-sluchajot-so-maliot-almir/feed/ 0