зависници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Jul 2019 11:48:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зависници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аеродромци на протест пред поликлиниката „Јане Сандански“, не сакаат тука да се лекуваат зависници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromci-na-protest-pred-poliklinikata-jane-sandanski-ne-sakaat-tuka-da-se-lekuvaat-zavisnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromci-na-protest-pred-poliklinikata-jane-sandanski-ne-sakaat-tuka-da-se-lekuvaat-zavisnici/#respond Sun, 21 Jul 2019 11:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=220698

Стотина граѓани се собраа денеска на протест пред поликлиниката „Јане Сандански“ во општина Аеродром, откако пред неколку денови Министерството за здравство одлучи, пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности, метадонската терапија да ја примаат и во оваа здравствена установа. Протестот беше организиран од „Граѓанската иницијатива-Гласот на Аеродром“, а меѓу присутните беше и поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски. „Сметаме дека одлуката е скандалозна бидејќи објективно проблемот на Кисела Вода ќе биде решен, но ќе биде префрлен на други три места. Тоа секојдневие кое го има во Кисела Вода ќе се префрли тука. Бараме одлуката да се повлече. Решението треба да го најде Филипче. Масовноста ќе се зголемува од ден на ден ако одлуката не се промени. Нема расположение ниту зависниците привремено да останат тука“, рече Коневски. Повеќе од стотина граѓани, главно жители од зградите во близина на поликлиниката, мирно го изразија својот револт од одлуката на Министерството, а некои беа дојдени и со деца. Тие сметаат дека е недозволиво зависници да примаат терапијаа во оваа болница каде секојдневно се лекуваат и деца, а во чија непосредна близина има две градинки и основно училиште. Некои од жителите на населбата Аеродром коментираат дека проблемот со терапијата на зависниците надлежните треба да го решат со изградба на објекти на периферијата од Скопје, а не со нивна распореденост во густо населени локации во градот, како што е Аеродром и слични. „На ова место има црква, згради, градинки, училишта… Во паркот кај црквата ние сме наоѓале шприцеви од дрога. Не сме против зависниците. Но, наместо да се градеа објекти кои ништо не значат, требаше да се изградат објекти на периферија на градот и така ќе се решеше проблемот“, изјави жител на Аеродром Министерството за здравство пред неколку дена донесе одлука за дисперзија на Програмата за третман и превенција на зависности, од дневниот Центар во Кисела Вода, во поликлиниките во Аеродром, Ченто, Бардовци и во болницата „8 Септември“. Жителите од овие општини набрзо по соопштението, повикаа на протести преку социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromci-na-protest-pred-poliklinikata-jane-sandanski-ne-sakaat-tuka-da-se-lekuvaat-zavisnici/feed/ 0
Јаревски: Секое утро иста или слична глетка и тоа со мал број зависници од Карпош (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jarevski-sekoe-utro-ista-ili-slichna-gletka-i-toa-so-mal-broj-zavisnici-od-karposh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jarevski-sekoe-utro-ista-ili-slichna-gletka-i-toa-so-mal-broj-zavisnici-od-karposh-foto/#respond Sat, 20 Jul 2019 11:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=220458

Предмалку на својот фејсбук профил Тони Јаревски објави фотографија на која се гледа со што се соочуваат граѓаните на Карпош. „Секое утро иста или слична глетка. И тоа со мал број зависници од Карпош. Сега другарчињата на Боки13 од СДС решиле да ги донесат за терапија и зависниците од Љака, Грчец, Кондово цел Сарај и Ѓ. Петров. Замислете ја глетката потоа. Имаат право што се гневни граѓаните.Ова се слики од место каде во радиус од 500м се три големи средни училишта, едно основно, трговски центар, ах да, и просториите на Општината. Прав рај за "сомнителните типчиња" од тротоарите, вистински кошмар за граѓаните што живеат во Карпош и се секојдневно сведоци на истото. П. С Сарај има и простор и персонал за згрижување на зависниците што сега сакаат да ги наметнат и третираат во Карпош“ пишува на својот фејсбук статус Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jarevski-sekoe-utro-ista-ili-slichna-gletka-i-toa-so-mal-broj-zavisnici-od-karposh-foto/feed/ 0