завршни зборови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 11:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png завршни зборови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно одложени завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Wed, 10 May 2023 09:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=832595

По втор пат се одложи рочиште за завршни зборови во судскиот процес за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор Артан Етеми, судијата Јордан Велковски го презакажа судењето за 29 мај во 10 часот. Претходно на 25 април завршните зборови беа одложени за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Флорим Бесими. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. И денеска повторно група граѓани се собраа пред судот во Тетово на мирен собир за да искажат поддршка за обвинетиот д-р Бобан Вучевски. -На правдина го теретат докторот. Треба да одговара тој што ја градел болница, а не доктор кој ги лечел луѓето, што спасувал животи. Бил добар доктор. Наместо во болница го малтретираат тука, истакнаа граѓаните. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
Завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/#respond Wed, 10 May 2023 06:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=832481

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе. Ова е втор обид да има завршни зборови откако рочиштето на 25 април беше одложено за денес поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими. Неговиот адвокат, кој беше присутен на судењето пред пред две недели, образложи дека Бесими поради здравствени причини не може да присуствува на судењето. Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот на рочиштето во 10 часот. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела - „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/feed/ 0
Утре завршни зборови на Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-na-bojan-jovanovski-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-na-bojan-jovanovski-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/#respond Thu, 17 Mar 2022 16:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=649053

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски утре во Основниот Кривичен суд Скопје ќе ги даде завршни зборови, бидејќи на претходното рочиште по барање на адвокатите беше одложено, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа. Во меѓувреме Обвинителството бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се огласат за виновни затоа што во постапката се докажало дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците Хуманоста на невладината „Меѓународен сојуз" остана само на хартија, а во реалност се случи измама, со овие зборови обвинителот Трајче Пеливанов ги почна завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз", каде првообвинет е Бојан Јовановски Боки 13. Според обвинителот Пеливанов, во тек на ова постапка било докажано дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците. Обвинетите сериозно работеле да оставаат силен впечаток во јавноста. Неспорно е дека оваа дело обвинетиот Бојан Јовановски, не можел да го реализира сам, туку со влијание на останатите обвинети. Неспорна е и улогата на обвинетата Ременски, таа знаела дека извршната власт не стоела зад договорите. Оштетените кажаа дека доколку не била обвинетата Ременски, немале да ги склучат договорите, рече Пеливанов, наведувајќи дека што се однесуваа на обвинетата Јасна Мандиќ, таа ги контактирала странките и знаела се што се случува во невладината „Меѓународен сојуз". Според Пеливанов, обвинетата Јасна Мандиќ свесно и по сопствена волја му помогнала на обвинетиот Бојан Јовановски во извршувањето на кривичното дело „измама". Застапникот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Судот да ги прогласи обвинетите за виновни, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело. Воедно, полномошниците на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски најавија отштетно побарување. Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари"'. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама", Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје". Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз". Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети. Судењето за „Меѓународен сојуз" почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај. Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама" и „перење пари и други приноси од казниво дело". Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз" на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Основачот на невладината „Меѓународен сојуз", Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет", каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание" и за „перење пари", заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања". Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Бојан Јовановски - Боки 13, Судењето за „Меѓународен сојуз" почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај. Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама" и „перење пари и други приноси од казниво дело". Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз" на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Основачот на невладината „Меѓународен сојуз", Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет", каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание" и за „перење пари", заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања". Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Бојан Јовановски - Боки 13, обвинети се Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-na-bojan-jovanovski-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/feed/ 0
Завршни зборови на странките во случајот „Монструм“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-strankite-vo-sluchajot-monstrum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-strankite-vo-sluchajot-monstrum/#respond Thu, 21 Jan 2021 08:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=457850

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, на кое е предвидено странките да започнат со давање на завршните зборови. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-strankite-vo-sluchajot-monstrum/feed/ 0
Завршни зборови за „27 апирил“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-za-27-apiril/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-za-27-apiril/#respond Thu, 21 Feb 2019 06:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=166262

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. На минатото рочиште завршни зборови дадоа обвинетите Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски и Јане Ченто, кои се товарат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пепиќ во завршните зборови на судењето истакна дека не е дел од никакво терористичко здружение, туку во Собранието бил службено како разузнавач. Обвинетиот Алими нагласи дека на 27 април сè што направил е со знаење на неговите надредени. Тој нагласи дека на Горан Ѓошевски-Леви му ги дал клучевите од вратите бидејќи не знаел зошто ги бара. Според обвинетиот Дурловски, судечкиот совет кога ќе ја донесува пресудата треба да се запраша дали, како што тврди, тој држел потпалувачки говори и оти се коцкал со државата за материјални побуди. Тој на судењето денеска истакна дека на 27 април ја пеел химната, потоа заминал на ракомет со неговиот син, а кога видел дека има „гужва“ во Собрание, се вратил назад. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица. На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-za-27-apiril/feed/ 0
Груевски ги објави завршните зборови кои судот му забрани да ги прочита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-gi-objavi-zavrshnite-zborovi-koi-sudot-mu-zabrani-da-gi-prochita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-gi-objavi-zavrshnite-zborovi-koi-sudot-mu-zabrani-da-gi-prochita/#respond Thu, 24 May 2018 13:02:16 +0000 https://kurir.mk/?p=58029

Завршните зборови секој од нас како и адвокатите, така и обвинетите ги бевме подготвиле писмено. Со цел, додека ги читаме да не мора да бидеме прекинувани или да читаме многу бавно за да дактилографката може се да запише неколку часа порано ги предадовме на УСБ. Потоа имавме и една пауза од околу 40-тина минути. Ова го пишува екс-премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил за завршните зборови во случајот Тенк. Во продолжение го пренесуваме неговиот статус во целост: Кога дојде редот на мене, судијката се вмеша во текот на моите завршни зборови и еден дел не дозволи да ги прочитам во судот со образложение дека биле политички и дека не може да ги кажувам во судот. Со обзир дека судот ги доби на писмено, а на јавноста која преку новинарите беше присутна во судницата и беше ускратено да чуе делови од тој завршен збор, ги објавувам и посебно издвоени и како дел од интегралниот текст, односно завршен збор. Ова се тие забранети делови кои денес ги објавувам и одвоено, но и како дел од целиот текст каде се потенцирани деловите да се препознаат како дел од завршните зборови кои беа забранети да ги кажам во судот. “Иако сакав да најдам решение на наметнатиот проблем со името, сепак не дозволив негово решавање по терк на јужниот сосед. Останав цврст и издржав на многу притисоци и закани. Овој политичко судски прогон е цената што треба да ја платам за бранењето на националните и државни интереси. Марионетската власт предводена од Зоран Заев, со притисокот кој го направи и сеуште го прави врз судството, сака со сите сили да ме понижи и оцрни колку што можат повеќе, со цел нивното самопонижување и црнење кои сами си го прават низ овој процес на распродажба на државните и национални интереси со прифаќање на договори со соседите какви и не сонувале пред неколку години, да помине без силен контраст помеѓу мојата борба за Македонија и нивните поданички и штетни политики за Македонија. Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, ама да влезе во овие институции не обезличена и да влезе исправена. Денес е јасно дека дел од пресудите кои ќе ги објави овој суд можеби ќе гласат од името на народот на Република Македонија, но поголемиот дел веројатно ќе гласат од името на народот на Република Горна или Северна или Вардарска Македонија итн. И покрај се, и покрај овој политичко судски прогон кој е казна за мојата позиција и цврстина за македонските интереси, и истовремено инструмент за заплашување на илјадници граѓани на Македонија кои не се согласуваат со овие политики на актуелната власт, мене ми е чест што македонскиот народ и граѓаните на Македонија не ги изневерив. Подготвен сум на се, на секакви политички ризици и последици од нив, уште од првиот ден кога се нафатив да ја водам партијата ВМРО-ДПМНЕ а подоцна и Владата на Македонија, низ овие турбулентни години за нашата држава. Ова се години кога најризично е да си Македонец, а уште поризично ако се бориш за интересите на својата земја и притоа имаш многу непријатели, вклучително и меѓу своите. Во тој контекст и една мисла на Гоце Делчев вели: ,,Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди, како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на различни страни, една од друга потуѓа,,. Македонија е пред голем предизвик. Заробена од една марионетска власт. Потребни се мудри и храбри одлуки, но пред се законски. Колку и да некој се соочува со притисоци или неприципиелни понуди, колку и оваа власт да се однесува недемократски и насилнички, сепак, секој од нас носиме индивидуална одговорност и надворешните притисоци или влијанија или пак партиски наклоности, треба да се игнорираат и колку и да се силни, не може да бидат ничие оправдување за подлегнување под нив. Во овој суд се вперени очите на јавноста. Не ми се суди само мене. Се суди на суверенизмот како моја определба во македонската политика. Евентуална погрешна одлука или одлука прифатена под политички притисок, нема да биде нешто што ќе се памети и зборува само три дена. Очите на тивкото и во голема мера во моментов заплашено мнозинство, кое посакува само правда и чесни одлуки, а не политички договори меѓу извршната и судската власт, се вперени кон овој суд и кон вас лично.“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-gi-objavi-zavrshnite-zborovi-koi-sudot-mu-zabrani-da-gi-prochita/feed/ 0
Утре завршни зборови за случајот „Алмир“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-za-sluchajot-almir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-za-sluchajot-almir/#respond Wed, 14 Mar 2018 14:52:31 +0000 http://kurir.mk/?p=29920

Во Судот во Куманово утре ќе бидат изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир. Од Јавното обвинителство велат дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и оти очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба. Одлуката за овој предмет, како и за секој друг, како што посочија од Обвинителството на денешниот брифинг со новинарите, ја носат врз основа на доказите и примена на Кривичниот законик. Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил Алмир на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, како и Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“. Претставници на организацијата „Правда за Алмир“ денеска пред Јавното обвинителство на РМ потставија банер за Алмир. - Поставивме банер за неправдата за Алмир пред Собранието на РМ, поставивме и пред ЈОРМ, иако овој банер беше предвидено да се постави пред Владата. Третиот банер ќе биде поставен пред Министерството за правда, велат од организацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-za-sluchajot-almir/feed/ 0