завршување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Mar 2021 17:26:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png завршување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Буфон може да ја заврши кариерата во странство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-moze-da-ja-zavrshi-karierata-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-moze-da-ja-zavrshi-karierata-vo-stranstvo/#respond Mon, 29 Mar 2021 17:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=489357

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, размислува за уште еден ангажман во странство пред да ја заврши кариерата, која, со исклучок на една сезона, во целост ја мина во Серија А. Како што пишува весникот „Газето дело Спорт“, 43-годишниот Буфон се уште не размислува да се пензионира од фудбалот и сака уште еднаш да се испроба во странски клуб, а одлуката за тоа ќе ја донесе на крајот од сезоната. Буфон оваа сезона бранеше на пет натпревари во Серија А, како и на четири меча во националниот куп и се очекува да биде меѓу стативите во финалето против Аталанта во мај. Од своето деби во 1995 година, Буфон целата своја кариера ја мина во Италија, бранејќи за екипите на Парма и Јувентус, со исклучок на сезоната 2018/19 кога го носеше дресот на актуелниот француски првак Пари Сен-Жермен (ПСЖ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-moze-da-ja-zavrshi-karierata-vo-stranstvo/feed/ 0
Ким одбележа 67 години од завршување на Корејската војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-odbeleza-67-godini-od-zavrshuvanje-na-korejskata-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-odbeleza-67-godini-od-zavrshuvanje-na-korejskata-vojna/#respond Mon, 27 Jul 2020 11:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=382014

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска ги посети националните гробишта и на воените официри им додели трофејно оружје по повод 67-годишнината од завршување на Корејската војна. Државната новинска агенција КЦНА објави дека Ким ги посетил Гробиштата на мачениците од татковинската ослободителна војна во предградието на Пјонгјанг, каде се погребани загинатите во Корејската војна и положи една роза на споменикот. Во 1953 година потпишано е примирје помеѓу Северна и Јужна Кореја, но мировниот договор се уште не е потпишан, поради што двете држави и понатаму се во војна. Ким на офицерите им додели комеморативни пиштоли „Паекустан“, наречени по светата планина во Северна Кореја. Севернокорејскиот лидер во саботата прогласи карантин во пограничниот град Каесонг и воведе вонредна состојба, откако објави дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19. Според официјалните информации заразен Севернокорец, кој пред три години пребегнал во Јужна Кореја, на 19 јули се вратил во Северна Кореја. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-odbeleza-67-godini-od-zavrshuvanje-na-korejskata-vojna/feed/ 0
Мејер: Однесувањето на играчите на и надвор од теренот ќе биде клучно за завршување на сезоната https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mejer-odnesuvanjeto-na-igrachite-na-i-nadvor-od-terenot-kje-bide-kluchno-za-zavrshuvanje-na-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mejer-odnesuvanjeto-na-igrachite-na-i-nadvor-od-terenot-kje-bide-kluchno-za-zavrshuvanje-na-sezonata/#respond Sun, 10 May 2020 19:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=344290

Однесувањето и почитувањето на строгата дисциплина од страна на секој играч ќе биде клучно за завршување на сезоната 2019/20. Ова го изјави Тим Мејер, шеф на медицинската комисија во УЕФА и претседател на седиштето за борба против коронавирусот во германската Бундеслига. Точно германскиот шампионат ќе биде првиот од ТОП 5 лигитие во Европа, кој ќе ги продолжи своите натпревари следната недела, а надежите на сите во УЕФА се дека ова ќе доведе до крајот на сезоната 2019/20 пред августовските финалиња во Лига Европа и Лигата на шампиони. – Фудбалот мора да му го врати на општеството она што го жртвува за тоа. Ова значи дека сите играчи ќе треба да дадат се од себе и да вложат вонреден напор за одржување на дисциплината“, изјави Мејер за Ројтерс. Фудбалерите мора да бидат одговорни и да внимаваат на вирусот. Тие се јавни личности и мора да покажат соодветно однесување и на терен и во моментот кога ќе го напуштат и ќе станат обични граѓани како сите нас повторно, додаде тој. Јас сум свесен дека нема работа што може да обезбеди 100% безбедност, особено во тековната ситуација. Но, особено во Германија се обидовме да се приближиме што е можно поблизу. Точно е дека постои ризик. Не постои начин да се отстрани целосно. Но, ние направивме доволно за да, доколку се применат горенаведените препораки, ќе биде практично невозможно да се заразат играчите, нагласи Мејер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mejer-odnesuvanjeto-na-igrachite-na-i-nadvor-od-terenot-kje-bide-kluchno-za-zavrshuvanje-na-sezonata/feed/ 0
Завршува грејната сезона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-grejnata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-grejnata-sezona/#respond Fri, 13 Apr 2018 13:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=40240

Грејната сезона 2017/2018 почна порано од вообичаеното, на 7 октомври 2017 година. Вообичаено трае од 15 октомври во тековната до 15 април наредната календарска година и може да почне порано или да биде продолжена, но најмногу до 30 април, зависно од временските услови, односно ако според УХМР прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови. Во следниот период, „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, како што соопшти, ќе изврши порамнување на сметките што потрошувачите ќе ги добијат за мај, јуни и јули, согласно количината на испорачана топлинска енергија во текот на грејната сезона, односно ќе се изврши порамнување меѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија. Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од количината на испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови. Потрошувачите во текот на грејната сезона во месечните сметки добиваат податок за потрошената топлинска енергија. Доколку на крајот од грејната сезона е потрошена повеќе топлинска енергија од прогнозираната која е авансно пресметана тогаш разликата ќе биде распределена на три еднакви рати и соодветно фактурирана во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот со авансните сметки за топлинска енергија кои се доставуваат од месец август, заклучно со месец април, авансирал повеќе од реално потрошената енергија, тогаш разликата ќе биде вратена на неговата трансакциска сметка, доколку нема заостанати долгови. Согласно со законската регулатива, сметките за топлинска енергија се состојат од фиксен дел, кој претставува надоместок за ангажирана топлинска моќност и варијабилен дел што е надоместок за испорачаната топлинска енергија. Потрошувачите што ја плаќаат топлинската енергија на 12 месечни рати, од август во тековната година, до април следната година, добиваат месечни сметки во кои покрај фиксниот дел, им се пресметува и авансен варијабилен надоместок. За месеците мај, јуни и јули 2018 година, овие потрошувачи ќе добијат фактури во кои е извршено порамнување на варијабилниот дел и на фиксниот дел согласно со законската регулатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-grejnata-sezona/feed/ 0