збирка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 18:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png збирка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Збирката ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“ е прогласена за културно наследство од особено значење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-fond-580-braka-manaki-bitola-1853-1964-e-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-fond-580-braka-manaki-bitola-1853-1964-e-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/#respond Wed, 30 Aug 2023 18:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872683

Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки - Битола 1853-1964“ која се наоѓа во Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. -Владата донесе одлука со која на оваа вредна збирка ѝ е овозможено трајно зачувување во изворна состојба; се обезбедуваат поволни услови за опстанок на исклучителната документација и задржување на сите податоци што ги носи со себе како сведоштво. Високиот степен на заштита овозможува ширење на сознанијата за вредностите и значењето на збирката и за нејзината улога во културната идентификација, а се спречуваат и секаков вид дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање, соопшти Министерството за култура. Збирката ФОНД 580 „Браќа Манаки - Битола 1853-1964“ содржи документација, фотодокументација и предмети од професионалниот живот на браќата Милтон и Јанаки Манаки или вкупно: 1253 архивски единици документација со 3867 листови; 7041 фотографии позитиви (хартиени копии); 6702 стаклени негативи (4951 заведени со описи, 1751 заведени без описи); 1071 рол филмови; 2087 план филмови; 49 единици фото и киноопрема; 1364 страници научно-информативно средство. Во образложението на Одлуката се истакнува: „Збирката заради својствата како автентичност, реткост, репрезентативност, разновидност, интегралност, зачуваност, старост, втемеленост и припадност, како и заради критериумите уникатност, исклучителност, впечатливост, влијателност, поврзаност и висок степен на автентична зачуваност е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на мултикултурната балканска демографска структура општествено-економските и културно-историските прилики од регионална и европска важност“. -Со прогласувањето на Збирката на браќата Манаки за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, овие над илјада и двесте артефакти добиваат режим на заштита од прв степен, што значи дека доброто ќе добие трајна заштита и систематизација што ќе овозможат едукативна програма за општествено-социолошки, културни и историски теми, нејзина дигитализација и можност за истражувачки, публикациски и други репрезентативни потреби кои вклучуваат јавно користење и достапност на доброто. Одделението во Битола на Државниот архив, ќе овозоможи поголема вклученост на јавноста и меѓународна афирмација на богатото културно наследство содржано во оваа збирка, наведува Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-fond-580-braka-manaki-bitola-1853-1964-e-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/feed/ 0