зборник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 16:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зборник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Небрегово промовиран зборникот „Зборот на Конески“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nebregovo-promoviran-zbornikot-zborot-na-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nebregovo-promoviran-zbornikot-zborot-na-koneski/#respond Wed, 06 Sep 2023 16:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=875345

Културно-едукативниот центар „Небрегово“ во Спомен-домот на великанот Блаже Конески во Небрегово го промовираше вториот поетски зборник „Зборот на Конески“. Во Зборникот на 300 страници се објавени 160 поетски творби на ученици, студенти и професори од речиси сите градови од земјава. На 20 учесници им беа поделени награди, една посебна за ОУ „Блаже Конески“ од Велес кое со 54 ученици учествуваше најмасовно, а беше доделена и специјална награда за Роберт Алаѓозоски, национален координатор за култура. На манифестацијата прв пат учествуваа претставници од Културниот центар „Блаже Конески“ од Панчево, Република Србија. - Великанот Конески колку повеќе се оддалечи, физички, со своето заминување, толку повеќе ни се приближува со неговиот дух и со неговото епохално дело. Оваа година се навршуваат 30 години од неговата смрт, но Блаже Конески е бессмртен, а неговата слава е бесконечна, рече професорот Атанас Конески, секретар на Културниот и едукативен центар „Небрегово“, организатор на манифестацијата. Првиот поетски зборник, промовиран лани беше насловен „Поетски пораки за Конески“ и заедно со вториот, денешниот, „Зборот на Конески“ се објавени творби на 335 автори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nebregovo-promoviran-zbornikot-zborot-na-koneski/feed/ 0
Зборник „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“: Делото на Гоце да се почитува и активно да живее https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbornik-150-godini-od-raganeto-na-gotse-delchev-deloto-na-gotse-da-se-pochituva-i-aktivno-da-zhivee/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbornik-150-godini-od-raganeto-na-gotse-delchev-deloto-na-gotse-da-se-pochituva-i-aktivno-da-zhivee/#respond Thu, 04 May 2023 12:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=830548

Ангажманот на Гоце Делчев остава белег на многу полиња од нашето денешно живеење и е трајно вграден во колективната меморија на македонскиот народ, посочи денеска проф. д-р Катерина Тодороска од Институтот на национална историја, за време на промоцијата на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“. Излегувањето на зборникот, како што појасни е резултат на заедничките напори на сите оние кои сметаа и сметаат дека делото на Гоце треба да се почитува и активно да живее меѓу Македонците. Тодоровска рече дека зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ е зборник на трудови од истоимената научна конференција одржана на 3 и 4 мај 2022 година, и има исклучително куса, но исклучително богата историја. Зборникот, како што рече, е богат со оригинални трудови во кои се презентирани најновите сознанија на авторите во врска со ликот, делото, споменот на Гоце Делчев. -Зборникот изобилува не само со новооткриени факти, туку во него се застапени и трудови во кои се применуваат и нови единствени пристапи бидејќи се задржуваат на досега неразработени теми. За ова говори и фактот што во него се застапени трудови на историчари, јазичари, музеолози, политиколози, практичари од образовниот систем. На пример, тезите дека Гоце припаѓал на бугарската историја се коси со вистината, кога темелно ќе се осознае голготата и желбата на неговите соборници, неговите мошти да почиваат во главниот град на македонската држава. Бројни се аргументите кои во овој зборник ќе ја покажат бесцелноста на одработувачите на туѓите интереси, да му се откорнат корените на Гоце Делчев од Егејска Македонија, напомена Тодоровска. Таа додаде дека епохата во која живеел и дејствувал Гоце Делчев е обработена во голем број историски трудови од македонски и од странски автори посветени на Македонија, на македонското прашање, на македонскиот јазик, на македонското револуционерно движење. -Денес кога се навршуваат 120 години од погубијата на Гоце Делчев, ние говориме и за 150-годишнината од неговото раѓање, што ја чествувавме минатата година. Ние, како горди потомци на Гоце, на најдостоинствен начин му се оддолжуваме за жртвата што ја дал за нас и за нашата слобода, за нашата македонска држава. На тој начин, се редиме во редот на сите оние кои со децении го истражувале, пишувале и ги овековечувале ликот и делото на Делчев, додаде Тодоровска. На новинарско прашање што се случува кога Делчев е се уште „камен“ на сопнување во разговорите на историчарите со соседна Бугарија, проф. д-р Тодоровска рече дека не станува збор за разговор меѓу историчарите, туку меѓу шестмина избрани и избрани од другата страна. -Тоа не е разговор меѓу историчарите, туку меѓу шестмина избрани и избрани од другата страна. Од нашата страна, кога ќе го видите составот на Комисијата ќе ви стане јасно дека таму нема луѓе кои што го имаат капацитетот за да разговараат со оние луѓе кои што се од другата страна. Од другата страна, политиката си го направи своето. Тоа е само политичка Комисија која треба да одработи или да биде „маша“. Нема потреба од оваа Комисија, додаде Тодоровска. Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев за време на промоцијата на зборникот рече дека научно-истражувачката дејност во Македонија е целосно маргинализирана и сведена под неопходниот минимум. -На Македонија денес науката и е потребна повеќе кога било барем од две причини. Прво, еднаш и засекогаш треба да се обединиме во целост околу научните факти, признаени од светската наука, со кои се потврдува дека македонскиот народ и неговиот историски јазичен, културен и религиски континуитет се автохтони категории. Второ македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството како државјани на соседните земји вклучувајќи ги тука и Грција, и Бугарија, и Албанија, како и низ целиот свет, рече Коцарев. Според Коцарев, појавата на квазинаучни трудови, трудови што се целосно плагијати, купени магистерски и докторски тези, сведочи дека во Македонија одамна се избришани мериторните правила според кои се цени објективниот квалитет, а секторот наука е системски планирано и намерно уништуван од независноста до денес. -Секој добар мајстор има право на џиџе, дури и во зло доба кога лошотијата ги надвисоа Кајмакчалан со Ниџе, ова се зборови на Блаже Конески. Зборот „џиџе“ тука е употребен со значењето„ убава работа“. Така во морето на неукост и ароганција, дивеење и лошотија за што сме сведоци, катадневно имаме една убава книга Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ па затоа би сакал да изразам голема благодарност на проф. Катарина Тодоровска, претседател на Уредувачкиот одбор без чија упорност, укост и искреност ниту настанот во чест на јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев што се одржа минатата година ниту овој Зборник ќе видеа бел ден, додаде Коцарев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbornik-150-godini-od-raganeto-na-gotse-delchev-deloto-na-gotse-da-se-pochituva-i-aktivno-da-zhivee/feed/ 0
Промоција на зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-ushte-edno-navrakjanje-kon-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-ushte-edno-navrakjanje-kon-koneski/#respond Fri, 24 Dec 2021 07:21:04 +0000 https://kurir.mk/?p=612387

По повод стогодишнината од раѓањето на великанот на современата македонска култура Блаже Конески вечер во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“, кој го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист и Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и еден од најплодните македонски публицисти. Зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“, чиј издавач е Општина Струмица, всушност е своевидно продолжение на претходниот „Навраќање кон Конески“ што го приредија Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со кој Општина Куманово во мај годинава ја одбележа стогодишнината од раѓањето на Конески. „Уште едно навраќање кон Конески“, чиј уредник е доц. д-р Ана Витанова – Рингачава, содржи 44 трудови на триесетина врвни познавачи на животот и делото на великанот Блаже Конески, кои секој од свој аспект фрлаат нова светлина врз творештвото на Конески, но кои во целина ќе предизвикаат нови проширени сфаќања и оценки за неговото грандиозно дело. Сепак, она што му дава посебен белег на Зборникот е тоа што во него се застапени и поголем број автори од помладата генерација од кои до право се очекува да го продолжат делото на великанот Конески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-ushte-edno-navrakjanje-kon-koneski/feed/ 0
Промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/#respond Thu, 23 Dec 2021 06:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=611889

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од преводите на учесниците од напреднато ниво на познавање на македонскиот јазик на Првата зимска школа и на 54. Летна школа. МСМЈЛК при УКИМ ја отвори манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ кон крајот на јануари, поточно од 25 јануари до 5 февруари кога ја организираше Првата зимска школа на далечина (онлајн) што одлично се вклопи во целокупната национална платформа. – На оваа активност, се надоврза и 54. Летна школа што се одржа од 15 август до 2 септември, која по пауза од една година повторно беше на своето старо, добро место – во Охрид. Групите семинаристи од двете школи кои својот интерес го насочуваат кон изучувањето на македонската литература и култура и кон преведувањето од македонски кон другите јазици како еден креативен чин беше составени од професори, преведувачи, докторанти и магистранти по македонистика, како и од студенти по македонски јазик и македонска литература, заедно со своите лекторки Роза Тасевска и Весна Мојсова-Чепишевски, потпомогнати со помладите колеги Јован Ковачевски и Елена Ѓорѓиовска, се најголемите „виновници“ за ова второ/дополнето издание на Зборникот „Конески на 11 јазици“, соопшти МСМЈЛК. Ова е второ или дополнето издание на Зборникот во кој, како што наведуваат, покрај препевите на песни и преводите на (кратки) прозни текстови од Конески, влегуваат и првите преводи на дел од култната книга „Разговори со Конески“, и тоа на руски, српски и словенечки. Во овој Зборник се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странските македонисти: академик Зузана Тополињска, академик Иван Доровски, академик Виктор Фридман и академик Горан Калоѓера. Во него се објавуваат препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК за време на двете школи што се одржаа во Блажевата 2021 година. Така, Конески може да се чита на 11 јазици и тоа на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик. Промоцијата на зборникот „Конески на 11 јазици“ ќе се одржи виртуелно, на платформата Зум, денеска од 12 часот, а со свечена реч, како што најавија организаторите, ќе ја отворат министерката за култура Ирена Стефоска и ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Руската Федерација и Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Настанот ќе биде збогатен со обраќањето на Роза Тасевска (лектор по македонски јазик на повеќе странски универзитети), како и на семинаристите преку читање на своите преводи на Конески. Зборникот е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ и се организира во рамките на Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/feed/ 0
Виртуелна промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuelna-promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuelna-promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/#respond Thu, 03 Jun 2021 05:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=518359

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“. Станува збор за зборник од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Во Зборникот се објавени препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови на Конески остварени од странски македонисти – слушатели на двата напредни курса за литература и за преведување на Зимската школа, со што делови од творештвото на Конески коишто претходно не беа преведени на сите овие јазици, сега се објавуваат на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик. Ова е прв зборник на МСМЈЛК во којшто се објавуваат во толкав обем и на толку јазици препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК. Истовремено, во Зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странски македонисти – академиците Зузана Топољинска, Иван Доровски, Виктор Фридман и Горан Калоѓера. Промоцијата ќе се одржи виртуелно и истата ќа ја отвори ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Даниела Костадиновиќ од Филолошкиот факултет на Универзитетот во Ниш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuelna-promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/feed/ 0
Зборник од научниот собир „Културата на распродажба“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-od-nauchniot-sobir-kulturata-na-rasprodazba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-od-nauchniot-sobir-kulturata-na-rasprodazba/#respond Thu, 20 Feb 2020 07:05:27 +0000 https://kurir.mk/?p=306279

Институтот за македонска литература денеска напладне ќе промовира зборник  насловен „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ од истоимениот научен собир организиран на 28 и 29 ноември 2018 година по повод десет години од Културолошките студии во Институтот. Идејата била да се проследи до каде се оди со комерцијализацијата на културата во земјава, колку овие процеси ја соголуваат културата од нејзината основна суштина и ја менуваат за потребите на пазарот. Зборникот опфаќа теми за теоретските и историските перспективи на консумеризмот, естетизацијата и деестетизацијата на културата и уметноста, комерцијализацијата наспроти естрадизацијата, новите технологии и нивната улога во културната економија, културното наследство и вредносните канони, како и прашања за книжевната вредност, книжевните класици, современите бестселери, онлајн-продажбата, издаваштвото… – Дискутиравме за тоа дека денес има сè помалку нешта што не се на продажба, а потрошувачката не опфаќа само консумирање предмети и услуги туку и на вредности, идеи, медиумски и уметнички претстави и слики итн. Од друга страна, прашањето на комерцијализацијата е прашање на индустрија и бизнис, во кои културата е само средство. Тоа нè доведе до дилемите за вредноста, стандардите и уште ред други горливи прашања на кои нема едноставен одговор, ниту само еден „виновник“ за распродажбата на културата, соопшти Институтот. Автори на трудовите се научници од повеќе области – културолози, филолози, естетичари, историчари на уметноста, како и писатели и издавачи.  Главни уредници се професорките од Институтот за македонска литература Ана Мартиноска и Маја Јакимовска-Тошиќ, а извршен уредник е Билјана Јоновска-Стефковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-od-nauchniot-sobir-kulturata-na-rasprodazba/feed/ 0
Зборник со трудови за празнувањето на Ѓурѓовден во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-so-trudovi-za-praznuvanjeto-na-gjurgjovden-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-so-trudovi-za-praznuvanjeto-na-gjurgjovden-vo-makedonija/#respond Wed, 03 Oct 2018 05:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=109859

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ денеска ќе промовираат зборник на трудови „Ѓурѓовден во Република Македонија“ во рамки на „Европската година на културното наследство 2018“. Публикацијата е заокружување на повеќегодишната соработка меѓу УЗКН и Институтот на валоризација на празнувањата на пролетниот празник Ѓурѓовден кај сите етнички заедници во Македонија. Изданието е финансирано од Министерството за култура, а целта е да ја промовира и потенцира важноста на разноликоста во културните екпресии и да укаже на потребата од вклучување на нематеријалната култура во креирањето на државните и меѓународните развојни политики. - Препознавајќи ја кохезивната функција на нематеријалното културно наследство за нашето општество, празнувањата на Ѓурѓовден кај Македонците, Ромите, Турците, Албанците и Власите како поединечни добра се прогласени во 2011 година за културно наследство од особено, поткатегорија исклучително значење, соопшти УЗКН. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-so-trudovi-za-praznuvanjeto-na-gjurgjovden-vo-makedonija/feed/ 0
„Зборник за Овче Поле – книга прва“ излезе од печат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-za-ovche-pole-kniga-prva-izleze-od-pechat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-za-ovche-pole-kniga-prva-izleze-od-pechat/#respond Fri, 22 Dec 2017 12:32:35 +0000 http://kurir.mk/?p=774

Станува збор за Зборникот за Овче Поле – книга прва, голем труд со собрани податоци за плодородната Овчеполска котлина. Авторот Никола Ристевски вели дека ова е прв зборник за Овче Поле во историјата на Македонија. Тој е долгогодишен истражувач на природните ресурси и културното наследство на Овчеполието и Македонија, а минатата година ја објави својата прва книга „Имагинариум“. – Зборникот е поделен на три глави, со различни содржини. Во првата се застапени текстови од Лазар Серафимов, како прилог за проучување на историјата на Овчеполието. Втората глава содржи исечоци од дневниот весник „Нова Македонија“ во фототипна форма, со новинарски написи за Свети Николе и Овче Поле од 1977 до 1979 година. Во третата глава се собрани мои текстови, пишувани од 2011 до 2017 година – вели Ристевски. Книгата е достапна преку директни нарачки на фан страницата на fb – Зборник за Овче Поле. Со купување на примерок поддржувате огромен научен проект за Овчеполието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbornik-za-ovche-pole-kniga-prva-izleze-od-pechat/feed/ 0