зборови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 10:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зборови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зборови кои се клучни за среќна врска, а толку ретко ги кажуваме: Благодарноста е подарок што им го даваме на другите, а кој не нѐ чини ништо https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zborovi-koi-se-kluchni-za-srekjna-vrska-a-tolku-retko-gi-kazuvame-blagodarnosta-e-podarok-shto-im-go-davame-na-drugite-a-koj-ne-n-chini-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zborovi-koi-se-kluchni-za-srekjna-vrska-a-tolku-retko-gi-kazuvame-blagodarnosta-e-podarok-shto-im-go-davame-na-drugite-a-koj-ne-n-chini-nishto/#respond Thu, 11 Aug 2022 10:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=716998

Ти благодарам – два така едноставни зборови коишто е убаво да се слушнат. Па, зошто ги користиме толку ретко? Вилијам Џејмс, големиот американски психолог еднаш изјави: „Најдлабокиот принцип во човековата природа е желбата да се биде ценет“. Благодарноста е подарок што им го даваме на другите и кој не нѐ чини ништо, а давање само малку благодарност води кон подобрување на односите повеќе од било која друга, прескапа работа. Па, зошто толку многу сме скржави со благодарноста? Дали сме премногу зафатени? Премногу тврдоглави или емотивно недарежливи? Каде е благодарноста за нашите најблиски? За домашните работи што некој ги прави? Секој сака признание за својата напорна работа, па затоа е многу важно секогаш да покажувате малку благодарност, тоа е многу лесна навика да се стекне, а ќе значи многу во вашата врска. Погледнете околу себе и секој ден ќе можете да најдете многу работи кои вреди да се признаат. Без разлика дали се работи за врска со партнер, дете или кој било друг член на семејството или пријател. Обидете се да им покажете благодарност еден месец и ќе видите колку вашата врска со нив е променета – на подобро. И, исто така, многу е важно да запомните дека никогаш не треба да престанувате да покажувате благодарност, секогаш кога ќе донесат кафе, ќе го исфрлат ѓубрето или ќе направат нешто во ваше име, ќе ги кажувате тие моќни зборови „Ти благодарам“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zborovi-koi-se-kluchni-za-srekjna-vrska-a-tolku-retko-gi-kazuvame-blagodarnosta-e-podarok-shto-im-go-davame-na-drugite-a-koj-ne-n-chini-nishto/feed/ 0
Луѓето кои зборуваат во сон најчесто пцујат и го користат овој краток збор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-zboruvaat-vo-son-najchesto-pcujat-i-go-koristat-ovoj-kratok-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-zboruvaat-vo-son-najchesto-pcujat-i-go-koristat-ovoj-kratok-zbor/#respond Tue, 04 May 2021 13:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=505368

Лицата кои страдаат од пореметување во спиењето многу често кажуваат негативни и навредливи зборови, покажа истражување во Франција. Истражувањето, кое го објави Live Science, покажа дека луѓето во сон зборот „не“ го изговарале четири пати почесто отколку во будна состојба, а пцовките се користат 800 пати почесто. Учесници во истражување кои страдаат од ваков тип на пореметување во спиењето, околу 230 од нив, се согласиле да им бидат анализирани периодите на спиење, како и речникот во текот на зборувањето, периодите на тишина, гласноста на говорот, љубезноста и насилниот јазик. 59 проценти од нив не зборувале разбирливо и најчесто станувало збор за невербално и неразбирливо мрморење, шепотење или смеење. Кај останатите, кои зборувале појасно, поголемиот дел од она што го изговарале било со агресивна содржина. Околу 24 проценти од говорот бил со негативна содржина, 22 проценти користеле навредлив јазик, а речиси 10 проценти го изговарале зборот „не“ во некој облик. Се поставува прашањето, зошто сме толку негативни? Една од теориите, тврди дека соништата се само симулација која им помага на луѓето да се подготват за заканите кои им следат во будна состојба. Докторот Карл Базил, директор на отсекот за спиење и епилепсија на Универзитетот во Колумбија вели дека резултатите од ова истражување покажуваат дека зборувањето во текот на сонот е многу посложено од очекуваното и дека ја поддржува идејата дека постои „повисока функција на мозокот“ во текот на сите фази од сонот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-zboruvaat-vo-son-najchesto-pcujat-i-go-koristat-ovoj-kratok-zbor/feed/ 0
Внимавајте што изговарате: Зборови кои можат да ви ја уништат врската https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-shto-izgovarate-zborovi-koi-mozat-da-vi-ja-unishtat-vrskata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-shto-izgovarate-zborovi-koi-mozat-da-vi-ja-unishtat-vrskata/#respond Mon, 15 Mar 2021 21:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=482917

Некои коментари изговорени во афект можат брзо да отидат во заборав, но некои зборови можат да нанесат непоправлива штета на врската. Затоа е важно дури и во најголем налет на бес да се сочува разумот и внимателно да се одбираат зборови. Еве што никако не смеете да му кажете на партнерот: Не ти верувам Тоа најчесто се зборови кои ги кажуваат дами кои се сомничави, а можат многу да го заболат вашиот партнер, особено ако тој е целосно искрен. Немојте да го избркате добриот човек од вашиот живот само затоа што сте параноични. Сите мажи се исти Да бидеме на чисто, не се сите мажи исти. Ако некој ви го скршил срцето, не значи дека не постои човек кој ќе ве сака повеќе од се. Но, ако му го кажете тоа на човекот кој би направил се за вас, можете на крај да останете сама. Мојот поранешен тоа никогаш не би го направил… Споредувањето на сегашниот партнер со поранешниот води само кон прекин на врската. Пред да ја изговорите оваа забелешка, сетете се дека има причина поради која раскинавте со поранешното момче, па затоа не заборавајте дека тој е далеку од совршен. Прифатете го човекот со кој сте во врска таков каков што е, а не каков би можел да биде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-shto-izgovarate-zborovi-koi-mozat-da-vi-ja-unishtat-vrskata/feed/ 0
Тргнете ги овие две зборчиња од вашиот речник, тоа ќе ве направи поуспешни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trgnete-gi-ovie-dve-zborchinja-od-vashiot-rechnik-toa-kje-ve-napravi-pouspeshni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trgnete-gi-ovie-dve-zborchinja-od-vashiot-rechnik-toa-kje-ve-napravi-pouspeshni/#respond Sat, 17 Oct 2020 08:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=417455

Начинот на кој зборуваме го оформува нашето однесување и има огромен ефект врз тоа како луѓето нè перципираат. Промената на еден збор со друг може да направи голема разлика во начинот на кој им се приближуваме на нашите животни цели и аспирации. Ваквиот став го изнесува Бернард Рот, професор по инженерство.

1. Заменете го „но“ со „и“

Можете да кажете: „Сакам да одам на кино, но имам работа“. Наместо тоа, професорот Рот предложува да кажете: „Сакам да одам на кино и имам работа“. -Кога го користите зборот „но“, вие само си создавате конфликт и понекогаш причина која што често не постои. Со други зборови, можете и да одите на кино и да ги завршите работните обврски. Само треба да најдете решение, вели професорот. -Од друга страна, со користењето на зборчето „и“, вашиот мозок одлучува како ќе се справи со двата дела од реченицата, пишува проф. Рот. Можеби решението е да погледнете пократок филм и правилно да ја селектирате работата.

2. Заменете го „морам“ со „сакам“

Професорот Рот препорачува една едноставна вежба: Следниот пат кога во своите мисли ќе си речете „морам“, заменете го тој збор со „сакам“. -Оваа вежба е многу ефективна и им помага на луѓето да разберат што е она што навистина сакаат да го прават во својот живот. Дури и оние работи кои се непријатни се всушност нешто што тие самите би го избрале, објаснува тој. На пример, еден од студентите на Рот сметал дека му е потребно да зема часови по математика за успешно да ја совлада материјата од неговата избрана студиска програма, иако не сакал да го направи тоа. Во еден момент, откако ги завршил часовите, сфатил дека не само што му требале туку и дека потсвесно сакал да присуствува на нив, бидејќи користа од завршувањето на студиските задачи била поголема од неудобноста која ја чувствувал додека седел на часовите во кои не уживал. Овие трикови се базираат врз една клучна компонента во стратегиите за решавање на проблемите, наречена „размислување по дизајн“. Кога ја применувате оваа стратегија вие всушност се обидувате да го предизвикате своето автоматско мислење и да ги гледате работите онакви какви што навистина се. А, кога експериментирате со поинакви ставови, ќе заклучите дека проблемот не е толку нерешлив како што изгледа и дека имате многу поголема контрола врз својот живот отколку што мислите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trgnete-gi-ovie-dve-zborchinja-od-vashiot-rechnik-toa-kje-ve-napravi-pouspeshni/feed/ 0
Најромантичните зборови во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/najromantichnite-zborovi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/najromantichnite-zborovi-vo-svetot/#respond Wed, 09 Jan 2019 17:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=150250

Понекогаш, зборовите не се доволни за да се изрази љубовта, но постојат и зборови кои многу точно го пренесуваат тоа што го чувствуваме. Mamihlapinatapai (Yaghan) – гледање еден во друг со надеж дека другата личност ќе понуди нешто што и двете страни го сакаат. Saudade (португалски) – меланхолична носталгија за некој или нешто од минатото. Tuqburni (арапски) – буквален превод на „ти ме убиваш“, што значи дека љубовта е толку силна дека не можете да живеете без таа личност. Bakku-shan (јапонски) – девојка која е атрактивна кога ја гледате од позади. Forelsket (норвешки) – еуфорично чувство кое го искусувате кога прв пат се заљубувате.  Cafuné (португалски) – кога минувате со прстите низ косата на оној кој го сакате.   Onsra (индиски) – чувството да сакаш некого за последен пат, односно кога знаеме дека љубовта нема да трае. La douleur exquise (француски) – болката која ја чувствуваме кога сакаме некој кој не можеме да го имаме.  Buksvåger (шведски) – како ја нарекувате личноста со која сте имале секс, откако сте имале секс со неа. Retrouvailles (француски) – чувството кое го имаме, односно среќата кога повторно ќе видиме личност која долго ни недостигала. Razbliuto  (руски) – чувството кое го имате кон личност која порано сте ја сакале, но веќе не.  Viraag (хинди) – емоционалната болка која ја имаме кога сме одвоени од саканата личност.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/najromantichnite-zborovi-vo-svetot/feed/ 0
Две магични зборчиња кои треба да ги употребувате годинава: Ќе ви донесат голем успех https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-magichni-zborchinja-koi-treba-da-gi-upotrebuvate-godinava-kje-vi-donesat-golem-uspeh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-magichni-zborchinja-koi-treba-da-gi-upotrebuvate-godinava-kje-vi-donesat-golem-uspeh/#respond Thu, 03 Jan 2019 07:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=147622

Можеби сте ги запишале вашите нови новогодишни одлуки. Можеби во списокот се повторуваат и дел од минатогодишните кои не успеавте да ги остварите. Дали си создадовте премногу притисок во однос на нив? Дали сакавте по секоја цена да постигнете успех, се будевте и заспивавте со мислата за остварување на желбите? Веројатно сте ги започнале пораките со: Ќе го направам тоа… Сакам да го постигнам ова… Морам да успеам… Сепак, постојат 2 зборчиња коишто ја имаат моќта да му дадат сосема поинаков тек на секој нов ден. И се премногу едноставни. „Започни повторно“. Можеби денес не си успеал доследно да го завршиш планираното. Не си ги завршил сите работни обврски, не успеа да стигнеш на вежбање, касна малку повеќе од планираното, не испи доволно вода, не прочита онолку страници колку што планираше, не успеа да се видиш со најблиските… и на крајот од денот се чувствуваш како целосен неуспех. Но, нема никаква потреба за тоа. Потребно е само да си легнеш со бистра глава, ум непоматен од неуспех, без грижа на совест, а следното утро кога ќе се разбудиш да се потсетиш дека ова е нов ден, секој ден е нов ден, нова шанса за успех и само да си повториш: Започни повторно. И навистина, нека секој ден е нов ден за одново започнување на нештата. Сè додека го имаме тој нов ден, тоа ново утро да ги повториме овие зборови, ќе имаме сè што ќе посакаме. ЦрноБело]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-magichni-zborchinja-koi-treba-da-gi-upotrebuvate-godinava-kje-vi-donesat-golem-uspeh/feed/ 0
Нови детали: Објавени последните зборови на Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-objaveni-poslednite-zborovi-na-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-objaveni-poslednite-zborovi-na-kashogi/#respond Mon, 10 Dec 2018 18:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=138358

Последните зборови кои ги изговорил убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, откако бил затворен од страна на саудиските напаѓачи во конзулатот во Истанбул биле „Не можам да дишам“, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Изворот кој го преведувал транскриптот од аудио снимката од последните моменти на Кашоги, изјавил дека било јасно дека неговото убиство на 2 октомври е планирано. Како што наведува, Кашоги се борел за живот. „Не можам да дишам“, повторил тој три пати. Во транскриптот се наведува дека на снимката се слуша звук на пила, како и музика која убијците ја пуштиле за да го неутрализираат звукот на сечење на телото на убиениот новинар. Се наведува дека непосредно по убиството извршени се неколку телефонски разговори во кои некој е известен за завршената работа. Кашоги на 2 октомври влегол во саудискиот конзулат за да добие документи неопходни за венчавка со својата девојка од Турција, а што влегол, препознал еден маж и го прашал што прави таму. Како што тврди изворот на Си-Ен-Ен, станува збор за Махер Абдулазизу Мутреби, поранешен саудиски дипломат и разузнавач кој работи за саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман. -Одиш назад, рекол мажот. -Не можете тоа да го направите. Луѓе чекаат надвор, рекол Кашоги, по што се слушнала врева. Еден од гласовите кој се препознава на снимката е идентификуван како глас на докторот Салах Мухамед ал-Тубаикиј, шеф на форензичката медицина на Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија. Транскриптот, како што вели изворот на Си-Ен-Ен, е краток и во него нема многу дијалог, ниту се објаснува зошто Кашоги требало да „оди назад“, меѓутоа заклучокот е дека неговото убиство било планирано и организирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-objaveni-poslednite-zborovi-na-kashogi/feed/ 0
Фејсбук тестира функција за блокирање на одредени зборови во нашите профили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-testira-funkcija-za-blokiranje-na-odredeni-zborovi-vo-nashite-profili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-testira-funkcija-za-blokiranje-na-odredeni-zborovi-vo-nashite-profili/#respond Fri, 30 Nov 2018 12:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=134152

Некогаш имаме потреба да избришеме пораки од ѕидот на нашиот Фејсбук профил, бидејќи не сакаме да ги видат другите корисници. Во некои ситуации, содржината можеби не е соодветна и не сакате таа да биде јавно достапна за секого. Фејсбук веќе започна тестови со интересна нова функција која има цел да го олесни овој процес. Благодарение на тоа ќе имаме можност да блокираме одредени зборови или фрази, за да не се прикажуваат на нашиот ѕид. Според „9 ту 5 мек“, во блиска иднина ќе гледаме дополнителен панел со кој ќе ја филтрираме употребата не само на зборови и изрази, туку и на емотикони, и тие станаа незаменлив дел од современата комуникација. Taка ќе имаме уште поголема контрола над содржината што ја гледаме, а исто така и брзо ќе блокираме објави кои ги содржат несоодветните зборови, изрази и емотикони на Фејсбук. Коментарите со зборовите што ги забранувате нема да се појавуваат во вашата сметка, но ќе бидат видливи за сите други. Интеграцијата на таков систем е уште една алатка со која компанијата ќе се обиде да го спречи ширењето на навредливи или непристојни содржини. Функцијата сѐ уште се тестира и не знаеме кога ќе може да ја користиме. Можноста да ги блокираме зборовите или изразите ќе нè поштеди од непријатностите при закачувањето на несоодветни содржини во нашата сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-testira-funkcija-za-blokiranje-na-odredeni-zborovi-vo-nashite-profili/feed/ 0
Исповед на една жена, совет за сите мајки на бебиња: Запомнете ги добро овие 5 зборови, ќе ви дадат сила кога најмногу ви треба https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ispoved-na-edna-zena-sovet-za-site-majki-na-bebinja-zapomnete-gi-dobro-ovie-5-zborovi-kje-vi-dadat-sila-koga-najmnogu-vi-treba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ispoved-na-edna-zena-sovet-za-site-majki-na-bebinja-zapomnete-gi-dobro-ovie-5-zborovi-kje-vi-dadat-sila-koga-najmnogu-vi-treba/#respond Wed, 19 Sep 2018 13:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=103164

Кога жената станува мајка, целиот нејзин свет се менува и веќе ништо не е исто. Без разлика на годините на мајката или на детето, мајчинството е многу тешко, а тоа многу добро го знае и Венди Вајзнер. Сепак, благодарение на зборовите на нејзината пријателка, таа успеала да се справи дури и со најтешките моменти. Во нејзината приказна се пронајдоа илјадници мајки ширум светот. Зборовите, треба да ги научат и идните мајки: Неодамна бев со мојата пријателка, која исто така е мајка, и разговаравме за грижата за постарите деца (што е исто толку тешко како и грижата за малите деца, но на поинаков начин). Разговаравме за тоа колку е тешко да се добие добар совет во таа фаза од родителството и колку е лесно да бидете несигурни за тоа дали носите добри одлуки или не. „Се сеќаваш ли што си велевме една на друга кога нашите деца беа бебиња?“, ме праша таа. Да, се сеќавав. Всушност, одма ми текна. Нашите деца, сега имаат помеѓу 8 и 12 години, но кога беа бебиња, и кога не знаевме дали ги држиме премногу или премалку, и кога постојано добивавме совети што не ги баравме од роднините, па дури и од странци, секој ден ни изгледаше дека никогаш повторно нема да се почувствуваме како свои. Но, во тие моменти, си кажувавме 5 зборови што ни помагаа да преживееме:

„Го правиш тоа што треба.“

Овие зборови не нудеа никаков конкретен совет, како колку често треба да се дои, кога се бебињата спремни за тврда храна или дали тие почнале да спијат во текот на целата ноќ. Тие немаа никаква врска со тоа што треба или не треба да го правиме. Токму таа едноставна потврда, дека сме на правилниот пат, ни беше тоа што требаше да го чуеме. Зошто? Бидејќи ние сме родители и најдобро ги познаваме нашите бебиња, па затоа и самите треба да одлучуваме за грижата на најмалите – ние и никој друг. Токму тоа признание е нешто што секој родител треба да го слушне за да го поттикне да го следи сопствениот родителски инстинкт. Колку често им се кажува на новите родители да им веруваат на своите инстинкти, како и дека тие се експерти за своите деца? Ни приближно доволно, иако тоа е чиста вистина. Точно, секогаш има простор за совети, особено од експертите за здравје и безбедност. Но, кога станува збор за грижа и воспитување на своите најмали, родителите веќе ги имаат сите информации во себе. Кога станува збор за родителството, тоа е исклучиво ваша работа и не дозволувајте никому да ви кажува поинаку.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ispoved-na-edna-zena-sovet-za-site-majki-na-bebinja-zapomnete-gi-dobro-ovie-5-zborovi-kje-vi-dadat-sila-koga-najmnogu-vi-treba/feed/ 0
Пет збора кои ќе ве уништат https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-zbora-koi-kje-ve-unishtat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-zbora-koi-kje-ve-unishtat/#respond Thu, 09 Aug 2018 17:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=77104

Зборовите се навистина моќно оружје. Тоа што ќе го изговорите подеднакво може да ви помогне или одмогне, во зависност од тоа со кои фрази се служите, на кој начин нешто изговарате и што сакате да постигнете со тоа. Паровите тука најчесто грешат и не обрнуваат внимание на тоа што го изговараат пред партнерот. Сепак, треба да бидете свесни за зборовите кои можат да го претворат вашиот однос во пекол. Доколку сакате да ја зачувате вашата врска и да избегнете раскинување, овие зборови треба да ги избегнувате колку што е можно почесто. Никогаш Овој збор подразбира чувство на безнадежност и крај. Кога го користите овој збор, на партнерот му порачувате дека не е добар, никогаш нема да биде добар и дека нема надеж за промени. Во прашање е „се или ништо“ тип на фраза која не остава простор за слушање, компромиси и добра волја. Секогаш Со овој збор укажувате на строгост и исправност. На партнерот му порачувате дека не е во право, а дека вие сте во право и дека ништо не може да се направи во врска со тоа. И тука е во прашање „земи или остави“ тип на фраза која го блокира пристапот кон разбирање и поправање на нарушените односи. Но…/Ама… Кога велите „Но…“, или „Ама…“, тоа укажува на манипулирање и недостаток од сопствено јас. Кога ја користите негирате се што е претходно кажано. Со неа ја поништувате вашата порака и позитивната изјава ја претворате во негативна. Зборот „Но“ или „Ама“ го исклучува градењето на доверба, веродостојност и интимност. Пцовки Ова не е еден збор, ова се палета на зборови, но во ниту еден случај не смеете да ги користите. Тоа што го именувате партнерот со погрдни зборови не може да донесе ништо добро. А ако го правите тоа често, со тоа трајно ја уништувате врската. А во љубовта нема место за отворено презирање. Развод/Раскинување Заканите за развод или раскинување, предложување на истите или обвинувањето на партнерот дека ја уништува врската или бракот води токму кон тоа. Разводот или раскинувањето е многу важна одлука и кога ова го користите во разговорот како оружје или средство за контрола, создавате напната атмосфера која не допринесува за ефективна комуникација, ниту пак за решавање на проблемите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-zbora-koi-kje-ve-unishtat/feed/ 0