здебелени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jul 2021 08:08:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здебелени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во карантин СЕ ЗДЕБЕЛИЈА, пред да се вратат на работа САКААТ ДА ОСЛАБАТ – Бум во теретаните во САД https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-karantin-se-zdebelija-pred-da-se-vratat-na-rabota-sakaat-da-oslabat-bum-vo-teretanite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-karantin-se-zdebelija-pred-da-se-vratat-na-rabota-sakaat-da-oslabat-bum-vo-teretanite-vo-sad/#respond Fri, 23 Jul 2021 08:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=540700

За време на долгиот период на карантин, кога повеќето работеа од дома, повеќето не излегуваа надвор со денови и немаа никакви физички активности. Седејќи дома во удобна облека како тренерки или пижами тешко беше да се забележат неколку килограми вишок. Ако додадеме на тоа и вознемиреност и нарачување/консумирање храна (на нервна основа) – работите беа прилично надвор од контрола. Сега, кога е време дојде време за враќање на работа, имаше некои проблеми. Дел од вработените не можеа да „влезат“ во своите панталони, тесни фустани и деловни одела. Блумберг пишува дека Американците сега масовно се вртат кон вежбање и теретана, затоа што се пред враќање во канцеларијата. Бројот на платени членарини на фитнес-локациите во САД расте, а личните тренери се исто така на големо резервирани. Исто така, претплатите на WW (Weight Watchers) се зголемиле за 16% на крајот на првиот квартал од 2021 година, во споредба со претходната година. Изолацијата и вознемиреноста, поттикнати од глобална пандемија, ги принудија луѓето да јадат повеќе и да се движат помалку. Во исто време, треба да се истакне дека во САД, секое четврто лице од 10, е дебело. Вкупно 42% од популацијата добила несакана тежина, во просек 13 кг, според извештајот на годишното истражување на стресот на Американската асоцијација за психологија. Бидејќи ковид-19 го зафати светот, дебелината се споменува како еден од факторите што сигурно не е во добра корелација со вирусот. Дури и модните компании излегоа со некои видови кампањи кои промовираат облека за „облини“, поточно, порелаксирани, поудобни парчиња облека. Дури и пред пандемиската криза, скоро третина од населението, во просек, во 100-те најголеми американски градови имаа проблем со прекумерна тежина, а 25% од нив не вежбале претходниот месец. Некои прелиминарни студии за пандемијата откриваат намалена активност и помал внес на здрава храна, како и зголемен стрес и дебелина. Кон крајот на мај, 12% од вработените во Менхетен се вратиле на работа барем со скратено работно време. Анкетираните компании очекуваат таа бројка да достигне 62% до крајот на септември. Во последните неколку недели, новите клиенти на компанијата „Own Your Fitness“ од Менхетен, изјавиле дека сакаат не само да ослабат, туку и да се прилагодат на корпоративното опкружување. Почнале да велат: „Сакам да изгледам како да сум сè уште конкурентен и да се снаоѓам“, додава американската агенција. Низ целата земја, повеќе од 500 луѓе се приклучиле на бесплатната програма што вклучува совети и линкови што водат до видеа од 30- до 60 секунди, апелирајќи на тоа зошто дебелината е штетна за здравјето и како тоа доведува до рана смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-karantin-se-zdebelija-pred-da-se-vratat-na-rabota-sakaat-da-oslabat-bum-vo-teretanite-vo-sad/feed/ 0
Една третина од Французите се здебелиле за време на мерките на изолација https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-tretina-od-francuzite-se-zdebelile-za-vreme-na-merkite-na-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-tretina-od-francuzite-se-zdebelile-za-vreme-na-merkite-na-izolacija/#respond Mon, 08 Jun 2020 11:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=355122

Една третина односно 35 отсто од Французите изјавија дека се здебелиле, во просек 3,2 килограми, а една петтина ја зголемиле телесната тежина за пет килограми, а 19 проценти ја намалиле тежината за време на мерките за изолација, јави дописникот на МИА. Анкетата на Одокса покажува дека Французите кои редовно или повремено пијат алкохол се намалил за шест поени за два месеци, од 57 отсто пред изолацијата на 51 процент, според истото истражување. Слична е ситуацијата и за оние што консумираат масни производи (три поени) или солени производи (пет поени). Конечно, редовните и повремени пушачи преминаа од 27 на 23 отсто. – Заеднички објаснувачки фактор за сите овие подобрувања: Сите овие однесувања имаат социјална димензија. Ние пиеме повеќе, пушиме повеќе, јадеме повеќе кога сме во друштво, потенцираат авторите на анкетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-tretina-od-francuzite-se-zdebelile-za-vreme-na-merkite-na-izolacija/feed/ 0