здраствени работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Jul 2020 07:38:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здраствени работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, се обврзуваме за поголеми плати за медицинските и просветните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-go-vratime-dostoinstvoto-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-za-medicinskite-i-prosvetnite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-go-vratime-dostoinstvoto-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-za-medicinskite-i-prosvetnite-rabotnici/#respond Tue, 07 Jul 2020 07:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=370598

Доста е од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме се. Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, кои се сржта на државата!, вели во своето најново видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се обврзуваме за поголеми плати за медицинските работници и овозможување за дополнителни часови работа во приватното здравство. За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, што ќе значи плати од 36.000 денари за просветните работници во основното и средното образование и плати од 100.000 во високото образование, додава Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-go-vratime-dostoinstvoto-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-za-medicinskite-i-prosvetnite-rabotnici/feed/ 0
Наместо 40 проценти од плата, дел од здравствените работници добиле платежни картички со по 50 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-40-procenti-od-plata-del-od-zdravstvenite-rabotnici-dobile-platezni-kartichki-so-po-50-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-40-procenti-od-plata-del-od-zdravstvenite-rabotnici-dobile-platezni-kartichki-so-po-50-evra/#respond Fri, 19 Jun 2020 15:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=359970

Наместо награда од 40 проценти од последната нето плата, дел од здравствените работници добиле платежни картички за купување на домашни производи со по околу 50 евра. Шокирани се од сумите. За Телма велат дека е несериозно, некој да си игра со нивното достоинство, во ситуација кога тие се во првите борбени редови во справувањето со опасниот вирус. Според ветувањето на Владата дека околу 4.400 медицински лица ќе добијат 40 проценти од платата, а нивните плати се над просечните, очекувале дека ќе добијат најмалку по 200 евра. Од Генералниот секретаријат на Владата знаат за проблемот. Генералниот секретар Рашковски за Телма вели дека имало проблем во списоците кои ги испратил Фондот за здравство. „Имаше пропусти во списоците на Фондот за здравство, веќе се корегирани и лицата ќе си го добијат полниот износ- изјави Рашковски. Од Фондот пак топката ја префрлија кај Здравствените установи. Велат погрешните подартоци ги добиле од нив, по што ги корегирале грешките. Но, ова не е единствениот список во кој имало проблеми. Проблематичен бил и тој на Министерството за образование, откако јавно излезе дека пензионери се добитници на платежнин картички, а на списоците нема дел од редовните средношколци и студенти. Владата побарала од организиран криминал на МВР истрага за тоа кој ги вметнал лицата во списоците. Повеќе прочитајте ТУКА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-40-procenti-od-plata-del-od-zdravstvenite-rabotnici-dobile-platezni-kartichki-so-po-50-evra/feed/ 0
Д-р. Сопова од Инфективната клиника го прашува министерот Филипче: Како им помагате на преморените здравствени работници?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-sopova-od-infektivnata-klinika-go-prashuva-ministerot-filipche-kako-im-pomagate-na-premorenite-zdravstveni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-sopova-od-infektivnata-klinika-go-prashuva-ministerot-filipche-kako-im-pomagate-na-premorenite-zdravstveni-rabotnici/#respond Wed, 17 Jun 2020 17:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=359180

Почитуван Г-дине министре, нема да коментирам овојпат за троцифрената бројка на новозаразени и за превземените превентивни мерки кои делимично беа укинати, надевајќи се дека нема да дојде до ова. Нема ни да Ве прашам зошто Комисијата за заразни болести не Ви ги напомена и верските обичаи на нашиот народ во Р.Македонија без разлика на националност, реагира доктор Жаклина Сопова од Клиниката за инфективни болести и понатаму прашува: 1.Како им помагате на преморените здравствени работници?! ...со мобилизација на здрав.работници на кои им е потребно време за прилагодување во една нова работна средина, и само што ќе се прилагодат ги менувате со нови, на кои исто им треба прилагодување !? 2. Со планот кој сте го имале подготвен за справување со ваква ситуација, а истиот го менувате на дневна основа!?... 3.Со користење на понудената помош од приватните болници ?!... 4. Кој Ви е планот за останатите пациенти , кога ќе им ги одземете сите здравствени работници за да се справат со оваа ситуација која сте ја предвиделе!?.. Дали и за тој план ќе решавате на дневна основа? Дали секој еден граѓанин кој има неприкосновено право да добие соодветна здравствена помош, секаде и секогаш кога за истата ќе има потреба ќе му ја обезбедите со сите Ваши изготвени Планови кои ги менувате на дневна основа??? ....се надевам одговорот за сето ова ЌЕ следи...само нека не биде на дневна основа!!! фејсбук статус на доктор Жаклина Сопова ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-sopova-od-infektivnata-klinika-go-prashuva-ministerot-filipche-kako-im-pomagate-na-premorenite-zdravstveni-rabotnici/feed/ 0
Ова се резултатите од тестирањето за коронавирус за 11 здравствени работници од Инфективното оделение во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-rezultatite-od-testiranjeto-za-koronavirus-za-11-zdravstveni-rabotnici-od-infektivnoto-odelenie-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-rezultatite-od-testiranjeto-za-koronavirus-za-11-zdravstveni-rabotnici-od-infektivnoto-odelenie-vo-shtip/#respond Tue, 14 Apr 2020 09:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=331872

Негативни се резултатите за коронавирус и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, а кои неколку дена се чекаше да пристигнат. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, за МИА изјави дека од Инфективното одделение тестирани се вкупно 14 медицински лица, од кои две лекарки, осум медицински сестри и четворица болничари. Позитивни на корона вирус се вкупно тројца вработени од ова одделение – двајца болничари и една медицинска сестра, додека за остантите 11 вработени, тестовите покажаа дека се негативни на Ковид 19. Поради дополнителните прегледи и анализи на 80-годишната жена, која со два негативни теста и дијагноза на бронхопневмонија е примена во болница, се тестираше и еден лекар специјалист од друго одделение, а резултатите покажаа дека е позитивен на коронавирус. Ѓеорѓијев посочи дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се лекуваат од коронавирус, а останатите четворица се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од тестовите. -Очекувам од утре како болница тестовите да ги праќаме во лабараторијата на МАНУ, од каде што резултатите од брисевите ќе ги добиваме за еден ден, вели Ѓеорѓијев. Тој истакна дека утрово пристигнала и уште една донација за штипската Клиничка болница. Здружение на возачи за потребите на болницата во време на пандемија донира 300.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-rezultatite-od-testiranjeto-za-koronavirus-za-11-zdravstveni-rabotnici-od-infektivnoto-odelenie-vo-shtip/feed/ 0
Вкупно 25 проценти од заразените со Ковид-19 во Романија се здравствени работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkupno-25-procenti-od-zarazenite-so-kovid-19-vo-romanija-se-zdravstveni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkupno-25-procenti-od-zarazenite-so-kovid-19-vo-romanija-se-zdravstveni-rabotnici/#respond Wed, 08 Apr 2020 12:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=329181

Вкупно 25 проценти од Романците заразени со новиот коронавирус се здравствени работници, соопшти денеска Федерацијата за здравствена солидарност. Според синдикатот, стапката на инфекција кај здравствените работници е 20 пати поголема од онаа на остатокот од популацијата. Заклучно со 7 април 2020 година, бројот на потврдени позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници е 1.087, што е 25 проценти од сите заразени Романци се здравствени работници, соопшти синдикатот. Доцна синоќа беше соопштено и за првата жртва во редовите на медицински персонал во државата – 53-годишен вработен во Ургентен медицински центар во северниот град Суќава, каде има најмногу заразени во државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkupno-25-procenti-od-zarazenite-so-kovid-19-vo-romanija-se-zdravstveni-rabotnici/feed/ 0
52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/52-zdravstveni-rabotnici-vo-makedonija-se-zarazeni-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/52-zdravstveni-rabotnici-vo-makedonija-se-zarazeni-so-koronavirus/#respond Sun, 05 Apr 2020 15:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=327701

Од вкупно 555 заболени од коронавирусот во државава, 52 (9,5 проценти) се здравствени работници. Заболени здравствени работници за жал има и во многу земји во светот. Тие се во непосреден контакт со пациентите. Од нив 34 се заболени во болнички, односно во амбулантски услови, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Со оглед на тоа што некаде има заболени и лекари, тука е компромитирана работата, рече Филипче и како пример го посочи Инфективното одделение во Куманово, каде во функција се двајца други интернисти од Скопје и од Штип кои ја организираат работата на одделението. Тој им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата. – Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави, ќе се бориме против вирусот и ќе ги излечиме сите кои се заболени, потенцира Филипче. Осврнувајќи се на денешните податоци, информира дека на Клиниката за инфективни болести почина 63-годишен маж од струшкото село Лабуништа донесен со тешка клиничка слика, бројни коморбидитети, како и уште едно лице од Куманово во ГОБ „8 Септември“, потврден за позитивен на коронавирусот на 1 април. Од Клиниката по два контролни теста, појасни, денеска заминуваат дома тројца пациенти во добра општа состојба, а дополнителни тестови се чекаат за четворица пациенти кои доколку се негативни по втор пат утре ќе бидат пуштени дома. – Во изминатите 24 часа се регистрирани 72 нови случаи со коронавирус во земјава и тоа во Скопје – 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 235, Куманово – 114, Дебар – 49, Штип – 19, Прилеп – 33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 2, Радовиш – 3, Крушево – 2 и Кочани – 14, рече Филипче. На Инфективната клиника во овој момент, истакна министерот, се хоспитализирани 74 пациенти, 15 се со тешка манифестација на болеста, а другите се со средно тешка состојба и се во добра општа кондиција. Посочи дека на интензивните состаноци во текот на вчерашниот и денешниот ден било дискутирано и почнала имплементација на стратегиите за вклучување и на другите капацитети за третман на пациенти. – На Клиниката за инфективни болести, покрај тоа што има слободни кревети на одделение во самата зграда, веќе во функција ќе се стави мобилната болница која е целосно инсталирана. Недостига уште сувата врска со Клинкиката. Доводот на воздух, греење и ладење е поставено од Армијата. Во однос на пристапот за третман на пациентите нашиот став останува ист, а тоа се заклучи на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести, пациентите кои имаат лесна форма на болеста се третираат во домашни услови, а средно тешки и тешките случаи на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче. Од вчера, потенцира, во функција е ставена и ГОБ „8 Септември“, која досега беше наменета за пациенти кои беа суспектни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како хирушка интервенција, или во ангиографска или ендоскопска сала, тоа сега се уште останува така. Но, доколку треба, како што појасни, ќе се користат и креветите на располагање под контрола на интернистите и инфектолозите за хоспитален третман, доколку е потребна помош на персоналот на Клиниката за инфективни болести, каде се на располагање 110 кревети, дополнителни 130 во мобилната болница, а во ГОБ „8 Септември“ вкупно 400 кревети. – Целосно е активиран и механизмот на поддршка на колегите од страна на лекари и медицински сестри како од клиниките, така и од другите јавно здравствени установи ширум државата по систем на ротација да ги поддржат вработените во овие центри посветени само на третман на пациенти со коронавирусот. Целосно е подготвена болницата во Битола, каде има анестезиолози, инфектолози и медицински сестри и еден целосно и физички одделен дел да биде и регионален центар за пациентите кои доаѓаат од тој дел на земјата. Има и респираторни машини и места за интензивна нега. Вкупната бројка на кревети е 35 со можност да порасне до 100 во зависност од бројот на пациенти, рече Филипче. Тој рече дека во рамките на Министерството за здравство е отворена посебна наменска сметка за донации и се пристигнати околу 500.000 евра кои ќе бидат наменети за набавка на опрема или материјали во врска со третманот на пациентите. – Бројни донатори донираа опрема како респиратори, рендген апарати, бронхоскопи, маски итн., се што е потребно за третман на овие пациенти. Станува збор за милион парчиња заштитна опрема, како и потребните лекови кои соодветно после индикација се дават на пациентите. Со оглед на недостигот од медицинска опрема во светот, оваа недела ја повторуваме постапката за набавка на респираторни машини со што сега предност даваме на времето во кое би стигнале во нашата земја, додаде Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/52-zdravstveni-rabotnici-vo-makedonija-se-zarazeni-so-koronavirus/feed/ 0
Мисајловски: Неприфатливо е да се исплаќаат средства за СЈО и привремени вработувања, кога здраствените работници немаат содветна заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-neprifatlivo-e-da-se-isplakjaat-sredstva-za-sjo-i-privremeni-vrabotuvanja-koga-zdrastvenite-rabotnici-nemaat-sodvetna-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-neprifatlivo-e-da-se-isplakjaat-sredstva-za-sjo-i-privremeni-vrabotuvanja-koga-zdrastvenite-rabotnici-nemaat-sodvetna-zashtitna-oprema/#respond Sun, 05 Apr 2020 14:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=327677

Дали треба да прифатиме реалност каде што има 555 заболени лица, а се исплатуваат средства за рекетарското СЈО? Реалност во која нема средства за заштитна опрема за здравствените работници кои се во голем број заболени, а има за привремени вработувања и кетеринзи за мене е неприфатлива, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Вкупно 555 заболени лица, за еден ден 72 новозаболени, а само во Куманово 21 новозаболено лице. Дали вонреднава власт е свесна што направи во Куманово, каде изминативе неколку дена делеа компири, брашно и зејтин на граѓаните спротивно на сите препораки? Им станува ли сега појасно што направија во Куманово? Дали беше хуман пристапот во петокот кога одлуката за спроведување на полицискиот час преку целиот викенд беше соопштена неколку часа пред тој да започне, по што граѓаните беа приморани да ги наполнат маркетите, пазарите и другите набавни места со цел да се снабдат со храна ? Колкумина граѓани во овие две ситуации се новозаболени ? Доволно беше да постапувате по предлозите кои ви беа давани од опозицијата, граѓаните и од локалниот кризен штаб за да спречите ваква ескалација. Со овој ваш однос дали после Куманово, Скопје е следно за целосен карантин ? Освестете се пред да биде предоцна!, порачува потпретседателот Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-neprifatlivo-e-da-se-isplakjaat-sredstva-za-sjo-i-privremeni-vrabotuvanja-koga-zdrastvenite-rabotnici-nemaat-sodvetna-zashtitna-oprema/feed/ 0
Мицкоски на средба со здраствените работници: Здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-zdrastvenite-rabotnici-zdravstvenite-rabotnici-zasluzuvaat-vnimanie-i-poddrshka-bidejkji-se-kluchen-element-vo-zdravstvenata-nega-i-zdravjeto-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-zdrastvenite-rabotnici-zdravstvenite-rabotnici-zasluzuvaat-vnimanie-i-poddrshka-bidejkji-se-kluchen-element-vo-zdravstvenata-nega-i-zdravjeto-na-gragjanite/#respond Sun, 02 Feb 2020 15:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=298274

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија оствари стредба и со здраствените работници при што од негова страна беше потенцирано дека здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните. -Бев на средба со здравствените работници во Негорци и на работен ручек со стопанственици од Гевгелија. Покрај економијата силен фокус ќе имаме и на враќање на достоинството на здравствените работници. Здравството не смее да биде експеримент за криминално богатење на поединци, ниту пак за перење на пари на белосветски измамници какви што гледаме дека Заев прибирал во Македонија. Здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните. Програмата која ќе ја понудиме ќе има сеопфатен пакет на мерки кои ќе подразбираат обнова на најважните сегменти на здравството, порача од денешната средба со здраствените работници лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-zdrastvenite-rabotnici-zdravstvenite-rabotnici-zasluzuvaat-vnimanie-i-poddrshka-bidejkji-se-kluchen-element-vo-zdravstvenata-nega-i-zdravjeto-na-gragjanite/feed/ 0