здравје при работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Apr 2018 11:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравје при работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трибина: Да се подигне свеста за безбедноста и здравјето при работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-da-se-podigne-svesta-za-bezbednosta-i-zdravjeto-pri-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-da-se-podigne-svesta-za-bezbednosta-i-zdravjeto-pri-rabota/#respond Sat, 28 Apr 2018 11:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=47393

Треба да се работи на подигнување на свеста за безбедноста и здравјето при работа, бидејќи споредено со останатите земји сме далеку од европскиот просек, беше истакнато на денешното одбележување на 28 април, Светски ден за безбедност и здравје при работа. Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски, истакна дека годинава 25 лица загинале на своите работни места што споредено со минатата година има благо зголемување. Посочи дека, на секои 100.000 вработени тројца загинуваат на своето работно место. - Мора да размислуваме за оние кои допрва доаѓаат, кои се впуштаат во пазарот на трудот и мора да направиме се што е во наша моќ за да бидеме свесни за ризиците поврзани со работното место. Во Република Македонија генерално се почитуваат светските директиви кои се поврзани со заштита на детскиот труд или елиминираме на детскиот труд, рече Петковски пред почетокот на трибината на тема „Подобрување на безбедноста на младите работници и крај на детскиот труд“ во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. На која било од раскрсниците, на кој било од пазарите, појасни, огромен број деца се уште се работници. Според него, потребно е фокусирање на конвенциите и директивите кои декларативно се преземаат и преточуваат во законски мерки за да се дојде до ситуација да се каже дека е раскрстено со детскиот труд. - Доколку работодавачот би имал соодветни последици тогаш би дошол во ситуација навистина да го почитува законот во онаа мерка каде веќе ќе стане превентивна култура. Ако размислувањето за последиците не го донесеме до ниво на лична одговорност, тогаш се уште ќе ги имаме овие импровизации каде бројни работодавачи компензирањето за настанатите последици го претвораат во евра или можат да го платат или неможат и нема да има поместување во овој сегмент. Мора да има индивидуална одговорност, рече Петковски. Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа издаде Годишен извештај за несреќи случени на работното место. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-da-se-podigne-svesta-za-bezbednosta-i-zdravjeto-pri-rabota/feed/ 0
Трибина по повод 28 Април, Светски ден за безбедност и здравје при работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-po-povod-28-april-svetski-den-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-po-povod-28-april-svetski-den-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota/#respond Sat, 28 Apr 2018 06:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=47228

Македонското здружение за заштита при работа со трибина ќе го одбележи 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Тема на овогодинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е „Подобрување на безбедноста и здравјето на младите работници и крај на детскиот труд”. Статистиката на Меѓународната организација на труд покажува дека 541 милиони млади работници (15-24 години) сочинуваат повеќе од 15 отсто од светската работна сила и има 40 отсто повисоки стапки на нефатални професионални повреди отколку кај возрасните работници постари од 25 години. Оттука, произлегува дека младите се ранлива група, која најмогу подлежи на повреди, заболувања и несреќи на работните места. Многу фактори влијаат на ваквата состојба, а тие се: нивната психо-физичка развиеност, недоволната информираност, недостатокот од работно искуство, недоволната свест за опасностите поврзани со работата итн. - Со цел потикнување на превентивна култура, од најрана возраст да се говори за безбедност и здравје при работа, за да создадеме безбедни и здрави генерации, Македонското здружение за заштита при работа организира тркалезна маса каде главен збор ќе имаат младите ученици од средни училишта, студентски организации, млади работници итн., наведуваат организаторите. На настанот ќе биде претставен и Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија за 2017 година, кој здружението го изработува веќе десетта година по ред. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-po-povod-28-april-svetski-den-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota/feed/ 0