здравко ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Mar 2018 08:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравко ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Made in Macedonia“ – концерт на Филхармонијата со кларинетистот Здравко Ангелов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/made-in-macedonia-koncert-na-filharmonijata-so-klarinetistot-zdravko-angelov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/made-in-macedonia-koncert-na-filharmonijata-so-klarinetistot-zdravko-angelov/#respond Tue, 13 Mar 2018 08:07:56 +0000 http://kurir.mk/?p=29423

„Made in Macedonia“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија в четврток, на кој  солист ќе биде Здравко Ангелов, прв кларинетист во Филхармонијата. Тој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор. Диригент ќе биде Борјан Цанев, а на програмата се и „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт. Здравко Ангелов (1978) е 11 години вработен како прв кларинетист во оркестарот на Филхармонија. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност. Во неговото работно искуство се вбројува и педагошката работа во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј’ и двегодишното искуство како надворешен соработник во Македонската опера и балет. Настапувал како солист со симфониски оркестри во Македонија и надвор од земјата, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член и на Камерниот ансамбл „Консонанс“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/made-in-macedonia-koncert-na-filharmonijata-so-klarinetistot-zdravko-angelov/feed/ 0