Здравко Кривокапиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Feb 2022 09:55:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Здравко Кривокапиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црногорскиот премиер во заминување: Ќе продолжам да носам одлуки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-premier-vo-zaminuvanje-kje-prodolzam-da-nosam-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-premier-vo-zaminuvanje-kje-prodolzam-da-nosam-odluki/#respond Tue, 08 Feb 2022 09:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=628497

Црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ на владината седница одржана на 2 февруари изјави дека не е обврзан со „правната категорија“ за техничка влада и дека неговиот кабинет ќе продолжи да носи одлуки во полн капацитет се додека не се избере нова влада, пишува весникот Побједа. Извор на весникот наведува дека Кривокапиќ истакнал дека Владата е во полн мандат додека не се избере нова. Седницата на Владата на Црна Гора на 2 февруари ја напуштија веднаш по отворањето вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, а правните експерти и опозицијата го предупредија Кривокапиќ да не носи важни одлуки во техничкиот мандат на Владата, наведува Побједа. На 4 февруари, Собранието на Црна Гора и изгласа недоверба на Владата на Кривокапиќ со гласовите на 43 пратеници на опозицијата и владејачката коалиција „Црно на бело“ (Граѓанско движење УРА и ЦИВИС).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-premier-vo-zaminuvanje-kje-prodolzam-da-nosam-odluki/feed/ 0
Повлечена иницијативата за изгласување недоверба на Црногорската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povlechena-inicijativata-za-izglasuvanje-nedoverba-na-crnogorskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povlechena-inicijativata-za-izglasuvanje-nedoverba-na-crnogorskata-vlada/#respond Mon, 13 Dec 2021 12:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=607787

Ја повлекуваме иницијативата за гласање недоверба на Владата на Црна Гора, соопшти денеска опозицијата во Собранието на Црна Гора. Заедничката изјава е поднесена од Демократската партија на социјалистите (ДПС), пренесува Вијести. -Имајќи ја предвид најавата на Демократскиот фронт (ДФ) дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на Собранието, објавена на 11 декември, а откако здружената опозиција започна постапка за недоверба на Владата, сметаме дека Разговорите за формирање ново парламентарно мнозинство треба да започнат без одлагање.- се наведува во соопштението. Се додава дека се уверени дека ќе дојдат до формирање на ново парламентарно мнозиноство и дека на тој начин ќе биде остварена неопходно претпоставка за пад на Владата и разрешување на претседателот на Црногорскиот Парламент. Потсетуваме дека за денес во 12 часот беше најавена седница на која требаше да се гласа за отповикување на Владата на чело со Здравко Кривокапиќ, но во меѓувреме се појавија гласини за повик на овој предлог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povlechena-inicijativata-za-izglasuvanje-nedoverba-na-crnogorskata-vlada/feed/ 0
Парламентот во Црна Гора ќе одлучува за судбината на Владата на Кривокапиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/parlamentot-vo-crna-gora-kje-odluchuva-za-sudbinata-na-vladata-na-krivokapikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/parlamentot-vo-crna-gora-kje-odluchuva-za-sudbinata-na-vladata-na-krivokapikj/#respond Mon, 13 Dec 2021 09:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=607650

Парламентот на Црна Гора, како што претходно беше најавено, денеска треба да одлучува за иницијативата на парламентарната опозиција за недоверба на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ. Демократскиот фронт во саботата одлучи да бара враќање на мандатот на Владата и распишување нови парламентарни избори. Иако опозициските партии тврдеа дека ќе имаат доволен број пратеници, дури и повеќе од потребното за да и изгласаат недоверба на Владата на Кривокапиќ, во меѓувреме се шпекулираше во медиумите во Црна Гора дека опозициските партии предводени од ДПС и СДП, Мило Ѓукановиќ и Рашко Коњевиќ, ќе ја повлечат иницијативата, што не е официјално потврдено. Дел од црногорските медиуми пишуваат дека одлуката за повлекување на иницијативата ДПС и СДП ќе ја соопштат пред самата седница закажана за попладне. Иницијативата за гласање недоверба на Владата ја потпишаа 40 пратеници, а за нејзино изгласување потребни се најмалку 41 глас. Наводното повлекување на опозициската иницијатива доаѓа откако Демократскиот фронт во саботата одлучи да побара скратување на мандатот на Собранието. Партиите од парламентарното мнозинство во Собранието имаат 41 пратеник, а опозицијата 40. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/parlamentot-vo-crna-gora-kje-odluchuva-za-sudbinata-na-vladata-na-krivokapikj/feed/ 0
Кривокапиќ предложи Црна Гора да има 16 министерства https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-predlozi-crna-gora-da-ima-16-ministerstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-predlozi-crna-gora-da-ima-16-ministerstva/#respond Wed, 06 Oct 2021 14:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=574152

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ предложи реструктуираната влада да има тројца вицепремиери, 16 министерства и да се поделат четирите најголеми ресори, беше соопштено по состанокот на лидерите на парламентарното мнозинство со премиерот. Лидерите на парламентарното мнозинство изјавија дека предлогот на Кривокапиќ е да се поделат обемните ресори – капитални инвестиции, јавна администрација, дигитално општество и медиуми, образование, наука, култура и спорт и екологија, просторно планирање и урбанизам. Претседателот на Десницата на Црна Гора, Марко Милачиќ рече дека рокот е даден до 8 октомври за да дадат сугестии и дека ќе имаат заеднички став и одлуки на 10 октомври. – Ако 38 пратеници и премиерот се согласат со реконструкцијата, оние што се против треба да се соочат со граѓаните и да кажат зошто се против, рече Милачиќ. Потпретседателот на УРА, Милош Конатар рече дека договорот помеѓу Демократскиот фронт (ДФ) и Демократите не ги врзува УРА и нема поддршка од нив. – Доколку не се постигне договор, Владата ќе продолжи да функционира додека не се изгласа недоверба, рече Конатар. Тој додаде дека предлогот на Кривокапиќ не бил детален и дека тоа е нацрт на воопштени изјави за кои треба да продолжат натамошните преговори. Лидерот на Социјалистичката народна партија, Владимир Јоковиќ рече дека атмосферата на состанокот била таква што „вратата била оставена за понатамошни договори“. Лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ рече дека 38 пратеници од владејачкото мнозинство имаат многу блиски ставови дека е потребна реконструкција на Владата и дека тројца пратеници на УРА имаат различен став. – Кривокапиќ рече дека за што и да се согласи парламентарното мнозинство, за него е прифатливо, изјави Мандиќ. Лидерот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ, пак, рече дека факт е дека од едната страна има 38 пратеници, а од друга тројца пратеници на УРА. – Ми се чини дека нема излез од оваа ситуација, рече Кнежевиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-predlozi-crna-gora-da-ima-16-ministerstva/feed/ 0
ДПС поднесе кривична пријава против црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за настаните на Цетиње https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-podnese-krivichna-prijava-protiv-crnogorskiot-premier-zdravko-krivokapikj-za-nastanite-na-cetinje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-podnese-krivichna-prijava-protiv-crnogorskiot-premier-zdravko-krivokapikj-za-nastanite-na-cetinje/#respond Tue, 21 Sep 2021 07:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=566217

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство (СДТ) против премиерот Здравко Кривокапиќ и други избрани функционери под сомнение за злоупотреба на положбата и пречекорување на службената должност за време на настаните во Цетиње на 4 и 5 септември, јави МИНА. Во кривичната пријава, до која увид имал весникот „Дневне новине“, се наведува дека пријавените ја злоупотребиле функцијата премиер, пратеници, министри … , надминувајќи ги границите на нивните службени овластувања. Во пријавата се наведува дека Кривокапиќ формирал тело кое немало никакви законски и уставни овластувања да донесува одлуки во врска со националната безбедност, и кое, во принцип, презеде делови од командата на операцијата на безбедносните сили на 5 септември во Цетиње. Како доказ со кривичната пријава, на Специјалното државно обвионителство му е доставена и фотографија од просториите на Владата, направена на 5 септември, на која покрај Кривокапиќ, дел од командниот персонал во спомената операцијата се и пратениците Марко Милачиќ, Момчило Копривица, министрите Милојко Спајиќ, Оливера Ињац, Јаков Милатовиќ и директорот на Агенцијата за национална безбедност Дејан Вукчиќ и шефот на кабинетот на премиерот Ивана Маловиќ. Кривокапиќ е обвинет дека на 5 септември, со пречекорување на границите на службените овластувања, сериозно го прекршил правото на друг со тоа што, покрај уставните и законските овластувања, му дал наредба на помошникот директор на полициската управа, Веселин Веjовиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-podnese-krivichna-prijava-protiv-crnogorskiot-premier-zdravko-krivokapikj-za-nastanite-na-cetinje/feed/ 0
По наредба на премиерот, уапсен советник на црногорскиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-naredba-na-premierot-uapsen-sovetnik-na-crnogorskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-naredba-na-premierot-uapsen-sovetnik-na-crnogorskiot-pretsedatel/#respond Sun, 05 Sep 2021 07:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=559502

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека е уапсен Веселин Вељовиќ, советник на претседателот на државата поради немирите во Цетиње. Според РТЦГ уапсени се и други пет лица. „Ја известувам јавноста дека брзата полициска акција, која ја наредив, само што стави лисици на Веселин Вељовиќ“, објави Кривокапиќ на Твитер. Вицепремиерот Дритан Абазовиќ објави видео на Твитер и напиша дека се гледа како Веселин Вељовиќ и група пратеници на ДПС го започнале нападот врз полицијата утрово.  (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-naredba-na-premierot-uapsen-sovetnik-na-crnogorskiot-pretsedatel/feed/ 0
Кривокапиќ нема да присуствува на устоличувањето на митрополитот Јоаникије https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-nema-da-prisustvuva-na-ustolichuvanjeto-na-mitropolitot-joanikije/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-nema-da-prisustvuva-na-ustolichuvanjeto-na-mitropolitot-joanikije/#respond Mon, 30 Aug 2021 15:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=556794

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изјави дека в недела, 5 септември, нема да замине во Цетиње на устоличувањето на избраниот митрополит црногорско-приморски Јоаникије, а полицијата ја проценува безбедносната состојба. -Би побарал да заборавиме на храброста, а да користиме доверба, почит кон другите и правичност, изјави Кривокапиќ. Тој смета дека неговото отсуство на Цетиње в недела е единствениот придонес што може да го даде. -Ако некогаш сум изговорил некаков погрешно разбран збор или реченица, се извинувам и молам да не создадеме конфликт таму каде што не треба, рече црногорскиот премиер на прес-конференција во Подгорица. Кривокапиќ смета дека одговорноста во врска со овој црковен настан не треба да се бара во Владата, а да се заборават другите актери, кои работат на зголемување на тензиите. -Секојдневно ја анализираме безбедносната ситуација. Усвоен е заеднички став на Советот за безбедност и јас до крај ќе се придржувам до таа позиција, рече тој. Црногорскиот премиер нагласи дека размислуваат и за забрана на собирот, но само во случај на екстремна мерка – доколку се процени дека тоа може да има непредвидливи последици за граѓаните. Министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ изјави дека полицијата има безбедносна проценка на ситуацијата во Цетиње во врска со протестите најавени за 5 септември, кога е планирано устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ) Јоаникије во Цетињскиот манастир. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-nema-da-prisustvuva-na-ustolichuvanjeto-na-mitropolitot-joanikije/feed/ 0
Црногорскиот премиер Кривокапиќ за денеска закажа седница на Советот за национална безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-premier-krivokapikj-za-deneska-zakaza-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-premier-krivokapikj-za-deneska-zakaza-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost/#respond Mon, 23 Aug 2021 09:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=553902

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за денеска закажа седница на Советот за национална безбедност, на која, како што е најавено, ќе се разговара за безбедносната состојба во земјата во пресрет на церемонијата на устоличување на избраниот митрополит Јоаникиј во манастирот во Цетиње. На овој чин, на кој ќе присуствува српскиот патријарх Порфириј, се противи речиси целата црногорска опозиција, предводена од ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ, како и серија невладини организации, здруженија и поединци. Во организација на Комитскиот патриотски сојуз и ДПС, вчера во Цетиње се одржа протест против устоличувањето на владиката Јоаникиј, од кој беше кажано дека „Црна Гора не е Србија“, дека „нема да се удави во српскиот свет“, и дека Српската православна црква се обидува да ја окупира оваа држава. Устоличувањето на владиката Јоаникиј е планирано за 5 септември, а противниците на овој верски чин бараат тој да биде преместен во друга зграда на територијата на Црна Гора или, како што велат, во седиштето на Српската православна црква во Белград. На вчерашната литургија во манастирот Цетиње, владиката Јоаникиј кажа дека е роден во Црна Гора и дека не може да биде окупатор на неговата земја, за што, патем, ја обвинуваат Српската православна црква, Србија и него. Тој, исто така, рече дека не бил испратен на позиција митрополит од ниту една држава, ниту некоја српска црква, туку Српската православна црква. Седницата на Советот за национална безбедност е закажана откако менаџментот на безбедносните служби ја извести владата дека постои реална можност некои припадници на полицијата да одбијат да ги почитуваат старешините за време на церемонијата на устоличување. Со Советот раководи премиерот Здравко Кривокапиќ, а членови се и вицепремиерот, министрите за правда, за внатрешни работи, за одбрана, за финансии и за социјална заштита, за надворешни работи, како и директорот на АНБ и претседателот на парламентарната Комисија за безбедност и одбраната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-premier-krivokapikj-za-deneska-zakaza-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost/feed/ 0
Кривокапиќ ја претставува програмата на новата црногорска влада, протести пред Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-ja-pretstavuva-programata-na-novata-crnogorska-vlada-protesti-pred-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-ja-pretstavuva-programata-na-novata-crnogorska-vlada-protesti-pred-parlamentot/#respond Wed, 02 Dec 2020 13:59:30 +0000 https://kurir.mk/?p=437559

Мандатарот Здравко Кривокапиќ во Парламентот на Црна Гора ја образложува програмата и кадровските решенија во новата влада. Во експозето тој посочи дека им е даден мандат за измени, а не замени и дека, како што рече, останува на новата влада да ја искористи шансата и да ја врати Црна Гора на вистинскиот пат. Мандатарот исто така изјави дека владата ќе направи програма за работа за 2021 година во февруари. Во меѓувреме пред парламентот се одржува мал протест, кој група граѓанки го почнаа со минута молчење поради, како што велат тие, умрената слобода. Тие истакнаа транспаренти на кои пишува „Не е наша влада“, „Не за фашизмот“, „Не за разграбување на културното наследство, не за одземање на црквите и манастирите“. Инаку, на претставувањето на експозето присуствува и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. – Предизвиците се големи, но како и во секоја криза, наше е да ја искористиме шансата и да ја вратиме Црна Гора на вистинскиот пат. Извршната власт, за разлика од досега, нема да наметнува диктати на Собранието. Ние мора да ги подобриме односите на патот кон целта. Затекнатата состојба, со право може да се нарече државен удар, ситуацијата во јавните финансии е сериозна, административниот апарат е премногу гломазен и неефикасен, епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот е надвор од контрола, здравствениот систем е пред колапс, а медицинскиот персонал е на работ на издржливост, регуларноста на образовниот процес е доведена во прашање, невработеноста се зголемува секој ден поради силната економска рецесија, а граѓаните одамна ја изгубија довербата во институциите, додаде мандатарот. – Ни беше даден мандат за промена, а не замена. Ако случајно заборавивме што порача народот на овие избори и ако мислевме дека добивме мандат затоа што ни било судено да владееме, во тој момент може да се сметаме за губитници, рече Кривокапиќ. Тој оцени дека државата е силна онолку колку што се силни институциите и најави дека ќе се обиде да биде премиер кој помалку зборува, а повеќе работи. Мандатарот посочи дека приоритети на новата влада ќе бидат економијата, борбата против Ковид-19 и вистинско владеење на правото. – Ќе се обидеме секогаш да гледаме што е најдобро, да дејствуваме со добра волја, така што резултатот ќе доведе до решение што ќе ни обезбеди на сите просперитет, видлив напредок и квалитетен живот на ниво на европски стандарди, рече Кривокапиќ. Тој рече дека фокусот, покрај слободата на медиумите и функционалноста на судството, ќе биде насочен и кон развојната економска политика, подобрување на конкурентноста и одржливоста на јавните финансии, здрава животна средина, придонес во борбата против неглите климатски промени, посоодветна социјална политика и вработување. Кривокапиќ, исто така, во Парламентот рече дека уредничката политика и професионалните стандарди на јавниот сервис РТЦГ остануваат загрижувачки. Тој изрази и благодарност до Европската унија на досега издвоената помош за справување со коронавирусот. Мандатарот наведе седум столбови на новата влада: зелена економија, дигитална трансформација, регионална соработка, унапредување на конкурентноста, социјална заштита, општество на еднакви шанси и добро управување – како мерило за работата на извршната власт. Новата црногорска влада ќе има 12 министерства и еден потпретседател, кој воедно е и единствената партиска личност – лидерот на граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ. Кривокапиќ ги номинираше Сергеј Секуловиќ за министер за внатрешни работи, Оливера Ињац за одбрана и Ѓорѓе Радуловиќ за надворешни работи. Со ресорот за финансии и социјална заштита ќе раководи Милојко Спајиќ, за капиталните инвестиции Младен Бојаниќ иза економскиот развој Јаков Милатовиќ. Кандидат за министер за правда, малцинства и човекови права е Владимир Лепосавиќ, за здравство е Јелена Боровиниќ Бојовиќ, а кандидат за образование, наука, култура и спорт е Весна Братиќ. Ратко Митровиќ е номиниран за министер за екологија, просторно планирање и урбанизам и Тамара Срзентиќ за јавна администрација, дигитално општество и медиуми. Александар Стијовиќ ќе биде на чело на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – Сите овие луѓе, со своето знаење, искуство, тимски дух, препораки и претходни резултати беа внимателно избрани и заслужија да раководат со одредени министерства според сите критериуми, рече Кривокапиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-ja-pretstavuva-programata-na-novata-crnogorska-vlada-protesti-pred-parlamentot/feed/ 0
Кривокапиќ денеска го претставува составот на новата црногорска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-deneska-go-pretstavuva-sostavot-na-novata-crnogorska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-deneska-go-pretstavuva-sostavot-na-novata-crnogorska-vlada/#respond Fri, 27 Nov 2020 06:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=435093

Мандатарот на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ, денеска ќе го претстави конечниот предлог за состав на 42-та Влада на Црна Гора, соопшти Граѓанското движење УРА. Како што се наведува оттаму, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во Подгорица. Кривокапиќ претходно најави дека програмата и предлогот за состав на новата влада ќе ги достави до Собранието до петок, 27 ноември, а седницата на која пратениците ќе се изјаснат за неа е закажана за 2 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-deneska-go-pretstavuva-sostavot-na-novata-crnogorska-vlada/feed/ 0