Здравко Мариќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 07:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Здравко Мариќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватскиот министер за финансии си заминува од Владата поради скандал со плаќање пониска цена во хотел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-minister-za-finansii-si-zaminuva-od-vladata-poradi-skandal-so-plakjanje-poniska-cena-vo-hotel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-minister-za-finansii-si-zaminuva-od-vladata-poradi-skandal-so-plakjanje-poniska-cena-vo-hotel/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=700787

Хрватскиот министер за финансии, Здравко Мариќ, си заминува од Владата. Премиерот Андреј Пленковиќ за таа функција ќе го предложи Марко Приморац. Хрватските медиуми пишуваат дека информацијата е потврдена од хрватската Влада. Точно е дека Здравко Мариќ, на сопствена иницијатива, си заминува од местото на потпретседател на Владата и министер за финансии. Претседателот на Владата за тоа утре ќе ги извести владините членови и парламентарното мнозинство – соопштил портпаролот на Владата, Марко Милиќ, јави Хина. Здравко Мариќ стана министер за финансии во 2016 година. Од 2019 година, тој е и потпретседател на хрватската Влада. Од 2008 до 2012 година, Мариќ беше државен секретар во Министерството за финансии. Медиуми пишуваат дека Мариќ си оди, откако минатиот месец изби афера поради неговиот престој на продолжен викенд во хотелот „Белви“ во Мали Лошињ во 2019 година. Како што откри порталот „Остро“, тој за сместување за две возрасни лица и две деца, тогаш платил 291.20 евра за ноќ, што претставува трипати пониска цена од вообичаените за тоа време во годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-minister-za-finansii-si-zaminuva-od-vladata-poradi-skandal-so-plakjanje-poniska-cena-vo-hotel/feed/ 0
Мариќ: Хрватска ќе донесе закон за воведување на еврото во април следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marikj-hrvatska-kje-donese-zakon-za-voveduvanje-na-evroto-vo-april-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marikj-hrvatska-kje-donese-zakon-za-voveduvanje-na-evroto-vo-april-slednata-godina/#respond Fri, 10 Dec 2021 16:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=606778

Вицепремиерот и министер за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ изјави дека во фаза на изработка е законот за воведување на еврото, чиј нацрт треба да биде објавен кон средината на јануари, а неговото усвојување се очекува во април следната година. -Со овој закон ќе биде неопходно да се сменат 46 закони и повеќе од 70 подзаконски акти пред воведувањето на еврото, рече Мариќ на конференцијата „Хрватска како дел од еврозоната“. Владата во Загреб го одреди 1 јануари 2023 година како датум кога Хрватска треба да биде подготвена за влез во еврозоната, а објавувањето на официјалната одлука за влез на Хрватска во еврозоната се очекува кон средината на следната година. -Од тој момент Хрватска практично влегува во таа финална фаза и мораме да забрзаме, бидејќи ни претстои многу работа, рече Мариќ. Тој додаде дека претстои големо прилагодување во финансискиот сектор и дека тоа има еден заеднички именител – „информирањето и заштитата на потрошувачите како интегрален принцип на целиот процес што се води“. Според Мариќ, од август следната година со законот за еврото ќе се регулира обврската за двојно објавување на цените, што е еден од начините за ублажување на инфлаторните притисоци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marikj-hrvatska-kje-donese-zakon-za-voveduvanje-na-evroto-vo-april-slednata-godina/feed/ 0