Здравко Трајанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 16:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Здравко Трајанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трајанов: Со злоупотреба на ЕУ знаменцето се носат закони кои се маска за да се сокрие и маскира криминалот на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-zloupotreba-na-eu-znamentseto-se-nosat-zakoni-koi-se-maska-za-da-se-sokrie-i-maskira-kriminalot-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-zloupotreba-na-eu-znamentseto-se-nosat-zakoni-koi-se-maska-za-da-se-sokrie-i-maskira-kriminalot-na-vlasta/#respond Wed, 06 Sep 2023 16:56:19 +0000 https://kurir.mk/?p=875348

На денешната собраниска седница свое обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов која што истакна дека со злоупотреба на ЕУ знаменцето се носат закони кои се маска за да се сокрие и маскира криминалот на власта. „Пред нас е кривичниот законик, морам да искоментирам факти се злоупотребува ЕУ знаменцето, но се злоупотребува и основот зошто се носи овој закон, затоа што со законот се прави маска. Проблемот е што сите членови од 2 до 31 со исклучок на еден два се однесуваат на оваа проблематика. Тоа значи дека ќе се казнуваат подметнување на шумски пожари, дека ќе се казнува со затвор намерно девастирање и деградирање на природата, намерно злоупотребување на минерални суровини на води и т.н. дека ова се уредува дополнително. Проблемот е што во завршни одредби член 38 се вели ова нема да важи. Ќе важи шест месеци откако државата ќе влезе во ЕУ. Ова е срамна маска која треба да ја голтне јавноста дека нешто се синхронизира со европската унија“ нагласи Трајанов. Трајанов посочи и дека на Македонија и требаат закони кои ќе важат веднаш а не после неколку години за да се заштитиме од еколошките катастрофи. „На нас ни требаат сега закони да си ја средиме екологијата, веднаш, не ни требаат после, во 2030 година. Скопје се гуши, Тетово се гуши, сите градови се гушат, од еколошки катастрофи и ние носиме уредби кои нема да важат, ќе важат некогаш и ова се носи за да се маскира криминалот“, посочи Трајанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-zloupotreba-na-eu-znamentseto-se-nosat-zakoni-koi-se-maska-za-da-se-sokrie-i-maskira-kriminalot-na-vlasta/feed/ 0
Трајанов: Земјоделската политика на оваа Влада не е како европските, тие се грижат да имаат здрава храна, што не е случај кај нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-zemjodelskata-politika-na-ovaa-vlada-ne-e-kako-evropskite-tie-se-grizhat-da-imaat-zdrava-hrana-shto-ne-e-sluchaj-kaj-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-zemjodelskata-politika-na-ovaa-vlada-ne-e-kako-evropskite-tie-se-grizhat-da-imaat-zdrava-hrana-shto-ne-e-sluchaj-kaj-nas/#respond Tue, 06 Jun 2023 17:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=842885

Здравко Трајанов, професор на Факултетот за шумарски науки и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена како „Современи политики за развој на земјоделството“ што се одржува во Прилеп во рамки на активностите под мото Ова е Македонија за сите рече дека оваа влада воопшто не е заинтересирана за земјоделието, шумарството и водостопанството. „Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа. Сите тие го штитат своето производство и се трудат да произведат здрава храна. Тоа не е случај кај нас. Нивната политика за овие области мора да се променат час поскоро. Нивните политики водат кон пропаст на земјоделието“, рече Трајанов. Трајанов информираше дека од реалните 110 милиони евра субвенции едвај 50 проценти се субвенции од годината, се се заостанати субвенции, што значи немаат пари за субвенции“, информираше Трајанов. Водостопанство и шумарството се уништени. „Има празни езера, уништени водни системи. Се соочуваме со катастрофа. Тоа што го гледаме од Владата се фрлени пари за некаква трансформација која се надевам нема да се случи бидејќи ќе значи крах на шумарството“, рече Трајанов. Трајанов на крајот укажа дека во Собранието стигна закон според кој секој може да биде инспектор во овие области.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-zemjodelskata-politika-na-ovaa-vlada-ne-e-kako-evropskite-tie-se-grizhat-da-imaat-zdrava-hrana-shto-ne-e-sluchaj-kaj-nas/feed/ 0
Трајанов: Цената за изградба на коридорите е отворена и во иднина ќе расте, во ниту една ситуација нема да биде пониска од сегашната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-tsenata-za-izgradba-na-koridorite-e-otvorena-i-vo-idnina-ke-raste-vo-nitu-edna-situatsija-nema-da-bide-poniska-od-segashnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-tsenata-za-izgradba-na-koridorite-e-otvorena-i-vo-idnina-ke-raste-vo-nitu-edna-situatsija-nema-da-bide-poniska-od-segashnata/#respond Thu, 25 May 2023 11:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=838568

Пред нас е на некој начин последниот закон од овој сет на „европските закони“ за автопатиштата Коридор 8 и Коридор 10Д. Поточно пред нас е законот за утврдување на јавен интерес и прогласување на овој Коридор од посебно значење на државата“, истакна Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Трајанов додаде дека цената која што требаше да претставува успех на оваа Влада во однос на автопатот е екстремно висока. Самата цена од 1,3 милијарди евра без пенали или 1,5 милијарди евра со пенали од старт е повисока во однос на сите досегашни искуства во Република Македонија и околните држави. „И притоа оваа цена не преставува модел – клуч на рака. Значи оваа цена е отворена и во иднина ќе расте. Во ниту една ситуација нема да биде пониска од сегашната“, заклучи пратеникот. Тој посочи дека токму ова е многу лошо решение, односно договор помеѓу Владата и изведувачот. „Покрај оваа цена, државата ќе плати многу дополнителни трошоци од Буџетот со земање на скапи кредити кои во моментов се со екстремно високи каматни стапки, како и многу други трошоци кои ќе бидат на сметка на Владата, а не се пресметани во оваа сума на пари“, рече Трајанов. Пратеникот укажа дека многу поволности и ослободувања се направени во однос на изведувачот со што истиот ќе нема обврска да плаќа кон државата многу ставки. А, оние кои што ќе ги плати дополнително ќе му бидат вратени средства од буџетот и тоа не се знае по која методологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-tsenata-za-izgradba-na-koridorite-e-otvorena-i-vo-idnina-ke-raste-vo-nitu-edna-situatsija-nema-da-bide-poniska-od-segashnata/feed/ 0
Трајанов: Мислењето на ЕУ е многу јасно, затоа бараат објаснувања од Владата зошто се злоупотребува европското знаменце и зошто се заобиколува процедурата и демократијата во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-misleneto-na-eu-e-mnogu-jasno-zatoa-baraat-objasnuvana-od-vladata-zoshto-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-i-zoshto-se-zaobikoluva-protsedurata-i-demokratijata-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-misleneto-na-eu-e-mnogu-jasno-zatoa-baraat-objasnuvana-od-vladata-zoshto-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-i-zoshto-se-zaobikoluva-protsedurata-i-demokratijata-vo-makedonija/#respond Thu, 18 May 2023 12:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=835894

„Пред нас е законот за урбанистичко планирање и одма на почетокот ќе кажам да и овде ќе има пенали и тоа огромни средства кои ќе мора да се одлеат од Буџетот на Република Македонија дополнително. А, не знаеме колку ќе бидат истите и колку во суштина ќе претставуваат оптеретување на Република Македонија. И овој закон и како другите стига со европско знаменце со празна коресподентна табела, затоа што многу јасно Владата нема што да напише ништо линк европско помеѓу овој закон и законите во Европа“, истакна Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Трајанов додаде дека мислењето на канцеларијата на ЕУ е многу јасно и бараат дополнителни објаснувања од Владата зошто се злоупотребува европското знаменце, зошто се заобиколува процедурата и демократијата во Република Македонија. „Покрај другото во самиот закон се воспоставува лоша пракса затоа што не е само овој коридор, се додаваат многу ситуации кога би можел да се користи овој закон односно секој проект кој во Собранието ќе биде прогласен за стратешки без разлика на својата големина, значение ќе биде ставен и ќе биде во функција. Сите овие закони ќе бидат ставени за да истиот да помине без проблеми од страна на Парламентот. За жал овој проект го следат многу контроверзии“, рече пратеникот. Тој посочи дека законот е донесен пред две години, а во меѓувреме Уставен суд укина член кој упорно се турка од страна на мнозинството. „Целата работа околу законот се сведува на надзорот кој има клучна улога во овој тип на проектирање меѓутоа видовме со какви контроверзии беше избран надзорот за самиот проект се со цел Владата да најде начин како преку свои инсталации, преку свои луѓе да манипулира во однос на сите детали во однос на автопатишта“ рече Трајанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-misleneto-na-eu-e-mnogu-jasno-zatoa-baraat-objasnuvana-od-vladata-zoshto-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-i-zoshto-se-zaobikoluva-protsedurata-i-demokratijata-vo-makedonija/feed/ 0
Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-kovachevski-ima-neseriozni-politiki-ama-neseriozen-e-i-so-zamenitsite-ministri-koi-gi-predlaga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-kovachevski-ima-neseriozni-politiki-ama-neseriozen-e-i-so-zamenitsite-ministri-koi-gi-predlaga/#respond Wed, 01 Mar 2023 16:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=806755

Во Македонија секој ден се покажува дека не можеме да одиме напред. Премиерот вели уште појако одиме кон Европа, мнозинството е стабилно, прашувам како кога гласаа прво 64 пратеници, а сега само 62 пратеници. Во секој случај несериозноста се покажува на дело, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за именување на заменици министри. Спомнавте реформи, рече Трајанов, но очигледно нема да можете да донесете ниту закон. „Се пофали премиерот со плати и пензии повисоки, но никако да каже за инфлацијата. Инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Колку и да го зголемувате ако не надмине зголемувањето 30 проценти се друго не значи ништо“, рече Трајанов. Пратеникот укажа дека освен несериозност во политиките, има несериозност и во ова што ни се нуди како кандидати за заменици министри. Трајанов се осврна на состојбите во земјоделието. „Предлагате инспектор за земјоделие може да биде било кој како тој ќе ја извршува работата. Предлагате заменик министер со завршено школо за книжевност. Министерот е правник. Вие значи предлагате луѓе кои нема да знаат што да прават и во вакви услови ни велите реформи какви реформи“, рече Трајанов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-kovachevski-ima-neseriozni-politiki-ama-neseriozen-e-i-so-zamenitsite-ministri-koi-gi-predlaga/feed/ 0
Трајанов: Имаме уценета влада, секој глас за оваа влада испадна дека е глас за распродажба на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-imame-utseneta-vlada-sekoj-glas-za-ovaa-vlada-ispadna-deka-e-glas-za-rasprodazhba-na-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-imame-utseneta-vlada-sekoj-glas-za-ovaa-vlada-ispadna-deka-e-glas-za-rasprodazhba-na-drzhavata/#respond Mon, 27 Feb 2023 13:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=805675

Реалноста е дека имаме уценета влада. Најмногу се уценети тие кои го дадоа гласот за оваа влада и очекуваа правда и мир, но тоа не се случи. Секој глас даден за оваа власт испадна дека е глас даден за распродажба на државата. Премиерот Ковачевски е поуценет дури од Зоран Заев. Со оваа нова коалиција СДС нема никаков политички маневар, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов на денешната собраниска седница. Тој посочи дека ДУИ може да ја собори владата кога сака, го задржува приматот 100% во владата и си реализира 100% партиска политика, а отсега и Алијанса за Албанците ја имаат таа можност да уценуваат. - Алијанса сами ќе се соочат со фактот дека сите финансии се користени управувани од ДУИ. Кога ќе се обидете да реализирате каков било проект, тој ќе биде стопиран од ДУИ. Имате министер за здравство, ајде да го почнеме Клиничкиот центар. Верувајте тоа нема да се случи. Ќе се најдат милион изговори и прашање е дали и оваа година ќе се направи нешто околу тоа, истакна Трајанов. Трајанов нагласи дека власта веќе нема контрола над процесите, а криминалот се наоѓа во секој проект, секоја институција дури и кај истрагите. - Ако се чудите каде е криминалот, ќе кажам директно. Патот Кичево-Охрид, набавка на струја, набавка на јаглен, провизии од сите министерства, провизии од царина, 50% од дрвото продадено на приватни бизнисмени и цената ќе оди нагоре, грантови на фирми кои не заслужуваат, преплатени проекти за да се задоволат идеолози на СДС и ДУИ, истрагите завршуваат со корупција и криминал, рече Трајанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-imame-utseneta-vlada-sekoj-glas-za-ovaa-vlada-ispadna-deka-e-glas-za-rasprodazhba-na-drzhavata/feed/ 0
Tрајанов: Разрешувањето на Беким Сали власта го поврзуваше со плати и лекови, а немаат пратеници за да го разрешат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-razreshuvaneto-na-bekim-sali-vlasta-go-povrzuvashe-so-plati-i-lekovi-a-nemaat-pratenitsi-za-da-go-razreshat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-razreshuvaneto-na-bekim-sali-vlasta-go-povrzuvashe-so-plati-i-lekovi-a-nemaat-pratenitsi-za-da-go-razreshat/#respond Fri, 17 Feb 2023 11:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=801720

Едноставно не ве бива, само демагогија, криминал и провизии, не може да се соберете ни да гласате, немаше пратеници од власта да гласаат за министерот Беким Сали, сега сред бел ден немате пратеници повторно. Иако разрешувањето го поврзавте со платите, со набавка за лекови. Вас ви е друго проблемот. Проблемот е што нема пари буџетот, нема ликвидност, се закочи еврообврзницата и сега купувате време, изјави на денешната собраниска седница пратеникот Здравко Трајанов. Трајанов истакна дека власта со се се занимава освен со основниот проблем решавање на криминал и корупција за што имаме критики дури и од САД. Не сакате да го менаџирате ни основниот проблем криминал и корупција, тоа ви го кажа и САД, јавно ве критикуваат. Со реконструкција на владата можеше да се разрешат и други министри, наместо да се најдат структурите на МВР кои немаат разрешен ниту еден случај за висока корупција во овие 6 години, ниту еден функционер од СДСМ не е обвинет, да не се лажеме Рашковски е на слобода и така ќе заврши, рече Трајанов. Тој додаде дека во моментов имаме разрешен министер за правда и разрешен заменик целосна парализа на министерство, а има услов за враќање на судски случаи. - Има ли поголемо дно од ова што се случува. Од правда е блокирана и еврообврзницата, и во најмала рака дел од тие пари требаше да одат за отплата на кредити и дополнително ќе плаќаме камати, посочи тој. Трајанов додаде дека денеска е точка за разрешување на министер за информатичко општество и администрација со бројни проблеми без дигитализација, нефункционално министерство каде секоја година се менува министер. - Не сакам да ги коментирам секојдневните паѓања на системи и дојави за бомби, дигитализацијата стои во место, на една година ги менувате министрите. Во пракса нема поврзување на институциите и затоа и немаше електронски попис. Не ви одговара тоа, на вас ви одговара попис во кафана каде ќе договорите проценти. Нема функционална здравствена електронска картичка, каква е таа дигитализација? Администрацијата е партизирана и уценета, изјави Трајанов.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-razreshuvaneto-na-bekim-sali-vlasta-go-povrzuvashe-so-plati-i-lekovi-a-nemaat-pratenitsi-za-da-go-razreshat/feed/ 0
Трајанов: Начинот на кој владее СДСМ е со уцени, закани, кривични пријави и прогони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-nachinot-na-koj-vladee-sdsm-e-so-utseni-zakani-krivichni-prijavi-i-progoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-nachinot-na-koj-vladee-sdsm-e-so-utseni-zakani-krivichni-prijavi-i-progoni/#respond Wed, 15 Feb 2023 15:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=800908

„Собранието на Република Македонија и Владата почнаа да личат на „сточен пазар“. Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДСМ и Алтернатива за тоа дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на “Пазар 3„ или како некој “сточен пазар„“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов на денешната собраниска седница. Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне. Но, загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати. „Пред влезот на Алијанса на Албанците во Влада се изнаслушавме за инспекции во Гостивар и за кривични пријави против господинот Арбен Таравари. Ова е начинот на кој владее СДС со уцени и закани и кривични пријави и прогони. Ова не е ниту европска ниту било каква цивилизациска вредност, ова е се само не демократија“, рече Трајанов. Трајанов упати порака до СДСМ и нивните пратеници и функционери. „Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги интересира само криминал“, вели Трајанов. Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-nachinot-na-koj-vladee-sdsm-e-so-utseni-zakani-krivichni-prijavi-i-progoni/feed/ 0
Трајанов до Шкријељ: Разберете дека Македонците си ја сакаат Македонија повеќе од се https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-do-shkrijelj-razberete-deka-makedoncite-si-ja-sakaat-makedonija-povekje-od-se/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-do-shkrijelj-razberete-deka-makedoncite-si-ja-sakaat-makedonija-povekje-od-se/#respond Fri, 15 Jul 2022 10:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=705608

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов на денешната собраниска седница на која се дискутира францускиот предлог на пратеничката Санела Шкриељ и порача дека со прифаќање на овој предлог власта ја носи државата во слепа улица и Македонија нема никогаш да стане дел од ЕУ. -Санела дали ќе прифатиш дека босанскиот јазик е дијалект на српскиот? Јас не можам да прифатам дека македонскиот јазик е дијалект и норма на бугарскиот, затоа ова нема никогаш да помине и затоа со вашиот договор вие не предизвикувате, не носите во слепа улица каде што никогаш нема да станеме дел од ЕУ, тоа е проблемот. Не можете да разберете дека ја втурнувате Македонија во амбис, ја втурнувате во слепа улица од која нема излез, рече тој. Трајанов потенцираше дека Македонците си ја сакаат Македонија повеќе од се. -Разберете едно, Македонците си ја сакаат Македонија најмногу од се и повеќе од се. Но, вие со овие потези ја зацртувате историјата на Македонија повторно во негативна смисла, а ние сме тука да се бориме и ова нема никогаш да успее, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-do-shkrijelj-razberete-deka-makedoncite-si-ja-sakaat-makedonija-povekje-od-se/feed/ 0
Трајанов: Во законот нема одредба што ќе се случи, односно кој ќе сноси одговорност доколку навреме не се исплатат субвенциите на земјоделците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-vo-zakonot-nema-odredba-shto-kje-se-sluchi-odnosno-koj-kje-snosi-odgovornost-dokolku-navreme-ne-se-isplatat-subvenciite-na-zemjodelcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-vo-zakonot-nema-odredba-shto-kje-se-sluchi-odnosno-koj-kje-snosi-odgovornost-dokolku-navreme-ne-se-isplatat-subvenciite-na-zemjodelcite/#respond Tue, 31 May 2022 11:51:50 +0000 https://kurir.mk/?p=684224

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов, на денешната собраниска седница се осврна на состојбата во земјоделието која, како што вели е крајно лоша. Рече дека тоа најдобро го знаат земјоделците, како и тоа дека има неисплатени субвенции од 2021, 2020, 2019 и така наназад и тоа се над 30 милиони евра субвенции како и други неисплатени обврски од државата кон земјоделците. - Со ова, паѓаат сите маски во однос на овој закон и добрите намери на владата. Во законот има добри одредби, меѓутоа тие добри одредби мораше да се најде сила да се имплементираат во моментот, затоа што 2022 година е последица на 2021 и кризите кои претходно нѐ зафатија, како и кризната 2022 која ја живееме во моментов. Во моментов имаме нарушување на светскиот пазар со храна, понуда и побарувачка. Имаме сериозни проблеми кои треба да се менаџираат час поскоро. Наместо тоа да се случи, ние го носиме овој закон, што рековме ќе го поздравиме, меѓутоа проблематично во овој закон е тоа што некои клучни работи во земјоделието кои можеме да ги решиме, ги оставаме за понатаму. На прашањето зошто е тоа така, единствен можен одговор е затоа што нема пари во буџетот. Ако се имаше пари во буџетот, сите заостанати субвенции ќе беа исплатени. Добро знаат од МЗШВ што значи еден денар во моментот да дојде кај вредниот земјоделец во Македонија. Тоа значи можност да се обработи поголема површина, да се прави подобри приноси, да се постигнат подобри перформанси во земјоделието, но тоа не се случува. – рече Трајанов. Трајанов додаде дека тоа што му смета во законот е тоа што нема една одредба, односно никаде во законот не е регулирано што ќе се случи доколку навреме не се исплаќаат субвенциите. Посочи дека доколку тоа се случи, никој во државата нема да сноси одговорност. Од една страна сакаме модерно земјоделство, земјоделците ќе произведат и сметаат на субвенциите кои се согласно закон загарантирани, меѓутоа не знаат кога вистински ќе ги добијат, вели Трајанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-vo-zakonot-nema-odredba-shto-kje-se-sluchi-odnosno-koj-kje-snosi-odgovornost-dokolku-navreme-ne-se-isplatat-subvenciite-na-zemjodelcite/feed/ 0