здравковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Jun 2020 14:41:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравковски: Владата на СДСМ нема капацитет да се справи со пандемијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-vladata-na-sdsm-nema-kapacitet-da-se-spravi-so-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-vladata-na-sdsm-nema-kapacitet-da-se-spravi-so-pandemijata/#respond Sat, 06 Jun 2020 14:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=354512

Се соочуваме со една нова реалност, која ни најмалку не смее и не може да биде нормалност како што сакаат да ја прикажат политичките гарнитури кои ја држат власта, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес Игор Здравковски. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме неговата изјава: Наместо како насекаде низ Европа и Светот, бројките на новозаразени од опасниот вирус на Ковид 19 да се намалуваат, кај нас рапидно од ден на ден се повеќе растат. Дека отсега па натаму начинот на живот и животните навики ќе мораме да ги промениме е јасно. Но јасно од последните случувања и очајно лоши мерки е и дека здравството и Владата немаат доволно капацитет да се соочат успешно со опасноста. Потфрлија во секој поглед и одговорност мора да има! Не е нормално да имаме трицифрени бројки на новозаразени секој ден! Не е нормално да се превземаат мерки кои не можат и немаат идеи како да ги контролираат! Не е нормално да се воведува карантин на одредени делови од Република Македонија, а притоа да се дозволи еднонасочен проток на повеќе од 25000 автомобили и повеќе од 100000 граѓани кои потенцијално би го пренеле вирусот насекаде низ државата! Не е нормално член на политичка партија кој има решение за самоизолација да држи прес конференција! Не е нормално со единствена цел - стекнување на имунитет на аболицираниот Зоран Заев да ја втурнете цела држава во ризик од долгорочни здравствени проблеми на граѓаните, а со тоа и економска криза која следува односно паралелно оди со пандемијата! Почитувани сѐ ова што се случува е за жал реално, но никако не е нормално! Воедно, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес како дел од одговорна, демохристијанска партија, го поддржува и почитува повикот на неговото преосвештенство, Митрополитот на Повардарска Епархија Г-дин Агатангел за чествување на денешниот празник, а истовремено го осудува односот на властите преку покренување на исценирана постапка која има намера да се изврти вистината и суштината на повикот, во кој никаде не се споменува посета на гробиштата туку народот се повикува во дворовите на верските храмови. За двојните аршини кога се однесува на верските прашања и обичаи, а се поттикнати исклучиво од пазарџиски побуди, сведоци сме на нивна примена во последните неколку недели, но воопшто не заслужуваат коментари бидејќи граѓаните гледаат и судат! Многу бргу ќе се видат резултатите од епската неспособност на централната власт, како и на локаната самоуправа, и политичката инструираност на институциите кои во принцип треба да одлучуваат самостојно, а не да бидат во служба на владеачкиот естаблишмент! Крајот на таквата селективност доаѓа и многу бргу сите ќе го посведочиме тоа! Дотогаш, Ве замолувам сите да се придржуваме на препораките за заштита и да се однесуваме одговорно, затоа што институциите прогласија капитулација во борбата против оваа пандемија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-vladata-na-sdsm-nema-kapacitet-da-se-spravi-so-pandemijata/feed/ 0