здраво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Jul 2020 14:48:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здраво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бебето родено 690 грама, заминува здраво по три месеци од ГАК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebeto-rodeno-690-grama-zaminuva-zdravo-po-tri-meseci-od-gak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebeto-rodeno-690-grama-zaminuva-zdravo-po-tri-meseci-od-gak/#respond Fri, 31 Jul 2020 14:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=384458

По три месеци и четири дена на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство -Скопје, со престој на одделот за интензивна нега и терапија (ОИНТ), предвремено роденото бебе Инара денеска замина дома како здраво бебе во добра општа состојба. Од Клиниката информираат дека бебето е родено на 27 април годинава и тоа предвреме во 28 гестациска недела, со само 690 грама, а денеска стручниот тим го испиша со 2.120 грама телесна тежина. -Тримесечната Инара денеска првпат ќе влезе во својот дом во скопското село Грчец, по 3 месеци поминати на ОИНТ, период во кој тимот лекари и медицински сестри секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги надминаа сите предизвици кои се испречуваа пред нив. Тоа е нашата најмала хероина во 2020 година, родена спонтано, со застој во растот во текот на бременоста, информираат од Клиниката. Началничката на ОИНТ, Рената Димитриоска истакна дека во овој период од три месеци предвремено роденото бебе континуирано било следено и му биле правени редовни контроли на виталните органи кои, сега при испишувањето, се во референтните граници. -Бебето имаше исклучителни проблеми со дишењето кои доаѓаат со незрелоста и малата родилна маса, поради што 40 дена беше приклучено на механичка вентилација (респиратор), а потоа продолжено со неинвазивна (CPAP) вентилација уште 15 дена, што значи дека безмалку два месеци беше со потпомогната дишна функција. Овие мали бебиња често имаат проблем со отворени фетални комуникации (ДАП), кои претежно бараат и хируршки третман. ДАП имаше и нашето бебе, што во одреден период ја компромитираше респираторната функција, меѓутоа успеавме конзервативно да го затвориме, рече Димитриоска. Таа објаснува дека предвремно родените бебиња со екстремно мала родилна тежина се со намалена отпорност и се подложни на потешки инфекции. – И кај Инара се боревме со потешка инфекција која за среќа, беше успешно излекувана. Сепак, во рамки на екстремната незрелост и малата родилна тежина и целокупниот спроведен третман, новороденото го испишуваме во добра општа состојба. Бебето е стабилно и нема значајни оштетување на виталните органи, додаде Димитриоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebeto-rodeno-690-grama-zaminuva-zdravo-po-tri-meseci-od-gak/feed/ 0
Дојде живот за сите: Пациенти се возат со „најмодерни“ возила на Итна медицинска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-za-site-pacienti-se-vozat-so-najmoderni-vozila-na-itna-medicinska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-za-site-pacienti-se-vozat-so-najmoderni-vozila-na-itna-medicinska-pomosh/#respond Fri, 01 Mar 2019 10:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=169775

Хаосот што владее во здравствениот систем секој ден испливува на површина. Денеска се појавија фотографии по социјалните мрежи кои се најдобар доказ за тоа во каква состојба се возилата на Итна помош што транспортираат пациенти. Возилото на фотографиите е на Итна медицинска помош со кое секојдневно се транспортираат пациенти во тешка здравствена состојба. Животот кој го најавуваше Заев дојде за сите, дојдоа и „подобри и модерни услови во здравствениот систем“. По оваа фотографија можеби министерот за здравство ќе се засрами и ќе допридонесе да се среди здравствениот систем кој успеа за година и нешто да го уништи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-za-site-pacienti-se-vozat-so-najmoderni-vozila-na-itna-medicinska-pomosh/feed/ 0