здравствен дом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 17:56:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствен дом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработените во Здравствен дом Скопје немаат здравствено осигурување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/#respond Tue, 04 Jul 2023 17:56:32 +0000 https://kurir.mk/?p=852680

Без здравствено осигурување се вработените во Здравствен дом Скопје. Вработените кои утрово имале потреба од здравствена услуга биле приморани да си платат приватно за прегледот и реализација на рецептите, објави Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. „Медицинскиот директор, Виктор Исјановски и организацискиот, Вулнет Селими кој е назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашуваат и казнуваат вработените од одредени поликлиники повторно во време на финансиска криза и инфлација, дополнително ги деградираат и демотивираат здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат. Вака ли Селими и Исјановски се грижат за персоналот и кој го контролира и кој ќе го санкционира нивното ненавремено извршување на работните обврски“ - се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/feed/ 0
Реконструирано детското катче пред Здравствениот дом во Велес https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruirano-detskoto-katche-pred-zdravstveniot-dom-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruirano-detskoto-katche-pred-zdravstveniot-dom-vo-veles/#respond Tue, 25 Apr 2023 16:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=827493

Детскиот катче кај велешкиот Здравствен дом е целосно реконструирано со нови елементи и содржини, а просторот е уреден со клупи. Реконструкцијата е извршена со донација од Евангелската црква во Велес и граѓанската организација Линк Акрос Македонија, информира за МИА Нино Николов директор на ЈЗУ Здравствен дом - Велес. Наместо поранешните лулки, новиот забавен парк за деца има дрвена кула со четири мини платформи, внатрешни клупи во самата кула, ѕид со елементи за „алпинистичко“ качување, шипка за „пожарникарски“ спуст и лизгалка. Просторот во околината е уреден со тампон за детска игра, а има и клупи за седење на возрасните кои ќе ги чекаат децата додека си играат. Пасторот Филип Иванов од Евангелската црква им порача на децата да го користат овој забавен парк за радосни игри, но и да го чува за повторно да му се навраќаат со нови радости. Во изјавата за МИА, директорот на велешкиот Здравствен дом, Николов најави дека годинава од буџетот на оваа јавна здравствена установа се планира да се реновираа првиот кат на Центарот за јавно здравје, каде се сместени лабораторија, детска забна амбуланта за превентивна заштита и неколку лекарски ординации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruirano-detskoto-katche-pred-zdravstveniot-dom-vo-veles/feed/ 0
Работат во здравството, а ни за себе немаат здравствено осигурување – 140 медицински сестри немаат земено плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=812588

Без плата, без осигурување и без договори за вработување. Вака повеќе од два и пол месеци работат 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје. Велат дека со години имале само договори, но не и решенија за работа, пренесува АЛСАТ. „Ние сме без здравствено осигурување, без пензиско осигурување и без денови за одмор. Вакви сме три години. Сега уште два и пол месеци и влегуваме во третиот месец и без договори за работа и без плати. Работиме максимум, осум часа“, рече Несрине Емини, медицинска сестра. Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата. „За време на пандемијата работевме во две смени, работевме максимално преку заразни болести, многу тешко беше, бевме под стрес, со болни луѓе, тешко ни беше, но работевме затоа што нè ангажираа. Оди ваму, оди таму! Ние никогаш не рековме не. Работевме максимално. Со платата што ја имаме, а во сабота кога работеа сестрите не им плаќаа, туку им даваа слободен ден“, додава сестра Емини, пренесе Алсат. Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ. „Не 140, туку 5-10 од нив ако не функционираат, ние би биле дестабилизирани како институција. Затоа се многу битни, важно е многу брзо да ги земат. Како што знаете јас и некои други директори треба да бидеме разрешени од позициите затоа зошто мислиме поинаку. Можеби и тоа е дел од проблемот“, рече Бесим Кока, директор на Здравствен дом. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/feed/ 0
Кривична пријава против вработена во Здравствен дом Гостивар, на невакцинирано лице му издала Ковид сертификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-vrabotena-vo-zdravstven-dom-gostivar-na-nevaktsinirano-litse-mu-izdala-kovid-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-vrabotena-vo-zdravstven-dom-gostivar-na-nevaktsinirano-litse-mu-izdala-kovid-sertifikat/#respond Tue, 07 Feb 2023 17:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=797428

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А.(37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената, како службено лице, вработена во Здравствен дом Гостивар, на лице што не било вакцинирано му издала Ковид сертификати за извршена вакцинација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-vrabotena-vo-zdravstven-dom-gostivar-na-nevaktsinirano-litse-mu-izdala-kovid-sertifikat/feed/ 0
СКАНДАЛ: Филипче поставил в.д. директор на здравствена установа кршејќи неколку закони https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-filipche-postavil-v-d-direktor-na-zdravstvena-ustanova-krshejkji-nekolku-zakoni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-filipche-postavil-v-d-direktor-na-zdravstvena-ustanova-krshejkji-nekolku-zakoni/#respond Wed, 11 Dec 2019 10:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=275843

Во Здравствениот дом во Пехчево функцијата вршител на должност директор ја поседува Богдан Стојановски иако тој не е вработен во иституцијата, а според законот за јавни претпријатија оваа функција може да ја добие само лице вработено во истата институција. До редакцијата на КУРИР пристигнаа информации кои отвораат простор за сомнеж дека со неговото поставување на функцијата е прекршен законот за јавни институции и законот за здравство. Стојановски станува вршител на должност директор со одлука на министерот за здравство Венко Филипче, без воопшто да се пријави на конкурсот. Како што е наведено и во самото решение, на конкурсот за именување на директор се пријавуваат три лица: Даниела Георгиевска-Капушевски (во моментот вд директор), Ирена Тодоровска и Биљана Стефановска. Но, Филипче констатира дека ниту една од нив нема да ја именува за директор, па го вади “од ракав“ Богдан Стојановски. Го именува за в.д. директор на период не подолг од шест месеци. За се да биде уште поконтраверзно, лицето Богдан Стојановски е и претседател на Управниот одбор во здравствениот дом во Пехчево. Според законот за јавни установи овие две функции се неспоиви по член 43 од законот за јавни институции. Друг спорен сегмент од постапките на Филипче е неговата одлука досегашниот вршител на должност Даниела Георгиевска Капушевски која се јавила на конкурс за избор на директор во истата установа и ги исполнува сите услови да биде избрана за директор, но министерот не врши избор на директор туку поставува вршител на должност и тоа надвор од институцијата, обелоденува нашиот извор. Се поставува прашањето колку пати ќе се крши законот? Како што дознава КУРИР, истиот човек Богдан Стојановски работел во фирмата Рудине од  Делчево и се уште не е одјавен од Рудине (до 5.12.2019 година), а решението за назначување му е од 19.11.2019 година, како и разрешувањето на поранешната вршителка на должност, Даниела Георгиевска Капушевски. Значи од 19.11.2019 година па до 5.12.2019 година Богдан Стојановски има три функционерски места кои се неспоиви. Дека ги врши истите функции, кои никако не смее заедно да ги извршува, може да се види и преку неговиот анкетен лист, каде јасно е наведено дека истовремено е и претседател на управниот одбор. Во продолжение можете да погледнете и какво богатство поседува ова лице, очигледно омилено на здравствените власти. Според нашите извори, вработените во здравствената установа постојано се под притисок на незконски назначувања, па не можат да си ги вршат своите работни задачи. Вработените во установата се надеваат дека некогаш ќе биде назначен директор кој ги исполнува условите од огласот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-filipche-postavil-v-d-direktor-na-zdravstvena-ustanova-krshejkji-nekolku-zakoni/feed/ 0
Од денеска дежурни пунктови за деца во три скопски поликлиники https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-dezurni-punktovi-za-deca-vo-tri-skopski-polikliniki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-dezurni-punktovi-za-deca-vo-tri-skopski-polikliniki/#respond Tue, 01 Jan 2019 11:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=147184

Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле. Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораторииите ќе работат од 8 до 23:30 часот. Во пунктовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе можат во многу краток период заради близината во однос на местото на живеење да им дадат помош на децата на кои им е потребна. Лекарите ќе бидат и во постојана комуникација со дежурните на Клиниката за детски болести и Детската болница Козле и по потреба потешките случаи и оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две јавни здравствени установи]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-dezurni-punktovi-za-deca-vo-tri-skopski-polikliniki/feed/ 0