здравствен систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Nov 2022 16:12:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствен систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Мадрид околу 200.000 луѓе против реформата на здравствениот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-madrid-okolu-200-000-lugje-protiv-reformata-na-zdravstveniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-madrid-okolu-200-000-lugje-protiv-reformata-na-zdravstveniot-sistem/#respond Sun, 13 Nov 2022 16:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=759908

Најмалку околу 200.000 луѓе се собраа денеска во Мадрид против реформата на јавниот здравствен систем во регионот на главниот град на Шпанија. Демонстрантите дојдоа на собирот под слоганот „Мадрид се собира за да го поддржи системот за јавно здравје, против планот за негово уништување“. На четири места во Мадрид се собраа голем број луѓе и сите тргнаа одвоено кон зградата на градското собрание. Регионалните власти проценија дека се собрале најмалку околу 200.000 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-madrid-okolu-200-000-lugje-protiv-reformata-na-zdravstveniot-sistem/feed/ 0
Срцева: Ковидот ги донесе на површина недостатоците и нефункционалноста на здравствениот систем, медицинскиот и помошниот персонал дополнително да се мотивира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srceva-kovidot-gi-donese-na-povrshina-nedostatocite-i-nefunkcionalnosta-na-zdravstveniot-sistem-medicinskiot-i-pomoshniot-personal-dopolnitelno-da-se-motivira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srceva-kovidot-gi-donese-na-povrshina-nedostatocite-i-nefunkcionalnosta-na-zdravstveniot-sistem-medicinskiot-i-pomoshniot-personal-dopolnitelno-da-se-motivira/#respond Sun, 03 Apr 2022 10:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=657691

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Марија Јовановски Срцева која што= истакна дека ковидот ги донесе на површина сите недостатоци и нефункционалност на здравствениот систем а медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред. - Ковидот не научи колку не функционира здравствениот систем. Не функционираат основните работи кои што се поставени во здравствениот систем, инфраструктурните објекти, недостаток на лекови, недостаток на лекари никогаш не смееме да ги заборавиме а некако го подзаборавивме медицинскиот персонал, медицинските сестри и помошниот персонал. За жал во Македонија она што се случува е фактот дека средниот медицински персонал, односно медицинските сестри и акушерки во Македонија не постои закон, тие немаат конкретна дејност, а тие го носеа најголемиот товар кој што го донесе ковидот, и исто така го носат големиот товар во целиот здравствен систем. Тоа се луѓе кои што имаат адекватна обука меѓутоа никаде во законот, во ниту еден закон не се носители на дејност ниту се носители на здравствена нега. Она што со години наназад се ветува и некаде мислам дека во 2019 министерството за здравство проба да ги изедначи нашите легислативи со ЕУ легислативи посебно во однос на медицинскиот персонал, меѓутоа од тогаш наваму не е направено ништо, нагласи Срцева. Срцева истакна и дека медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред. - Кога зборуваме за покачување на плата зборуваме некако по дифолт за покачување на плата на здравствени работници пред се мислејќи на лекари, ја подзабораваме оваа категорија а не смееме да заборавиме дека секаде во светот на глобално ниво околу 27 милиони луѓе се сестри или акушерки кои што практично го носат товарот на 50 проценти од целиот медицински персонал и во Македонија е сигурно така, но немаме точна статистика. Покрај лекарите најголемиот товар е на сестрите и на некој начин токму на нив треба да им се даде дополнителен мотив, едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред, истакна Срцева. Во однос на Јавното и приватното здравство Срцева истакна дека според најновите истражување од СЗО сите инвестиции и во инфрастуктурата и во едукацијата на кадар инвестициите се враќаат назад за отприлика 7 години. - Мислам дека пред два до три дена светската здравствена организација заедно со центарот за амерички заболувања истражиле дека инвестирањето и во јавното и во било кое здравство со самото инвестирање за извесен број на години отприлика за 7 години е нивната пресметка дека се враќа на економската стапка на самата држава. Значи колку побргу инвестираме не само во инфраструктура во едукација во начин на наградување сето тоа има улога во економскиот развој на самата држава. И тоа е нешто што е издадено пред 3 дена од Светската здравствена организација како извештај, посочи таа. Д-р Марија Јовановски Срцева додаде и дека Европскиот извештај за 2021 главно е негативен, токму поради корупцијата во здравството а пред се во јавно приватното партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, и на сето она што требаше на некој начин да се приватизира од оваа влада. - Европскиот извештај за 2021 во главно е негативен. Меѓутоа е така дискретно направен негативен во сите полиња доминира корупцијата, посебно во здравството доминира корупцијата но е дискретно направен поради тоа што короната е посреди. Не се заборавени да се напоменат сите оние недостатоци кои што ги имаме во јавното здравство и посебно во однос на ова јавно приватно партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, на сето она што требаше на некој начин се приватизира од оваа влада, заклучи Срцева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srceva-kovidot-gi-donese-na-povrshina-nedostatocite-i-nefunkcionalnosta-na-zdravstveniot-sistem-medicinskiot-i-pomoshniot-personal-dopolnitelno-da-se-motivira/feed/ 0
Доколку се зголеми притисокот врз здравствениот систем, Шведска ќе воведе построги ограничувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dokolku-se-zgolemi-pritisokot-vrz-zdravstveniot-sistem-shvedska-kje-vovede-postrogi-ogranichuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dokolku-se-zgolemi-pritisokot-vrz-zdravstveniot-sistem-shvedska-kje-vovede-postrogi-ogranichuvanja/#respond Wed, 21 Apr 2021 17:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=500467

Шведската Влада предупреди дека ќе воведе нови, построги ограничувања доколку луѓето одлучат да ги игнорираат постојните ограничувања во борбата против коронавирусот и се зголеми притисокот врз здравствениот систем, кој веќе се бори против третиот бран на епидемијата. Скандинавската земја, која се потпира на доброволно почитување на рестриктивните мерки од страна на граѓаните, регистрира голем број нови пациенти во одделите за интензивна нега од почетокот на епидемијата. Во некои региони, одделите за интензивна нега се полни, а процентот на достапни кревети за најсериозно болни во целата земја е под 20 проценти. – Стапката на инфекции не паѓа сама од семе, предупреди министерката за здравство и социјални работи Лена Халенгрен. Таа ја истакна потребата од усогласување со постојните правила и препораки, но не исклучи построги мерки доколку ситуацијата се влоши. Министерката не рече какви чекори може да се преземат и што може да предизвика воведување построги ограничувања. Шведска денеска регистрира 7.510 новозаразени и 38 смртни случаи. Од очетокот на пандеијата починале https://kurir.mk/wp-admin/edit.php?post_type=post&author=2413.863 луѓе. Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести покажуваат дека Шведска е меѓу земјите со најголем број нови случаи по глава на жител во ЕУ во последните 14 дена, но меѓу земјите со најмала смртност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dokolku-se-zgolemi-pritisokot-vrz-zdravstveniot-sistem-shvedska-kje-vovede-postrogi-ogranichuvanja/feed/ 0
Здравствениот систем оптоварен: Активни 21.265 случаи на коронавирус, Македонија надмина 4.000 починати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveniot-sistem-optovaren-aktivni-21-265-sluchai-na-koronavirus-makedonija-nadmina-4-000-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveniot-sistem-optovaren-aktivni-21-265-sluchai-na-koronavirus-makedonija-nadmina-4-000-pochinati/#respond Wed, 07 Apr 2021 05:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=493413

Дополнителни рестриктивни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19 се во сила по огромниот наплив на пациенти во болниците во изминатиот период, каде моментно се хоспитализирани 1744. Надлежните велат дека интервенирале со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 1259 случаи на коронавирусот од направени 4.555 тестирања. Починаа 45 лица, а оздравени се 751 пациент. Во меѓувреме и вчера продолжи масовната вакцинација против Ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ и во сите здравствени домови ширум државата. Од близу 2 800 веќе закажани граѓани, 2 500 се вакцинирале. Министерот за здравство Венко Филипче укажа дека сега сме во период кога е навистина оптоварен здравствениот систем, а пред нас се празници. – Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите празници конкретно рамазанските пости и Велигден во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината за воведувањето дополнителни рестриктивни мерки со цел овој трет и досега најсилен бран на Ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, носењето маска и одржувањето дистанца придонесуваме за што пократко време да заврши и овој бран, изјави Филипче. Тој потенцира дека оптимумот, бројот кој сакаат да се постигне е да имаме околу 7000 вакцинирани граѓани на ден. Филипче информира дека вчера немало никаков проблем околу вакцинирањето и издрази надеж оти така ќе продолжи и во следниот период. Филипче истакна дека близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со завчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои, како што рече, што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема. Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи. Над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со ковид веќе се вакцинирани и ревакцинирани, а околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација. Во однос на вакцинирањето на припадниците на МВР и Армијата, според Филипче, имало голем интерес и согласно расположливите вакцини, а приоритетни групи во Армијата и во полицијата ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот. Во останатите институции се пријавуваат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети и така се регрутирале пријавените од МТСП, вработените во градинки, од МОН – наставниците од прво до трето одделение. Освен некои од информациите на социјалните мрежи, Филипче рече дека досега не виделе силна антиваксерска кампања. – Апелирам граѓаните да се свесни дека ова е единственото оружје со кое ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Не само кај нас, секаде во светот. Сите вакцини се безбедни. Таму, каде што има сомнежи, сме внимателни и чекаме соодветни препораки и мислења, и ова е единственото нешто кое што можеме да го направиме да го зачуваме сопственото здравје, рече министерот за здравство Филипче. Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1744 ковид-пациенти и има околу 230 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 692 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19. Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 1052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Прилеп 145, во Струмица 116, Охрид 105, Велес 103, во Куманово и Штип по 93 и Кавадарци 73 пациенти. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 136.426, на оздравени е 111.139, а на починати 4.022. Досега во земјава се направени вкупно 647.559 тестирања за Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveniot-sistem-optovaren-aktivni-21-265-sluchai-na-koronavirus-makedonija-nadmina-4-000-pochinati/feed/ 0
Семејството на 32 годишниот починат пациент: Не побара доцна лекарска помош, туку не ја доби навреме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-32-godishniot-pochinat-pacient-ne-pobara-docna-lekarska-pomosh-tuku-ne-ja-dobi-navreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-32-godishniot-pochinat-pacient-ne-pobara-docna-lekarska-pomosh-tuku-ne-ja-dobi-navreme/#respond Tue, 09 Feb 2021 11:56:40 +0000 https://kurir.mk/?p=466205

Министерството за здравство вчера информираше дека меѓу починатите пациенти од коронавирус, е и 32-годишник од Скопје. Членови на неговото семејството се огласија преку социјалните мрежи нагласувајќи дека починатиот Милош навреме побарал лекарска помош, но не ја добил. -Денес 32 годишен скопјанец ја загуби битката со коронавирусот.... не, Венко Филипче, Милош Бисовски не е само статистика. Без претходни коморбидитети, на 24.01.2021 добива позитивен тест на коронавирус, на 26.01. веќе бара лекарска помош. Со крвна слика која и лаик да ја види ќе сфати дека нешто не е во ред, висока температура, дијагностицирана пневмонија и сатурација 93- 2 пати го враќаат дома да пие Трицеф. Милош не побара доцна лекарска помош, ја побара но не ја доби на време. Можеби ако здравствениот систем функционираше како што треба, денес немаше толку срца да бидат скршени и едно осум месечно бебе да остане без татко, пишува Наде на Фејсбук. Со свој коментар се огласи и сопругата на младиот скопјанец. -Милош не само што побара туку пристојно замолуваше за соодветен третман, а тие вашите господине Венко Филипче наместо да кажат да си го бараме чарето го оставија на домашна нега за подоцна истите тие да кажат дека е доцна хоспитализиран... И точно не е тој статистика тој е една изгубена надеж во нашето семејство ама совеста ви знае за понатаму, пишува сопругата на Милош, Бранкица. Вчера од Министерството соопштија дека во изминатите 24 часа биле пријавени 22 смртни случаи од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-32-godishniot-pochinat-pacient-ne-pobara-docna-lekarska-pomosh-tuku-ne-ja-dobi-navreme/feed/ 0
Филипче и здравствениот систем потфрлија – Прогнозираа пик од 2.000 заразени, за денеска да бројат 1.600 починати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zdravstveniot-sistem-potfrlija-prognoziraa-pik-od-2-000-zarazeni-za-deneska-da-brojat-1-600-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zdravstveniot-sistem-potfrlija-prognoziraa-pik-od-2-000-zarazeni-za-deneska-da-brojat-1-600-pochinati/#respond Thu, 26 Nov 2020 10:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=434673

Надлежните се поочигледно е дека не се справија соодветно со корона вирусот и ја изгубија контролата врз истиот, а особено со тешко болните лица кои кои што за жал завршуваат во ковид центрите низ Македонија, а поради негрижата и неодговорноста на властите голем број од нив ја загубија битката со оваа тешка болест. Дека состојбата е излезена од контрола говори и фактот што процентот за заразени со корона вирус во однос на направени тестирања дневно е многу висок. Имено, изминатата недела во период од 16 ноември до 22 ноември во Македонија вкупно биле направени 19.664 тестирања, од кои за жал речиси скоро половината од нив биле позитивни, односно позитивни на Ковид-19 биле регистрирани дури 7.486 лица. Според податоците на ИЈЗ во истиот период, во текот на една седница, животот како последица од корона вирус го загубиле дури 204 лица. А доколку се додаде бројката на новозаболени и починати во изминатите неколку денови, и покрај укажувањата на министерот Филипче дека се е под контрола, повторно се доаѓа до уште една висока пројка со која се потврдува фактот дека надлежните ја немаат контролата врз вирусот и истиот забрзано се шири меѓу граѓаните. Заклучно со вчера, односно според последниот извештај на министерството за здраство од направени 3349 тестирања, регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22. И додека секојдневно преку медиумите Филишче ги убедува граѓаните дека состојбата наводно е под контрола заклучно со вчерашниот извештај на ИЈЗ како последица од коронавирусот животот го загубија дури 39 лица, а Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881. Заклучно со вчера, според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 25228, активни 10130 • Куманово 3541, активни 939 • Дебар 438, активни 87 • Штип 2510, активни 526 • Прилеп 2766, активни 1021 • Тетово 3638, активни 965 • Струга 1334, активни 406 • Велес 1812, активни 711 • Битола 1813, активни 808 • Охрид 1460, активни 597 • Кавадарци 1109, активни 432 • Гостивар 2296, активни 862 • Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 1598, активни 580 • Крива Паланка 402, активни 120 • Радовиш 407, активни 125 • Крушево 116, активни 70 • Кочани 1187, активни 307 • Пробиштип 336, активни 74 • Демир Хисар 185, активни 83 • Македонски Брод 151, активни 34 • Пехчево 95, активни 25 • Берово 339, активни 92 • Валандово 196, активни 71 • Виница 359, активни 174 • Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 148, активни 63 • Свети Николе 770, активни 212 • Кичево 1178, активни 492 • Ресен 424, активни 173 • Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), стои во вчерашниот извештај на ИЈЗ. Филимче место да се фати за работа и заедно со сите надлежни да покажи грижа за својот народ, тој избра да тера ПР и политика во корист на власта, притоа оставајќи го народот сам да се снаоѓа во овие тешки времиња. Несериозноста на Филипче и институциите дозволија да стигнеме на ова дреџе, кога во здраствените установи и ковид центри нема кревети за лекување на заболените од Ковид-19. Министерот за здраство, Венко Филипче пролета прогнозираше дека пикот на заразени од корона ќе биде до 2.000 лица, за денеска, а заклучно со вчера да броиме 1.600 починати. Ова не претставува ништо друго, освен несериозност и неодговорност од страна надлежните, а особено на Филипче и неговата Комисија за заразни болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zdravstveniot-sistem-potfrlija-prognoziraa-pik-od-2-000-zarazeni-za-deneska-da-brojat-1-600-pochinati/feed/ 0
Шпан: Германскиот здравствен систем се уште може да се справи со бројот на нови случаи од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpan-germanskiot-zdravstven-sistem-se-ushte-moze-da-se-spravi-so-brojot-na-novi-sluchai-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpan-germanskiot-zdravstven-sistem-se-ushte-moze-da-se-spravi-so-brojot-na-novi-sluchai-od-kovid-19/#respond Fri, 07 Aug 2020 09:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=387602

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека Германија не го надминала „критичниот праг“, поради бројот на нови пациенти од Ковид-19, што повторно надмина 1.000 заболени лица дневно. – Во моментов се уште сме на ниво со кое здравствениот систем може да се справи, изјави Шпан. Шпан истакна дека ако сега се стабилизира бројот на одредено ниво, тогаш здравствениот систем нема да има проблем. – Здравствениот систем може да се справи со бројка од 1.000 нови заразени. Но, ако бројките и понатаму растат тогаш ќе мораме да бидеме свесни, за да не бидат потребни понатамошни мерки, изјави Шпан. Според податоците на Институтот Роберт Кох во Германија, по три месеци бројот на новозаразени повторно надмина бројка од 1.000 лица на дневно ниво. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpan-germanskiot-zdravstven-sistem-se-ushte-moze-da-se-spravi-so-brojot-na-novi-sluchai-od-kovid-19/feed/ 0
Кон: Здравствениот систем во Србија е под тензија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kon-zdravstveniot-sistem-vo-srbija-e-pod-tenzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kon-zdravstveniot-sistem-vo-srbija-e-pod-tenzija/#respond Tue, 14 Jul 2020 08:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=375492

Епидемиологот Предраг Кон вели дека здравствениот систем, поради големиот број пациенти заразени со Ковид-19, е под голема тензија, но дека сè уште е под контрола затоа што има место за лекување на секој пациент. Кон за ТВ Пинк изјави дека Србија е во неповолна ситуација, со тенденција да премине во вонредна состојба, притоа потсети дека во неколку градови веќе е прогласена вонредна состојба. – Сè што е потребно во моментот, се прави, а тоа е проширување на капацитетите. Се осигура дека системот функционира, тој моментно е под контрола, затоа што секој сè уште има свое место за лекување, секој може да биде примен, само треба многу трпеливост, рече Кон. Тој истакна дека е многу важно лицата постари од 65 години и хронично болните да носат маски. – Кога вирусот циркулира, единствениот правилен начин да се намали преносот е сите да носат маска. Ако само хроничните пациенти и оние над 65 години ја носат, тие само ќе се заштитат себеси – 30 отсто. Ако сите носат, тогаш има 99 отсто заштита, истакна Кон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kon-zdravstveniot-sistem-vo-srbija-e-pod-tenzija/feed/ 0
Министерството го мобилизира целиот здравствен систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-go-mobilizira-celiot-zdravstven-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-go-mobilizira-celiot-zdravstven-sistem/#respond Thu, 18 Jun 2020 08:03:19 +0000 https://kurir.mk/?p=359327

Министерството за здравство соопшти дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот. Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава. – Го мобилизираме целиот здравствен систем за побрзо да го надминеме и овој бран. Со вклучувањето на дополнителен тим значително ќе им ја олесниме работата и ќе им помогнеме на вработените во овие две установи во справувањето со овој непредвидлив вирус. Сакам да им порачам на сите, да ги слушаме нашите лекари, да се придржуваме до мерките заштита, да не се групираме, да носиме заштитна маска и често да ги миеме рацете. Mораме да бидеме свесни дека само од нас зависи. Да ги почитуваме мерките без исклучок, рече министерот за здравство Венко Филипче. Во функција е ставена и монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти. Оваа болница е целосно опремена и има капацитет од дополнителни 72 кревети, како надополнување за Инфективната клиника, посочуваат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-go-mobilizira-celiot-zdravstven-sistem/feed/ 0
Северна Рајна-Вестфалија пред колапс на здравствениот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-rajna-vestfalija-pred-kolaps-na-zdravstveniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-rajna-vestfalija-pred-kolaps-na-zdravstveniot-sistem/#respond Fri, 27 Mar 2020 09:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=322984

Германската провинција Северна Рајна-Вестфалија предупреди дека нејзиниот здравствен систем ќе се соочи со колапс на  доколку не и биде испорачана медицинска заштитна опрема. Во интерен документ од Кризниот штаб на покраината, кој го објави весникот „Билд“, се укажува дека на краток рок се заканува колапс на системско-критична инфраструктура, доколку и натаму не биде испорачана заштитната опрема што недостасува. „Сите градови и окрузи пријавуваат проблеми со набавка на заштитна опрема и средства за дезинфекција“, се вели во документот. Покрај лекарите и клиниките, Итната помош и установите за нега на граѓани, исто така, се погодени од недостиг на заштитна опрема. Министерот за здравство на оваа германска покраина, Карл-Joзеф Лауман, објасни дека заштитната опрема била нарачана во значителни количини, но дека е отежнато производството и испораката. Северна Рајна-Вестфалија е  најголемото жариште на вирусната инфекција во Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-rajna-vestfalija-pred-kolaps-na-zdravstveniot-sistem/feed/ 0