здравствена агенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Aug 2020 06:31:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствена агенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравствената агенција на ЕУ повикува на нови мерки против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenata-agencija-na-eu-povikuva-na-novi-merki-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenata-agencija-na-eu-povikuva-na-novi-merki-protiv-kovid-19/#respond Tue, 11 Aug 2020 06:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=389041

Здравствената агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји. Агенцијата со седиште во Стокхолм наведе дека пандемијата на Ковид-19 сè уште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува „Гардијан“. По ублажувањето на ограничувањата за движење и другите мерки, ширењето на вирусот продолжи, соопшти агенцијата. Понатамошно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 и згрижување на болните, како и смртните случаи може да се ублажат доколку на време се воведат или зајакнат контролните мерки, нагласува агенцијата. Земјите во кои сега има зголемување на бројот на случаи, после укинувањето на контролните мерки по привременото подобрување на епидемиолошката состојба, треба да размислат за повторно и постепено воспоставување на одредени мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenata-agencija-na-eu-povikuva-na-novi-merki-protiv-kovid-19/feed/ 0