здравствена криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Apr 2022 16:31:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствена криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Енергетската и здравствената криза – правни, економски, психолошки и политички аспекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-i-zdravstvenata-kriza-pravni-ekonomski-psiholoshki-i-politichki-aspekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-i-zdravstvenata-kriza-pravni-ekonomski-psiholoshki-i-politichki-aspekti/#respond Sat, 09 Apr 2022 16:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=660741

Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје и МИТ универзитетот денес, во Стопанската комора се оддржа меѓународна научна и стручна конференција: Енергетската и здравствената криза – правни, економски, психолошки и политички аспекти. Партнери на конференцијата беа: Факултетот за правни и пословни студии Д-р Лазар Вркатиќ, Нови Сад; ЦЕПС – Кисељак, БиХ; Институт за судска медицина – Скопје; Интернационален универзитет „Травник“, Травник; Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – Скопје и Адвокатско друштво Чукиќ-Марков, Скопје. Мисијата на конференцијата е да се даде конкретен научен, стручен и поширок општествен придонес во одговорот на предизвиците со кои се соочуваат денешните држави заради актуелните состојби наметнати со тешките последици од пандемијaта со ковид-19 и енергетската криза. Преку размена на експертски знаења, професионални практики и индивидуални искуства, како и взаемна соработка помеѓу образовните институции и деловната заедница, потребно е да се создаде основа за да се дојде до релевантни и применливи решенија со кои ќе се подобри институционалниот и нормативниот дизајн во борбата со совремните ризици и закани. Според проф. д-р Атанас Козарев, претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, неспорно е дека биолошките, климатските, економските, а пред се корупцијата и други закани и во иднина ќе претставуваат сериозни и сложени безбедносни ризици и човештвото ќе биде принудено во иднина да вложува многу финансии и да прикаже фактичка, а не декларативна подготвеност и волја за нивно брзо сузбивање и спречување. -Ниедна земја не е во потполност подготвена да има успешна реакција на една пандемија или епидемија и секоја има недостатоци кои треба да се отстранат. Исто така, има малку докази дека многу земји имаат капацитети за да функционираат во оваа глобална криза што се потврдува и денес. Може да се додаде и дека на повеќето земји не им се доделни значајни средства од пресметките за да се пополнат сите тие недостатоци кои постојат во здравствениот систем, но и во системите кои се задолжени за спречување и санирање на ширње на паднемијата – нагласи тој. Оттука, според него, пред академската и стручната јавност се поставува прашањето: Како да се подобрат здравствените системи во планирањето на реакција на еден од најприсутните светски ризици – епидемија од заразни болести? Одговорот на ова прашање може да произлезе од бројните научни и стручни трудови кои беа презентирани во текот на конференцијата. Проф. д-р Серјожа Марков во своето излагање се осврна на светската здравствена, енергетска и воена криза, при што го потенцираше лошото менаџирање со енергетските ресурси пред и за време на енергетската криза во нашата држава. Истиот, ја истакна потребата од инвестиции во енергетскиот систем на земјава, а како добар сигнал го оцени носењето на подзаконски акти од Регулаторната комисија за регулирање на односите помеѓу универзалниот снабдувач и физичките лица кои сакаат да инвестираат во системи за производство на сончева енергија во своите домови. Доц. д-р Вероника Рашковска, изрази лично инсистирање за оптимално и бона фидес употреба на новите техологии во дигиталното доба. Затоа, пред аудиторимот успешно го доближи поимот на дигиталните медиуми, појавата на лажни вести и последиците од нивно ширење до увото на читателот, како општествен актер којшто не е имун на последиците од пандемијата. „Во тие услови, медиумите како седма сила на светот станаа моќен ресурс за менаџирање со енеергетските и здравствените закани. Наша задача како корисници, во таа палета од ризици е да ги користиме новите технологии и медиумите на начин на којшто ќе ги намалиме негативните последици и ќе го олесниме нашето секојдневие со придонес во борбата против пандемијата. Впрочем, тоа е наша одговорност во овој момент, повеќе од било кога “, нагласи таа. Д-р Мирзо Селимиќ од ЦЕПС Киселјак, преку компарација помеѓу состојбите во нашата држава и БиХ укажа на одредени сличности но и разлики, со желба институците да имаат системски пристап во справувањето на сегашните и идни ризици и закани. Доц. д-р Јордан Делев и доц. д-р Ебру Ибиш од Правен факултет при Универзитетот Визион, укажаа на инкриминациите во националната и меѓународната регулатива и статистиката околу семејно насилство во време на пандемија. Според добиените истражувачки резултати, тие заклучија дека постои зголемување на стапката на семејно насилство во време на ковид -19, при што жените се наоѓаат претежно во улога на жртва и дека физичкото насилство има примат. Модератори на пленарните сесии беа: проф. д-р Наташа Георгиева и доц. д-р Благица Котовчевска Михајловска од Факултетот за безбедносни науки при МИТ универзитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-i-zdravstvenata-kriza-pravni-ekonomski-psiholoshki-i-politichki-aspekti/feed/ 0
Здравствената криза ја зголеми потрошувачката на филмови, ТВ серии, музика, видео игри преку интернет во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zdravstvenata-kriza-ja-zgolemi-potroshuvachkata-na-filmovi-tv-serii-muzika-video-igri-preku-internet-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zdravstvenata-kriza-ja-zgolemi-potroshuvachkata-na-filmovi-tv-serii-muzika-video-igri-preku-internet-vo-2020-godina/#respond Thu, 11 Feb 2021 15:05:24 +0000 https://kurir.mk/?p=467420

Филмови, ТВ серии, музика, видео игри … 83 отсто од француските корисници на интернет потрошиле барем едно нематеријализирано културно добро, според барометарот објавен денес од Хадопи (француската јавна агенција за борба против пиратеријата), јави дописникот на МИА. Здравствената ја допингува потрошувачката на културните добра на Интернет: 83 отсто од француските корисници на Интернет, или 40 милиони луѓе, конзумираа културни добра преку интернет, оваа стапка се зголеми за два поени во споредба со 2019 година, според барометарот објавен во четвртокот од „Хадопи“ (Високиот орган за дифузија на дела и заштита на правата на Интернет). Оваа годишна студија ја мери употреба на Интернет за девет културни добра: музика, филмови, серии, фотографии, видео игри, софтвери, дигитални книги, онлајн печат и спортски преноси во живо. Во 2020 година потрошувачи на културни добра на Интернет „достигна рекордни нивоа“, следејќи го трендот на постојан раст веќе 10 години, се вели во соопштението на јавната агенција за борба против пиратерија. Оваа потрошувачка особено дојде до израз за време на „четвртата недела од затворањето, минатата пролет, со 89 отсто од француските корисници на Интернет на возраст од 15 години и повеќе, кои потрошиле барем едно културно добро на Интернет“, а особено филмови, ТВ серии и музика. Во пролетта на 2020 година, скоро третина (31 отсто) од корисниците на Интернет се претплатија на барем една понуда во овој период, особено на услуги за видео по потреба. Покрај тоа, во јануари 2021 година, 31 отсто од потрошувачите изјавија дека сега консумираат повеќе културни добра отколку пред второто затворање, рече Хадопи. И покрај постоењето на понуда за емисии во живо преку Интернет, повеќето од нив (65 отсто) велат дека „сакаат да се вратат што е можно поскоро“ во кино, театар или концертни сали, без оглед на возрасните групи или дали се или не се претплатени на културна понуда. Според студијата, просечната месечна корпа за нематеријализирани културни добра достигна сума од 30 евра во 2020 година. Минатата година „падот на недозволената потрошувачка (пиратско гледање) инициран од пред три години беше прекинат“, тој се стабилизира на 26 отсто како во 2019 година, забележува Хадопи, посочувајќи на неговото засилување на неделно ниво. Така, Хадопи смета дека има 43 отсто на недозволени потрошувачи на филмови барем еднаш неделно во 2020 година, наспроти 36 отсто претходната година. Ист тренд за сериите (57 отсто наспроти 46 отсто во 2019 година), книги (49 отсто наспроти 34 отсто) и спортски преноси во живо (46 отсто наспроти 36 отсто). Но, „само 46 отсто од недозволените (пиратски) потрошувачи на нематеријализирани културни добра сега ја сметаат цената на законската понуда како пречка и 62 отсто од корисниците на Интернет пристапуваат барем до претплата“, вели Хадопи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zdravstvenata-kriza-ja-zgolemi-potroshuvachkata-na-filmovi-tv-serii-muzika-video-igri-preku-internet-vo-2020-godina/feed/ 0
Мицкоски: Земјата се наоѓа во длабока економска и здравствена криза, а за тоа никој не одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zemjata-se-naogja-vo-dlaboka-ekonomska-i-zdravstvena-kriza-a-za-toa-nikoj-ne-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zemjata-se-naogja-vo-dlaboka-ekonomska-i-zdravstvena-kriza-a-za-toa-nikoj-ne-odgovara/#respond Wed, 06 Jan 2021 13:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=452438

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за НетПрес зборуваше за македонската економија односно како државата да излезе од кризата и посочи дека оваа власта нема рецепт и стратегија како македонската економија да се движи напред. -Оваа власт нема рецепт и нема стратегија како македонската економија да се движи напред. Ние зборувавме дека е потребна робусна, интензивна реализација на капиталните инвестиции па, дури и предвремена реализација на капиталните инвестиции за годините однапред. Но, за жал, тоа ние не го гледаме. Вчера ја добив реализацијата на Буџетот за 2020 година и еве ексклузивно за НетПрес ќе кажам дека реализацијата на капиталните инвестиции е не повеќе од 250 милиони евра, иако беше планирана да биде четврт на почетокот на оној примарен Буџет кој беше формиран во 2019 година. Не само што не успеаа да ги реализираат капиталните инвестиции, туку истите тие успеаа да ги намалат на ниво од 60-ина проценти. А што значи не реализацијата на капиталните инвестиции. Тоа значи помалку пари во оптек и помалку плата за вработените во компаниите кои што практично очекуваат овие пари да бидат завртени во економијата. Ако државата парите коишто ги предвидува за капитални инвестиции не ги врати назад кон економијата, тогаш вие не можете да очекувате дека економијата ќе излезе брзо од сето ова што нам ни се случува, истакна Мицкоски. Претседателот Мицкоски зборуваше и за здравствената криза и потенцираше дека оваа власта катастрофално се справува со здравствена криза и според него најголем проблем е што никој не носи одговорност за губењето на човечки животи. -Катастрофално, циркузантски се справува сегашната власт со оваа криза. За жал, по цена на човечки животи кои се губат и семејни трагедии се случуваат. Би рекол земјава е прва според црните показатели во оваа здравствена криза, ако се земат предвид некои други објективни параметри. Но, тоа не е најголемиот проблем. Проблемот е што никој не сноси одговорност. И не е само смртноста во оваа криза она што загрижува и плаши. Кажете што се направи во здравството. Еве повторно ќе кажам 900 милиони евра се задолжи државата, има дефицит, еве и 100 милиони ги спасивме некако, но ете со тие 800 милиони што се направи во здравството. Се реновираше некоја болница? Се изградија нови болници? Еве Србија направи две болници во рок од неколку месеци. Што направивме ние? Вакцините ќе ги донесеме последни во регионот и ќе ни пристигнат 5-6.000 дози што се само за 2 до 3 илјади луѓе, а до крајот на 2021-та година ќе ги добиеме останатите дози кога веќе и ќе имаме колективен имунитет. И на најголем дел од населението нема да му треба и ќе ни останат во магацините со поминат рок, па до година ќе ги критикуваме зошто ги фрливте парите. Требаше или да бидете први, или сега нема никаква потреба. Затоа што, според сите предвидувања, колективниот имунитет ќе го стекнеме некаде април-мај, ако вака продолжиме со ова динамика. Чуму ни се после тоа вакцини!? Или за до година, кога ќе им помине рокот, кога ќе ги фрламе? Е, отприлика, таква е математиката на Зоран Заев, додаде Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zemjata-se-naogja-vo-dlaboka-ekonomska-i-zdravstvena-kriza-a-za-toa-nikoj-ne-odgovara/feed/ 0
Париз сака да ја искористи здравствената криза за да го „забави“ масовниот туризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-saka-da-ja-iskoristi-zdravstvenata-kriza-za-da-go-zabavi-masovniot-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-saka-da-ja-iskoristi-zdravstvenata-kriza-za-da-go-zabavi-masovniot-turizam/#respond Mon, 13 Jul 2020 13:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=375176

Лишени од американските и кинеските туристи, кои трошат најмногу, туризмот во Париз може да смета само на Французите. Намалувањето на посетеноста поради епидемијата ги наведе одговорните за туризмот да размислуваат за „забавување“ на масовниот туризам, јави дописникот на МИА. На најпосетените споменици и и места во Париз, како Ајфеловата кула, Нотр Дам, Дизниленд, Лувр им требаше еден месец за да излезат од изолацијата. Многу од овие места сега можат да  се посетат во рекордно време во споредба со минатото. Во Лувр најбројни посетители се странци, дури 75 процнети, исто како и во Замокот Версај или Париз Дизниленд,  стапка што се зголемува во текот на летото. Максималниот мерач (500 влезници на секои половина час во Лувр, со силна препорака за резервација) ја прави идеалната конфигурација за посета. Така за да се види Мона Лиза се чека само десет минути. Инаку туризмот во Париз е масовен, но не како на пример во Дубровник, тој годишно носи околу 50 милиони туристи, кои трошат околу 22 милијарди евра, а во туристичкиот сектор работат околу 388.929 лица. Париз со своите 12. 646 хотелски соби е на третото место зад Лондон и Њујорк. Во 2019 година беа регистрирани 70 милиони ноќевања во хотелите и 10,6 милиони во изнајмени станови. Најбројни од гостите беа Американците 2. 641. 000, потоа Британците 1.866. 000, Германците 1. 252. 000, Шпанците 1 .113. 000 и Кинезите 950. 000. Сепак Кинезите во 2018 година најмногу потрошија – 265 милиони евра, Американците 246 милиони евра. За споредба еден француски турсти дневно троши во Париз 83 евра, додека американскиот турист троши двојно повеќе. Додека тие од Азија и Среден Исток трошат околу 180 евра на ден. Како и другите поголеми туристички градови, Париз сега сака да го искористи овој исклучителен период со епидемијата на Ковид-19 за да ги запре првите знаци на масовен туризам, видлив во главниот град. Парискиот регион се чини подготвен за тоа. – Размислувавме да ги регулираме протоците во музеите и спомениците уште пред Ковид. Сите сега се со распоред за посети и со претходна резервација. Тоа може да остане така и по кризата, изјави Кристоф Деклукс, генерален директор на Регионалниот комитет за туризам. Градското собрание на Париз планира да се зафати со ограничување на дизел-туристичките автобуси  и бродовите на Сена од кои некои надминуваат сто метри должина. – Мораме да дејствуваме радикално, истакна заменик градоначалникот на Париз, Фредерик Хокард. Според него, можен е еден друг туризам и мора да се искористи фактот дека туристите веќе не се тука, за да тие се вратат поинаку. Затоа, дизел автомобилите, бродовите за крстарење и становите на Ербнб се приоритетни цели. Односно Париз не сака  да биде жртва на масовниот туризам. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-saka-da-ja-iskoristi-zdravstvenata-kriza-za-da-go-zabavi-masovniot-turizam/feed/ 0
Невладини организации: Здравствената криза може да прерасне во нарушување на човековите права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevladini-organizacii-zdravstvenata-kriza-moze-da-prerasne-vo-narushuvanje-na-chovekovite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevladini-organizacii-zdravstvenata-kriza-moze-da-prerasne-vo-narushuvanje-na-chovekovite-prava/#respond Thu, 02 Apr 2020 16:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=326354

Силниот дигитален надзор за контрола на пандемијата на коронавирусот мора да биде ограничен во време и обем, порачаа денеска повеќе од 100 невладини организации, предупредувајќи ги владите да не ја користат оваа криза за нарушување на слободата на човековите права. Организациите наведуваат дека владите ширум светот, од препознавања лица до следење на телефоните, се свртуваат кон технологии за следење на заразата и контрола на населението за време на карантинот. „Но, без контрола, овие мерки може трајно да им наштетат на човековите права“, соопштија водечките светски невладини организации, предводени од „Хјуман рајтс воч“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevladini-organizacii-zdravstvenata-kriza-moze-da-prerasne-vo-narushuvanje-na-chovekovite-prava/feed/ 0