здравствена состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 12:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствена состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Подобрена здравствената состојба на Берлускони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podobrena-zdravstvenata-sostojba-na-berluskoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podobrena-zdravstvenata-sostojba-na-berluskoni/#respond Wed, 26 Apr 2023 12:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=827886

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој пред три недели беше примен во болница поради инфекција на белите дробови предизвикана од хронична леукемија, е подобрена, соопштија денеска неговите лекари. „Во текот на изминатите четири дена, реагирањето на третманот овозможи да се постигне стабилна клиничка состојба која се карактеризира со оптимално и убедливо обновување на функциите на органите“, се вели во медицинскиот билтен. На 5 април 86-годишниот Берлускони беше примен во болница поради воспаление на белите дробови, а при хоспитализацијата лекарите открија дека боледува од хронична леукемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podobrena-zdravstvenata-sostojba-na-berluskoni/feed/ 0
Салман Ружди веќе не е на респиратор, свесен е и може да зборува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salman-ruzdi-vekje-ne-e-na-respirator-svesen-e-i-moze-da-zboruva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salman-ruzdi-vekje-ne-e-na-respirator-svesen-e-i-moze-da-zboruva/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=718232

Здравствената состојба на писателот Салман Ружди се подобрува, тој е исклучен од респиратор и може да зборува, пишува Би-би-си. 75-годишниот писател беше нападнат и избоден со нож за време на јавен настап во сојузната држава Њујорк во САД, по што неговата здравствена состојба беше критична. Познатиот писател е можно да го изгуби едното око, како последица на нападот што го изврши 24-годишниот Хади Амар, Американец со либанско потекло. Тој на настанот го избодел најмалку 10 пати во лицето, вратот и стомакот. Ружди со години се соочуваше со смртни закани поради неговата книга „Сатански стихови“ од 1988 година, чија содржина повеќемина муслимани ја сметаат за богохулна. Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека тој и неговата сопруга Џил биле шокирани од нападот врз писателот Салман Ружди. Бајден изјавил дека Ружди, со неговиот увид во човештвото, неспоредливото чувство за раскажување приказни и одбивањето да биде заплашен или замолчен, е симбол на универзалните идеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salman-ruzdi-vekje-ne-e-na-respirator-svesen-e-i-moze-da-zboruva/feed/ 0
Повредените од сообраќајката во Дебар во стабилна здравствена состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredenite-od-soobrakjajkata-vo-debar-vo-stabilna-zdravstvena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredenite-od-soobrakjajkata-vo-debar-vo-stabilna-zdravstvena-sostojba/#respond Mon, 13 Dec 2021 11:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=607763

Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар. – Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и М.С.(21) од селото Новак, општина Центар Жупа, беа префрлени на понатамошен третман во специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, додека другите пет лица се под опсервација во хируршкото одделение при нашата болница. Сите се во стабилна здравствена состојба, што ни го потврдија и колегите од Охрид, рече Алили. Сообраќајната несреќа се случи вчера попладне на улица „Вељко Влаховиќ“, на излезот од Дебар, на патот кон Струга, во близина на објектот на поранешната елекродистрибуција. – Сообраќајната несреќа се случи помеѓу патничко моторно возило „Киа Соренто“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(43) од селото Праленик, општина Центар Жупа и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.од селото Новак, општина Центар Жупа-сопатничка во возилото „Киа Соренто“, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од село Праленик-општина Центар Жупа, како и две малолетни лица од Дебар на возраст од 14 години, сопатници во возилото „Форд Фокус“. Според Димоски, увид на местото на несреќата извршила екипа од полициската станица Дебар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredenite-od-soobrakjajkata-vo-debar-vo-stabilna-zdravstvena-sostojba/feed/ 0
Состојбата на Земан стабилна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojbata-na-zeman-stabilna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojbata-na-zeman-stabilna/#respond Mon, 11 Oct 2021 10:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=576940

Состојбата на чешкиот претседател Милош Земан кој итно беше пренесен на инатензивна нега во Централната воена болница во Прага е стабилизирано, соопшти портпаролот на болницата Јитка Зинке. На прашањето дали потврдува или демантира дека претседателот е опериран, Зинке вели дека не може да каже бидејќи нема и нема да има други информации. Во Чешка расте огорченоста бидејќи Канцеларијата на Земан крие информации од јавноста. Од 22 септември кога тој е пуштен од болница по оум дена лекување, од Канцеларијата тврделе дека тој бил само исцрпен и дехидриран. Дури во петокот кога почнале парламентарните избори во Чешка, а Земан не се појавил на гласачкото место, портпаролот Јиржи Овчачек признал дека тој е болен. Чешкиот претседател е церемонијална фигура на политичката сцена во земјата бидејќи главните одлуки ги носат владата и парламентот, додека единствен важен момент е оној по избори кога се врачува мандатот за состав на владата. -За тоа дали здравјето му дозволува да ја извршува својата функција прашајте го неговиот портпарол. Лекарите на претседателот кажаа што имаа да кажат и денеска нема да излегуваат пред медиумите, изјави портпаролот на болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojbata-na-zeman-stabilna/feed/ 0
Миланов: Здравствената состојба на Камчев не е добра, доставивме обемна медицинска документација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-zdravstvenata-sostojba-na-kamchev-ne-e-dobra-dostavivme-obemna-medicinska-dokumentacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-zdravstvenata-sostojba-na-kamchev-ne-e-dobra-dostavivme-obemna-medicinska-dokumentacija/#respond Fri, 16 Jul 2021 11:21:28 +0000 https://kurir.mk/?p=537686

Адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов по завршувањето на судењето за случајот „Плацови на Водно“ изјави дека наводните трансакции кои ги направил обвинетиот Камчев се неосновани, бидејќи трансакции, без економско вештачење не може да се користат во процесот. Тој истакна дека Камчев не е во добра здравствената состојба и дека како одбрана имаат доставено обемна медицинска документација. – Сакам уште еднаш да упатам апел до сите институции дека здравствената состојба на Камчев, за која доставивме обемна медицинска документација, од четири институции и од безмалку сите кардиоваскуларни стручњаци во Р.М. укажуваат на голем ризик од условите во кој се наоѓа може да има страшен ризик по неговото здравје, додаде Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-zdravstvenata-sostojba-na-kamchev-ne-e-dobra-dostavivme-obemna-medicinska-dokumentacija/feed/ 0
Влошена здравствената состојба на Алексеј Навални – префрлен во затворската болница, се огласи и неговиот адвокат! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-aleksej-navalni-prefrlen-vo-zatvorskata-bolnica-se-oglasi-i-negoviot-advokat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-aleksej-navalni-prefrlen-vo-zatvorskata-bolnica-se-oglasi-i-negoviot-advokat/#respond Mon, 19 Apr 2021 17:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=499431

Официјални лица од рускиот затвор каде што Алексеј Навални издржува казна од две и пол години соопштија дека опозицискиот лидер, кој штрајкува со глад веќе три недели, е пренесен во затворската болница. - Во моментот, состојбата на Навални се проценува како задоволителна, лекарите секој ден го прегледуваат, се вели во писмената изјава од сојузниот затвор каде се наоѓа Навални (44) и се додава: „Пациентот се согласи на витаминска терапија“. Алексеј Липстер, адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави денеска дека здравствената состојба на неговиот клиент, кој штрајкува со глад од 31 март, се влошува и предупреди дека ситуацијата „се влошува“. Тој додаде дека чекал во затворскиот круг надлежните затворски органи да му одобрат да се види со неговиот клиент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-aleksej-navalni-prefrlen-vo-zatvorskata-bolnica-se-oglasi-i-negoviot-advokat/feed/ 0
Се влошува здравствената состојба на Навални, го губи чувството во рацете и нозете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vloshuva-zdravstvenata-sostojba-na-navalni-go-gubi-chuvstvoto-vo-racete-i-nozete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vloshuva-zdravstvenata-sostojba-na-navalni-go-gubi-chuvstvoto-vo-racete-i-nozete/#respond Thu, 08 Apr 2021 07:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=494073

Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални се влошува и тој почнува да го губи чувството во рацете и нозете, изјави неговиот адвокат Вадим Кобзев. Адвокатот кажа дека кај Навални, кој е на издржување затворска казна, се дијагностицирани две хернии на ‘рбетниот столб. По вчерашната посета на Навални, Кобзев на Твитер напиша дека рускиот опозиционер чувствува болка при одење и изрази загриженост дека неговата болест „очигледно напреднала“, со губење на чувството на нозете, дланките и зглобовите, пренесе Би-Би-Си. Навални, кој издржува затворска казна во траење од две и пол години, минатата недела почна штрајк со глад во знак на протест, како што наведе, одбивањето на затворските власти да го третираат правилно за акутните болки во грбот и нозете. Казнено-поправниот дом ги негираше неговите тврдења, наведувајќи дека му е укажана целата медицинска помош, во согласност со индикациите]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vloshuva-zdravstvenata-sostojba-na-navalni-go-gubi-chuvstvoto-vo-racete-i-nozete/feed/ 0
Здравствената состојба на Макрон стабилна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenata-sostojba-na-makron-stabilna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenata-sostojba-na-makron-stabilna/#respond Tue, 22 Dec 2020 13:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=446705

Здравствената состојба на претседателот на Франција, Емануел Макрон, и натаму е стабилна, откако минатата недела дозна дека е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска француското претседателство. „Здравствената состојба на претседателот и натаму е стабилна“, изјави претставник од француското претседателство. Макрон (43) во четвртокот дозна дека е позитивен на коронавирусот и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила, во близина на Версајската палата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenata-sostojba-na-makron-stabilna/feed/ 0
Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-amdi-bajram-imashe-kompleksna-zdravstvena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-amdi-bajram-imashe-kompleksna-zdravstvena-sostojba/#respond Sat, 24 Oct 2020 12:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=420141

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести. На новинарското прашање во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште нема подетални информации за тоа. – Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица. Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Бајрам имаше проблеми со срцето, а дел од медиумите, јавија дека посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид. Неодамна, тој направи свадба за внуката во Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-amdi-bajram-imashe-kompleksna-zdravstvena-sostojba/feed/ 0
Дуковски: Здравствената состојба на Бојан Јовановски не се подобрува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-zdravstvenata-sostojba-na-bojan-jovanovski-ne-se-podobruva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-zdravstvenata-sostojba-na-bojan-jovanovski-ne-se-podobruva/#respond Wed, 07 Oct 2020 10:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=413389

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки13, обвинет во случајот ,,Меѓународен Сојуз,, не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува. – Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. крпење на желудникот е тешко и не случајно некој човек и затоа што е здрав се држи во болнички услови затоа што ни од далеку истото не може да се спроведе во затворот „Скопје“, изјави адвокат Дуковски пред Кривичниот суд. Заради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски, одбраната поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор. Но, едно вакво барање како што истакна адвокатот Дуковски, вчера им било одбиено. – Едноставно човек што е опериран од таква болест и со таква операција не може да биде третиран во најсериозните демократии во светот во затворски услови, а не во затворот „Скопје“. И затоа вчерашното одбивање на мерката замена за притвор не претставува ништо друго, туку претставува чист и најчист облик на кривично дело тортура предвиден во Кривичниот закон, истакна адвокатот Дуковски Иако вчера им било одбиено на барањето за замена на мерката притвор, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, во тек на денешниот ден ќе поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор, со мерката куќен притвор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-zdravstvenata-sostojba-na-bojan-jovanovski-ne-se-podobruva/feed/ 0