здравствена заштита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 14:58:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствена заштита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратениците расправаа за измените на Законот за здравствена заштита, 79-та седница продолжува утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izmenite-na-zakonot-za-zdravstvena-zashtita-79-ta-sednica-prodolzuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izmenite-na-zakonot-za-zdravstvena-zashtita-79-ta-sednica-prodolzuva-utre/#respond Wed, 02 Nov 2022 14:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=754670

Пратениците во рамки на 79-та седница денеска расправаа за Предлог законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, по скратена постапка. Гласањето по оваа точка ќе биде закажано дополнително. Пратеничката Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека со ова предлог законско решение се обезбедува здравствените домови во Скопје, Струмица, Велес, Штип, Битола, Гостивар, Охрид и Куманово, покрај дејностите на здравствен дом да врши и дејност за функционална проценка на деца и млади со засегната здравствена состојба до 26 години. Таа посочи дека, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила амандман и Делчево да влезе во градовите во кои ќе се врши функционална проценка, што било прифатено. – Примената на меѓународната класификација за функционалност ќе обезбеди унифициран и стандардизиран приод за опис на здравјето и состојбите поврзани со здравјето. Тоа овозможува непречена комуникација во различни дисциплини и науки во целиот свет. Правилникот требаше да биде донесен до крајот на март 2022 година, се касни, меѓутоа ова предлог законско решение е позитивно и ние ќе го поддржиме, изјави Поцкова. Пратеничката Бети Рабаџиевска Наумовска од СДСМ, изрази задоволство што пратениците од опозицијата ќе го поддржат ова предлог законско решение, предложено од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. – Ова е добра позитивна пракса, кога се работи во интерес на граѓаните да бидеме и едните и другите на нивна страна. Измената на овој Закон е со цел да се обезбеди спроведување на новиот модел на меѓународна класификација на функционирањето, а со тоа примена на функционална проценка на деца и млади со засегната здравствена состојба за потребата за вклучување во предучилишни установи во образовниот систем, како и остварување на правата од детска, социјална и здравствена заштита и вработување, како и поддршка на семејствата, изјави Рабаџиевска Наумовска. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, тука ја прекина 79-та седница и најави дека продолжува со работа утре во 12 часот. На дневен ред на оваа седница се повеќе предлог законски решенија, меѓу кои предлог законот за финансиска инспекција во јавниот сектор и предлог законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, како и предлог-завршната сметка на Буџетот за 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izmenite-na-zakonot-za-zdravstvena-zashtita-79-ta-sednica-prodolzuva-utre/feed/ 0
СЗО: На милиони мигранти им е оневозможена здравствена заштита https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-na-milioni-migranti-im-e-onevozmozena-zdravstvena-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-na-milioni-migranti-im-e-onevozmozena-zdravstvena-zashtita/#respond Wed, 20 Jul 2022 15:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=708023

На милиони мигранти и бегалци им е оневозможена соодветна здравствена заштита и треба да бидат вклучени во здравствените системи на земјите во кои доаѓаат, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во својот прв обид да ги разгледа импликациите на миграцијата врз глобалната здравствена политика, СЗО повика на итна акција за поддршка на ранливите популации кои ги преминуваат границите. – Здравјето не започнува, ниту завршува на границата на земјата. Затоа, миграцискиот статус не треба да биде дискриминаторски фактор, туку двигател на политиката врз која се гради и зајакнува здравствената заштита, рече во соопштение директорот за здравство и миграција на СЗО, Сантино Северони. Според извештајот на СЗО, болестите, гладот, климатските промени и војната го придвижуваат масовното движење на луѓето, а конфликтот во Украина предизвика за првпат досега вкупниот број раселени луѓе да ја надмине бројката од над 100 милиони. Се додава дека станува збор за тест на здравствените системи во земјите кои веќе се погодени од пандемијата на коронавирусот. – Но, целосниот степен на влијанието на овие пресврти сè уште не е разбран бидејќи, како што покажува овој извештај, бегалците и мигрантите не се целосно видливи во достапните податоци, што е сериозен јаз кој мора да се реши, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус во предговорот на извештајот. Во него се наведува дека бегалците и мигрантите имаат здравствени потреби кои може да се разликуваат од оние на населението во земјата во која пристигнале. Некои доживеале, на пример, високи нивоа на несигурност во храната, и биле принудени да прескокнуваат оброци или да позајмуваат пари за храна, се вели во извештајот. Извештајот, исто така, нагласи дека милиони работници мигранти се вработени на опасни работни места, ставајќи ги во поголем ризик од професионални повреди и болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-na-milioni-migranti-im-e-onevozmozena-zdravstvena-zashtita/feed/ 0
Бајден го потпиша указот за здравствена заштита https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-potpisha-ukazot-za-zdravstvena-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-potpisha-ukazot-za-zdravstvena-zashtita/#respond Fri, 29 Jan 2021 06:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=461271

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот со кој се прошири можноста за аплицирање во системот на здравствена заштита на граѓаните кои не можат да ја добијат преку своите работодавци. Бајден, исто така, го потпиша и указот за укинување на забраната за финансирање меѓународни непрофитни организации што поддржуваат и даваат совети за абортусот. -Потпишувам две уредби со кои ќе се отстрани штетата што ја направи Трамп, рече Бајден од Овалната соба. Гласот на Америка пренесе дека потпишувањето на Уредбата за здравствена заштита на граѓаните ќе им овозможи од 15 февруари до 15 мај да аплицираат за здравствено осигурување на интернет страницата healthcare.gov. Претходно, програмата беше достапна шест недели годишно. Бајден најави дека ќе ги поддржува програмите почнати според Законот за нега, донесен во 2010 година за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама. Американскиот претседател смета дека итните промени се важни заради пандемијата на коронавирусот. Бајден, кој ја презеде должноста минатата недела, побара од федералните агенции да ги преиспитаат одлуките донесени од администрацијата на Трамп во врска со критериумите што на граѓаните им го отежнуваа да аплицираат за програмата „Медикејџ“ за здравствено осигурување за граѓаните со поскромен имот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-potpisha-ukazot-za-zdravstvena-zashtita/feed/ 0
Итен состанок на СЗО, ќе се прогласи ли вонредна состојба на меѓународно ниво? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-na-szo-kje-se-proglasi-li-vonredna-sostojba-na-megjunarodno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-na-szo-kje-se-proglasi-li-vonredna-sostojba-na-megjunarodno-nivo/#respond Wed, 22 Jan 2020 08:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=292992

Светската здравствена организација денеска ќе одржи состанок на Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на коронавирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво. Според најновите информации, бројот на заразени со новиот вид корона вирус во Кина се зголемил на 440, а девет лица починале. Новиот коронавирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек  се прилагодува и мутира, и зарази медицински лица. Вирусот за првпат е откриен во градот Вухан во провинцијата Хубеи, за подоцна да се рашири во други кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг, Шангај и провинцијата Гуангдонг, а исто така е откриено дека има заразени и надвор од Кина. Прв случај е потврден во САД, пациент кој неодамна се вратил од Кина и се наоѓа во добра состојба откако бил хоспитализиран. Еден случај е пријавен во Јапонија, Јужна Кореја и два во Тајланд, донесени од кинески туристи од Вухан. Земјите во Азија и другите делови на светот започнаа со проверка на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатите за да најдат луѓе кои го имаат новиот коронавирус. Мерките се дел од напорите да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, уште еден короновирус кој започна во Кина и уби речиси 800 луѓе, го парализираше транспортот и ги оштети азиските економии. Кинеската влада тогаш беше обвинета за влошување на САРС, бидејќи тие првично криеја информации и ја блокираа работата на Светската здравствена организација. Овојпат кинескиот претседател Си Џинпинг нареди партиските комитети, влади и релевантни оддели на сите нивоа да ги стават на прво место животот и здравјето на луѓето. Температурата на патниците се проверува на аеродромот Вухан и секој што работи во јавни услуги носи заштитни маски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-na-szo-kje-se-proglasi-li-vonredna-sostojba-na-megjunarodno-nivo/feed/ 0
Околу десет илјади граѓани може да останат без здравствена заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-deset-iljadi-gragjani-moze-da-ostanat-bez-zdravstvena-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-deset-iljadi-gragjani-moze-da-ostanat-bez-zdravstvena-zashtita/#respond Wed, 15 Aug 2018 13:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=88232

Околу десет илјади граѓани има опасност да останат без матични лекари. Причината е што матичните лекари заминувале или наскоро заминунваат во пензија, а Здравствен дом Скопје не распишува тендер за концесионери. За краток временски период од две поликлиники во Скопје три матични доктори заминаа во пензија. Најдоцна за шест месеци заминува уште еден матичен лекар. Притоа двајца матични се од една општина Ѓорче Петров, а имале околу седум илјади пациенти. За да не се дојде во ситуација околу десет илјади граѓани да останат без здравствена заштита треба да се почитува Законот за здравствена заштита. Законот предвидува постапка за доделување на концесија за некој да ја врши дејноста матичен лекар да започне три месеци пред денот на заминување во пензија на матичниот лекар. Во конкретниов случај директорот на Здравствен дом Скопје и управниот одбор на оваа институција требало да следат кој и кога заминува во пензија и управниот одбор да донесе одлука за тендер за концесионери или закупувачи. -Надлежните мора да ја следат ситуацијата зошто според податоците што ги имаме наскоро ќе заминуваат во пензија уште матични лекари и тоа со навршени 67 години, односно со искористено и продолжување, коментираат извори упатени во здравствениот свет. Сепак дел од здравствените работници велат дека не е баш така едноставно кога се применува законот, а причина е човечкиот фактор. -За да се почне процедура за распишување оглас за нов концесионер, треба известување и потврда од матичниот лекар. Додека тој не ја извести управата на Здравствен Скопје не може да одлучува Управниот одбор, а откако ќе биде извествен се праќа допис до министерство. Значи прво одобрува министерството, потоа Здравствен дом објавува оглас. Често матичните не известуваат во последен момент, затоа настануваат вакви празнини граѓаните да остануваат без матични лекари, велат упатените. Дополнително коментарите се дека ова е уште еден показател дека треба да се има стратегија како да се задржат младите лекари во државава. И додека надлежните не ја следат ситуацијата страдаат граѓаните, остануваат без основната здравствена заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-deset-iljadi-gragjani-moze-da-ostanat-bez-zdravstvena-zashtita/feed/ 0