Здравствени домови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 11:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Здравствени домови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 30 летни здравствени домови за туристите во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/30-letni-zdravstveni-domovi-za-turistite-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/30-letni-zdravstveni-domovi-za-turistite-vo-albanija/#respond Thu, 15 Jun 2023 11:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=846071

Од денеска 30 летни здравствени домови во туристичките подрачја се ставени во функција да даваат здравствени услуги на туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. Премиерот Еди Рама во објава на социјалните мрежи наведува дека од денеска се отворени „летните здравствени домови во крајбрежните и планинските туристички области, за да се гарантира квалитетна здравствена заштита за туристите кои ќе ја посетат Албанија оваа летна сезона“. Ова е деветта сезона по ред кога на 15 јуни се отвораат летни здравствени домови од север кон југ, на крајбрежјето, но и во планинските предели, каде што исто така се зголемува бројот на туристите. Оваа година, за разлика од претходните сезони, летен здравствен дом функционира и во Шпиле кај Драч. Сите центри ќе работат 24 часа во период од 15 јуни до 15 септември а бесплатниот телефонски број за повик е 195. Од вкупниот број, на северот во земјата функционираат 8 здравствени домови, од кои четири во планинските туристички области, во Драч функционираат 5 здравствени домови, во Каваја два и 15 во јужниот регион, Валона, Химара и Саранда. Годинава Албанија очекува да го надмине минатогодишниот рекорд на посетеност од 7,5 милиони туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/30-letni-zdravstveni-domovi-za-turistite-vo-albanija/feed/ 0
СЗО: Во Украина се извршени 147 напади врз здравствени установи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-ukraina-se-izvrsheni-147-napadi-vrz-zdravstveni-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-ukraina-se-izvrsheni-147-napadi-vrz-zdravstveni-ustanovi/#respond Tue, 19 Apr 2022 17:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=665564

Светската здравствена организација објави дека се извршени 147 напади врз здравствени домови во Украина, јавува Анадолија. Портпаролот на СЗО, Бану Батнагар, на прес-конференција во седиштето на ОН во Женева зборуваше за најновите случувања во здравствениот систем и медицинската нега. Наведувајќи дека СЗО досега испратила 218 тони амбулантни возила и медицински материјали во Украина, Батнагар истакна дека 15 единици, кои се планира да бидат дистрибуирани до болниците кои имаат потреба оваа недела, ќе бидат доставени во различни региони во текот на денот. Како што рече, од почетокот на војната, на 24 февруари, имало 147 напади на болници, клиники и други здравствени домови во Украина. Батнагар рече дека најмалку 73 лица загинале, а 52 се повредени во нападите. Тој нагласи дека синџирот на снабдување на СЗО за медицински материјали во некои региони е нарушен поради конфликтот. Координаторот на Светската програма за храна на ОН за Украина, Јакоб Керн, истакна дека хуманитарната ситуација во Украина се влошува. Керн истакна дека досега околу шест милиони луѓе во Украина се среде хуманитарна криза и дека им треба храна и пари и предупреди дека тој број ќе се зголемува како што ќе продолжат конфликтите. Тој наведе дека во различни области биле испратени 60 илјади тони помош во храна, што до јуни ќе биде доволно за два милиони луѓе кои имаат потреба. Посочувајќи дека од 1,7 милиони луѓе кои добиле помош, 1,4 милиони се цивили, Керн рече дека на повеќе од 100.000 цивили во опколениот Мариупол им треба храна и вода, но тој не може да пристапи до помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-ukraina-se-izvrsheni-147-napadi-vrz-zdravstveni-ustanovi/feed/ 0
Дежурните служби во здравствените домови достапни за неопходна здравствена услуга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dezurnite-sluzbi-vo-zdravstvenite-domovi-dostapni-za-neophodna-zdravstvena-usluga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dezurnite-sluzbi-vo-zdravstvenite-domovi-dostapni-za-neophodna-zdravstvena-usluga/#respond Sat, 01 Aug 2020 07:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=384564

За време на празничниот викенд, сите граѓани кои имаат потреба од здравствена услуга може да се обратат во најблискиот здравствен дом, каде е обезбедена 24 – часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош и Домашна посета. Како што соопшти вчера Министерството за здравство, во Скопје – дежурните ординации во трета смена, во недела и празници работат поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Со вообичаено работно време функционира и единицата за домашно лекување. Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид. Центарот за јавно здравје Охрид викендов ќе има дежурни служби во одделението за лабораториска дејност-микробиологија за прием и вршење редовни микробиолошки анализи, денеска, од 8 до 12 часот. Ковид-пунктот во Охрид е достапен денеска од 8 до 12 часот за закажаните пациенти преку „МојТермин“ за земање материјали за тестирање на Ковид-19. Во Струга, како што соопшти Министерството, е обезбедена 24-часовна здравствена заштита преку дежурни лекарски екипи во службата за Итна помош и домашна посета (контакт телефон: 076/203 533). Во реонот на Дојран, обезбедена е здравствена заштита со дежурна екипа од Општа болница со проширена дејност – Гевгелија во амбулантата во Дојран од 8 наутро до 20 часот навечер, по што граѓаните ќе можат да се обратат во службата за ИМП, која функционира на повик (контакт телефон 070/393961). Во рамки на Здравствен дом Берово, обезбедена е 24-часовна покриеност од службата за ИМП (контакт телефон: 078 447 603, 033 471 002). Во реонот на Преспа и Ресен, Здравствениот дом во Ресен обезбедува 24-часовна покриеност од службата за ИМП, која има на располагање за претстојниот викенд две медицински екипи. – Здравствен дом Ростуше ќе обезбеди континуирана здравствена заштита преку службата за ИМП во реонот на Маврово и околните населени места, наведуваат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dezurnite-sluzbi-vo-zdravstvenite-domovi-dostapni-za-neophodna-zdravstvena-usluga/feed/ 0