здравствени мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Mar 2022 16:41:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствени мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 35 годишна девојка се шетала додека и траела изолацијата, поднесена кривична пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/35-godishna-devojka-se-shetala-dodeka-i-traela-izolacijata-podnesena-krivichna-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/35-godishna-devojka-se-shetala-dodeka-i-traela-izolacijata-podnesena-krivichna-prijava/#respond Sun, 13 Mar 2022 19:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=646462

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(35) од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола извршена на 24.01.2022, полициските службеници констатирале дека таа не ги почитува мерките и препораките за заштита од Ковид-19, односно не се придржувала до решението за задолжителна самоизолација, издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/35-godishna-devojka-se-shetala-dodeka-i-traela-izolacijata-podnesena-krivichna-prijava/feed/ 0
Кривична пријава за неготинец, додека бил позитивен на коронавирусот се шетал наоколу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-negotinec-dodeka-bil-pozitiven-na-koronavirusot-se-shetal-naokolu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-negotinec-dodeka-bil-pozitiven-na-koronavirusot-se-shetal-naokolu/#respond Fri, 04 Mar 2022 16:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=641075

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против А.Б.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.02.2022, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за задолжителна изолација, со што постапил спротивно на препораките и одлуките донесени од Владата на Република Македонија за спречување на ширење и сузбивање на коронавирусот КОВИД-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-negotinec-dodeka-bil-pozitiven-na-koronavirusot-se-shetal-naokolu/feed/ 0
Приведени три лица од Тетово – спротивно на здравствените прописи организирале веселба со 200 гости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-od-tetovo-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi-organizirale-veselba-so-200-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-od-tetovo-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi-organizirale-veselba-so-200-gosti/#respond Sun, 18 Jul 2021 09:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=538251

На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости. Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-od-tetovo-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi-organizirale-veselba-so-200-gosti/feed/ 0
Парична казна за тројца велешани поради непостапуање по здравствени прописи​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/parichna-kazna-za-trojca-veleshani-poradi-nepostapuanje-po-zdravstveni-propisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/parichna-kazna-za-trojca-veleshani-poradi-nepostapuanje-po-zdravstveni-propisi/#respond Mon, 07 Jun 2021 12:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=520109

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против 3 лица за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно се движеле без соодветна дозвола низ градот за време на траењето на забраната за движење, донесена заради превенирање на болеста Covid-19. Обвинителството на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни и тоа по 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од по 20 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/parichna-kazna-za-trojca-veleshani-poradi-nepostapuanje-po-zdravstveni-propisi/feed/ 0
Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги мерките – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretovareni-avtobusi-se-dvizele-kon-ohrid-nepochituvajkji-gi-merkite-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretovareni-avtobusi-se-dvizele-kon-ohrid-nepochituvajkji-gi-merkite-eve-gi-detalite/#respond Fri, 28 May 2021 11:50:00 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516071

Службеници од Полициската станица за БПС – Кичево утрово на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Другово извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, при што било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75 проценти исполнетост на капацитетот на возилата, односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија. Како што информира МВР, двата автобуси биле управувани од Б.М.(63) од село Балиндол, гостиварско и И.И. (51) од село Форино, гостиварско. За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretovareni-avtobusi-se-dvizele-kon-ohrid-nepochituvajkji-gi-merkite-eve-gi-detalite/feed/ 0
Организирале прослава во затворен простор – поднесена кривична пријава против 14 лица од с.Двориште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/organizirale-proslava-vo-zatvoren-prostor-podnesena-krivichna-prijava-protiv-14-lica-od-s-dvorishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/organizirale-proslava-vo-zatvoren-prostor-podnesena-krivichna-prijava-protiv-14-lica-od-s-dvorishte/#respond Fri, 05 Mar 2021 12:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=477783

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до Основно јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, на 13.01.2021 околу 01.00 часот во продавница во с.Двориште организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/organizirale-proslava-vo-zatvoren-prostor-podnesena-krivichna-prijava-protiv-14-lica-od-s-dvorishte/feed/ 0
По олабавувањето на здравствените мерки во Австрија, фризерниците и продавницит неконтролирано се полнат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-olabavuvanjeto-na-zdravstvenite-merki-vo-avstrija-frizernicite-i-prodavnicit-nekontrolirano-se-polnat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-olabavuvanjeto-na-zdravstvenite-merki-vo-avstrija-frizernicite-i-prodavnicit-nekontrolirano-se-polnat/#respond Tue, 09 Feb 2021 11:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=466188

Австриските фризерски салони повторно ги отворија вратите откако владата делумно го олесни својот трет „локдаун“, но предуслов да добиете нова фризура е да имате негативен тест на коронавирус. По 1,5 месец од последното затворање во Австрија повторно се отворија продавниците, музеите и училишта. Студентите мора да бидат тестирани двапати неделно доколку сакаат да присуствуваат на часови. Се создаваат големи редици пред продавниците и фризерниците. Зголемената побарувачка за тестирање е видлива на контролните пунктови во Виена. Дури и неодамна отворениот Центар за тестирање во познатата палата Шонбрун воведе нови боксови за тестирање, предвидувајќи ја навалицата. Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер изјави дека од една страна чувствува олеснување што може повторно да работи, но „истовремено своевидан пречка претставуваат задолжителните тестови, што некои наши клиенти не ги прифаќаат добро” Поплаки од фризерите за новите правила се појавија во некои од австриските весници, со посебен осврт на тешкотиите за тестирањата во руралните области. Првата клиентка на фризерката Сузана Шрајбер се појави пред вратата на салонот точно во девет часот. Таа се претстави само како Мартина. -Многу, многу сум среќна што можам да дојдам повторно на фризер, рече 49-годишната жена и додаде дека задолжителниот тест не и пречи. „Моите родители се изложени на ризик и морам да се тестирам секој пат пред да одам да ги посетам“, додаде таа. И соседна Словенија го воведе истото правило, но тоа не е широко прифатено во другите европски земји. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-olabavuvanjeto-na-zdravstvenite-merki-vo-avstrija-frizernicite-i-prodavnicit-nekontrolirano-se-polnat/feed/ 0
Нови ковид мерки во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-kovid-merki-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-kovid-merki-vo-kosovo/#respond Wed, 23 Dec 2020 11:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=447140

Актуелната Влада на Косово денеска одобри нови мерки за спречување на ширење на пандемијата на коронавирусите, според кои слободното движење на граѓаните и работата на економските оператори, трговските центри, хотели и гастрономијата ќе бидат од 05:00 до 20:00 часот. Според овие мерки, на лица над 65 години им е дозволено да ја напуштаат куќата само во часовите 6: 00-10: 00 и 16: 00-19: 00 часот, додека надвор од овие термини тие можат да излегуваат надвор само за итни и здравствени потреби со докажување релевантен документ потребата да се излезе од овој распоред до надлежното контролно тело. Исто така е одлучено дека: Работниците со хронични болести (според официјалниот циркулар издаден од Министерството за здравство подготвен за оваа намена), бремените жени и доилките се ослободени од пријавување за работа, како во јавни така и во приватни институции, додека работодавците се упатуваат, колку што е можно, да создадат услови за нивно ангажирање на работа од дома. Владата на Косово со цел спречување на епидемијата на коронавирус донесе одлука странските државјани кои влегуваат во Косово, вклучително и оние со привремен или постојан престој во Косово, а доаѓаат од земји со висок ризик мора да имаат негативен тест за ковид-19 не постар од 72 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-kovid-merki-vo-kosovo/feed/ 0
Апсурдите на Филипче, ги затвораат угостителските објекти, а трговските преполни со луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apsurdite-na-filipche-gi-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-a-trgovskite-prepolni-so-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apsurdite-na-filipche-gi-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-a-trgovskite-prepolni-so-lugje/#respond Mon, 21 Dec 2020 20:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=446438

Зошто се носат мерки и препораки за заштита од корона вирусот во Македонија? Дали власта ги носи мерките колку да рече дека нешто работат или навистина се грижат за здравјето на граѓаните? По се изгледа дека мерките се носат заради првата причина, колку да речат „еве имаме мерки“ без разлика дали се тие анализирани или дали се доволни. За тоа доказ е и вториов пик кој трае повеќе од 2 месеци, а за кој власта нема никаков план да го контролира и да го намали ширењето на инфекцијата.  Бројките на заразени секојдневно се околу 1.000 освен кога се тестира помалку, а смртноста и натаму една од највисоките во Европа, односно веќе долг период сме на високото седмо место по смртност во светот на еден милион жители. Во една таква ситуација власта прогласи кризна состојба на која и поминаа 30 дена, а граѓаните не видоа ништо посебно и никаков ефект. Со тоа се потврдија и сомнежите дека истата е прогласена само заради злоупотреба на институциите и државните ресурси, а не за да се спасат животи. Дека мерките кои ги носи владата по препорака на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, доказ се и најновите „празнични“ мерки и препораки. Имено, во пресрет на празниците решија да го скратат времето на угостителските објекти и тие да не смеат да работат после 18:00 часот, како и забранија собири и прослави на отворено, како и изнајмување на викендички за групи на луѓе, како не би се собирале поголеми групи наводно да не ја шират заразата. Сепак, како и се досега, така и овие мерки се донесени без никаков план и стратегија односно колку да се рече дека нешто прават. доказ за тоа се глетките од трговските и градскиот плоштад последниве денови. Во ситуација кога ги затворија угостителските објекти каде постоеја јасни препораки и контроли колку луѓе може да влезат и да седат на една маса, за трговските тоа не важи. Трговските се наполнија со луѓе како и секоја година и како да нема пандемија. Нема никаква контрола контрола колку луѓе влегуваат, па затоа гужвите се страшни, ако се има предвид во каква ситуација се наоѓаме како држава. И додека не убедуваат дека опасно е повеќе од 4 лица да се групираат, од друга страна се толерираат гужвите по трговските како таму да не постои опасност од ширење на заразата. Да не беше трагично ќе беше смешно дека угостителските објекти ги затворија да нема ширење на заразата, во исто време кога не реагираат за гужвите во трговските центри. Но, трговските центри не се единствените места каде има гужви. Како наближија празниците плоштадот во Скопје секојдневно е полн со народ понесен од празничната атмосфера. И тоа е во ред кога народот во вакви тешки времиња бара трошка за радост, но гужвите се незамисливи и нема никаква контрола врз истите. Кога се сеќаваме дека минатата година истиот беше заграден со влез и излез, кога немаше пандемија, сега кога е пикот на корона вирусот нема никакви ограничувања. Да биде можноста за штета и ширење на инфекцијата поголема илјадници граѓани од европските држави периодов пристигнаа во Македонија, но проблемот е што во државава се влегува без ПЦР тест, со што постои голема опасност дел од нив да ја шират заразата. Оттаму необјасниви се мерките кои ги носат и секојдневните фалби дека се спроведуваат кога можеме да видиме дека при нивното носење не се разгледани сите опции и сите опасности од ширење на заразата и третиот бран кој се очекува после празниците. Опасностите се големи, но апсурдите на власта уште поголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apsurdite-na-filipche-gi-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-a-trgovskite-prepolni-so-lugje/feed/ 0
Предложени парични казни за угостителски објект кој работел спротивно на здравствените прописи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-parichni-kazni-za-ugostitelski-objekt-koj-rabotel-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-parichni-kazni-za-ugostitelski-objekt-koj-rabotel-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi/#respond Fri, 04 Dec 2020 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=438683

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во својство на овластено лице во правното лице во чија сопственост бил угостителски објект, на 3 октомври постапил спротивно на донесените протоколи за работа на угостителските објекти за исхрана во услови на пандемија на опасна заразна болест. На критичниот ден, во објектот лоциран на улица „Дебарца“ дозволил послужување на гости на стоење, иако тоа согласно протоколите е забрането, и не обезбедил пропишано растојание меѓу масите во објектот. Со ова физичкото лице се товари дека го сторило кривичното дело согласно став 1, а правното лице – согласно став 2 од наведениот член на Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 50 евра за обвинетиот граѓанин, како и парична казна од 300.000 денари за обвинетиот правен субјект.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-parichni-kazni-za-ugostitelski-objekt-koj-rabotel-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi/feed/ 0