здравствени податоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 08:21:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствени податоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хакери бараат речиси 10 милиони долари за да запрат протекување на здравствени податоци на Австралијци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-rechisi-10-milioni-dolari-za-da-zaprat-protekuvanje-na-zdravstveni-podatoci-na-avstralijci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-rechisi-10-milioni-dolari-za-da-zaprat-protekuvanje-na-zdravstveni-podatoci-na-avstralijci/#respond Thu, 10 Nov 2022 08:21:33 +0000 https://kurir.mk/?p=758359

Хакери бараат речиси 10 милиони долари за да го запрат протекувањето на медицинска документација на Австралијци во еден од најтешките кибер напади во земјата. Во порака објавена на дарк веб изутринава, хакер бара од Медибанк, најголемото австралиско приватно здравствено осигурување, по еден долар за секој од 9,7 милионите клиенти погодени од протекувањето на податоци минатиот месец. Хакерската организација исто така објави информации што, наводно, поврзуваат клиенти со абортуси, откако претходно неделава сподели список во кој има податоци за тоа кој бил на лекување од зависности, проблеми со менталното здравје и ХИВ, јавија дел од светските медиуми. Дел од локалните медиуми го поврзаа форумот на дарк веб, користен за објавување хакерски податоци, со криминалната група РЕвил, што руските власти тврдеа дека ја затвориле годинава, на барање на САД. Извршниот директор на Медибанк, Дејвид Коцкар утрово ги осуди постапките на хакерите како „срамотни“ и повторно им се извини на клиентите. -Остануваме посветени на целосна и транспарентна комуникација со клиентите и ќе ги контактираме оние, чии податоци се објавени на дарк вебот, нагласи Коцкар. Медибанк одби да плати откупнина, повикувајќи се на совети од експерти за кибер криминал, дека со тоа не би се обезбедило враќање на податоците на клиентите, а може и да доведе „повеќе луѓе во опасност, правејќи ја Австралија уште поголема мета“. Австралиската полиција, што го истражува нападот, предупреди дека преземање или дури и само пристапување до податоците, може да биде кривично дело. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-rechisi-10-milioni-dolari-za-da-zaprat-protekuvanje-na-zdravstveni-podatoci-na-avstralijci/feed/ 0
Гугл собира лични здравствени податоци од милиони Американци https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-sobira-lichni-zdravstveni-podatoci-od-milioni-amerikanci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-sobira-lichni-zdravstveni-podatoci-od-milioni-amerikanci/#respond Wed, 13 Nov 2019 11:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=263522

Американската компанија Гугл, навидум без дозвола, собира подробни лични здравствени податоци на милиони граѓани на САД. Главен извор, во таа смисла, е „Асеншн“ – вториот најголем здравствен систем во земјата, објави „Волстрит журнал“. Според написите, моќната компанија за тоа не ги известува граѓаните, односно пациентите, а нити нивните лекари. Гугл, наводно, овој проект го нарекол „Најтингејл” и целта е создавање нов софтвер на вештачка интелигенција, што ќе служи за идните софистицирани апликации за следење на здравјето и општата состојба на човекот. А, информациите се околу лабораториски резултати, дијагнози и дневници на хоспитализација, како и медицински истории на поединци, сосе имињата и датумите на раѓања. Иако ова на прв поглед се чини како нарушување приватноста, американскто законодавство дозволува болниците да споделуваат податоци за пациентите, под услов причината и целта да се поголема ефикасност на здравствените услуги. Гугл ги користи тие поволности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-sobira-lichni-zdravstveni-podatoci-od-milioni-amerikanci/feed/ 0